САДУ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Jan 2020 13:28:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png САДУ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради манипулациите и лагите на Манчевски, синдикалците најавуваат радикализација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-manipulaciite-i-lagite-na-manchevski-sindikalcite-najavuvaat-radikalizacija-pred-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-manipulaciite-i-lagite-na-manchevski-sindikalcite-najavuvaat-radikalizacija-pred-izbori/#respond Thu, 23 Jan 2020 11:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=293592

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија- САДУ испрати отворено писмо до јавноста и министерот за информатично општество и администрација, Дамјан Манчевски во кое најавуваат нивно радикализирање доколку тој не се повлече од притисокот. -Во многу наврати изминативе две години низ официјални состаноци разговаравме за моменти во кои не се согласуваме. Немајќи разбирање од Вас се одлучивме да ја информираме целокупната јавност во Македонија за да ја дознае вистината и Вашиот неискрен, манипулативен однос кон сите вработени во јавниот сектор. Имено, ветувавте две години дека ќе ги вклучите синдикатите во функционалните анализи. За функционалните анализи е направена методологија преку европски проект со европски средства, но сега негирате и сето тоа го спроведувате преку обични аналитички листови како анкети каде давате можност на именуваните и избраните лица од ваша страна да направат политичка чистка и да го клекнат јавниот сектор на колена. Само не ни е јасно кого сега излажавте, нас или Европската унија, се вели во отвореното писмо. Од САДУ нагласуваат дека едно е јасно, дека Манчевски го држи јавниот сектор под притисок. -Целиот јавен сектор е на доволно високо интелектуално ниво за да можете да си земете за право да не уценувате и манипулирате, па затоа Ви кажуваме и Ве предупредуваме да ги остварите и реализирате вашите ветувања, во спротивно доколку со вашите квази-синдикалци, кои веќе се препознаени од целиот јавен сектор, се обидете да направите упад и не ги спроведете вашите јавно дадени ветувања, ние длабоко ќе се радикализираме за што верувајте само Вие ќе бидете виновни за таквите дејствија во предизборен период. Затоа час поскоро повлечете се од Вашата нечесна игра и низ конструктивен и фер социјален дијалог и партнерство со сите релевантни фактори, за што зборувате во изминативе години, да изнајдеме конструктивно решение прифатливо за сите. И на крај да Ве прашаме дали овие секојдневни огласи и вработувања во јавниот сектор ќе бидат предмет на функционалната анализа или пак тие, затоа што се со предзнак непотизам се исклучени од секоја анализа или отказ како што се уценуваат другите вработени во јавниот сектор, а некои си квази-синдикалци за лични интереси го одобруваат сето ТОА, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-manipulaciite-i-lagite-na-manchevski-sindikalcite-najavuvaat-radikalizacija-pred-izbori/feed/ 0
Поддршка од Синдикатот на администрацијата за протестот на административно-техничкиот персонал во здравството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poddrshka-od-sindikatot-na-administracijata-za-protestot-na-administrativno-tehnichkiot-personal-vo-zdravstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poddrshka-od-sindikatot-na-administracijata-za-protestot-na-administrativno-tehnichkiot-personal-vo-zdravstvoto/#respond Wed, 25 Dec 2019 15:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=282184

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) денеска соопшти дека го поддржува протестот на административниот и помошно-техничкиот персонал во здравството кој утре ќе одржи протест пред Министерството за здравство, откако тие беа изоставени во последниот бран на покачување на платите на здравствените работници. -Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија ги поддржува нивните барања за покачување на платите и изземање на здравствената администрацијата од Министерството за информатичко општество, стои во соопштението од САДУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poddrshka-od-sindikatot-na-administracijata-za-protestot-na-administrativno-tehnichkiot-personal-vo-zdravstvoto/feed/ 0
САДУ: Предвремено пензионирање и преквалификација, наместо трансфер во приватен сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sadu-predvremeno-penzioniranje-i-prekvalifikacija-namesto-transfer-vo-privaten-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sadu-predvremeno-penzioniranje-i-prekvalifikacija-namesto-transfer-vo-privaten-sektor/#respond Wed, 23 Oct 2019 09:22:41 +0000 https://kurir.mk/?p=255177

Денеска дел од Претседателството на синдикатот на администрација и државна управа – САДУ, на чело со Претседателот на синдикатот Благоја Ралповски имале работна средба со Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, пишуваат од САДУ во соопштението. Според САДУ на работната средба се дискутирало околу актуелните состојби, како што се предлог измените во Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, како и предлогот на трансфер од јавен во приватен сектор и други прашања кои се од интерес на вработените. САДУ истакна дека како синдикат е спремен да одговори на сите предизвици во насока на зачувување на правата на вработените и нивно подобрување и исто така истакна дека нема да се согласи со трансферот од јавен во приватен сектор. За таа цел Министерот предложи решението предложено од синдикатот, за учество на синдикатот во изработка на функционалната анализа, да го стави уште на првата Владина седница. „Доставивме конкретни докази и факти против трансферот од јавен во приватен сектор, а Министерот прифати предлозите за предвремено пензионирање и внатрешна преквалификација да се стават на јавна дебата. Со овие предлози вработните би ги зацврстиле своите работни места, од една страна, а од друга страна ќе се направи правилна рационализација во делот на големината на администрацијата, како и нејзината стручност, со што сите ќе добијат и државата и граѓаните и вработените во јавниот сектор“, наведоа од САДУ во соопштението. Имено на работната средба станало збор за мобилноста на вработените од едно на друго работно место која треба да се темели на база на транспарентност, како и линеарна мобилност, а да не се зема само како услов, исполнување на работните квалификации; за предлозите за составот на Комисијата за дисциплински постапки, каде што според новиот предлог закон се намалува бројот на членови во составот на комисијата од 8 на 3 члена, во чиј состав се исфрла синдикалниот претставник, единствено може да присуствува, но без право на глас; околу прашањата за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор, исплата на патни трошоци, како и исплатата и признавањето на кариерата, таму каде што не се спроведува; за да престанат притисоците врз синдикалните претставници; за предлогот на САДУ за вклучување на синдикатот во изработката на функционалните анализи; за преквалификација на вработените во јавниот сектор, со цел да се пополнат работните места каде што има недостаток на вработени, односно трансфер, но во рамките на јавниот сектор,  а во исто време би се решил проблемот со превработеноста и за предлог решение за намалување на превработеноста со предвремено пензионирање со навршени 60 години; за Комисијата при Агенцијата за администрација која одговара по поднесени жалби, да има точно утврден рок во кој ќе одговори со цел да се усогласи со роковите за судска постапка; Додадоа дека за останатите прашања се очекува да се срочат конкретни предлози, за кои дополнително ќе се вршат преговори, за што САДУ јасно истакна дека нема да се сложи со ниту еден законски предлог со кој се нарушуваат работничките права и за сите несогласувања ќе одговори со соодветен синдикален отпор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sadu-predvremeno-penzioniranje-i-prekvalifikacija-namesto-transfer-vo-privaten-sektor/feed/ 0
Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија изложен на бројни притисоци во очи на најавениот штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-administracija-i-drzavna-uprava-na-makedonija-izlozen-na-brojni-pritisoci-vo-ochi-na-najaveniot-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-administracija-i-drzavna-uprava-na-makedonija-izlozen-na-brojni-pritisoci-vo-ochi-na-najaveniot-shtrajk/#respond Fri, 01 Mar 2019 14:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=169897

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) тврди дека после најавите оти од 5 март ќе почне штрајк во Основниот суд Скопје 1 Скопје, вработените се соочуваат со притисоци да ја откажат поддршката за штрајкот и да го повлечат својот потпис за поддршка. -Вработените кои согласно законските процедури се потпишаа дека ќе штрајкуваат биле изложени на притисок со цел да се откажат од нивните намери. Немајќи “резултат“ од ваквите активности, претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје ги повикал сите вработени во салата за состаноци барајќи лично до денеска да се изјаснат дали ќе го подржат штрајкот, дали ќе штрајкуваат или ќе го повлечат својот потпис од списокот, иако согласно Законот за работни односи не смее да се вршат такви дејствија. Нашето законско и уставно загарантирано право на штрајк е грубо прекршено, се вели во денешното соопштение од САДУ. Тој побара сите да се откажат од притисоците, бидејќи, како што се вели во соопштението, во спротивно, Синдикатот како претставник на работниците има обврска да ги заштити правата на штрајк. -Ги повикуваме сите невладини организации кои работат во областа на човековите права и демократијата, вклучувајќи го и Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој вчера критикуваше за недоволната активност на синдикатите, да излезат со свој став и осуда со што ќе придонесат во остварување на нашите права како синдикат, се вели во соопштението. САДУ за сите активности ќе ги извести меѓународните синдикални организации каде е полноправна членка, а преку Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе бидат известени и Светската и Европската конфедерација на синдикати, но и Меѓународната организација на трудот, каде, како што посочуваат, ќе бидат наведени сите факти и докази за кршење на законите во делот на синдикалното организирање и правото на штрајк. Од Синдикатот појаснуваат дека на 26 февруари годинава испратиле допис до министерката за правда Рената Дескоска, до претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловскии и до претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, Иван Џолев за започнување на штрајк согласно законите во Основен суд Скопје 1 Скопје, но од таму немале повратен одговор. Од САДУ се надеваат дека ќе сопрат сите дејствија и после долг период ќе отпочне фер и коректен социјален дијалог и партнерство, а членовите ќе можат да ги искажуваат своите барања слободно, согласно законските одредби, со што ќе се докаже дека земјава се наоѓа на Европски пат каде слободата е на највисоко ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-administracija-i-drzavna-uprava-na-makedonija-izlozen-na-brojni-pritisoci-vo-ochi-na-najaveniot-shtrajk/feed/ 0