САД – Кина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Oct 2018 09:47:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png САД – Кина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ји: САД да престанат со нападите врз Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ji-sad-da-prestanat-so-napadite-vrz-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ji-sad-da-prestanat-so-napadite-vrz-kina/#respond Mon, 08 Oct 2018 09:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=112183

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји на денешната средба во Пекинг со американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД треба да престанат со нападите врз државната политика на Кина. Ји на средбата посочи дека е „фрлена сенка на иднината на односите помеѓу САД и Кина“. Помпео наведе дека Вашингтон и Пекинг имаат „фундаментални разлики“ за билатералните прашања. - Силно сме загрижени од акциите што ги презема Кина и се надевам дека ќе имаме можност да разговараме прашањата за нашите односи, посочи Помпео. Средбата Ји - Помпео посветена на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров се одвива во тензична атмосфера поради „трговската војна“ помеѓу Кина и САД. Потпретседателот на САД, Мајк Пенс минатата недела ја засили американската кампања за притисок врз Кина, вон темата за трговската војна. Тој го обвини Пекинг за „злонамерни“ обиди за поткопување на позицијата на Трамп пред претстојните избори за Конгресот. Помпео претходно имаше средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин,  а допатува во Пекинг да ги извести кинеските власти за текот на средбата во Пјонгјанг. Помпео претходно изјави дека постигнал голем напредок на средбата со Ким и оти работи на организирање на втор самит на американскиот претседател Доналд Трамп со Ким. Претходно, претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин изјави дека очекува севернокорејскиот лидер Ким да ја посети Русија, а кинескиот претседател Си Џинпинг - Северна Кореја, во контекст на глобалните дипломатски напори за решавање на нуклеарната криза. - Вториот состанок на Трамп и Ким би можел да биде пропратен со дипломатски активности кои би придонеле за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и стабилизирање на мирот, посочи Мун. Американскиот државен секретар Мајк Помпео на вчерашната четврта средба со Ким во Пјонгјанг истакна дека тоа е „уште еден чекор“ кон денуклеаризација и дека имал „добар и продуктивен разговор“ со севернокорејскито лидер, но оти има уште работа. Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт изјави дека Ким дозволил инспектори да го посетат полигонот за нуклеарно тестирање Пунгје-ри за да потврдат дека објектот е затворен и е неупотреблив. Помпео и Ким на средбата се согласија наскоро да формираат работна група за да разговараат за процесот на денуклеаризација. - Американскиот државен секретар и претседателот на Северна Кореја разговараа за опции за локација и датум за вториот самит Ким - Трамп, но ништо не е прецизирано, се посочува во соопштението на Стејт департментот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ji-sad-da-prestanat-so-napadite-vrz-kina/feed/ 0
САД повлекоа амбасадори од три држави поради Тајван и Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-povlekoa-ambasadori-od-tri-drzavi-poradi-tajvan-i-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-povlekoa-ambasadori-od-tri-drzavi-poradi-tajvan-i-kina/#respond Sat, 08 Sep 2018 08:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=98006

САД објавија синоќа дека ги повлекуваат своите амбасадори од Доминиканска Република, Славадор и Панама откако трите држави одлучија да не го признаваат веќе Тајван. Вашингтон изрази загриженост поради бројот на држави што прекинаа дипломатски односи со Тајван во корист на Кина. Тајван сега има службени односи со само 17 држави. Вашингтон нема дипломатски односи со Тајпеј, но е главен снабдувач на островот со оружје. Стејт департментот наведе дека ги вратил амбасадорите од трите држави „на консултации поврзани со неодамнешните одлуки да не го признаваат веќе Тајван“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-povlekoa-ambasadori-od-tri-drzavi-poradi-tajvan-i-kina/feed/ 0
САД со планови за ограничување кинески инвестиции во американски технолошки фирми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-planovi-za-ogranichuvanje-kineski-investicii-vo-amerikanski-tehnoloshki-firmi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-planovi-za-ogranichuvanje-kineski-investicii-vo-amerikanski-tehnoloshki-firmi/#respond Mon, 25 Jun 2018 07:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=69323

Министерството за финансии на САД подготвува правила за спречување компании со најмалку 25 отсто кинеската сопственост да купуваат американски компании во „индустриски значајни" технолошки области, објави Волстрит џурнал. Според извори на весникот, Советот за национална безбедност и Министерството за трговија на САД, исто така, подготвуваат планови за „засилени" контроли за извоз за да се спречат таквите технологии да одат во Кина. Плановите се очекува да бидат објавени до крајот на оваа недела. Сепак, тие не се конечни и индустријата ќе има можност да ги коментира пред да влезат во сила. Иницијативите имаат за цел да ги попречат кинеските планови наведени во Стратегијата „Произведено во Кина  2025 година“, која предвидува Кина да стане светски лидер во 10 клучни сектори. Владата на САД има намера да се фокусира само на нови договори и нема да се обиде да ги прекрши постојните, а планираниот ограничување на инвестициите нема да прави разлика меѓу кинески државни и приватни компании. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-planovi-za-ogranichuvanje-kineski-investicii-vo-amerikanski-tehnoloshki-firmi/feed/ 0