сајбер безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Dec 2022 16:17:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сајбер безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грковска-Јан Коп: Исклучително важно е Северна Македонија да ја зајакне сајбер безбедноста и сајбер отпорноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-jan-kop-iskluchitelno-vazno-e-severna-makedonija-da-ja-zajakne-sajber-bezbednosta-i-sajber-otpornosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-jan-kop-iskluchitelno-vazno-e-severna-makedonija-da-ja-zajakne-sajber-bezbednosta-i-sajber-otpornosta/#respond Thu, 15 Dec 2022 16:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=776203

Заменичката на претседателот на Владата, задолжена за политики и добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, на која дискутирале за сајбер безбедноста во земјава и приклучувањето на земјава кон GFCE- глобалниот форум за сајбер експертиза, информираат од Влада. На состанокот, како што информираат, Грковска ги поздравила активностите на Кралството Холандија за градење на силна мрежа за сајбер безбедност, и се заблагодарила за поканата на холандската амбасада, Северна Македонија да се приклучи кон GFCE- глобалниот форум за сајбер експертиза. За време на средбата, Грковска посочила дека Владата со сите министерства и институции посветени на сајбер безбедноста, ќе се вклучат во работните групи на GFCE и ќе бидат претставени можностите на оваа мрежа пред компаниите во Северна Македонија кои работат на оваа тема. -Сајбер безбедноста е клучен елемент во одбраната на секоја држава и од исклучително значење за Република Северна Македонија е зајакнување на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста, и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на сајбер безбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од сајбер напади, се додава во соопштението од Владата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grkovska-jan-kop-iskluchitelno-vazno-e-severna-makedonija-da-ja-zajakne-sajber-bezbednosta-i-sajber-otpornosta/feed/ 0
АСО организираше обука со која активно се приклучи во одбележување на европскиот месец за сајбер безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-organizirashe-obuka-so-koja-aktivno-se-prikluchi-vo-odbelezuvanje-na-evropskiot-mesec-za-sajber-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-organizirashe-obuka-so-koja-aktivno-se-prikluchi-vo-odbelezuvanje-na-evropskiot-mesec-za-sajber-bezbednost/#respond Mon, 31 Oct 2022 08:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=752977

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) активно се вклучи во одбележувањето на месецот на сајбер безбедноста, организирајки обука за подигнување на свеста на своите вработени за оваа актуелна тема од дигиталната сфера. European Union Agency for cybersecurity (ENISA) го прогласи октомври за месец на сајбер безбедност. Секоја година во октомври, ширум Европа и светот, се организираат голем број на настани од различен вид, со цел да се подигне нивото на сајбер безбедноста. Дводневната обука ја спроведе компанијата „Сигмоид“, која работи на полето на информациската безбедност за домашни и странски клиенти. Вработените на интерактивен начин се запознаа со основните поими на сајбер безбедноста, научија како да препознаат одредени напади и што да направат во таков случај, како да учествуваат во управувањето со информациската безбедност итн. Воедно, на обуката беа презентирани и активностите на АСО кон осигурителната индустрија. Имено, веќе втора година друштвата од осигурителната индустрија организираат и спроведуваат обуки за своите вработени за сајбер безбедност, почитувајки ги одредбите од Правилникот за минималните стандарди на информациските системи на друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва и друштвата за застапување во осигурување. Повратните информации до АСО покажуваат дека овие обуки дале позитивен резултат и дека вработените во осигурителната индустрија имаат подобра перцепција за улогата и значењето на сајбер безбедноста. АСО и во иднина ќе продолжи со активности за подобрување на сајбер безбедноста како за вработените во регулаторното тело така и во компаниите претставници на осурителната индустрија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-organizirashe-obuka-so-koja-aktivno-se-prikluchi-vo-odbelezuvanje-na-evropskiot-mesec-za-sajber-bezbednost/feed/ 0
Обука за сајбер безбедност за ученици, наставници и родители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obuka-za-sajber-bezbednost-za-uchenici-nastavnici-i-roditeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obuka-za-sajber-bezbednost-za-uchenici-nastavnici-i-roditeli/#respond Thu, 21 Nov 2019 06:37:54 +0000 https://kurir.mk/?p=266926

Еднодневна обука за сајбер безбедност за ученици, наставен кадар и родители, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование и наука, мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата Метаморфозис. На обуката најавено е обраќање на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерот за образование и наука Арбер Адеми, директорот на Фондацијата Метаморфозис Бардил Јашари и Клеменс Која, амбасадор на ОБСЕ Мисијата во Скопје. Целта на обуката е да се подигне свеста за ризиците во сајбер просторот, како и одговорностите на родителите, образовните институции и органите на државната управа при справување со сајбер инциденти кај учениците од основно образование.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obuka-za-sajber-bezbednost-za-uchenici-nastavnici-i-roditeli/feed/ 0