„Саем на промени што носат иднина” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Nov 2022 17:43:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Саем на промени што носат иднина” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заклучоци од политичкиот саем: Над 120 милиони евра за проекти, со акцент на инфраструктурата, по промена на власта, владата ќе биде ветер во грб за уште повеќе инвестиции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchoci-od-politichkiot-saem-nad-120-milioni-evra-za-proekti-so-akcent-na-infrastrukturata-po-promena-na-vlasta-vladata-kje-bide-veter-vo-grb-za-ushte-povekje-investicii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchoci-od-politichkiot-saem-nad-120-milioni-evra-za-proekti-so-akcent-na-infrastrukturata-po-promena-na-vlasta-vladata-kje-bide-veter-vo-grb-za-ushte-povekje-investicii/#respond Sun, 06 Nov 2022 17:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=756557

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на Заклучоците од саемот на промени што носат иднина рече дека околу 125 милиони евра се вложени во проекти за период од 365 дена. Тоа е навистина сериозна бројка. Владата ова ни го ветуваше за изминатите шест години. Ветуваа дека ќе изградат над 600 километри автопат, 1000 километри регионални, но и илјадници локални патишта. Сега прашањето е дали даваат доволно средства кон општините за да се реализираат тие илјадници километри патишта. Самата Влада тоа не може да го направи, тие ветени илјадници локални патишта ги нема, ама затоа ги прават градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ или вие имате стотици километри локална патна инфраструктура, тоа е важно за да се реализира ветеното, рече Мисајловски кој ги повика градоначалниците да продолжат да градат и да даваат максимум како да дојдат до поголем буџет. Наскоро ќе има парламентарни избори и ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и ќе се почувствува разлика. Слушнав за оваа година имало околу 4-5 милиони евра инвестиции за зеленило, за екологијата, 8 милиони евра за градинки, училишта. Ако нешто е бренд на ВМРО-ДПМНЕ тоа се проектите, посочи Мисајловски. Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на заклучоците од политичкиот саем пред присутните истакна дека посветената работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ овозможи да може да се одржи еден ваков импозантен настан кој прв пат се случува во Македонија, и настан во којшто пред се тие се препознаени, знаејќи дека функцијата градоначалник игра силна улога во нивните средини и тие како такви се двигатели на процесите и носат развој за самите општини. Сите општини водени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани, чувствуваат дека во тие општини има новости, има разлика, проекти инвестиции. За година дена е реализирано онолку колку што не е реализирано за претходните 4 години. Тргнавме и сме на прав пат. Преку градоначалниците кои се претставници на ВМРО-ДПМНЕ, преку вас се добива слика за партијата во средините од каде доаѓате, потенцираше Сајкоски обраќајќи се до градоначалниците. Тој посочи дека на улогата градоначалник една од најзначајните работи е да се направи увид во работата на претходната самоуправа и претходната администрација за се утврдат грешки, недостатоци за да се утврдат работи за како новата локална самоуправа не треба да ги прави. Затоа неопходно беше да се направи таков увид и се што ќе биде земено предвид да биде пренесено до надлежните институции. Тоа е ваша задача, обврска и ќе ви биде од голема помош за понатамошното работење како локална самоуправа, како администрација и вие како одговорни за раководење. Функцијата градоначалник носи предизвици, вие треба да бидете балансери, да градите кохезија во општините, треба да се има соработка со советот, малцинските заедници, и да правите проекти потребни за граѓаните од општината, истакна Сајкоски. Сајкоски посочи дека радува фактот што сите проекти досега се значајни и носат придобивка на граѓаните и ја зголемуваат вредноста и го подобруваат квалитетот на живот и таков тренд треба да има понатака. Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ вели дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се херои. И не случајно го употребува зборот херои затоа што зад себе имаат 365 дена борба во едни ненормални услови, како економски така и енергетски, така и со една власт која што освен корупција и криминал ништо друго не ја интересира. 61% од сопствените приходи на нашите градоначалници се зголемени, тоа е многу сериозна бројка и тоа кажува колку всушност нашите градоначалници работеле посветено, внимателно и чесно. Прво, тоа укажува на фактот дека нивните претходници кои што беа од некои други редови односно повеќето од нив беа од СДСМ не работеле како што треба, ниту имале грижа кон општината. 61% повеќе кај нас, 63% помалку кај нив. тоа значи дека се работело посветено, но во исто време мора да земеме во предвид дека ниту една даночна стапка не беше зголемена. Ако погледнеме што се случува денес, и на што се базира буџетот за 2023-та година ќе видите дека таму имаме некои даночни реформи кои што значат повисоки даночни стапки. Значи нашиве градоначалници во вакви тешки услови успеаја да остварат нешто повеќе, многу повеќе со исти даночни стапки. А, овие од пусто крадење не можат да се борат со сивата економија, и не се борат со тој дел и за сметка на тоа повторно оние граѓани кои што регуларно и навремено плаќаат, ќе плаќаат повисоки стапки, заклучи потпретседателката. Димитриеска Кочоска посочи дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ борејќи се со високите сметки се фокусирале точно таму каде што треба, односно тоа што им останало на располагање да го искористат за повторно тоа што го добиваат да го вратат на граѓаните низ најразлични проекти кои што се реализирани. Ќе биде тешко и во периодот кој што следи и мене многу ме загрижува значи воопшто целокупната економија. Ако нели ги погледнеме бројките, трансферите особено кон скопските градоначалници од централната власт се сериозно намалени. А, имаме општини во Скопје кои што кога нашите градоначалници ги превземаа, ги превземаа со огромни долгови. Пример е Ѓорче Петров, Александар е градоначалник кој што е многу посветен, чесен и работи, но не можеше можеби многу повеќе да направи затоа што мораше да врати стари долгови, појасни Димитриеска Кочоска. Таа додаде дека во однос на трансферите од централната власт, следната година Буџетот е проектиран како никогаш досега со огромен раст на приходната страна, повторно цените на производите кои што ги плаќаат граѓаните ќе растат. И покрај тоа што власта гледа дека трговијата на мало за храна и пијалоци се намалува, значи граѓаните се помалку количински купуваат, тие повторно проектираат високи стапки на инфлација што покажува дека воопшто не се заинтересирани од власта да се справат со тој проблем. Сметам дека нема да можат да ги остварат тие приходи кои што ги планираат поради тоа што граѓаните нели ќе немаат средства, ќе нема како да купуваат. Се помалку ќе се купува и тоа најнеопходното. Како резултат на тоа нема да се реализира и сметам дека следната година нашите градоначалници уште повеќе ќе страдаат затоа што тие трансфери од централната власт повторно кон нив ќе се намалуваат. Во исто време не гледаме воопшто никакво кратење на расходната страна, дури и оние сомнителни разни трансфери во континуитет растат, не гледаме помош ниту за стопанството, ниту за граѓаните. Ќе биде многу тепка година, но сметам дека нашите градоначалници ќе успеат со уште подебели резултати да бидат, заради тоа што веќе на некој начин значи знаат со што се справуваат, знаат како да се реорганизираат, знаат како да планираат и очекувам уште поголеми значи средства насочени кон капиталните проекти, нагласи таа. Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за една година градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека може да се работи повеќе и помотивирано во едни комплицирано услови и од политички и од финансиски аспект. Во овие година дена покажавме дека може подобро, дека може повеќе, помотивирано во едни комплицирано услови и од политички и од финансиски аспект. Финансиски аспект и заради состојбите во кои што се затекнаа општините, но и заради кризата која што е дел предизвикана од војните случувања во Украина, но голем дел е и заради неспособноста на Владата, а политичките заради целосната блокада која што владата предводена од СДСМ и ДУИ ја прави на општините затоа што не размислуваат за доброто на граѓаните, туку размислуваат исклучиво да направат пакост, на тој начин лечејќи ги барем привидно раните од големиот пораз кој што им се случи минатата година. Но тоа ќе биде за кратко и за многу брзо време ќе можеме да видиме една синергија помеѓу централната и локалната власт кој што ќе донесат бројни проекти во корист на граѓаните, рече Николоски. Николоски во текот на своето обраќање укажа дека секој еден граѓанин се интересира се подобрување на животниот стандардот и борба со организираниот криминал и корупција. Во искористувањето на секоја една можност која што стои пред општините пред се за финансирање дали се тоа грантови или поволни кредитни линии кои доаѓаат од бројни меѓународни институции и кој што ги мотивирам општините да користат затоа што се работи за свежи средства кој што влегуваат во општините и не можат на друг начин да бидат генерирани како и за општините кои се во пограничните региони особено е значајна прекуграничната соработка со другите општини на другата страна на границата како би можеле да се реализираат посериозни инфраструктурни зафати, како и проекти во делот на туризмот, во делот на соработката и зближувањата на народите. Она кое е многу значајно и за кој секој еден граѓанин се интересира се подобрување на животниот стандардот и борба со организираниот криминал и корупција. Она кое го направија општините и што мислам дека е многу значајно е во февруари месец кога изби конфликтот во Украина и кога беше јасно дека голем број странски инвеститори кои беа таму и ќе ја напуштат Украина заради тоа што се случува таму, градоначалниците испратија писма до сите инвеститори кои што веќе се присутни во Македонија или не се присутни во Македонија, а имаат свои капацитети таму бидејќи им ја дадоа својата поддршка во општини кои што ги водат да дојдат и да инвестираат во соодветната општина. Тоа даде одредени резултати. Мислам да беше владата поангажирана и истото да го направеше владата преку економскиот им на владата, но и преку Агенцијата за привлекување на странски инвестиции како и преку дипломатската мрежа на Македонија ќе имаше далеку поголем ефект, но јасно е дека не сакаат да привлекуваат странски инвестиции, кажа Николоски. На крајот од своето обраќање Николоски порача: Ова треба да ни е фокус во следниот период со нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да заеднички се спојат општините и владата и да се створат најдобри можни услови за привлекување на странски инвестиции како и да се даде помош на домашните инвеститори.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchoci-od-politichkiot-saem-nad-120-milioni-evra-za-proekti-so-akcent-na-infrastrukturata-po-promena-na-vlasta-vladata-kje-bide-veter-vo-grb-za-ushte-povekje-investicii/feed/ 0
СДС остави голем број на долгови и апатична администрација во голем број на општини, но покрај се реализираме се што е ветено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sds-ostavi-golem-broj-na-dolgovi-i-apatichna-administracija-vo-golem-broj-na-opshtini-no-pokraj-se-realizirame-se-shto-e-veteno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sds-ostavi-golem-broj-na-dolgovi-i-apatichna-administracija-vo-golem-broj-na-opshtini-no-pokraj-se-realizirame-se-shto-e-veteno/#respond Sun, 06 Nov 2022 16:07:13 +0000 https://kurir.mk/?p=756524

Вкупниот долг заедно со образованието во Охрид изнесува 22 милиони евра и тоа е почетната точка од која што почнавме, рече Кирил Пецаков градоначалник на општина Охрид на денешниот политички саем на трибината Промени што носат иднина во Југозападниот регион и додаде дека освен исполнување на ветеното од програмата и реализација на проектите кои што ги ветил, тој посочи дека предизвик за него е и намалување на долговите кои ги наследил од претходниот градоначалник од СДСМ. Освен сето она кое што сме го ветиле пред граѓаните во програмата, еден од предизвиците е и раздолжување на општината односно намалувањето на долговите . прилично сум среќен и задоволен што можам да кажам дека од околу 21 милион денари долгови во образованието, долгот е нула денари. Што значи дека го исчистивме долгот во образованието. Главниот долг на општината е намален за околу 300 илјади евра, вели Пецаков. Пецаков потенцираше дека во Охрид се реализирале голем број на проекти од големо значење за охриѓани, инфраструктурни проекти, нови мултифукнционални игралишта, како и изградба на пречистителна станица. По однос на проектите кои што се поврзани со програмата а за нас се капитални и клучни, имавме ветено основно училиште, го завршивме проектот, сега следи буџетирање дали ние или со некаква апликација, изградба на пречистителна станица е завршен проект, изградба на ново водоснабдување на Охрид каде што преку 60 проценти од територијата ќе се снабдува од нов извор, изјави Пецаков. Заклучно до 31 декември општина Охрид ќе има 27 проекти спремни веднаш да се реализираат, дали од наш буџет или пак преку аплицирање од некои фондови, грантови од бакни. Така што оваа година изработивме и мислам дека граѓаните тоа го препознаат, заклучи Пецаков. „Околу долговите затекнав долг од 2 милиони денари. Затекнав апатична администрација, фрустрирана и деградирана и затворена општина“, изјави градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочоски на денешниот отчет даден на саемот на промените што носат иднина. Тој истакна дека минатата година инвестирано е во инфраструктурни проекти, културата, здрава животна средина, исто така инвестирано е и го поддржувавме туризмот и градењето на Вевчани како туристичко место. - Околу инфраструктурата имаме асфалтирано, поплочено во бекатон плочки или камени плочи повеќе улици низ Вевчани, изградено има 4 канализациони краци и со тоа го решаваме проблемот со канализацијата во Општина Вевчани. Инвестирано имаме во партерно уредување околу јавните општински згради како што е мултикултурниот центар во Вевчани, во тек е и хортикултурно уредување на истиот. Инвестираме во реконструкција и реновирање на детската градинка во Општина Вевчани, рече Кочоски. Кочоски посочи дека кога сме кај културата, 20 години Вевчанскиот карневал е финансиран од министерството за финансии, меѓутоа оваа година министерството за култура не додели ниту денар, така да Општина Вевчани сама со буџет од општината го реализираше Вевчанскиот карневал. Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод рече дека е работено на сите полиња како урбанизација, развој на местото како туристичка дестинација и слично. - Она што беше клучно тоа е отворање на работни места и затоа веднаш ја ставивме во употреба индустриската зона Барбарос, бидејќи најголем проблем беа вработувањата. Тоа е единствениот начин да се задржат младите преку работни места. Но, не сопревме тука, работевме на урбанизацијата, почнавме да урбанизираме две парцели во индустриската зона една ја планираме за инвестиција, изградба на фабрика, а другата за фотоволтаици за да ја ублажиме енергетската криза. Ние како општина имаме капацитет за развој како туристичка дестинација. Поради тоа потпишавме и Меморандум со Агенцијата за туризам и успеавме да реализираме една манифестација Адреналински фестивал каде имавме на илјада учесници, посочи Ристески. Градоначалнико на општина Брвеница, Јовица Илиевски истакна дека општината ја затекнал во многу долгови и тотална нефункционалност од претходната власт. - Општината ја затекнавме со огромни долгови, успеавме околу 50 проценти да ги вратиме од долговите да го подигнеме нивото на јавната администрација да станеме услужен центар на граѓаните. Во следната година комплет ќе ги расчистиме долговите и ќе го подобриме сервисот на услуги на уште повисоко ниво. Затекнавме многу нереализирани проекти од претходната власт, општината немаше ниту еден проект аплицирано по институции, сега аплициравме во биро за развој од светска банка успеавме да изреализираме проекти кои ни се во фаза на пред тендерирање и дел веќе почнати се да ги извршуваме и имплементираме. Од претходниот градоначалник во тој дел затекнавме нефункционална општина, истакна Илиевски. Градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски истакна дека се инвестира во сите области особено во делот на инфраструктурата. - Како општина инвестиравме во сите области. Најмногу се концентриравме во делот на инфраструктурата, како најболно прашање за општина Брвеница, улици имаме асфалтирано 3000 метри од бекатон улици, пат довршен, партерно уредување во село Брвеница. Во делот на спортот го активиравме стадионот после многу години, спортската сала која исто така беше запоставена повеќе години ја вративме во функција. Во културата имаме доста манифестации, во делот на екологијата учествувавме во уредување на речното корито на реката Вардар, за образованието, реконструкција на училиштето во село Гургурница и набавивме нов школски автобус за превоз на ученици. Во јавното комунално претпријатие успеавме да набавиме нови возила. Канализација и водовод имаме поставено канализациона мрежа во должина од 1800 метри а водоводната мрежа успеавме да ја реновираме и поставиме нова во должина од 2200 метри, нагласи Илиевски. Градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски истакна дека општината кога тој ја презеде функцијата градоначалник иако не беше во финансиска задолженост, таму владееше административна нефункционалност, бидејќи како што рече тој, може била единствена општина во Република Македонија кај што решенијата за данок за имот за 2020 или 2021 не беа поделени и единствена општина во Македонија која немаше јавно комунално претпријатие, но во овој изминат период од една година тоа се надмина, се отвори ново јавно претпријатие, тековните административни работи се ставија во функција и општината стана сервис на граѓаните. - Изминатите 365 дена успеавме општина Јегуновце да ја направиме отворена, транспарентна и отчетна општина, општина за сите граѓани без разлика на партиска и етничка основа. Во период од една година успеавме да го отвориме, како што спомнав и претходно, јавното претпријатие и да обезбедиме машини, односно багер, камионет и помал камионет за потребите на јавното претпријатие што за овој период од една година е гордост на општина Јегуновце, бидејќи тоа се немаше случено во годините што поминале. Во овој период успеавме да отвориме градинка со капацитет од 50 дечиња од кои 25 се од македонска националност, а 25 се од албанска националност. Во другата градинка која што е клон на постоечката обезбедивме греење со пумпен систем, обезбедено е целосно оградување на двете градинки, поставени се детски реквизити и двете градинки се комплетирани за нашите најмили, рече Костадиноски и додаде: - Најголемиот проблем кој ги засега дел од населените места на територијата на општина Јегуновце, Ратае, Жилче и Шемшево, обезбедивме вода за пиење со капацитет за овие три села каде што можам да кажам дека овој проблем бил нерешлив повеќе од 20 години, а сега е решен со средства од буџетот на Јегуновце и изработени од страна на јавното комунално претпријатие. Се одржаваат јавните површини, се реконструираше основното училиште во село вратница, а се реконструира или се заменува греењето во неколку подрачни училишта на територија на општина Јегуновце.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sds-ostavi-golem-broj-na-dolgovi-i-apatichna-administracija-vo-golem-broj-na-opshtini-no-pokraj-se-realizirame-se-shto-e-veteno/feed/ 0
„80 проценти повеќе капитални инвестиции има во општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, во споредба со општините каде градоначалниците се од СДС“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/80-procenti-povekje-kapitalni-investicii-ima-vo-opshtinite-kade-gradonachalnicite-se-od-vmro-dpmne-vo-sporedba-so-opshtinite-kade-gradonachalnicite-se-od-sds/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/80-procenti-povekje-kapitalni-investicii-ima-vo-opshtinite-kade-gradonachalnicite-se-od-vmro-dpmne-vo-sporedba-so-opshtinite-kade-gradonachalnicite-se-od-sds/#respond Sat, 05 Nov 2022 14:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=756215

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Локален економски развој“ која се одржува на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина" зборуваше за децентрализацијата односно посочи дека децентрализација нема затоа што се нема пари како држава и дека во последниве години се случува опустошување на буџетот од страна на централната власт. Зошто немаме децентрализација и дефинитивно децентрализација немаме затоа што немаме пари како држава, а во последниве години што се случува опустошување на буџетот и ваквите резултати што ги направија и ваквите задолжувања оставаат многу мал простор за да може во иднина да се помага повеќе на општините. Значи ќе треба многу да се крати и да се реорганизира во тој дел за да може на општините да им се даде многу повеќе. Но дали може нешто да се направи, се разбира дека може. Се сеќавам пред една година кога почнаа да се спремаат буџетите на општините односно прво планот да се направи и програмата која ја извадија за изборите. Колку беа во тој период сите градоначалници позитивни, ентузијасти дека ќе успеат да направам многу за своите општини. Голем дел од нив победија на избори, имаа своја програма, свои ветувања, свои цели, но по еден месец почнаа еден по еден да кажуваат како сметките за струја се толку големи што секојдневно од една таква сметка што им стига, по една програма во буџетот им ја снемува. Но ова не ги обесхрабри нашите градоначалници туку тие почнаа да се организираат најдобро што можат за да можат да ги имплементираат и да ги реализираат проектите кои што ги ветиле, рече потпретседателката Димитриеска Кочоска. Таа посочи дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини се пред се чесни луѓе и работат на реализација на својата програма. Пред се треба да знаеме дека сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се чесни и работат на реализација на својата програма. Но има една голема разлика помеѓу нив, дел од градоначалниците наследија огромни долгови, долгови кои ги направија нивните претходници на неколку дена или во текот на изборната кампања кога се асфалтираа неконтролирано улици се со цел да се привлечат што повеќе гласачи. Сега доаѓаа тие сметки за наплата во суштина нашите градоначалници требаше да ги платат, додаде Димитриеска Кочоска. Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на трибината локален економски развој на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина", истакна СДСМ направија панаѓур од државата и тоа бројките јасно го кажуваат, се обидуваат да ги опструираат општините водени од ВМРО-ДПМНЕ, но и во такви тешки околности градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ успеваат да реализираат капитални проекти и да држат лекции на останатите градоначалници како се води општина. Околу 61% од општините на ВМРО-ДПМНЕ имаат зголемување на приходите, а за разлика од нашите општини, дури 63% од другите општини имаат пад на сопствените приходи. Ние со подобра цифра, тие со поразителна цифра. Данокот на имот 73% од општините имаат годишно зголемување на приходите, а ова значи дека значите градоначалници работат да соберат приходи да се инвестираат, да се изградат патишта, градинки, паркови. Речиси сите скопски општини имаат пониски годишни трансфери од централната власт, односно централната власт го кочи развојот на општините водени од ВМРО-ДПМНЕ, рече Кадиевска Војновиќ Таа нагласи дека кога сме капиталните расходи, она што е доминантно кај општините водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за првите три квартали од оваа година во однос на ланските три квартали кога ба водени од СДСМ, она што може да се види е дека во најголем дел сега е зголемена ефикасноста во делот на капитални инвестиции. Во бројка 80% повеќе капитални инвестиции во градежни инвестиции има ВМРО-ДПМНЕ, отколку останатите сите други општини управувани од други политички партии. Дефинитивно целокупниот развој на една општина е базиран на економскиот развој. Во контекст на тоа можеби на почеток економската стратегија не е видлива кај граѓаните што точно работи општината во таа насока, но на долг рок ефектите се гледаат. Ќе дадам само еден пример за мојот град Штип, ако во минатото Штип го имаше приматот економски административен образовен центар на истокот, од Македонија, во изминатите години поради немањето на стратегија за економски локален развој и намалената поддршка од централната власт во Штип, дефинитивно го изгуби тој примат. Но, се трудиме во оваа година дена да направиме исчекор повторно да го вратиме, вели Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип на денешната трибина на политичкиот саем Локален економски развој. Јорданов истакна дека општина Штип е силно фокусирана на подобрување на бизнис климата, додавајќи дека е формиран економски совет каде што се дискутира за нивните проблеми со кои се соочуваат се со цел изнаоѓање на решенија. Ние како локална самоуправа даваме услуги и создаваме услови за подобрување на бизнис климата, во рамките на општината формиравме економски совет преку кој што одржуваме редовно состаноци со бизнис секторот и компаниите каде што можеме да комуницираме на месечно ниво кои се нивните проблеми со кои тие се соочуваат. Од оваа интензивна комуникација ние одлучивме во општината да одвоиме вработени лица кои што на дневна основа комуницираат со бизнис секторот за да бидат нивен сервис и услуга и токму поради тоа имаме одобренија за градба, и оваа измината година бизнис секторот и претставниците се услужени од страна на локалната самоуправа што влијае на подобрување на бизнис климата. Како локална самоуправа мораме прво да направиме исчекор во носењето на Детален урбанистички план. Верувајте 40 години Штип нема усвоено нов генерален урбанистички план и развиено детално урбанистички планови за планирање на индустриски зони. Во постапка сме и во завршна фаза и очекувам до крајот на годината да се усвои новиот Генерален урбанистички план, па пота да се разработат деталните урбанистички планови каде што ќе имаме нови индустриски зони каде што и домашните и странските компании ќе можат да отворат свои производствени погони и капацитети, потенцираше тој. Јорданов вели дека ако порано Штип важел за град каде што се отвораат нови работни места и инвестиции, изминатите 5 години со оваа централна власт на СДС тоа не е случај, и токму поради тоа мора напорно да се работи за обезбедување на локален економски развој каде што на компаниите ќе им се обезбеди парцели за индустриски зони, соодветна инфраструктура. Ако Штип во минатото беше град во кој што се отвораат нови работни места и се отвораа нови производствени погони, за жал поради централната власт изминатите 5 години не видовме ниту една инвестиција и затоа мораме да се насочиме кон компаниите приватниот сектор да им понудиме парцели за индустриски зони, соодветна инфраструктура, нагласи Јорданов. Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Град Скопје истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која што потекнува од народот и работи за народот. Тој што има проекти, тој што направил нешто, тој прави вакви манифестации, тој сака да ги покаже манифестациите. Во изминатите четири години немавме ваков настан, ваква манифестација од страна на СДСМ заради тоа што немаа што да покажат. Премногу лични интереси, премногу уживање, премалку работење, а сето тоа го почувствува народот и затоа ги казнија на овие локални избори. Јас сум сигурен дека следната година ќе бидат уште повеќе проекти, поуспешни, а на крајот од мандатот мислам дека ќе градоначалниците ќе ја оправдаат довербата која што им ја дале граѓаните, појасни Трајановски. Тој посочи дека ЕУ се реализира на регионален и локален економски развој. ЕУ имаат јаки региони и многу силни општини. Имаат доста цврста децентрализација. Цврста во смисла многу надлежности и многу пари. Република Македонија во почетокот на 90-тите години се централизира, општините и Градот Скопје станаа месни заедници. Петнаесет години тие само медитираа. Но, 2005-та година започна децентрализацијата. Ние имаме 3% од персонален данок на личен доход, а Босна и Херцеговина има 34%. Градоначалникот на Љубљана, со него имав можност да разговарам и го запрашав кои ти се најголеми приходи, имаат 500 евра по жител во Љубљана. Од 300.000 жители имаат 150 милиони евра и само од тоа. Загреб има 63% од персонален данок на личен доход, а општините на Република Македонија има само 3%, појасни тој. Трајановски рече дека ВМРО-ДПМНЕ донесе голем број на закони кои што овозможија поголеми приходи на општините, но тоа сето запре поради СДСМ. Она што се однесува на локалниот економски развој, како една од надлежностите која што 2005-та година беше префрлена на локалната самоуправа, јас имав можност, го имав задоволството да бидам градоначалник на Општина Гази Баба и тогаш беше почетокот на децентрализација и ние бевме пионерите, нагласи тој. Тој укажа дека тој период СДСМ беше на власт и им префрли енормно надлежности на општините, но не префрлија пари. И кога дојде ВМРО-ДПМНЕ 2006-та година на власт и тогаш состојбата се подобри, нагласи Трајановски. Една од главните задачи да речам надлежности или обврски на локалниот економски развој е тоа да има што подобра соработка со малите и средните претпријатија, да оствари партнерски однос со приватните фирми и нормално претходно да направи стратегија за локален економски развој и стратегија за мали и средни претпријатија, рече Трајановски. Трајановски посочи неколку примери како СДСМ воопшто ништо не направи за Град Скопје, еден од примерите е и Луна паркот кој тој го остави комплетно готов, дури направени беа и реквизитите, донесени во Скопје и поради неодговорноста на поранешниот градоначалник на Скопје останаа по магацините да скапуваат. И кога не се реализираат проектите навреме тогаш бизнисмените не соработуваат со локалната власт. Претседателката на комисијата за локална самоуправа во Собранието на Република Македонија Ане Лашкоска истакна дека темата за процесот на децентрализација некако во нашата држава како да се маргинализира. Темата за процесот на децентрализација некако во нашата држава се маргинализира. Би се задржала на динамиката на процесот на децентрализација во Македонија кој што мораме да кажеме дека се уште е во тек и се движи со многу бавно темпо. Иако во деведесеттите тогашната власт одлучи целосно да ја децентрализира власта најверојатно тоа го правела за да го наметне своето влијание на територијата на целата држава, меѓутоа после сите политички случувања во Македонија во 2004 година неизбежно почнува и процесот на децентрализација. Еве сега имаме 84 општини и градот Скопје на почетокот сведоци сме дека најдобро се децентрализираше само Скопје или Скопскиот регион и тогаш ВМРО-ДПМНЕ го увиде овој проблем и се покрена прашањето за рамномерен регионален развој, кој што се донесе во 2007 година. Со кој закон општините во државата се поделени во 8 плански региони и веќе од 2008 ,2009 година почнаа и да се реализираат и проекти во овие плански региони со цел рамномерен развој на целата држава, нагласи Лашкоска. Лашкоска истакна и дека според неа во Македонија наместо децентрализација имаме деконцентрација. Ако се прашаме дали во Македонија имаме децентрализација јас би рекла напротив имаме деконцентрација. Според децентрализацијата општините треба да имаат надлежности во повеќе области како образованието, труд и социјалата, културата, здравството, локалниот економски развој, урбанизмот, спортот, меѓутоа зошто велам деконцентрација заради тоа она што кое се соочуваат градоначалниците е всушност дека ние имаме во општините само во сопственост објекти за кои што треба да се грижат меѓутоа работењето на тие објекти се уште е зависно од централната власт, односно со средства од централната власт. Тука се поставува и прашањето дали ние сакаме да имаме силни општини во Македонија проблемот го гледам бидејќи кога започнал процесот на децентрализација во нашата држава започнал без да се направи целосна анализа и без да се има реформски пристап на процесот на децентрализација. Факт е и дека во сите овие години не се направила анализи за децентрализација. Можеби проблем е и дека ние сме сиромашна држава па не можат да се одвојат поголеми средства или да се дадат на располагање на општините за да имаме децентрализација како во соседните и сите Европски земји. Во собранието се гледа да се заобиколи комисијата за локалната самоуправа имено закони кои што природно припаѓаат да се разгледуваат на оваа комисија се наоѓа нешто во законот па се пушта да се разгледува на друга комисија, во овој мандат единствено во комисијата ја разгледувавме стратегијата за рамномерен регионален развој 2020-2030 година, истакна Лашкоска. Пратеникот Бојан Стојаноски кој е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РМ поздравувајќи го настанот како одличен начин пред граѓаните сите градоначалници кои пред 365 дена ја добија довербата да излезат пред граѓаните и да покажат што направиле со сопствените буџети, со тие скромни средства, без притоа да ја имаат поддршката на централната власт, се осврна и на опструкциите и кочниците кои централната власт ги практикува со цел да не се обезбеди поддршка за општините само затоа што најголем дел од истите се водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Откако ние сме на мандат, три заеми биле кои можат да ги користат општините. Првиот е оној со кој што се зголемува опфатот на ДДВ кој што им се враќа на општините и преку тој начин се зголемува самиот процент на приходи во општинските буџети. Вториот заем беше оној преку Европската Банка исто така за локални патишта и тука би сакал да кажам дека тоа е еден директен пример како општините се кочат во насока на придобивање на уште повеќе средства од централната власт, заради тоа што токму овие два закони 6 или 7 месеци мнозинството по завршување на локалите избори ги кочеше во Собранието преку оние лавиринти и преку оние трикови незакажувајќи седници или уценувајќи не нас да им поминуваме закони кои што ние нормално тоа нема да го дозволиме. Тие закони не се ставаа во функција за да не се поминат едноставно и тие средства да не се ставаат на располагање на општините, истакна Стојаноски и додаде: Ако ги погледнете фактите, успесите на овие луѓе за кои што сме ние тука денеска е особено поголем ако се види дека градоначалниците со нивни буџети особено во 95% од општините кои што ги администрира ВМРО-ДПМНЕ се во големи долгови, се направени исклучиво со средства на самите општини, со домаќинско работење, со работење кое што е насочено на максимилизација на ефектите од создавање на сопствени проекти, а без никаква централна поддршка. Тоа треба да се промени.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/80-procenti-povekje-kapitalni-investicii-ima-vo-opshtinite-kade-gradonachalnicite-se-od-vmro-dpmne-vo-sporedba-so-opshtinite-kade-gradonachalnicite-se-od-sds/feed/ 0
„10 месеци додека директорите на јавните претпријатија под Град Скопје беа од ВМРО-ДПМНЕ градот беше отворен за граѓаните и се реализираа проекти“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/10-meseci-dodeka-direktorite-na-javnite-pretprijatija-pod-grad-skopje-bea-od-vmro-dpmne-gradot-beshe-otvoren-za-gragjanite-i-se-realiziraa-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/10-meseci-dodeka-direktorite-na-javnite-pretprijatija-pod-grad-skopje-bea-od-vmro-dpmne-gradot-beshe-otvoren-za-gragjanite-i-se-realiziraa-proekti/#respond Sat, 05 Nov 2022 13:52:45 +0000 https://kurir.mk/?p=756203

На денешната трибина „Предизвици на Градот Скопје“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, координатор на советничката група на Град Скопје при ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека ако нешто може да се каже дека функционира во Градот, тоа е единствено Советот на Град Скопје. - За првпат од кога постои Совет на Градот Скопје воведовме една пракса на транспарентност, каде што граѓаните во живо можат да ги следат седниците на Градот Скопје, да ја видат одблиску работата на секој од нас советниците, како и градската власт. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата воспоставивме пракса од самиот почеток на отворени денови за средби со граѓаните. И колк што сум запознаена не само тие официјални денови кога имаме предвидено средби со граѓаните, буквално секој советник од оваа советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остваруваат средби на дневна основа со граѓаните дали тоа се поединци, здруженија и сл., рече Андоновска. - Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наша примарна цел е остварување т.е. реализација на програмата „За модерно Скопје“. Како повеќето партии така и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанавме зад оваа програма „За модерно Скопје“ и буквално одевме од врата на врата, во секој дом, и ја промовиравме оваа програма. Од тие причини наша обврска е и обврзувачки е ние да се обидеме како Совет, како советници да направиме што е можно повеќе оваа програма да се реализира. И тоа е единственото нешто што ние го бараме како Совет. Она што јас можам да го кажам е дека не постои ниту еден проект кој што бил предложен на дел од програмата или проект кој што е за доброто на граѓаните на Град Скопје, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за него. Значи такво нешто не постои и покрај обвинувањата дека тоа се случува, заклучи таа. Андоновска нагласи дека граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку сакаат да видат дека советниците, градоначалникот, Градот се оние што зборуваат, имаат натпревар на идеи кои што би значело подобар проект или побрза реализација на истите проекти. Во Градот Скопје транспарентност нема, отчетност нема. Советниците на Градот Скопје не добиваат ниту одговор на советничките прашања кои што ги поставуваат. Советничките прашања не се лични прашања туку тие произлегуваат од средбите со граѓани. градоначалникот на Град Скопје не треба да одговори на советниците, туку да одговори на граѓаните. - Градот во моментов е узурпиран од актуелниот секретар на Градот Скопје. И зошто ова го кажувам, без двојба? Поради тоа што во Градот во последно време се секаде поставени камери, не знам со која цел. Поставени се дури и безбедносни врати. Но, ајде тоа да го тргнеме настрана, јас морам да споменам една случка што ми се случи скоро, а тоа е дека како што споменав имаме средби со граѓани и тоа е на различни локации, или во просториите на некој од нашите партиски штабови или некое друго место, или пак просториите кои што ни ги овозможува и ни ги дава на користење Градот Скопје. Ете тоа пред некој дена се случи, јас се обидов да остварам средба со една личност во просториите на Градот Скопје. Влегов внатре и ја чекам личноста да дојде, но после извесно време, доцни нели, ми се јавува и вика морате да излезете надвор. Велам зошто. Личноста ми вели јас сума на пријавница веќе половина час, овде морам да потполнам формулар каде одам, како одам, но морам да потполнам вели и зошто одам, а воедно кај тој што одам да дојде овде и да се потпише. Па, замислете чив е Градот Скопје, кога не можат граѓаните да дојдат и да си ги кажат таму маките, појасни Андоновска. Таа порача до градоначалничката и секретарот веднаш да се ослободи Градот Скопје, бидејќи тој не е нивен туку на граѓаните. Ѓоко Велковски, поранешен секретар на Град Скопје. на трибината за предизвиците во град Скопје на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина", истакна дека во тие 10 месеци додека бил генерален секретар вратите биле отворени за сите граѓани, се обидувале се решаваат проблемите на граѓаните но по негово заминување сега гледаме како менаџментот на градот е фокусиран на рекла кажала муабети наместо за потребите на граѓаните. Тој посочи дека втор човек на град Скопје целото внимание било насочено кон реализација на проектите, меѓутоа по неговото заминување проблемите се појавиле и почнала тортура кон вработените во град Скопје, неотчетност кон граѓаните. - Се заложивме за мега паркови во Скопје, да најдеме начин за намалување на аерозагадувањето, да направиме проодни булевари, нови булевари, тоа се проекти за кои од прв дена баравме начин да го реализираме, но одредени структури од кај градоначалничката па ни самата таа денеска немаме ниту еден мега парк, немаме почнат булевар, за аерозагадување нема мерки, а за Луна парк да не зборуваме. Наместо за бесплатен јавен превоз денеска гледаме дека нема превоз, градски линии не сообраќаат затоа што вработените во ЈСП не земале плата, а ни на другите приватни превозници не им се исплатени парите, рече Велковски. - Депонијата Дрисла е една од клучните фактори за поздрава и поквалитетна животна средина во градот Скопје. Депонијата Дрисла е единствена регионална депонија во Република Македонија која работи со еколошка „А“ интегрирана дозвола која е издадена од министерството за животна средина и е на највисоко ниво, изјави поранешниот директор на Депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски. Мицевски потенцираше дека градот Скопје на дневна основа создава 600-тини до 700-тини тони комунален отпад и како Депонија Дрисла мора да размислуваме како умешно да се справуваме со тој отпад. Депонија Дрисла мора со нејзиното модернизирање и со нејзиното усовршување ќе помогне и те како на поквалитетниот живот на скопјани. - Она што успеав за овие 9 месеци да го стекнам како искуство таму и преку бројните состаноци организирани на оваа тема од луѓе што имаат искуство со справување со отпадот и што веќе знаат како да се работи на отпадот и како економски да се врати фидвекот према градот Скопје. Еден од начините е да се направи постројка за секундарна селекција на отпадот, преку таа селекција на отпадот околу 70-80% ќе може повторно назад да се врати преку фракции како што се метал, стакло, пластика, картон и секоја онаа фракција што може да се реупотребува внатре во бизнисот. Со тоа што 20-30% би завршувало на отворена депонија и те како ќе биде позитивно за градот Скопје и самото претпријатие во финансиски импут меѓутоа и со продолжување на векот на самата депонија, кажа Мицевски. - Мојот последен предлог и одлука од директорувањето беше токму зголемување на платите на вработените во ЈП Градски паркинг и беше тоа спроведено од страна на Управнит одбор, веданш по иницијативата. Сега веќе вработените во ЈП Градски паркинг земаат достоинствена плата која што можеби е на рангот на повисоките или највисоките плати на вработените во државна институција, рече Бојан Христовски, поранешен директор на ЈП Градски Паркинг, пред пристутните на политичкиот саем. Христовски изјави дека за успешно менаџирање на едно претпријатие главни се три фактори, а тоа како што рече тој е задоиволен работник, функционално претпријатие и се разбира задоволен граѓанин. Според него, тој тоа успеал да го постигне додавајќи дека се покачила платата за 3000 денари на вработените, се намалило зонското паркирање од 25 проценти за граѓаните, но и покрај тоа претпријатитето со домажинско работење доби зголемен прилив на средства. - Неопходно е доброто менаџирање и тука би издвоил три главни фактори кои што се како формула за успешно општествено одговорно претрпијатие, а тоа е задоволен работник, функционално претпријатие и задоволен граѓанин. Многу е важно да се креира баланс помеѓу овие три главни фактори и мислам дека тој баланс го постигнав со мојот тим, а тоа е што вработените добија покачување од 3000 денари, граѓаните добија 25 проценти поевтин паркинг на зонско паркирање, а претпријатието доби сепак и покрај намалувањето зголемен прилив на средства од зонското паркирање во вредност повеќе од 25 проценти, вели Христовски. Доскорешниот директор на Јавното претпријатија „Водовод и канализација“, Златко Перински рече дека ја испорачува работата за која е основано ова претпријатие, а во последно време, последниот месец, месец и половина е во медиумите е со непопуларни вести. Според него предизвиците кои ги трпи претпријатието се многу големи и како пример посочи дека цената која ја плаќаат за електрична енергија е за шест пати поголема или сметката за септември била скоро шест пати поголема наспроти августовската. - Ние видовме дека ова ќе се случува и во февруари, март формиравме работна група во рамки на управниот одбор за да се најде начин претпријатието да инвестира во соларни панели со што според анализите излезе дека 70 проценти од потребите претпријатието може да покрива само, рече Перински. Перински посочи дека ова не е реализирано и дека не знае зошто проектот не е продолжен. Тој се осврна на изработката на десет годишен план за водовод и канализација и додаде „и дека беше да направиме буквално библија по која ќе се развива водоводната, фекалната и атмосферската линија на град Скопје“. Жалам, рече Перински, што изработката на пречистителната станица доби негативен контекст. - Пречистителната станица е проект започнат во 2019 година жал ми е што беше претставен во негативен план. Процесот е кристално чист, а ова е императив и за отворање на поглавјата со ЕУ, заклучи Перински укажувајќи дека во делот на човечкиот потенцијал во претпријатието се потребни водоводџии, багерсисти, а оти токму ним не им беа продолжени договорите.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/10-meseci-dodeka-direktorite-na-javnite-pretprijatija-pod-grad-skopje-bea-od-vmro-dpmne-gradot-beshe-otvoren-za-gragjanite-i-se-realiziraa-proekti/feed/ 0
Отчет на градоначалниците од Скопскиот регион: Се градат градинки, се реконструираат училишта, се инвестира во нова водоводна и канализациона мрежа, промените се случуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otchet-na-gradonachalnicite-od-skopskiot-region-se-gradat-gradinki-se-rekonstruiraat-uchilishta-se-investira-vo-nova-vodovodna-i-kanalizaciona-mreza-promenite-se-sluchuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otchet-na-gradonachalnicite-od-skopskiot-region-se-gradat-gradinki-se-rekonstruiraat-uchilishta-se-investira-vo-nova-vodovodna-i-kanalizaciona-mreza-promenite-se-sluchuvaat/#respond Sat, 05 Nov 2022 13:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=756178

Камо да имавме готови проекти од нашите претходници. Почнавме да инвестираме во конкретни капитални инвестиции, но и подготвуваме огромен број на проекти кои веќе во втората година на мандатот ќе почнат и со градба. Примери за тоа се во делот на образовната инфраструктура целосна доградба и реконструкција на основното училиште „Блаже Конески“, доградба на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, два целосно нови објекти за детски градинки, една веднаш позади кулите Џеваир, другата во населба Лисиче веќе е готов и проект за нова градинка во близина на црквата Свети Илија“, рече Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром на на трибината саем на промените што носат иднина во скопскиот регион во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој посочи дека општината инвестира и во збогатување на програмите на основните училишта и како пример наведе бесплатни часови за пливање, доделување на околу 800 бесплатни таблети на децата од четврто одделение и слично. Муцунски посочи и дека „во општината владееше урбанистички хаос“. Оттука една од работите со кои почнавме, кажа Муцунски, е бришење на маркици и на една таква локација веќе ќе почнеме со изградба на парк од 6 илјади метри квадратни во Реонски центар. Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање на отчетот за сработеното на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина", истакна дека општина Кисела Вода ја затекнал во хаотична состојба и администрација која што била целосно индиферентна на барањата на граѓаните. - Да водите тимски општина тоа подразбира и не преспиени ноќи, подразбира и повеќе од десет дванаесет часа во денот макотрпна работа, им се заблагодарувам од срце, благодарам што ме следат во чекор изминатиот период. Како и останатите општини така и Кисела Вода беше затекната од моја страна во една апатична состојба, односно администрација која што беше целосно индиферентна на барањата на граѓаните, неуслужлива и не насочена спрема граѓаните од една страна и од друга страна долг од 3 милиони евра кој што не подразбираше во минатото задоволување на основните хумани услови за живот на моите сограѓани, туку подразбираше од една страна долг а од друга да Кисела Вода е општина која ја наследив е без основни хумани услови за живот што подразбира водоводни мрежи, атмосферска канализација патна инфраструктура, списоци по 500 дечиња во градинките на чекање. Што значи затекнавме руинирана девастирана општина во која што за жал 30 години наназад никој сериозно не се зафатил со тоа да од нејзе направиме едно поубаво место за живеење. Јас сум исклучително горд на она што го постигнавме изминативе година дена. За само една година ние 70 проценти од нашата програма имаме реализација, или отпочнати проекти кои што се во финална фаза на завршување, истакна Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски истакна и неколку проекти кои ги опфаќаат инфраструктурата, образование, и справувањето со урбанистичкиот хаос. - Од самото преземање на нашата локална самоуправа така беше и составена програмата да ние ги поделивме во неколку столбови, кои што опфаќаат инфраструктура, образование, справување со урбанистичкиот хаос каде што Кисела Вода беше доста атрактивна по скандалите кои што произлегуваат од урбанистичкиот хаос и криминалот таму така да од тој аспект во тие неколку столба сериозно се зафативме со работа. Пред се се зафативме со општината да ја направиме јавна и транспарентна при секоја наша постапка граѓаните да се чувствуваат дека се еднакви. Секој има право да гради секој има право на надомест од општината, секој има право на еднакви права и привилегии. Тоа е многу важно и суштинско за да ја отвориме општината. Изминатава година, имаме како никогаш до сега 30 години наназад вложено во патната инфраструктура што подразбира асфалтирање на улици и реконструкција во должина од 25 километри тоа е некаде од Скопје до Велес повеќе од половина пат да го реконструирате толку имаме изминатава година. Во однос на подземната инфраструктура беа нарачани проекти кои што се во финална фаза за водоводната мрежа во „Стаклара“, и фекална канализација во „Пинтија“ и „Стаклара“ кои што од пролет ги започнуваме. Во подземна инфраструктура имаме над 3650 метри вложено фекална канализација над километар и 800 имаме вложено во водоводна мрежа, 3,5 километри во атмосферска канализација. Во Урбанизмот како никогаш до сега сите планови и плански документации се прават јавно и транспарентно. Во образованието се гордеам со основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ кој што е многу значаен, кое е прво инклузивно училиште, кај градинките имаме отворено една градинка во Драчево, во финална фаза сме на нова градинка во „Усје“, и две доградби на постоечки градинки. Исто така сметам дека до истекот на втората година од мојот мандат она што сме се обврзале во програмата ќе биде целосно завршено, нагласи Ѓорѓиевски. Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров рече дека за жал оваа општина беше една од оние кои наследи најголем терет од претходно. Во тој дел, кажа тој, ние направивме крупни исчекори за оној долг од над 4 милиони евра што го наследивме по различни основи и успеавме сега да го доведеме на многу пониско ниво. Стојкоски се осврна на проектите од првите 365 дена. - Успеваме да постигнеме сериозни резултати со најгорливиот проблем расчистување на депони и расчистивме повеќе мали депонии и онаа која беше најголем проблем, онаа во Ново село каде сега никнува парк со површина од 30 илјади метри квадратни. Фокус ставивме и на инфраструктурата посебно во деловите во кои беше најпотребно и изградени се над 20 илјади метри квадратни нови локални патишта како во Даме Груев, Кисела јаболка, Стопански двор и слично. Паралелно ја развиваме и фекалната и атмосферската канализација. Го решаваме деценскиот проблем со водоснабдување во Кучково, се инвестира и во училишната инфраструктура, намалена листата на чекање за упис во градинки, а со отворање на новиот капацитет на детската градинка Сонце каде се завршени градежните работи чекањето за упис во градинки ќе го доведеме на историски минимум, рече Стојкоски. Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски истакна дека општината ја затекнал во многу лоша состојба, а кај администрацијата владеела целосна апатија, но тоа се промени во рок од една година се реализирани над 200 проекти од кои 30-тина поголеми и повидливи. - Како сите колеги досега што споменаа, а можеби полошо беше во општина Бутел. Целосна апатија на администрацијата, долг од половина милион евра, ниту еден проект испланиран кој што може да се реализира за во иднина и тоа што беше најдраматично беше тоа што ветените десет носечки проекти кои што претходниот градоначалник ги вети дека ќе ги реализира, немаше започнато буквално ниту еден од десетте носечки проект и тоа само по себе е една драматична ситуација која ни даде дополнително мотив за да практично почнуваме да ја менуваме бидејќи граѓаните целосно изгубија доверба во моментот што значи општина и градоначалник. Но, фала му на Господ, тоа се промени во период од една година и граѓаните на општина Бутел забележаа дека може и поинаку и за само една година успеавме да реализираме 200 проекти меѓу кои 30-тина поголеми и повидливи. Веќе во првата година започнавме три од десетте носечки проекти кои што ги споменавме пред изборите, истакна Костовски и додаде: - Во општина Бутел започна да се гради училиште во населеното место Визбегово, започна да се гради нова детска градинка во вредност од 33милиони денари. За период од два ипол месеци успеавме да асфалтираме 20 улици, а до крајот на оваа календарска година, вкупно 35 улици, практично низ период од една година ќе добијат асфалт на територија на општина Бутел што со сигурност можам да потврдам дека е повеќе од четирите години претходно што успеале да се асфалтираат. Она што сакам да го истакнам се нвестициите во образованието, поточно во основните училишта кои што се ингеренции на општината. Вкупно во оваа календарска година ќе имаме околу 30 милиони денари инвестиции што е навистина сума на средства за почит. Реконструиравнме неколку училишта кои што имаа реална потреба за такво нешто, но и набавивме модерна опрема. Инвестиравме во нови кабинети за информатика и некои училишта како „Лиман Каба“ во Љуботен и Гоце Делчев во Љубанци за прв пат во историја добиваат кабинети за информатика, потенцираше Костовски набројувајќи дел од реализираните проекти. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на денешната трибина за отчетот за сработеното за градоначалниците од Скопскиот регион, една година по преземањето на функцијата, на политичкиот саем „Промени што носат иднина“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека над 40% од проектите предвидени во изборната програма веќе се реализирани, а дополнително 20% се во фаза на реализација. - По моето доаѓање градоначалник на Општина Гази Баба, она што претходно го имав како информација комплетно ми се потврдија, дека општината беше оставена со голем број на нерешени проблеми и индиции за сериозни злоупотреби на буџетот кои индиции се доставени до соодветните служби за понатамошно постапување. Дополнително, имаше голем број на вработени лица кои што воопшто не доаѓале на работа, а земале плата. Но, за мене најважно е што не се работело на решавање на децениските проблеми на граѓаните. Иако претходната локална власт имаше ветување за изградба на четири нови детски градинки, во период од четири години не оставија ниту еден готов проект, ниту пак започната постапка за урбанистичко проектна документација за изградба на барем една од овие детски градинки, што сериозно ни покажува дека тие работеле неодговорно и не биле посветени кон решавање на интересите на граѓаните, рече Стефковски. Стефковски посочи дека со задоволство може да каже дека после една година во општината се работи посветено, одговорно и чесно и се работи постојано на креирање на проекти со кои ќе се решат децениските проблеми на граѓаните, констатирајќи дека во првата година поголем дел од тие децениски проблеми веќе ги решаваат. - Во изминатите 365 дена реализиравме 210 нови проекти во Општина Гази Баба. Асфалтиравме локални улици на површина од 15.600 метри квадрати, во населените места Инџиково, Идризово, Стајковци, Трубарево, Јурумлери, Ченто, Булачани и други. Изградивме пешачки патеки во Триангла, железара, Виниче, Црешево, Стајковци и други населени места. Исто така, сериозен пристап имавме и кон подземната инфраструктура, за таа цел ја завршивме првата фаза на фекалната канализација во населеното место Страчинци, комплетно ја завршивме првата фаза и во завршен процес ни е втората зафат на фекалната канализација во населеното месо Црешево, проект кој што чини 20 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба, во тек е изградба и на канализацијата во населеното место Гоце Делчев, во Смилковции така натаму. Во првата година од мојот мандат изградена е фекална канализациона мрежа во вкупна должина од 9.170 метри, односно над девет километри. Изградивме нови седум спортски терени со современа тартан подлога во Железара, Ченто, Маџари, Колонија, Гоце Делчев, Керамидница и Кирил Петрушевски и два спортски терени со вештачка трева во населените места Стајковци и Страчинци. Дополнително, даваме финансиска поддршка и на сите локални спортски клубови, но изградивме и пешачка и велосипедска патека на кејот на реката Вардар во должина од 2,2 километри. Сериозен пристап имаме и кон инвестиции во образованието и образовната инфраструктура. Во изминатата година комплетно ги реконструиравме училишните спортски сали во основното училиште „Глигор Прличев“ во Железара и во училиштето „Дане Крапчев“, опремивме училишни кабинети за практична настава по природни науки во основните училишта, летниот период го искористивме за реконструкција на основните училишта, отворивме сензорни соби во дел од нив и катчиња за дружење на учениците и за прв пат ја воведовме мерката за доделување 3000 денари за секое прво одделенче. Изградивме голем број на мулти функционални паркови, како во населеното место Маџари во површина од над 2000 метри квадрати, во кое има парк за миленици, комплетно уредување со летниковци, фонтана, детско катче и така натаму, како и во Ченто парк на површина од пет илјади метри квадрати, комплетно реконструирано кошаркарското игралиште, и паркот „Скулптура“ во Автокоманда, ги наброја Стефковски дел од реализираните проекти. На трибината се обрати и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, кој рече дека и покрај тоа што општината ја затекнале со долгови, успеале да вратат 2 милиона долг, укажувајќи дека тоа не е причината за реализиарање на проектите и исполнување на ветеното пред граѓаните. - Во изминатиот период активно работевме на враќање на долговите. Можам да кажам дека комплетно се што се работело минатата година, оваа година го исплативме. Некаде околу 2 милиони евра се вратени за претходните години. Но, тоа не смееше да не поколеба да тргнеме со реализација на нови проекти. Со напорна работа со целиот тим и со советот сите заедно направивме еден голем исчекор кон стабилизација на општината и јавните претпријатија и на сите други институции и тргнување напред со забрзани чекори она што го ветивме, вели градоначалникот на општина Илинден Георгиевски и додаде дека изминатите 365 дена реализирал голем број на проекти во делот на комуналната и патна инфраструктура, како и проекти во образованието. - Општина Илинден многу инвестираше во сите сегменти на општественото живеење. Прво ќе почнам од комуналната инфраструктура, а тоа е делот на фекалните канализации и колектори. Сакам да кажам дека во изминатата година само во општина Илинден изработена е над 10 илјади метри фекална канализација. Се гради колектор во населено место Миладиновци во должина од 700 метри, се градат секундарни мрежи во населено место Кадино од 200 метри, моментално се работи на фекална канализација во Марино од 400тини метри. Така што до сега некаде од прилика над 10 илјади метри изградена фекална канализација. Исто така во овој дел морам да напомена пред неколку месеци беше пуштено во употреба нова пречистителна станица во Кадино за еквалент од 1250 жители, а пред некој ден пуштивме во употреба уште една пречистителна станица во Илинден за околу 1300 жители, или вкупно пречистителна станици за 2500 жители само во овој период. Сериозно работиме и за иднина, се работи за проекти за фекална канализација Плац во Илинден. Во делот на патната инфраструктура сакам да кажам дека до сега околу 5000 метри во должина се асфалтирани улици, над 12.000 метри пробиени тампонирани и санирани улици, рече тој. - 2.5 километри пешачки патеки се направија изминатиот период, односно пешачка патека на улица 2 во должина од 400 метри, пешачка патека во Мралино во должина од над 700 метри, пешачка патека во Миладиновци од над 850 метри и уште неколку други. Во делот на образованието, целосно се изгради училиштето, со опрема со интерактивни табли, поставивме ограда, со мебел внатре, хортикултурно уредување на целиот простор, паркинг, улично осветлување околу училиштето. Но, и во другите училишта имавме инвестиции во делот на заштитни огради, подобрување на делот за греење, реконструкција на кровот, додаде тој и истакна дека општината доделува по 5000 денари за секое новороденче. И градоначалникот на Зелениково Коста Маневски на трибината истакна дека затекнал општина со многу долгови и проблеми, проекти за кои претходно не било платени ни денар, наследен долг за улици како и јавно комунално претпријатие со долг од 41 милион денари и нефункционална механизација. Но, како што истакна и покрај се тоа за една година постигнато е многу, долговите вратени, се работат многу проекти, а општината веќе е во плус. - Долговите се расчистени и на сметка имаме плус 3 милиони денари и од 78 ветени проекти веќе се реализирани 26, околу една третина од проектите. Имаме реконструирани улици, Во делот на урбана опрема би сакал да истакнам дека имаме изградено два детски парка, успеавме да набавиме специјализирано возило за транспорт на комунален отпад, да исчистиме диви депонии и од нив да направиме зелени оази. Реконструиран зелен пазар како и да го споменам етно комплекс кој со здружение на граѓани, изјави Маневски. Градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски пак зборуваше за општината со кој управува каде посочи дека пред 12 години која ја затекнал општината имала буџет од 380 илјади евра буџет и 985 илјади евра долг, а сега со работа денеска општината има буџет над 3 милиони евра. - Сега многу лесно е да се збори за општина Петровец, но да се потсетиме како беше општина Петровец пред 12 години, општина со 380 илјади евра буџет и 985 илјади евра долг. Три буџети потрошени, но тука не се предадовме заедно со советниците, заедно со општинската администрација она што го ветивме пред граѓаните дека ќе работиме макотрпно, отчетно тоа и го спроведовме. Направивме три индустриски зони, што се гордост за општина Петровец. Имаме најголема индустриска зона во Република Македонија, мултифункционалната зона Ќојлија, имаме уште две индустриски зони, Долно Коњари и Р`жаничино индустриска зона. Денес имаме општина со десет пати поголем буџет, денеска буџетот е над 3 милиони евра и е многу полесно за разлика од првиот пат кога стапивме на власт, рече Митевски. Митевски во текот на своето обраќање ги наброја и проектите кои ги направил во годината. - Некаде околу 5.100 метри одводна и водоводна канализациона мрежа во населените места во цела општина, имаме патна инфраструктура од 1.200 метри асфалтирани улици. Во делот на образованието направивме темелна реконструкција на училиште во Огњанци, средени си училишните дворови на 4 училишта. Направиме просторија за пензионерите во Катланово, реконструкција на културниот дом во населеното место Сушица. Потоа тампонирање на 2.000 метри во новата населба во Р`жаничино. Исто така се грижиме за социјално загрозените семејства каде што секоја година доделуваме хуманитарни пакети. Исто така на сите првачиња поделивме по 4.000 денари. Не може да не се спомене и започнувањето на нова општинската зграда каде ќе ги подобриме условите за работа на општинската администрација и ќе ги подобриме услугите на жителите кои ќе дојдат на подигнат било каква услуга во општина Петровец. Во завршна фаза е и пешачката патека во должина од 1.060 метри каде очекувам за еден месец да биде целосно готова. Целосно ги подржуваме финансиски, спортските клубови во општина Петровец како и културно уметничкото друштво. Исто така имаме исчистени 4 диви депонии, кажа тој.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otchet-na-gradonachalnicite-od-skopskiot-region-se-gradat-gradinki-se-rekonstruiraat-uchilishta-se-investira-vo-nova-vodovodna-i-kanalizaciona-mreza-promenite-se-sluchuvaat/feed/ 0
Костовски: Граѓаните на Бутел забележаа дека може и поинаку, во првата година започнаве со реализација на 3 од 10-те носечки проекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-gragjanite-na-butel-zabelezaa-deka-moze-i-poinaku-vo-prvata-godina-zapochnave-so-realizacija-na-3-od-10-te-nosechki-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-gragjanite-na-butel-zabelezaa-deka-moze-i-poinaku-vo-prvata-godina-zapochnave-so-realizacija-na-3-od-10-te-nosechki-proekti/#respond Sat, 05 Nov 2022 11:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=756110

Благодарам за можноста денеска да продискутираме на една убава тема, една година од нашиот мандат. Како и сите колеги до сега што споменаа, слично а можеби и полошо беше во општина Бутел, целосна апатија на администрацијата, долг од половина милион евра, ниту еден проект испроектиран кој што треба да се испланира за во иднина и тоа што беше најдраматично е ветените 10 носечки проекти кој што претходниот градоначалник ги вети дека ќе ги реализира, а немаше започнато буквално ниту еден од 10-те носечки проекти, изјави денеска градоначалникот на општина Бутел на „Саем на промени што носат иднина“. Тој истакна дека тоа самото по себе е една драматична ситуација која што им дала дополнително мотив да практично почнеме да ја менуваме бидејќи граѓаните целосно изгубија доверба во општината и градоначалникот. - Но, фала му на Господ тоа се промени во период од една година, граѓаните на општина Бутел забележаа дека може и поинаку, и за само една година успеавме да реализираме околу 200 проекти, меѓу кои 30 поголеми и повидливи. Веќе во првата година започнавме 3 од носечките 10 проекти кои што ги споменавме пред изборите, додаде Костовски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-gragjanite-na-butel-zabelezaa-deka-moze-i-poinaku-vo-prvata-godina-zapochnave-so-realizacija-na-3-od-10-te-nosechki-proekti/feed/ 0
ВО ЖИВО: Саем на промените што носат иднина- 365 дена отчет на градоначалниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-saem-na-promenite-shto-nosat-idnina-365-dena-otchet-na-gradonachalnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-saem-na-promenite-shto-nosat-idnina-365-dena-otchet-na-gradonachalnicite/#respond Sat, 05 Nov 2022 10:44:59 +0000 https://kurir.mk/?p=756102

]]>

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-saem-na-promenite-shto-nosat-idnina-365-dena-otchet-na-gradonachalnicite/feed/ 0
Мицкоски од „Саем на промени што носат иднина”: Помина година без скандал во локалната самоуправа, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги гледате во маалата и улиците достапни за народот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-saem-na-promeni-shto-nosat-idnina-pomina-godina-bez-skandal-vo-lokalnata-samouprava-gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-gi-gledate-vo-maalata-i-ulicite-dostapni-za-narodot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-saem-na-promeni-shto-nosat-idnina-pomina-godina-bez-skandal-vo-lokalnata-samouprava-gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-gi-gledate-vo-maalata-i-ulicite-dostapni-za-narodot/#respond Sat, 05 Nov 2022 10:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=756067

Почитувани градоначалници, драги советници, претседатели на совети, членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, драги сопартијци, аналитичари, експерти, почитувани граѓани! Честа е огромна да се отвори овој политички саем кој треба да биде едно резиме, еден сублимат на тоа што затекнавме, но и што направивме за овие 365 дена како локална власт. Пред точно една година кажав дека добиената обврска од граѓаните да се управува со општините за мене претставува најголемата должност да се оправдаат очекувањата, изјави денеска во своето воведно обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првиот политички саем на кој ќе бидат презентирани отчетите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека ова прашање не е е само едноставна преземена обврска, туку и прашање за чист образ. - Затоа што најсветото нешто што еден човек го добива од своето семејство е името, честа, воспитувањето кое го стекнува и чистиот образ. Ако тоа наследство го оштетите, тогаш не само што поединецот се губи како човек, туку и го навредувате вашето потекло, вашето име, чест и образ. Ако ова го нема човек, тогаш ништо нема, а за нас десничарите, традицијата, корените и семејството, но и чистиот образ, се темелот во кој веруваме. Нешто по што се разликуваме од останатите. 12 месеци подоцна, по многу часови напорна работа, по многу непроспиени ноќи поминати во комуникација со градоначалниците, по многу пот, пожртвувана работа, посветеност, можам да кажам дека сум задоволен од она што се постигна. Најголемата придобивка е што се чувствуваат промените што носат иднина. И тие се малата, но многу значајна надеж дека може поинаку. Започнавме да градиме една поинаква слика и покажуваме со дела дека може поинаку, може подобро и може чесно, истакна Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека помина година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините кои беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата. - Проблеми кои се решаваат заедно со граѓаните. Срушена е бариерата која со децении постои помеѓу граѓанинот и политичарот. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците, достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате. И знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту пак тоа го ветивме, но затоа се трудиме со сите сили да решиме што е можно повеќе проблеми и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме. И сево ова постигнато во услови на тешка економска и политичка криза, на грчевита борба и опструкции од централната власт, во еден, би рекол не само ладен, туку отворен непријателски однос на владата кон општините кои се соочуваат со катадневни опструкции, кратења на фондови, одземање на помош, нерешавање на проблеми. И ова не го кажувам да се оправдам за што било, туку да кажам дека ваквите неправди нè мотивираа да работиме повеќе и попостојано. А тоа го потврдуваат резултатите. И многумина знаат да речат еве го Мицкоски е најистурениот градоначалник, па дури и забележуваат затоа што одам со градоначалниците при реализација на проектите, зошто толку се интересирам за остварување на тоа што се работи. Па да одговорам на сиве овие работи, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека се на вистински пат ако главната забелешка е зошто заедно со градоначалниците работи да се реализираат проекти за народот. - Ако главното што можат да искритикуваат е тоа што имам непроспиени ноќи и часови и часови работа посветено на остварување на ветеното, тогаш можам да кажам дека сме на вистинскиот пат. Затоа што како што на почетокот посочив она што нема цена се чистиот образ и честа кои треба да се бранат со дела. Секој збор од овие програми ветени пред граѓаните го бранев на изборите лично јас, со моето име и мојот кредибилитет. И немам намера да избегам ниту милиметар од тоа што го ветив и затоа сум најмногу заинтересиран да не го разочараме народот и затоа и тие малкумина загрижени кои ги даваат ваквите забелешки треба да знаат, заедно со градоначалниците ќе ме гледаат уште многу на отворања и градба на нови улици, паркови, водоводи, нови канализации и училишта, на многу нови проекти и реализирани ветувања. Затоа сум задоволен од постигнатото, а најмногу што го одржавме зборот. Промените се гледаат во резултатите и во делата, дециден е тој.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-saem-na-promeni-shto-nosat-idnina-pomina-godina-bez-skandal-vo-lokalnata-samouprava-gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-gi-gledate-vo-maalata-i-ulicite-dostapni-za-narodot/feed/ 0