сабја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Nov 2018 15:17:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сабја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промовирана првата македонска офицерска сабја за почести во Кабинетот на Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirana-prvata-makedonska-oficerska-sabja-za-pochesti-vo-kabinetot-na-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirana-prvata-makedonska-oficerska-sabja-za-pochesti-vo-kabinetot-na-ivanov/#respond Thu, 08 Nov 2018 15:17:57 +0000 https://kurir.mk/?p=125347

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во рамки на церемонијата на свечено менување на државното знаме ја врачи првата македонска офицерска сабја на Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Иван Атанасоски. Промоцијата на првата македонска офицерска сабја за почести е по повод одбележувањето на 75 годишнината од Денот на баталјонот за почести и опслужување во АРМ. Со првата македонска офицерска сабја за почести, гардиската единица наАРМ денеска го изврши свечениот чин на промена на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Автор на првата македонска офицерска сабја за почести е Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Иван Атанасоски, а сабјата е дизајнирана од страна на хералдичкиот уметник Стојанче Величковски. Армиски претставник од Баталјонот за почести и опслужување во АРМ, истакна дека сабјата ќе има церемонијално значење при пречекот на високи гости, на министри за одбрана, началници на генералштаби и во склоп на церемониите што ги организира АРМ. „Во рок од 6/7 месеци финализираше изработката на првата македонска офицерска сабја за почести. Работната група ги консултираше Воениот музеј, Архивот на МПЦ и на ИВЗ, соработувавме со Хералдичкото друштво и со хералдичарот кој го изработи дизајнот на сабјата. Соработувавме со Институтот по хемија при Природно математичкиот факултет каде што ни го доверија минералот лорандит да го вградиме во сабјата и со г. Чкартов кој ни даде еден примерок од рубинот кој е исто така вграден во рачката на сабјата. Сите елементи кога ги вклопивме и завршивме, резултираа со денешната прослава за промовирање на сабјата пред претседателот Иванов“, рече тој. Хералдичкиот уметник Стојанче Величковски, дизајнер на првата македонска офицерска сабја, рече дека идејата за вакво дело датира многу одамна и дека тој повеќе од 3 децении врши истражувања во областа на хералдиката. „Направивме тим кој подолго време работеше на истражување на сите симболи што значат нешто за македонската историја, традиција и култура. Ја имав честа да го креирам симболот на војничката чест и да ги сублимираме во една визуелизација сите наши симболи. Пред се тука мислам на нашиот флорален симбол Quercus macedonica, којшто е аплициран во рачката и симболот на бесконечноста којшто е земен од златната маска од Требеништа. Целата таа композиција е адаптирана да ги претставува македонската историја, култура и традиција, затоа што самиот даб е симбол кој што покажува цврстина, доблест, традиција и истрајност, а сите тие атрибути прилегаат на нашиот македонски народ да бидат ставени во ваков симбол кој што денеска беше промовиран на свеченоста во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија“ рече г. Величковски. Церемонијалната сабја е украсена со уникатен македонски рубин и реткиот минерал на лорандитот од рудникот Алшар.  Декоративен орнамент на сабјата е златна ракавица, што по својата форма е во вид на преплет и претставува симбол на бесконечност, а во кружните форми што се образуваат последователно се јавува сонцето како симбол. Формата на штитникот на рачката е инспириран од македонскиот даб, додека неговите транспарентни сегменти ја симболизираат подготвеноста и стремежот на граѓаните на Република Македонија да изградат модерна и транспарентна армија која ќе го штити суверенитетот и интегритетот на Република Македонија. Во рамки на свеченото менување на државното знаме, на претседателот Иванов му беше подарена првата книга „Почесна гарда на АРМ“ посветена на сите припадници на почесната гарда, чиј автор е потколковник м-р Иван Атанасоски, а чија промоција е по повод одбележувањето на Денот на баталјонот за почести и опслужување во АРМ. На церемонијата при свечената промена на државното знаме во Кабинетот на Претседателот присуствуваа ученици од четири основни училишта од Скопје, ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, ОУ “Кузман Шапкарев“, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ и од  ОУ „Браќа Миладиновци“, како и деца од градинката „Cool Kids“. Наставничката Анета Велковска, од ОУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје, потенцираше дека присуството на овој настан е од големо значење и практична примена по предметот Државно уредување на Република Македонија, додавајќи дека се обидуваат на учениците да им пренесат негување на свеста за љубов кон својата татковина, почит кон симболите на нашата држава, Република Македонија. Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја, Република Македонија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promovirana-prvata-makedonska-oficerska-sabja-za-pochesti-vo-kabinetot-na-ivanov/feed/ 0
Со промоција на првата македонска офицерска сабја за почести се одбележува Денот на Баталјонот за почести   https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-promocija-na-prvata-makedonska-oficerska-sabja-za-pochesti-se-odbelezuva-denot-na-bataljonot-za-pochesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-promocija-na-prvata-makedonska-oficerska-sabja-za-pochesti-se-odbelezuva-denot-na-bataljonot-za-pochesti/#respond Thu, 08 Nov 2018 08:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=125056

Припадниците на Баталјонот за почести и опслужување во Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска работно ќе ја одбележат 75 годишнината од нејзиното формирање односно од формирањето на првата македонско-косовска ударна бригада на 11 Ноември 1943 година во село Сливово. Денот на баталјонот ќе се одбележи со промоција на промоција  на првата македонска офицерска сабја за почести, со смена на државните знамиња пред резиденцијата на претседателот на Република Македонија и пред Владата, како и со промоција на првата книга „Почесна гарда на АРМ “ посветена на сите припадници на почесната гарда од авторот потколковник м-р Иван Атанасоски, командант на баталјонот. Предвидена е и посета на Детската клиника во Скопје, како и крводарителна акција. – Првата македонска офицерска сабја за почести е наша автохтона оригинална, проект на кој работевме шест месеци и многу се гордееме, вели командантот на Баталјонот потполковник Атанасоски. За изработката на ликот на оваа сабја биле извршени консултации со многу државни и граѓански институции, меѓу кои Музеј на Македонија, Воениот музеј, верските институции – Охридска архиепископија МПЦ и ИВЗ. Дизајнот на сабјата е изработен од Стојанче Величковски хералдички уметник. Сабјата е украсена со уникатен македонски рубин и реткиот минерал на лорандитот од рудникот Алшар. Интересен е декоративниот орнамент – Златната ракавица, затоа што по својата форма е во вид на преплет и претставува симбол на безконечност, а во кружните форми што се образуваат последователно се јавува симбол сонцето. На церемонијалната сабја е изгравиран амблемот на единицата. Формата на штитникот на рачката е инспириран од македонскиот даб, додека неговите транспарентни сегмени ја симболизираат подготвеноста и стремежот на граѓаните на Република Македонија да изградат модерна и транспарентна армија која ќе го штити суверенитетот и интегритетот на земјата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-promocija-na-prvata-makedonska-oficerska-sabja-za-pochesti-se-odbelezuva-denot-na-bataljonot-za-pochesti/feed/ 0