сабота – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Feb 2023 18:59:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сабота – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синдикатите во Франција повикаа на протест во сабота против пензиските реформи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sindikatite-vo-frantsija-povikaa-na-protest-vo-sabota-protiv-penziskite-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sindikatite-vo-frantsija-povikaa-na-protest-vo-sabota-protiv-penziskite-reformi/#respond Thu, 09 Feb 2023 18:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=798598

Синдикатите во Франција денеска повикаа на повторни протести во сабота против пензиската реформа што ја бара претседателот Емануел Макрон. Синдикатите повикаа на протести во сабота, како и на 16 февруари и 7 март. Ова е првпат од почетокот на протестите против зголемувањето на законската старосна граница за пензионирање од 62 на 64 години, синдикатите да повикаат на протест во текот на викенд. - Во сабота, се надевам дека ќе биде ден за протести кој е погоден за семејствата, како и за луѓето од различни сфери, изјави генералниот секретар на ЦФДТ Лоран Берже. Планирани се повеќе од 200 акции низ Франција, кои ќе соберат до 700.000 луѓе надвор од Париз, според француските власти. Во вторникот се одржа протест со малку помал број собрани во однос на претходните собири кога имаше повеќе од милион луѓе, информира полицијата. Организаторите тогаш рекоа дека имало речиси двојно повеќе луѓе. Француската премиерка Елизабет Борн денеска повторно ја бранеше реформата за која расправаат пратениците во Долниот дом на Парламентот. Таа рече дека реформата има за цел да ја обезбеди иднината на пензискиот систем. Сепак, француската Влада нема апсолутно мнозинство во парламентот за нејзината реформа да биде усвоена и затоа смета на поддршката на традиционалната десница, но оваа поддршка сè уште не е сигурна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sindikatite-vo-frantsija-povikaa-na-protest-vo-sabota-protiv-penziskite-reformi/feed/ 0
Во сабота нема да има протест во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sabota-nema-da-ima-protest-vo-znak-na-pochit-na-sogragjanite-muslimani-koi-chestvuvaat-praznik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sabota-nema-da-ima-protest-vo-znak-na-pochit-na-sogragjanite-muslimani-koi-chestvuvaat-praznik/#respond Thu, 07 Jul 2022 19:52:40 +0000 https://kurir.mk/?p=701964

Утре продолжуваме со блокади низ Македонија. На 4 места, во Скопје пред владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп, соопштија неформалните организатори „Ултиматум – НЕ благодарам“. – Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести. Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, НЕДЕЛА во 19 часот пред влада, стои во нивната информација]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sabota-nema-da-ima-protest-vo-znak-na-pochit-na-sogragjanite-muslimani-koi-chestvuvaat-praznik/feed/ 0
Во САБОТА ќе се случи „ДЕНОТ НА ЧУДАТА“, астролозите велат дека ова се случува еднаш во годината https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/vo-sabota-kje-se-sluchi-denot-na-chudata-astrolozite-velat-deka-ova-se-sluchuva-ednash-vo-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/vo-sabota-kje-se-sluchi-denot-na-chudata-astrolozite-velat-deka-ova-se-sluchuva-ednash-vo-godinata/#respond Wed, 02 Mar 2022 11:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=639371

Само еднаш во годината се случува ден кој астролозите го нарекоа „ден на чудата“, а оваа година ќе се случи на 5-ти март. Тој ден ќе биде и конјукција на Јупитер и Сонцето, што дополнително ќе влијае на хороскопските знаци. Јупитер менува знак секои 12 до 13 месеци и секоја година е во средба со Сонцето во друг знак. Оваа година, “денот на чудата“ според хороскопот ќе се случи на 5-ти март и Јупитер ќе биде во Риби. Рибите се знак на фантазијата, поместување на границите, уметноста, сочуството, означуваат сништа и исцелување. Астролозите  „денот на чудата“ во оваа смисла го дефинираат како изненадна и добродојдена промена на перцепцијата која нас од страв не води во љубов. Јупитер носи среќа, авантура, желба за ризик, додека Сонцето ни дава снага, верба, енергија и елан. Кога ќе се сретнат на небото, а оваа година тоа ќе се случи на 5-ти март во нас буди желба да промениме тоа што не чини, а воедно ни дава снага тоа да го направиме. Може да е во прашање работата, љубовта или некоја важна одлука, 5-ти март како „денот на чудата“ е ден кога би требало да тргнеме во реализација на своите планови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/vo-sabota-kje-se-sluchi-denot-na-chudata-astrolozite-velat-deka-ova-se-sluchuva-ednash-vo-godinata/feed/ 0
Седницата за избор на нова влада во сабота https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-za-izbor-na-nova-vlada-vo-sabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-za-izbor-na-nova-vlada-vo-sabota/#respond Tue, 11 Jan 2022 14:16:41 +0000 https://kurir.mk/?p=618044

Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика во сабота, 15 јануари 2022 година, во 11:00 часот. Ова Џафери му го соопштил на мандатарот Димитар Ковачевски на денешната средба кога тој во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа. -Денеска, мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, официјално му ги достави на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Предлог-составот и Предлог-програмата за работа на новата влада. На средбата посочи дека очекува изборот на членовите на владата и нејзината програма да бидат одобрени без одложување, соопшти собраниската прес-служба. Претседателот Џафери на оваа средба го информирал Ковачевски, дека седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика во сабота]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-za-izbor-na-nova-vlada-vo-sabota/feed/ 0
Оваа сабота работен ден за градинките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-sabota-raboten-den-za-gradinkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-sabota-raboten-den-za-gradinkite/#respond Thu, 12 Dec 2019 10:58:53 +0000 https://kurir.mk/?p=276543

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата. -МТСП ги извести управите на градинките дека по донесената одлука од Владата на Република Северна Македонија на својата 167 седница дека 14 декември 2019 година, сабота, ќе биде работен ден за вработените во државните институции потребно е спроведување на истата и од страна на јавните општински установи детски градинки. Согласно со одлуката, 14 декември 2019 година ќе се одработува за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции, информираат од Министерството. Истовремено, МТСП ги извести градинките дека децата кои имаат потреба од згрижување на ден 14 декември (сабота) 2019 година, дека треба да бидат прифатени во детската градинка и согласно тоа, ги задолжи да направат организацијата за прием и згрижување на децата. Организацијата за прием е во надлежност на управите на детските градинки. МТСП ги информираше градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата. Инаку, според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-sabota-raboten-den-za-gradinkite/feed/ 0
Влада: Сабота работна за вработените во дел од државните институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-sabota-rabotna-za-vrabotenite-vo-del-od-drzavnite-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-sabota-rabotna-za-vrabotenite-vo-del-od-drzavnite-institucii/#respond Tue, 10 Dec 2019 11:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=275520

Владата на својата 167 седница донесе одлука 14 декември, сабота, да биде работен ден за вработените во државните институции. Оттаму соопштуваат дека согласно одлуката, на 14 декември ќе се одработува за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции. Овој заклучок не се однесува за вработените во здравствените и образовните институции. Заклучокот се препорачува да го спроведат и единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, за кои 2 јануари беше неработен ден. Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина. За распоредот и локациите за спроведување на акцијата вработените во јавниот сектор дополнително ќе бидат известени од страна на раководните лица на институциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-sabota-rabotna-za-vrabotenite-vo-del-od-drzavnite-institucii/feed/ 0
Доаѓа летното сметање на времето: Денот се зголемува, часовникот оди напред еден час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-letnoto-smetanje-na-vremeto-denot-se-zgolemuva-chasovnikot-odi-napred-eden-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-letnoto-smetanje-na-vremeto-denot-se-zgolemuva-chasovnikot-odi-napred-eden-chas/#respond Sat, 16 Mar 2019 12:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=175335

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти март почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот. Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот. Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-letnoto-smetanje-na-vremeto-denot-se-zgolemuva-chasovnikot-odi-napred-eden-chas/feed/ 0
Во сабота е тежок празник Света Петка: Појдете во црква, но овие работи немојте да ги направите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sabota-e-tezok-praznik-sveta-petka-pojdete-vo-crkva-no-ovie-raboti-nemojte-da-gi-napravite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sabota-e-tezok-praznik-sveta-petka-pojdete-vo-crkva-no-ovie-raboti-nemojte-da-gi-napravite/#respond Wed, 24 Oct 2018 12:22:35 +0000 https://kurir.mk/?p=118885

Во сабота се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка. Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград,на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок.Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил а подоцна станал епископ Мадитски. Православните верници ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква. Во народните верувања се вели дека денес не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година. Нејзиниот живот бил исполнет со молитви и работа,по смрта на нејзините родители поради Христа заминала на поклонение во Цариград,потоа престојува во Халкедонскиот манастир а од таму заминува во Ираклија каде што пет години престојува во Богородичната црква. Од Ираклија заминува во Светата земја и таму останува до својата длабока старост живејќи во подвизи,пост и молитви. Две години пред нејзината смрт и се јавил ангел кој што и рекол дека треба да се врати во својот роден град,каде што на земјата ќе и го предаде телото а душата на Господа. По нејзиното враќање во родниод град Епифат веќе никој неможел да ја препознае бидејќи немала роднини а и неколку децении била отсатна од градот.Крајот на својот живот го минала со работа,пост и молитви без да дознаат нејзините сограѓани која е.Бидејќи нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка по нејзината смрт ја погребале надвор од христијанските гробишта. После многу години од нејзината смрт во градот требало да се погреба давеник,бидејќи тој бил туѓинец решиле да го погребаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била погребана светицата. Кога го отвориле нејзиниот гроб забележале дека нејзиното тело не е распаднато ама на тоа не обрнале внимание,го положиле удавениот морнар врз неа и го го затвориле гробот. Ноќта на еден од работниците кој што учествувал на погребот по име Георгије на сон му се јавила светицата облеана со светлина,седната на царски трон и опкружена со војници. Еден од војниците му се доближил,го фатил за рака и му рекол дека многу згрешиле тоа што го сториле претходниот ден. Потоа станала Преподобната Мајка му кажала која е и со зборовите дека неможе повеќе да ја трпи смрдеата на телото на удавениот морнар,му наредила да ги извадат нејзините мошти и да ги положат на некое чесно место. Утредента Георгије им го раскажал сонот на неговите роднини и сите заедно веднаш се упатиле кон гробиштата. Кога пристигнале таму виделе насобрано многу луѓе,истиот сон го сонувала и една жена по име Јефтимија. Насобраната маса решила да ги откопа моштите на светицата и да ги погреба во Епифат во црквата св.Петар и Павле. Веднаш по овој настан почале да се случуваат разни чудесија и исцелувања. Два века по смрта на Света Петка со Цариград владееле крстоносците,па во 1238-та година бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново. По Косовската битка и Трново паѓа во рацете на Османлиите и моштите на Света Петка се пренесени во Романија. Потоа во 1396-та година и Романија паѓа во Османлиски раце тогаш српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил со тоа и моштите на светицата биле пренесени во Белград на месноста Калемегдан. Кога во 1521-та година султанот Сулејман втори го завзел Белград,ги запленил светите мошти на Света Петка и ги однел во Цариград. Таму почнале да се слушуваат чудесни работи па и покрај христијаните светицата ја славеле и муслиманите. Во 1641-та година војводата Василије Лупал господар на Молдавија, успеал да ги добие моштите на светицата и нив ги пренел во светиот град Јаш,во црквата "св.Три Ерарси". Во 1884-та година нераспаднатите свети мошти на Света Петка се пренесени и изложени во Соборната црква на градот Јаш каде што се наоѓаат и денес. Споменот на "Света Преподобна Петка - Параскева Трновска " се празнува секоја година на 14-ти октомври по стар стил,или на 27-ми октомври по нов стил. Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка(македонски) односно Параскева(грчки),поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност. -Првата св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка Римјанка. Нејзиниот спомен се празнува на 26-ти јули по стар стил,или 8-ми август по нов стил.Таа загинала со маченичка смрт,исечена е за време на царот Антонио Пиј,па затоа правилно се нарекува "Света маченица Петка-Параскева Римјанка". -Втората св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка од Иконија. Таа исто како и првата маченички загинала за време на царот Диоклецијан.Нејзиниот спомен се празнува на 28-ми октомври по стар стил,или 10-ти ноември по нов стил.Нејзиното целосно име гласи вака "Света маченица Петка-Параскева Иконијска". Овие две светици се маченици додека "Света Петка-Трновска" е преподобна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sabota-e-tezok-praznik-sveta-petka-pojdete-vo-crkva-no-ovie-raboti-nemojte-da-gi-napravite/feed/ 0