саем на книга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 May 2023 19:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png саем на книга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ученици од СУГСГ „Орце Николов“ наградени за најдобри состави на Саем на книга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/uchenitsi-od-sugsg-ortse-nikolov-nagradeni-za-najdobri-sostavi-na-saem-na-kniga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/uchenitsi-od-sugsg-ortse-nikolov-nagradeni-za-najdobri-sostavi-na-saem-na-kniga/#respond Fri, 05 May 2023 19:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=831108

Во рамки на програмата на тековното издание на Саемот на книга, двајца ученици од СУГСГ „Орце Николов“ од Скопје, Никола Михајловски и Бојана Цветковска, од страна на организаторите на Саемот на книга, беа наградени со благодарници за учество со најдобар состав на тема за негувањето и зачувувањето на мајчиниот јазик - „Душата зборува на македонски јазик“. Како што соопштија од Саемот, двајцата ученици во склоп на Промотивниот центар со присутните гости ги прочитаа своите состави, кои се олицетворение на ставот на младите и нивната желба да го зачуваат она кое им се остава во наследство од страна на постарите генерации, благодарение на поборниците за чувањето на македонскиот јазик, како Кочо Рацин, Блаже Конески, Петре М. Андреевски. По повод 5 мај, Денот на македонскиот јазик, МАИ – Македонската Асоцијација на издавачи, на Саем на книга денеска и традиционално ги врачи годинешните награди на најдобрите автори и издавачи, кои во изминатиот период имаат дадено значаен придонес преку моќта на пишаниот збор. Еден од наградените е и академик Влада Урошевиќ. Годинешното 35. издание на Саем на книга трае до 10-ти мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/uchenitsi-od-sugsg-ortse-nikolov-nagradeni-za-najdobri-sostavi-na-saem-na-kniga/feed/ 0
Отворен 35. Меѓународен саем на книгата, наслови од над 60 домашни и странски издавачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-35-megunaroden-saem-na-knigata-naslovi-od-nad-60-domashni-i-stranski-izdavachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-35-megunaroden-saem-na-knigata-naslovi-od-nad-60-domashni-i-stranski-izdavachi/#respond Thu, 04 May 2023 19:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=830703

Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје од вечерва е отворен 35. Меѓународен саем на книгата, што ќе се одвива до 10-ти мај, со под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Во претстојните денови, саемската арена, ќе биде центар на многубројни средби со автори, потпишувања книги, едукативни работилници, трибини, наградувања, притоа одбележувајќи ја важноста на читањето како навика, збогатувањето на личната библиотека, како и убавината на зачестениот афинитет да се подарува книга за разни поводи. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска истакна дека поддршката на Саемот на книгата е од голема важност, особено во овој актуелен миг, кога некои податоци покажуваат дека помалку се чита, а ерата на дигиталната технологија ги навикна луѓето подолго време да минуваат пред екраните на паметните телефони, компјутерите и телевизорите. -Сѐ почесто се среќаваме со поимот екранизам, кој е поврзан со негативното влијание на екранот врз мозокот, особено кај малите деца. Свесни сме за слабата концентрација на одредени активности, нешто што сериозно треба да нѐ загрижи. Од друга страна, на сите ни се познати многубројните и далекуопсежните придобивки од читањето како една од најосновните вештини што можеме да ги стекнеме како човечки суштества. Накратко, читањето е од суштинско значење за нашиот развој и среќа, како поединци и како општество. Затоа како љубители на книгите и на пишаниот збор, имаме обврска да ги унапредуваме состојбите и заедно да работиме на зголемување на интересот на читателската јавност за книгата како пишан медиум, рече Костадиновска Стојчевска. Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем, којшто е организатор на Саемот на книгата, посочи дека до 10- ти мај, секој ден со почеток од 10 часот, над 60 домашни и странски издавачки куќи ќе ги претстават своите саемски понуди, со познати наслови од многубројни реномирани автори, на сите љубители на пишаниот збор. -Овој Саем мора да остане потсетник и синоним, да се чита со вистинска книга во раце. Не е случајно што мотото на годинешното издание на саемот е токму „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Истото е потсетник за најважната премиса во ова модерно темпо на живеење, - да не ја заборавиме најздравата навика на модерниот човек, а тоа е - читањето нови книги, рече Глигоровска. На отворањето се обрати и академик Влада Урошевиќ, споделувајќи пред присутните искуство од посета во Париз. -Промените ми ја покажаа положбата во која се наоѓа денес книгата и сето она што е поврзано со неа. Несомнено овие промени се показатели на повеќе аспекти. Ја покажуваат немоќта на книгата, која како производ тешко може да се натпреварува со некои други стоки што повеќе се бараат. За време на оваа прошетка во Париз, во неуспешната потрага по некогашните книжарници, се прашував дали тоа значи дека книгата почнува да се повлекува пред наездата на општата комерцијализација на нештата? Дали е ова нејзин пораз пред некои други попривлечни и поефикасни облици на информации и комуникации? Дали можеби нејзиното место започнуваат да го земаат некои други медиуми?“, праша Урошевиќ. Бојан Саздов, претседател на Македонска Асоцијација на Издавачи (МАИ) најави дека традиционално утре ќе ги доделат наградите и признанијата за најдобрите и најкреативните изданија, најдобрите автори, како и најдобрите и општествено одговорни издавачи.лв/аа/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-35-megunaroden-saem-na-knigata-naslovi-od-nad-60-domashni-i-stranski-izdavachi/feed/ 0
Од утре 35. издание на Саемот на книга, годинава фокусот на важноста на мајчиниот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-35-izdanie-na-saemot-na-kniga-godinava-fokusot-na-vazhnosta-na-majchiniot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-35-izdanie-na-saemot-na-kniga-godinava-fokusot-na-vazhnosta-na-majchiniot-jazik/#respond Wed, 03 May 2023 13:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=830181

Богата седумдневна програма со над 60 издавачки куќи и со присуство на домашни и странски автори најавуваат организаторите на годинашното издание на Саемот на книга, кој почнува од утре а ќе се одржува до 10-ти мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На Саемот се очекува бројот на посетители да се искачи и до 30 илјади, како пред пандемичниот период. На денешниот брифинг со новинарите, организаторите информираа дека во рамките на неколкудневната програма на јубилејното 35. издание на Саемот, се очекува присуство на голем број интересни автори, со промоција на нови книги во официјалниот Промотивен центар во Арената, а секако и на штандовите на издавачите се најавуваат едукативни работилници и цртање за најмладите посетители, како и средби со автори и потпишување книги. -Ако минатата година Саемот на книга го посетија само 24 илјади посетители, годинава се очекуваат 30 илјади посетители. Она што успеавме да го направиме годинава и што ќе биде веројатно позитивно изненадување за љубителите на книга е тоа што и техничкиот дел на арената е подготвен така да биде претставен како вистинско саемско доживување, што значи нема да бидат видливи седиштата или оној дел од салата кој е наменет за други настани, туку ќе бидат прилагодени, рече Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем. Една од главните цели на годинешното јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книга е одбележување на важноста за зачувувањето на мајчиниот македонски јазик, како главен идентитет на народот, а за истото, програмата на Саемот ќе се фокусира и на активност и програма која ги слави познатите легенди, кои имаат оставено значителен печат во македонската книжевност. На 5 мај, во петок, ќе биде организирана трибина во организација на Македонската асоцијација на издавачи по повод Денот на македонскиот јазик. -На вториот ден на Саемот, бидејќи е ден на македонскиот јазик, заедно со Македонската асоцијација на издавачи договоривме да имаме трибина која почнува во 12 часот, а поканети се и средните училишта со состави на теми за македонскиот јазик. Во салата ќе има цитати од наши и странски автори и се надеваме дека ќе биде на задоволство на големиот број на публика која ќе присуствува, додаде Глигоровска. Брифинг по повод Саем на книгаБрифинг по повод Саем на книга ФОТО/МИА Бојан Саздов од Македонска асоцијација на издавачи на брифингот посочи дека станува збор за најважен книжевен настан што се одржува во континуитет. -Ова за издавачите е една од најважните настани. Ова е најважен книжевен настан, но важен е и како културен настан во нашата држава, а самиот континуитет ја прави манифестацијата за почит. Со нашите заложби и напори се обидуваме секоја година да го издигнеме на уште повисоко ниво, рече Саздовски. Како што информираа организаторите, цената на редовна влезница ќе изнесува 80 денари, а 50 денари по лице ќе изнесува цената за организирани групи ученици. Билетите ќе бидат достапни за купување на влезот на арената, а за сите љубители на дигиталните услуги, сите заинтересирани ќе можат да ги набават своите билети за саемот и онлајн преку „Karti.com.mk“. Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-35-izdanie-na-saemot-na-kniga-godinava-fokusot-na-vazhnosta-na-majchiniot-jazik/feed/ 0
Крис Картер доаѓа во Скопје, се најавува саемски спектакл https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kris-karter-doaga-vo-skopje-se-najavuva-saemski-spektakl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kris-karter-doaga-vo-skopje-se-najavuva-saemski-spektakl/#respond Tue, 02 May 2023 08:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=829598

Со промоција на два нови наслови, „Јас сум смрт“ и „Јавувачот“ како дел од серијалот Роберт Хантер, издавачката куќа Сакам Книги со голема радост ја споделува веста за гостувањето на Крис Картер во Скопје, кое е дел од неговата турнеја. Неговите изданија досега во Македонија се продадени во над 10.000 примероци за релативно краток период од околу две години. Крис Картер со неговите читатели ќе може да се дружи на 7-ми мај со почеток од 12 часот во салата Борис Трајковски, во рамки на Саемот на книга, каде ќе потпишува примероци од неговите книги за читателите. Од издавачката куќа најавуваат и неколку изненадувања на самиот настан. ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ќе можат да се најдат со Крис Картер и на осми мај во Синеплекс со почеток од 18:00 часот, оние читатели кои навреме набавиле влезница за настанот кој од издавачката куќа го опишуваат како вистинска трилер сензација. Разговорот со Крис Картер ќе го води Јордан Коцевски, автор на психолошки трилери, а на самото случување ќе може и публиката да поставува директни прашања до авторот. Крис Картер е роден во Бразил, а по завршувањето на средното образование оди во САД каде студира психологија со специјализација за криминално однесување. Како криминален психолог има работено неколку години, а потоа почнува со музичката кариера како професионален музичар. Пред неколку години се откажал од сето тоа за да стане писател со полно работно време. Од Издавачката куќа Сакам Книги годинава најавуваат дури 15 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 35 издание на Саемот на книга. Покрај овие новости, тие најавуваат и промоција на четири нови романи од македонски автори, дел од едицијата Наши, а светски. Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Траги од минатото“, потоа Оља Петрушевска-Томева која со „Сагата на Рајна“ доживеа голем успех, за овој саем на книга ќе ги израдува нејзините читатели со нов роман, „Најслаткиот филџан кафе“. Саша Богдан ќе ја читаме со ново дело, меѓутоа сосема различно од нејзините претходни – овој пат трилер насловен „Излез“. А авторката на „Во војната и љубовта“, Верица Митева овој пат запловува во сосема нови води со мрачната драма „Ја мразам мајка ми“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на Сакам Книги на овогодинешниот Саем на книга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kris-karter-doaga-vo-skopje-se-najavuva-saemski-spektakl/feed/ 0
Саем на книга од 4-ти до 10-ти мај: Понуди на издавачките куќи и промоција на читањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saem-na-kniga-od-4-ti-do-10-ti-maj-ponudi-na-izdavachkite-kuki-i-promotsija-na-chitaneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saem-na-kniga-od-4-ti-do-10-ti-maj-ponudi-na-izdavachkite-kuki-i-promotsija-na-chitaneto/#respond Thu, 27 Apr 2023 07:47:54 +0000 https://kurir.mk/?p=828162

Скопски саем потсетува дека 35. Меѓународен саем на книгата, поддржан од Министерството за култура, ќе се одржува од 4 до 10 мај 2023 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во пресрет на отворањето на саемската манифестација, Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) изјави дека целта и на годинашното издание на Саемот на книга е да се создаваат сѐ подобри можности и форми за промоција на читањето книги - и за поновите, и за постарите генерации, преку саемските понуди на бројните издавачки куќи. -Главната причина зошто овој саем е можеби најомилениот на национално ниво е токму љубовта кон пишаниот збор и константниот пристап кон подобрување на условите секоја година при овозможувањето на оваа специјална саемска платформа, којашто го негува овој вид културно наследство во државата и пошироко. Овој седумдневен настан е можност да се прикаже соодветно богатата литературна традиција, но и да се прослави различноста и креативноста на авторската мисла, вели Саздов. Информации за Саемот на книга се достапни на веб-страницата на Скопски саем (www.skopskisaem.mk) и на @skopski.saem на Инстаграм и Skopski saem на Фејсбук. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saem-na-kniga-od-4-ti-do-10-ti-maj-ponudi-na-izdavachkite-kuki-i-promotsija-na-chitaneto/feed/ 0
Саемот на книга со богата седумдневна програма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saemot-na-kniga-so-bogata-sedumdnevna-programa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saemot-na-kniga-so-bogata-sedumdnevna-programa/#respond Thu, 20 Apr 2023 06:18:36 +0000 https://kurir.mk/?p=825705

Уживањето во светот на секоја нова книга е уникатно чувство, а скоро секогаш за љубителите на читањето се категоризира како незаменливо. Но, доживувањето и искусувањето на нова книга во рацете е нешто сосема уникатно и посебно, коешто не може целосно да се замени и спореди со читање на истиот наслов во аудио или електронски формат. Мирисот на нова книга дефинитивно ја најавува пролетта, а со тоа и годинешното 35. издание на Меѓународниот Саем на книгата, во организација на Скопски Саем и Глобал Медиа Гроуп, а поддржан од Министерството на Култура на РСМ. Јубилејниот 35ти Саем на книгата, ќе се одржи од 4ти до 10ти мај 2023 година, во Арена – Борис Трајковски во Скопје. „Современите технологии во ерата во којашто живееме, често се од големо значење и сè повеќе имаат предност во секојдневната комуникација, образованието и формата на читањето и впивањето на информации. Тоа е една од најглавните причини зошто мораме да се потсетуваме постојано за давањето предност на пишаниот збор и книгата. Читањето е најздравата умствена исхрана, која што не смее да се изостави од навиките на модерното секојдневие, - особено кај помладите генерации. Затоа и 35. Меѓународен саем на книгата е значително важен настан, кој што со почеток од 4ти мај, цели 7 денови ќе биде јадро и магнет на најдобрите домашни и странски наслови. Секоја книга поседува свој универзум, а на читателите им преостанува само да се охрабрат и да ја свртат првата страница,“ изјави Даниела Глигоровска, Управител на Скопски Саем. Саемот расте и еволуира со текот на годините и истиот обезбедува платформа за читателите и издавачите да се поврзат и да ја споделат љубовта кон истражувањето на нови содржини и нови светови. Саемот на книга е фантастична можност да се прослави јадрото на слободата на мислата на човекот преку пишаниот збор, - книгата. Оваа година, посетителите на овој суштински културен настан, можат да очекуваат широк спектар на книги од многубројни познати, но и нови домашни и странски автори, - покривајќи жанрови и стилови во склоп на белетристика, публицистика, книги за деца и уште многу повеќе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saemot-na-kniga-so-bogata-sedumdnevna-programa/feed/ 0
Саем на книгата во арената „Борис Трајковски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saem-na-knigata-vo-arenata-boris-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saem-na-knigata-vo-arenata-boris-trajkovski/#respond Tue, 03 May 2022 07:35:46 +0000 https://kurir.mk/?p=670952

Над 60 издавачки куќи од земјава, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија ќе се претстават на годинашното 34-то издание на Саемот на книга што се одржува во арената „Борис Трајковски“ од денеска до 9 мај. Фокусот годинава е ставен на детската литература односно на привлекување на најмладите читатели. На Саемот оваа година ќе се реализираат средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти. Сите значајни издавачки куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година. Освен редовниот термин на одржување, годинава се враќаат и групните посети за учениците од средните и основните училишта. За време на Саемот ќе бидат организирани и работилници и промоции на нови изданија за деца. По повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, на Саемот ќе се одржи промотивен настан насловен „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!”, на кој че биде даден осврт на најзначајните творци на македонската книжевност Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев. Во седумте саемски денови ќе се одржат повеќе од 30 промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар, а ќе има гостувања и на странски автори. Ќе бидат доделени и наградите на Македонска Асоцијација на издавачи (МАИ). Значајно претставување оваа година ќе има Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар „Јунус Емре”. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со уметници и автори од оваа земја. Електронските билети за Саемот можат да се купат преку веб страницата „www.karti.com.mk“, а влезници можат да се купат и на билетарата на арена „Борис Трајковски“. Саемот на книга е под покровителство на Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saem-na-knigata-vo-arenata-boris-trajkovski/feed/ 0
Саем на книга од 3 до 9 мај, најавено учество на над 60 издавачки куќи од Македонија и од регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saem-na-kniga-od-3-do-9-maj-najaveno-uchestvo-na-nad-60-izdavachki-kukji-od-makedonija-i-od-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saem-na-kniga-od-3-do-9-maj-najaveno-uchestvo-na-nad-60-izdavachki-kukji-od-makedonija-i-od-regionot/#respond Thu, 28 Apr 2022 11:37:18 +0000 https://kurir.mk/?p=669200

Над 60 издавачки куќи од Македонија, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија ќе се претстават на годинешното 34-то издание на Саемот на книга што ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ од 3 до 9 мај. Фокусот годинава е ставен на детската литература односно на привлекување на најмладите читатели. На Саемот оваа година ќе се реализираат средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти. Сите значајни издавачки куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година. Како што информираше на денешниот брифинг извршната директорка на Саемот на книга, Даниела Глигорова, освен редовниот термин на одржување, се очекува годинава на да се вратат и групните посети за учениците од средните и основните училишта на државата. -Во принцип Саемот на книга не замре, дури ни во пандемија кога не се одржуваа настани, и тоа најмногу благодарение на издавачите, но и благодарение на Министерството за култура кое во континуитет го поддржува Саемот на книга. Истовремено тие две години Саемот се одржуваше на отворено затоа што рестриктивните мерки не поддржуваа поинаков начин на одржување. Оваа година го враќаме Саемот во пролетниот термин, термин кој Саемот го држи изминативе 34 години, и кој што е најверојатно и најпогоден за одржување на оваа манифестација, рече Глигорова. Таа напомена дека како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите. За време на Саемот, како што рече, ќе бидат организирани и работилници и промоции на нови изданија за деца. Исто така, по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, на Саемот ќе се одржи промотивен настан насловен „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” кој е најавен за во 19.00 часот во промотивниот центар во арена „Борис Трајковски“. Настанот е во организација на „Арс Ламина“ – Скопје. На промотивниот настан ќе се даде осврт на најзначајните творци на македонската книжевност Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев. Во седумте саемски денови ќе се одржат повеќе од 30 промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар, а ќе има гостувања и на странски автори. Ќе бидат доделени и наградите на Македонска Асоцијација на издавачи (МАИ). Значајно претставување оваа година ќе има Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар „Јунус Емре”. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со уметници и автори од оваа земја. Како што додаде Глигорова, електронските билети за Саемот можат да се купат преку веб страницата „www.karti.com.mk“ кои се достапни веќе од вторник, 26 април, а за време на Саемот билети ќе можат да се купат и на билетарата на арена „Борис Трајковски“. Саемот на книга е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saem-na-kniga-od-3-do-9-maj-najaveno-uchestvo-na-nad-60-izdavachki-kukji-od-makedonija-i-od-regionot/feed/ 0
Групни и организирани посети на ученици на Саемот на книга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupni-i-organizirani-poseti-na-uchenici-na-saemot-na-kniga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupni-i-organizirani-poseti-na-uchenici-na-saemot-na-kniga/#respond Wed, 20 Apr 2022 12:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=665946

Саемот на книга, кој оваа година се одржува од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски“ повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици од средните и основните училишта на државата. – Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите, стои во соопштението од организаторите. Дополнуваат дека електронските билети можат да се купат преку веб-страницата www.karti.com.mk кои ќе бидат достапни од вторник – 26 април, а за времe на Саемот, билети ќе можат да се купат и на билетарницата на Арена „Борис Трајковски“. Саемот на книга ќе се одржува секој ден од 10 до 20 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupni-i-organizirani-poseti-na-uchenici-na-saemot-na-kniga/feed/ 0
Саемот на книгата од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saemot-na-knigata-od-3-do-9-maj-vo-arena-boris-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saemot-na-knigata-od-3-do-9-maj-vo-arena-boris-trajkovski/#respond Fri, 25 Mar 2022 12:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=653248

Од 3 до 9 мај во А1 Арена „Борис Трајковски” ќе се одржи 34-то издание на Саемот на книгата, под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија, кое традиционално ја поддржува оваа културна манифестација. Организаторите најавуваат дека сите значајни издавачки куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем број промоции и попусти за време на саемските денови. Учество на овој саем најавија и издавачки куќи од регионот. Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/saemot-na-knigata-od-3-do-9-maj-vo-arena-boris-trajkovski/feed/ 0