саем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Aug 2023 12:53:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png саем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конзорциумот „Бехтел и Енка“ организира „Саем за вработување“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konzortsiumot-behtel-i-enka-organizira-saem-za-vrabotuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konzortsiumot-behtel-i-enka-organizira-saem-za-vrabotuvane/#respond Tue, 15 Aug 2023 12:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=866967

Компанијата „Бехтел и Енка“ која ќе ги гради Коридорот 8 и 10д ќе организира „Саем за вработување“ во Гостивар. Веста ја соопшти првиот вицепремиер Артан Груби. „Саемот за вработување“ ќе се одржи утре со почеток во 16 часот, во Агенција за вработување во Гостивар, а потоа ќе продолжи со презентација и во другите градови. На саемот ќе се прикажат можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на коридорите во следните пет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konzortsiumot-behtel-i-enka-organizira-saem-za-vrabotuvane/feed/ 0
Голем интересот за Саемот на мебел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-interesot-za-saemot-na-mebel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-interesot-za-saemot-na-mebel/#respond Sat, 01 Apr 2023 08:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=818758

Зголемена фреквенција на посетители се очекува викендов на Саемот на мебел каде се претставуваат повеќе од 40 изложувачи со 80 брендови. Мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, декоративни подлоги и елементи по атрактивни саемски попусти кои се движат од 20 до 50 проценти, се само дел од понудата. -Како што и очекувавме, саемот на мебел е исклучително интересна манифестација за јавноста. Викендов очекуваме зголемена фреквенција на посетители, велат од Скопски саем. Саемот на мебел е со работно време од 10:00 до 20:00 часот, а утре ќе бдиде отворен до 18:00. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница е 100 денари по посетител. Онлајн картите се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk. Туристичката агенција „Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот. Партнер на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-interesot-za-saemot-na-mebel/feed/ 0
Почнува најголемиот саем за воена опрема во Абу Даби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-najgolemiot-saem-za-voena-oprema-vo-abu-dabi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-najgolemiot-saem-za-voena-oprema-vo-abu-dabi/#respond Mon, 20 Feb 2023 06:44:10 +0000 https://kurir.mk/?p=802454

Од 20 до 24 февруари Обединетите Арапски Емирати и градот Абу Даби ќе бидат домаќини на шеснаесеттата меѓународна изложба на оружје и воена опрема „IDEX 2023“ и седмото издание на Поморската воена изложба“ NAVDEX 2023“ - најголемите настани од таков вид во светот, каде се прикажуваат најновите иновации и технологии во меѓународниот одбранбен сектор, како и најновите технологии и опрема развиени од одбранбените сектори ширум светот. Во петте саемски дена ќе бидат претставени експонати на 165.000 квадратни метри отворен и затворен простор во рамките на Националниот изложбен простор. Ќе учествуваат 1.350 излагачи од 65 земји, како и 82 старт-ап компании од 25 земји, најавија организаторите. На настанот ќе присуствуваат 350 делегации на високо ниво од целиот свет, како и бројни лидери, претставници од меѓународни одбранбени и безбедносни компании и експерти од целиот свет. Организаторите проценуваат дека ќе има повеќе од 130.000 посетители, со што ќе се урне рекордот од претходното издание на саемот. Повеќе од 30 земји ќе имаат свои национални павилјони, а традиционално најголем павилјон ќе бидат Обединетите Арапски Емирати, додека Турција е веднаш зад нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-najgolemiot-saem-za-voena-oprema-vo-abu-dabi/feed/ 0
Саем на мали тиквешки семејни винарии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-na-mali-tikveshki-semejni-vinarii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-na-mali-tikveshki-semejni-vinarii/#respond Sat, 17 Dec 2022 08:18:43 +0000 https://kurir.mk/?p=776899

Во Кавадарци викендов ќе се одржи предновогодишен саем на мали тиквешки семејни винарии кое се организира од страна на истоименото здружение. На саемот ќе присуствуваат над 35 мали винарии, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат и дегустират над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од четири производители. Организаторите велат дека цел на настанот е да ги поттикнат Македонците да купуваат производи од малите винарии. Оние кои ќе го посетат саемот, како што посочуваат, ќе имаат можност да се уверат во одличниот квалитет кој го нудат винариите, а на таков начин ќе го разгласат фактот дека во државава има квалитетно вино кое го произведуваат малите тиквешки винарии. Поголемиот дел од винариите-изложувачи имаат освоено многубројни награди и признанија на престижни светски саеми, а тоа укажува на фактот дека малите семејни винарии се новите амбасадори промотери на македонското вино ширум светот, оценуваат организаторите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-na-mali-tikveshki-semejni-vinarii/feed/ 0
Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет – можности за соработка меѓу компаниите и студентите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-za-praksa-i-vrabotuvanje-na-mashinskiot-fakultet-moznosti-za-sorabotka-megju-kompaniite-i-studentite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-za-praksa-i-vrabotuvanje-na-mashinskiot-fakultet-moznosti-za-sorabotka-megju-kompaniite-i-studentite/#respond Mon, 31 Oct 2022 15:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=753339

НУ Центар за култура-Битола од денеска до 4 ноември е домаќин на фестивалот „Мала школа за краток филм“ чие прво издание пред 18 години се одржа во Нанси, Франција. Организатор на фестивалот е Здружението „Aye Aye“ од Нанси кое 18 години организира фестивал за ученици од основни училишта во кој, како што информираат, се вклучуваат илјада деца во Нанси и 192 деца во Везелис. Оваа година јавноста ќе гледа француски дела, но и од Германија, Јужна Кореја, Шпанија, Естонија, Италија, Јапонија, Мексико, Чешка, Швајцарија и од Иран. Тематски теми прилагодени на возраста на јавноста, теми кои зборуваат за неа, но и од бајките, во сите случаи фестивалски сесии кои ја раздвижуваат и воодушевуваат публиката. На крајот од секоја сесија, децата гласаат за нивниот омилен краток филм. Филмот со најмногу гласови ќе ја добие наградата на публиката, доделена на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, соопштија домаќините во пресрет на вечерашното отворање на фестивалот во Битола. Проекции во Битола и околните села ќе се одвиваат до 4 ноември, а завршува на 2 декември во францускиот град Нанси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-za-praksa-i-vrabotuvanje-na-mashinskiot-fakultet-moznosti-za-sorabotka-megju-kompaniite-i-studentite/feed/ 0
Умирањето од коронавирус во болница и не е така тешко: Луди Срби со музика и алкохол му пркосат на вирусот од кој се заболени (ХИТ ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/umiranjeto-od-koronavirus-vo-bolnica-i-ne-e-taka-teshko-ludi-srbi-so-muzika-i-alkohol-mu-prkosat-na-virusot-od-koj-se-zaboleni-hit-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/umiranjeto-od-koronavirus-vo-bolnica-i-ne-e-taka-teshko-ludi-srbi-so-muzika-i-alkohol-mu-prkosat-na-virusot-od-koj-se-zaboleni-hit-video/#respond Mon, 06 Apr 2020 08:48:15 +0000 https://kurir.mk/?p=327963

Србија веќе со денови презема сериозни мерки околу справувањето со коронавирусот во нивната земја. Од неодамна сите заразени пациенти се сместуваат во хала на саемот во Белград, а атмосферата таму ниту најмалку наликува на болница и пациенти заразени со коронавирус. Српските медиуми пишуваат дека „умирањето од овој смртоносен вирус“ и не е така тешко според она што речиси целиот регион го гледа овие денови. Имено група на млади пациенти кои се сместени таму се одлучиле да се позабавуваат и да заборават на вирусот кој го носат во себе. Сето тоа секако со музика и алкохол, погледнете. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/umiranjeto-od-koronavirus-vo-bolnica-i-ne-e-taka-teshko-ludi-srbi-so-muzika-i-alkohol-mu-prkosat-na-virusot-od-koj-se-zaboleni-hit-video/feed/ 0
Седми Саем на домашно вино во Општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sedmi-saem-na-domashno-vino-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sedmi-saem-na-domashno-vino-vo-opshtina-ilinden/#respond Fri, 14 Feb 2020 06:42:21 +0000 https://kurir.mk/?p=303753

Традиционалниот Саем на домашно вино денеска по седми пат ќе се одржи во населеното место Ајватовци, Општина Илинден, во рамките на одбележувањето на големиот верски празник и празник на лозарите – Свети Трифун. Како што информираат организаторите, на овој своевиден вински фестивал на којшто ќе учествуваат повеќемина винопроизводители од Општина Илинден ќе биде извршен избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин. Изборот ќе го извршат членовите на „Вински витези“ од Македонија – здружение коешто се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура. Свеченоста ќе почне во 8:00 часот со божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, потоа ќе следува симболично закројување на лозовите насади, со што ќе биде означен почетокот на годинашниот Саем на домашно вино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sedmi-saem-na-domashno-vino-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
Срамота во Германија: Бујрум на „северномакедонски“ бурек од Кадино! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-vo-germanija-bujrum-na-severnomakedonski-burek-od-kadino-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-vo-germanija-bujrum-na-severnomakedonski-burek-od-kadino-video/#respond Tue, 21 Jan 2020 12:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=292705

Поразувачки е кога Македонец кој отишол на саем за храна да го изеде сопствениот срам, како што тоа му се случило на нашинецот Зоран Стефановски во Германија. – Ме изеде туѓиот срам, пишува Стефановски во својот, како што нагласува, долг пост на Фејсбук. Придавката не е „македонски“ туку „северномакедонски“ бурек од Кадино, кој бил единствениот репрезент на Македонија на големиот саем за храна во Германија, каде што е претставена храна и прехрамбена индустрија од целиот свет. На македонските трпези, кога ни беше менувано името на државата, домашниве готвачи не убедуваа дека е забетонирано Македонија и македонски, дека нема шанса да голтаме „северномакедонски“, но… За да биде срамот уште поголем, покрај придавката и „северномакедонскиот“ бурек од Кадино, може да се видат и далеку порепрезентативни штандови на земји и од Африка, кои во Македонија се уште се користат како репер за ниско ниво на развој во секој поглед, пишува Македонецот од Германија. Да не ја пишеле таа глупост, можеби и некој нашинец ќе им седнел на штандот, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи. Вака, штандот зјаел празен. Северната направија, очигледно, не е ни по вкусот на Германците, кои повеќе ги сакаат јужните предели. Видеото од „северномакедонскиот“ срам со бурек од Кадино видете го на следниот линк на ФБ: https://www.facebook.com/watch/?v=1589862211151812]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-vo-germanija-bujrum-na-severnomakedonski-burek-od-kadino-video/feed/ 0
ВИДЕО: Автомобил се истумба на денешните трки кај Скопски Саем https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-avtomobil-se-istumba-na-deneshnite-trki-kaj-skopski-saem/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-avtomobil-se-istumba-na-deneshnite-trki-kaj-skopski-saem/#respond Sat, 17 Nov 2018 17:04:36 +0000 https://kurir.mk/?p=129018

Натпреварувачот во автомобилските трки денеска, Мики Тодоров доживеа несреќа, откако со неговиот автомобил се истумба, удирајќи се во една од безбедносните гуми. На трката учествуваа околу 30 натпреварувачи, а според информациите, Тодоров се наоѓа во добра здравствена состојба.  

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-avtomobil-se-istumba-na-deneshnite-trki-kaj-skopski-saem/feed/ 0
Саем на органска храна во струшко https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/saem-na-organska-hrana-vo-strushko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/saem-na-organska-hrana-vo-strushko/#respond Sun, 21 Oct 2018 10:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=117722

Земјоделци, пчелари и туристички работници од руралните средини во струшко ги претставија своите производи во Вевчани на саемот за органска храна „Органско на нива, традиционално на трпеза“. Саемот е дел од проектот „Органска фарма – Рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и одржлив економски рурален развој”, имплементиран од здружение Креативен центар „Рурбанкулт-Струга“ и Здружение на пчелари „Матица 2012“. Саемот, како што истакна координаторката на проектот Зора Кленкоска, го промовираше локалното органско производство на здрава храна и нејзината понуда како традиционален рурален туристички производ, односно фармерскиот туризам, кој автентично го доловува или исполнува пакетот туристички услуги во руралната средина. – Акцентот се става на стимулирање на развојот и зголемувањето на земјоделското производството на локалната здрава храна и нејзина примена во функција на руралната туристичка понуда. Настанот ја презентираше кохезијата на формите на рурални дејности, кои најчесто се одвиваат како интегрирани активности и можноста со нивното поврзување во географски подрачја да претставува потенцијално остварување на приходи, посочи Кленкоска. Крајната цел, додаде, е поврзување на  чинителите на руралните средини и нивна меѓусебна соработка од заеднички интерес, интегрирано дејствување во бизнис сферата, зголемување на сопствените приходи, а со тоа зголемување и на економскиот одржлив развој на руралните заедници. За производството, доработка и преработка на органска храна говореше Горан Колев, земјоделски инжињер, експерт за органска храна со сертификат од сертификационото тело на ПРО ЦЕРТ. Настанот, каде покрја посетители од Струга и струшко имаше и гости од дебарско, охридско и кавадаречко заврши со дегустација на вкусните традиционални специјалитети  од локална органска храна,подготвени од локалните угостителски мајстори. Проектот  „Органска фарма – Рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и одржлив економски рурален развој”,  е поддржан во рамки на програмата за мали грантови на проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население“, спроведуван од ЦНВП, МРР на РМ и АкРРа, финансиран од Европска унија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/saem-na-organska-hrana-vo-strushko/feed/ 0