садници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 11:24:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png садници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните речиси секој ден краделе новозасадени садници и млади дрвца, општина Велес и ЈКП„Дервен“ со апел до нив https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/graganite-rechisi-sekoj-den-kradele-novozasadeni-sadnitsi-i-mladi-drvtsa-opshtina-veles-i-jkp-derven-so-apel-do-niv/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/graganite-rechisi-sekoj-den-kradele-novozasadeni-sadnitsi-i-mladi-drvtsa-opshtina-veles-i-jkp-derven-so-apel-do-niv/#respond Thu, 02 Nov 2023 11:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=895755

Речиси секојдневно во Велес се крадат новозасадените украсни садници од новите жардиниери поставени од ЈКП„Дервен“ и општината. Од ЈКП „Дервен“ и Општина Велес се револтирани кон ваквиот однос на поединци и апелираат до граѓаните да не го уништуваат и не ги крадат цветни садници и млади дрвца со што го уништуваат засаденото градско зеленило. Деновиве беа украдени новонасадени садници од цвеќе од новите жардиниери поставени есенва на повеќе локации во градот, пред Македонски пошти, кај фонтаната „Авона“ и на други градски локации, во центарот и во другите реони од градот, информираат од ЈКП „Дервен“ - Апелираме до граѓаните да не ги корнат и крадат новите украсни цветни насади кои го разубавуваат градот. Крајно време е кај нив да се пробуди заспаната свест за заштита на животната средина, потенцираа од ЈП „Дервен“ и Општина Велес. Во есенското разубавување на градот од страна на Општина Велес и ЈКП „Дервен“ во текот на есенва беа поставени најнови 13 украсни жардиниери со различни видови на зимзелени и листопадни растенија и сезонско цвеќе кај зградата на „Македонски пошти“, девет кај кружниот тек „Авона“ со љубичици и 11 пред гимназијата „Кочо Рацин“ со хризантеми и љубичици. Со сезонско цвеќе обновени се и жардиниери на кривината кон Градската болница, кај фонтаната на кружниот тек „Авона“на влезот на Младински парк кај црквата, долж паркингот во центарот на градот и на ул. „Димитар Влахов“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/graganite-rechisi-sekoj-den-kradele-novozasadeni-sadnitsi-i-mladi-drvtsa-opshtina-veles-i-jkp-derven-so-apel-do-niv/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Засадивме околу 5000 садници со љубов за наша Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-zasadivme-okolu-5000-sadnici-so-ljubov-za-nasha-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-zasadivme-okolu-5000-sadnici-so-ljubov-za-nasha-kisela-voda/#respond Fri, 25 Nov 2022 12:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=766468

Под мотото “Засади со љубов, за Кисела Вода”, денес во општина Кисела Вода се одржа масовна акција за пошумување. На акцијата и претходеше повик, преку видео спот, организиран од градоначалникот Ѓорѓиевски и локалната самоуправа, кој беше поддржан од многу јавни личности, спортисти, лица од естрадата, кои и денес зедоа учество во пошумувањето. Илјадници граѓани, претставници на дипломатскиот кор, спортски здруженија, еколошки здруженија оштествено одговорни компании, советниците од Советот на Општината, административните службеници, засадија околу 5000 садници на шест локации: новиот парк “Иднина” кај кружниот тек, на трим патеката, на Теферич, кај новата градинка во Усје, во паркот на Есенинова и во парк Македонија. Покрај ова, се садеше и во сите основни училишта и градинки од општината. -Денес започнуваме со акција за која планираме да ја направиме редовна и традиционално да се одржува секоја година во исто време. Под слоганот Вода “Засади со љубов, за Кисела Вода”, денес садиме 5000 дрвца на повеќе локации низ општина Кисела Вода, пред се’ за нови или постојни паркови или места кои се доста фреквентни, а на кои сме направиле анализа дека има потреба од дополнително зеленило. Освен што на овој начин ќе го зазелениме и облагородиме просторот, сакаме да ја подигнеме и јавната свест дека секое дрво значи помош за обнова на екосистемот, за намалување на загадувањето, за спречување на поплави и  ерозии. Овие пораки ги упативме и преку видео спот заедно со многу естрадни личности, спортисти, лица кои значат нешто во јавниот живот, преку кој ги повикавме граѓаните масовно да ни се приклучат и заедно да направиме нешто убаво за себе, за своите најблиски и за Кисела Вода. Очигледно пораката одекна силно, така што денес, на сите шест локации има огромен одзив. Тука, во Паркот “Иднина” со мене е амбасадорот на Република Полска, тука се голем број на лица од јавниот живот, огромен број на граѓани, на терен е и целата администрација, советот и советниците, спортски клубови, дрвца се садат и во сите училишта и градинки на територија на општина Кисела Вода. Сакам да им се заблагодарам и ним, како и на сите донатори и пријатели на општината кои преку својата општествена одговорност, ја поддржаа акцијата и покажаа дека ја сакаат Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-zasadivme-okolu-5000-sadnici-so-ljubov-za-nasha-kisela-voda/feed/ 0
Митева: 9,5 милиони денари за набавка на садници е уште еден доказ како Шилегов ги троши парите од буџетската каса на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-9-5-milioni-denari-za-nabavka-na-sadnici-e-ushte-eden-dokaz-kako-shilegov-gi-troshi-parite-od-budzetskata-kasa-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-9-5-milioni-denari-za-nabavka-na-sadnici-e-ushte-eden-dokaz-kako-shilegov-gi-troshi-parite-od-budzetskata-kasa-na-grad-skopje/#respond Sun, 20 Jun 2021 10:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=525679

Рамковната спогодба за набавка на садници која изнесува 9,5 милиони денари е уште еден доказ за начинот на кој се празни буџетската каса на Град Скопје, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Листата на цени изгледа вака: зимзелените садници имаат единечна цена од 10.000, декоративните садници цена од 24.000 денари, а дрворедните садници цена од 25.000 денари. Позади мене се садници кои се поставени пред околу 30 дена, а како што може да видите сите се исушени. Огромен е парадоксот што како граѓани сме обврзани да плаќаме нов надомест за одржување на јавни површини, а за возврат добиваме уништено зеленило во градското подрачје. Поради лошото менаџирање на Шилегов, Град Скопје доживува четиригодишна стагнација, а парите се потрошени во празни проекти. Информациите со кои располагаме кажуваат дека многу од набавените садници не биле во согласност со димензиите од техничката спецификација па неколку од нив биле вратени на добавувачот. И повторно го прашуваме Шилегов зошто во централното градско подрачје се уништени здрави дрва, додека други над 50 дрва кои претставуваат вистинска опасност за граѓаните не се отстранети иако за истите има уредна документација. Драги скопјани, охрабрувачки е што знаеме дека влегуваме во последните месеци од власт на Шилегов. Град Скопје има огромен потенцијал да се развива и напредува, а на нас останува да ги решаваме проблемите. Најдоброто за нашите општини е што поскоро да замине Шилегов, да замине СДСМ, подвлекува Митева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-9-5-milioni-denari-za-nabavka-na-sadnici-e-ushte-eden-dokaz-kako-shilegov-gi-troshi-parite-od-budzetskata-kasa-na-grad-skopje/feed/ 0
Жителите на Аеродром револтирани од Марин: Дојде живот- некои садеа 50.000 садници, други ги сечат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zitelite-na-aerodrom-revoltirani-od-marin-dojde-zivot-nekoi-sadea-50-000-sadnici-drugi-gi-sechat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zitelite-na-aerodrom-revoltirani-od-marin-dojde-zivot-nekoi-sadea-50-000-sadnici-drugi-gi-sechat/#respond Fri, 22 Dec 2017 12:13:14 +0000 http://kurir.mk/?p=765

Граѓани на општина Аеродром се почесто испраќаат критики за работата на градоначалникот Златко Марин од СДСМ. На Фејсбук страната “Аеродром во моето срце” денес се коментира за сечењето на садниците во општината. -Додека некои садеа над 50.000 садници, други сечат на ангро. Нека ни е на здравје аеродромци новиот градоначалник. Дојде живот во вистинска смисла на зборот, напишаа тие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zitelite-na-aerodrom-revoltirani-od-marin-dojde-zivot-nekoi-sadea-50-000-sadnici-drugi-gi-sechat/feed/ 0