сахаров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 06:36:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сахаров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европарламентот ќе ги соопшти добитниците на наградата „Сахаров“ за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-ke-gi-soopshti-dobitnitsite-na-nagradata-saharov-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-ke-gi-soopshti-dobitnitsite-na-nagradata-saharov-za-2023-godina/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=890580

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на денешното продолжение на овонеделната пленарната седница ќе ги објави лауреатите на награда за слобода на мислата „Сахаров“ за 2023 година. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одлуката за овогодишните добитници на наградата ја донесе Конференцијата на претседатели на Парламентот, што ја сочинуваат Мецола и лидерите на пратеничките групи во ЕП меѓу финалистите избрани од страна на комисиите за надворешни работи и за развој, врз основа на предложената листа на номинирани кандидати. Право на номинирање на кандидати за наградата „Сахаров“ имаат пратеничките групи во Европарламентот или најмалку 40 европратеници. Овогодишни финалисти се активистките за правата на жените од Иран, двајца борци за човекови права од Никарагва и застапнички за легализација на абортусот од Полска, Салвадор и САД. Првите кандидати за наградата „Сахаров“ се починатата 22-годишна Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран. Иранската активистка за женски права Амини беше уапсена и претепана од припадници на т.н. „морална полиција“ при нејзината посета на Техеран во септември 2022 година, затоа што „го носела хиџабот на неправилен начин“. Таа почина неколку дена подоцна, што предизвика масовни протести во Иран предводени од жени под слоганот „Жена, живот, слобода“. Демонстрантите протестираа против Законот за хиџаб и другите законски акти со кои се дискриминираат жените во Иран. Вторите овогодишни финалисти се Вилма Нуњез де Ескорсија и бискупот Роландо Хозе Алварез Лагос од Никарагва. Нуњез со децении се бори за заштита на човековите права во Никарагва, но и покрај прогонот таа останува во својата земја и продолжува со борбата за своите идеали. Бискупот од Матагалпа, Роландо Алварез е еден од водечките критичари на никарагванскиот претседател Даниел Ортега. Во февруари 2023 година, откако одби да ја напушти Никарагва, тој беше осуден на 26 години затвор и е под закана за одземање на државјанството. Последните кандидатки за наградата „Сахаров“ се три жени кои се борат за бесплатен, безбеден и легален абортус во Полска, Салвадор и САД. Првата од нив е полската активистка за заштита на правата на жените и членка на организацијата „Дрим тим за абортус“, Јустина Видрињска, која беше осудена на осум месеци општествено корисна работа затоа што и помогнала на една жена да абортира, втората е феминистката и социјална активистка Морена Херера, која се залага за безбеден и легален абортус во Салвадор, додека третата е американската акушерка Колин Мекниколас, која е застапник и промотер на репродуктивното здравје во САД. Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ ја доделува Европскиот парламент секоја година од 1988-та на поединци или организации кои ги штитат човековите права и основните слободи. Таа е именувана по советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров и нејзиниот паричен надомест изнесува 50.000 евра. Инаку, покрај избраните финалисти за овогодишната награда „Сахаров“ беа номинирани и технолошкиот магнат и сопственик на „СпејсИкс“, „Тесла“ и „Х Корп“ (поранешен „Твитер“), Илон Маск, еколошката активистка од Уганда, Ванеса Накате и поранешната грузиска јавна правобранителка Нино Ломжарија. Минатата година наградата „Сахаров“ му беше доделена на украинскиот народ, а меѓу досегашните нејзини лауреати се и Нелсон Мандела, Малала Јусафзаи, Кофи Анан, Александар Дупчек, Алексеј Навални, Ибрахим Ругова, Обединетите нации, организацијата Репортери без граници и демократските опозиции во Белорусија и Венецуела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evroparlamentot-ke-gi-soopshti-dobitnitsite-na-nagradata-saharov-za-2023-godina/feed/ 0
Наградата „Сахаров“ врачена на украинскиот режисер Олег Сенцов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagradata-saharov-vrachena-na-ukrainskiot-reziser-oleg-sencov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagradata-saharov-vrachena-na-ukrainskiot-reziser-oleg-sencov/#respond Wed, 12 Dec 2018 19:41:56 +0000 https://kurir.mk/?p=139445

Не е важно како некој живеел или како ќе умре, туку каква кауза има, изјави украинскиот режисер Олег Сенцов, кој  се наоѓа во руски затвор, во текст што неговата братучетка Наталија Каплан го прочита на церемонијата на доделувањето на наградата на Европскиот парламент за слобода на мислата „Сахаров“ во Стразбур. – Современиците не се секогаш правични, но историјата е, и секој го добива местото и името што му е дадено, наведува режисерот во пораката. Тој му оддава почит на Андреј Сахаров, истакната личност меѓу дисидентите од советската ера, по кого е именувана наградата. – За да го поврзам моето име со неговото е голема чест за мене. Се надевам дека ќе имам повеќе време да направам нешто за да почувствувам дека ја заслужив таа награда, додава Сенцов. Украинскиот режисер Олег Сенцов (42), во 2015 година беше осуден на 20 години затвор во Русија, за тероризам. Тој е еден од најгласните критичари на нелегалната анексија на Крим од страна на Русија. Сенцов 145 денови штрајкуваше со глад. Украинскиот режисер ќе добие и 50.000 евра за неговиот придонес во борбата за човекови права. За наградата „Сахаров“ годинава беа номинирани организациите кои ги спасуваат мигрантите на море и мароканскиот активист Насер Зефзафи. Наградата „Сахаров“ ја доделува ЕП секоја година на најзаслужното лице или организација во областа на заштита на човековите права и слободата на изразување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagradata-saharov-vrachena-na-ukrainskiot-reziser-oleg-sencov/feed/ 0