САД – ЕУ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Jul 2018 09:23:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png САД – ЕУ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ ќе ги штити своите компании во Иран од американски санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-gi-shtiti-svoite-kompanii-vo-iran-od-amerikanski-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-gi-shtiti-svoite-kompanii-vo-iran-od-amerikanski-sankcii/#respond Tue, 17 Jul 2018 09:23:11 +0000 https://kurir.mk/?p=77670

Земјите членки на ЕУ вчера усвоија нов правен инструмент, кој ќе ги заштите европските компании присутни во Иран од најавените американски санкции, откако САД се повлече од Договорот за иранската нуклеарна програма. Инструментот, наречен, Закон за блокирање, беше одобрен на вчерашниот Совет за надворешни работи на ЕУ и ќе стапи во сила на 6 август, кога треба да стапат во сила и првите американски санкции. Овој европсски закон постои од 1996 година и им овозможува на Европејците да го заобиколат американскиот правен принцип на екстратериторијалност. По повлекувањето на САД од иранскиот договор, голем број европски компании најавија дека доколку не бидат заштитени тие ќе се повлечат од Иран. Останува да се види дали овој инструмент ќе биде доволен. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-gi-shtiti-svoite-kompanii-vo-iran-od-amerikanski-sankcii/feed/ 0
САД го отфрлија барањето на ЕУ за исклучување од санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-otfrlija-baranjeto-na-eu-za-iskluchuvanje-od-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-otfrlija-baranjeto-na-eu-za-iskluchuvanje-od-sankcii/#respond Tue, 17 Jul 2018 08:36:29 +0000 https://kurir.mk/?p=77649

САД го отфрлија барањето на Европската унија некои од нејзините клучни компании да не подлежат на санкциите кои Америка ги воведе за фирмите што работат со Иран. ЕУ, како и министри од Германија, Франција и Велика Британија, минатиот месец побараа од САД од списокот на тие компании да се избришат оние кои работат со Иран во секторите на здравството, финансиите, енергијата и производството на автомобили. Американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за финансии Стивен Мнучин го отфрлија ова барање, јави Ен-Би-Си Њуз. - Сакаме врз иранскиот режим да извршиме финансиски притисок без преседан, се наведува во одговорот на двајцата министри и се додава дека САД ќе направат исклучоци само ако се од полза на американските национални интереси. Ова одбивање е во согласност со зголемениот притисок кој администрацијата во Вашингтон го врши врз европски и други земји со цел да ги прекинат економските врски со Иран поради, како што тврдат САД, поддршка за тероризмот и ширење нестабилност на Блискиот Исток. Европските држави се трудат да ги заштитат своите компании кои работат со Иран откако администрацијата на Доналд Трамп на почетокот од годината се повлече од нуклеарниот договор со Техеран. Со тој договор беа укинати меѓународните санкции кон Иран во замена за согласноста на Техеран да се откаже од својата нуклеарна програма и да прифати сеопфатни контроли. Повлекувањето на Америка од договорот значи дека европските компании кои почнале да работат со Иран по укинувањето на меѓународните санкции, сега ќе подлежат на американски санкции и ќе бидат исклучени од финансискиот систем со кој доминира САД. Првиот пакет американски санкции кон Иран стапуваат на сила во август, а оние што се однесуваат на извоз на нафта во ноември. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-otfrlija-baranjeto-na-eu-za-iskluchuvanje-od-sankcii/feed/ 0