сакам да работам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 12:24:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сакам да работам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Соопштение од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/soopshtenie-od-zdruzhenieto-na-vraboteni-vo-sektorot-igri-na-sreka-sakam-da-rabotam/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/soopshtenie-od-zdruzhenieto-na-vraboteni-vo-sektorot-igri-na-sreka-sakam-da-rabotam/#respond Fri, 20 Oct 2023 12:24:54 +0000 https://kurir.mk/?p=891250

Во врска со денешната панел дискусија на тема „Негативното влијание на казината и коцкањето со семејството и соочување со оваа девијантна појава“, во интерес на објективна и непристрасна дебата, сметаме дека е неопходно да ги поставиме следните прашања: Зарем за една политичка партија во услови на инфлација, ценовни шокови, потреси во јавното здравство, секојдневно иселување, глобални воени судири со невидени последици, приоритет е да остави 10 илјади вработени во секторот игри на среќа на улица? Зошто не повикавте наши претставници да го слушнете и нашиот глас? Зошто не викнете експерти кои стручно ќе ви презентираат факти и аргументи дека зависностите не се стекнуваат преку очи, туку се последица на социјални потреси и нарушени семејни околности? Зошто не викнете претставници на Асоцијациите да ви кажат колку вложуваат во кампањи и проекти за заштита и унапредување на младината? И кога веќе заговарате затворање на легалните игри на среќа по примерот на Косово, одговорете: Колку државјани на Косово дневно доаѓаат да играат во Тетово и цела Македонија? Колку играчници на црно има на Косово? Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа и со кое образложение Албанскиот премиер Еди Рама ја објави одлуката на неговата Влада? Зошто во сите западни земји, во чие друштво сакаме да бидеме, има организирани и легални игри среќа? Зарем членките на ЕУ се девијантни општества штом имаат организирани игри на среќа? Кога младината е заштитена повеќе, денес кога игрите на среќа се легални или кога ќе се игра по подруми како во минатото? Без одговор на овие прашања нема дискусија, туку предизборен популизам. Во демократски општество има дебата, во која се соочуваат аргументите. Жалиме што не можете да увидите дека предлогот за затворање на легалните игри на среќа е всушност залагање за беззаконие и хаос со играње на црно, без контрола на државата и без буџетски приходи. Доволно е да се потсетите на аферата „Детонатор“, кога во 2011 беа запленети нелегално поставени 1500 покер апарати. Конечно, уште еднаш да потенцираме. Ние немаме и не сакаме да имаме никаква врска со политика. Нам таму не ни е местото. Ќе се бориме со сите демократски средства против неправдата. Нема да дозволиме да станеме жртви на дневно-политичките пресметки, стои во сооштението од Здружение на вработени во сектор игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/soopshtenie-od-zdruzhenieto-na-vraboteni-vo-sektorot-igri-na-sreka-sakam-da-rabotam/feed/ 0
„САКАМ ДА РАБОТАМ“ до пратениците: Измените на Законот за игри на среќа значат егзодус на 35 илјади луѓе од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/#respond Mon, 16 Oct 2023 13:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=889382

Не постои ниту едно логично објаснување зошто по секоја цена се туркаат скандалозни и противуставни измени на Законот за игрите на среќа и забавни игри, пишува во отвореното писмо на здружението на вработени во сектор игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ до пратениците од Комисијата за европски прашања, каде на дневен ред денеска се измените на Законот за игри на среќа. Од здружението велат дека во услови на инфлација, растечка сиромаштија, ценовни шокови, непрекинато иселување на работно способно население, да се усвојуваат решенија кои ќе остават на улица 10 илјади вработени, е надвор од секаква здраворазумска логика, посочувајќи дека сето ова се прави со злоупотреба на ЕУ знаме. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ во своето писмо до пратениците сликовито, преку лични сведоштва објаснува зошто тие не треба да донесат погрешна и крајно штетна одлука. „Конкурираш на јавен оглас на компанија која од владата на предлог министерството за финансии и е издадена лиценца за организирање посебен вид игри на среќа. Дел од овие компании се странски инвеститори, светски корпорации во оваа индустрија. Тоа влева сигурност и самодоверба дека ако те примат ќе добиеш сигурна работа. Во ова време тоа е реткост. Менаџментот те испраќа на платена обука, бидејќи не можеш да потпишеш договор за работа на неопределено време се додека не си подготвен да ги исполниш строгите стандарди за професионалност при извршување на работните задачи. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7. Добиваш финансиска сигурност. Основаш семејство, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, кола, си го планираш животот бидејќи веруваш дека имаш финансиска сигурност и без проблем ќе ги плаќаш ратите. Одеднаш, Владата која издала лиценца за работа, му предлага на Собранието да усвои законски измени заради кои компанијата ќе биде принудена да стави клуч на врата. Странските инвеститори да си одат од земјата. Загрижените лица на менаџерите дополнително те вознемируваат. Закуподавецот на објектот каде работиш станува нервозен бидејќи договорот за закуп ќе мора предвреме да му биде раскинат. Те фаќа несоница од помислата дека ќе останеш без работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Ќе стане хаос. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со горчина во душата почнуваш да го подготвуваш семејството дека можеби ќе нема друг избор освен да се иселите од сопствената земја.“ – се вели во отвореното писмо на „САКАМ ДА РАБОТАМ“. Од здружението посочуваат дека се разочарани и гневни што надлежните државни институции никогаш не застанале во одбрана на нивното достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. „Гласањето на овие законски измени е глас ЗА егзодус на дополнителни 35 илјади луѓе, кои ќе бидат присилени да си заминат од Македонија. Не сакаме да веруваме дека било кој од Вас може мирно да спие откако кренал рака за да нанесе ваква неправда. Никој од Вас не е избран на избори за да отпушта вработени туку да решава проблеми.“- велат од здружението на вработени во сектор игри на среќа. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ испрати сериозен апел до пратениците и Владата предупредувајќи да ги повлечат скандалозните и противуставни измени пред да стане предоцна. Здружението испрати порака дека до последно, со сите демократски средства ќе се борат против неправдата која овој предлог Закон може да им ја нанесе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/feed/ 0
„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-partiite-vashite-kampani-protiv-igrite-na-sreka-se-protiv-10-iljadi-vraboteni-koi-mozhebi-zaedno-so-svoite-semejstva-na-izbori-glasale-i-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-partiite-vashite-kampani-protiv-igrite-na-sreka-se-protiv-10-iljadi-vraboteni-koi-mozhebi-zaedno-so-svoite-semejstva-na-izbori-glasale-i-za-vas/#respond Mon, 02 Oct 2023 12:28:46 +0000 https://kurir.mk/?p=884249

Земајќи предвид дека како што наближуваат избори, политичките партии почнуваат да се борат за нови гласови, притоа занимавајќи се и со игрите на среќа, сметаме дека како Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, треба да го истакнеме следното: Игрите на среќа во Македонија се изведуваат согласно позитивните законски прописи, претставуваат една од внатрешно најстрого регулираните економски дејности споредено со сите земји на Балканскиот полуостров. Приредувачите на игри на среќа вработуваат 10 илјади луѓе, што вкупно ги прави најголем приватен работодавец во државата. Во државниот Буџет секоја година се слеваат 280 милиони евра по основ на даноци и друг тип на давачки. Истовремено, околу 54 илјади луѓе директно, а околу 100 илјади луѓе вработени во други дејности, остваруваат бенефит од индустријата игри на среќа. За негативните чувства кон обложувалниците, автомат клубовите и казината, меѓу другото се виновни и политичките партии. Иако гласаат закони кои ја регулираат оваа дејност, не се воздржуваат да дадат свој придонес во обвинувањата дека од игрите на среќа е најзагрозена младината, тогаш кога ваквите критики сметаат дека ќе им носат гласови. Фактите и социолошките науки упатуваат дека младите својот потенцијал за зависност го создаваат многу повеќе од семејните прилики отколку од рекламите. Доколку се точни тврдењата дека излозите на објектите за приредување игри на среќа ги привлекуваат младите и треба да се затворат, тогаш по истата логиката треба да се затворат сите тобака, ресторани, кафулиња, бидејќи им создаваат зависност од алкохол и никотин. Едноставно, вистината е дека на ниту еден приредувач на игри на среќа не му е во економски интерес да има невработени посетители. Истовремено, сите истражувања укажуваат дека интернет игрите на среќа се поголем потенцијален ризик за младината заради полесната достапност. Учениците најмногу користат интернет и времето го минуваат на мобилни телефони. Затоа воопшто не ни е јасно зошто Државната лотарија влегува во една ваква авантура да организира интернет игри на среќа. Нападите кон игрите на среќа се напади кон 10 илјади луѓе, кои можеби заедно со нивните семејства се и гласачи на одредени политички партии. Лесно е заради популизам една или повеќе политички партии да ветуваат дека ќе ги затворат игрите на среќа, но погледнете ги примерите од опкружувањето. Во октомври лани, албанската Влада соопшти дека после четири годишната забрана ги враќа игрите на среќа. Образложението на нивниот премиер е дека после забраната, игрите на среќа во Албанија почнале да се одвиваат на црно и дека повторното отворање на индустријата значително ќе и помогне на албанската економија. И во Грција беа забранети на игрите на среќа. Кога грчките власти видоа дека меѓу 3 до 5 илјади Грци само во еден ден играат во Гевгелија, во 2018 поставија 36 илјади апарати за игри на среќа за да спречат одлив на финансиски средства надвор од државата. А ако сакаме да зборуваме за Европски трендови, погледнете што се случи на почетокот на годината во Лихтенштајн. На 29 јануари, 72 проценти од жителите на Лихтенштајн на референдум со гласање „против“ ја отфрлија иницијативата за затворање на казината во Кнежевството. Конечно, здружението на вработени во игри на среќа „Сакам да работам“ апелира до сите политички партии да се воздржуваат од злоупотребата на секторот игри на среќа во нивните дневно политички пресметки. Крајно време е да се земат предвид исклучително тешките последици кои можат да се предизвикаат. Секое погрешно законско решение ќе не принуди нас вработените кога ќе останеме без работа, да си го бараме чарето на запад, каде повторно ќе работиме во истата дејност. Државата ќе остане годишно без 280 милиони евра приходи во Буџетот и ќе треба да се занимава со игри на среќа кои ќе се одвиваат на црно, без лиценци и без никаква државна контрола. Не заборавајте, дека меѓу нас има и родители на малолетни деца, кои никогаш нема да прифатат дека работат во дејност која може ним да им наштети. Подготвени сме за вистината и правдата да се бориме со сите демократски средства кои ни стојат на располагање, вклучително и протести. Нема да дозволиме да бидеме земени за поткусурување во партиските кампањи. Политичките партии мора да разберат дека со досегашниот пристап кон игрите на среќа, работат и против себе и против домашната економија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-partiite-vashite-kampani-protiv-igrite-na-sreka-se-protiv-10-iljadi-vraboteni-koi-mozhebi-zaedno-so-svoite-semejstva-na-izbori-glasale-i-za-vas/feed/ 0
„САКАМ ДА РАБОТАМ“ ДО „АНТИКОЦКАЊЕ“: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности? https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sakam-da-rabotam-do-antikotskane-10-iljadi-semejstva-si-ja-branat-chesnata-i-legalna-egzistentsija-kazhete-i-na-javnosta-chij-maten-biznis-interes-se-krie-zad-vashite-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sakam-da-rabotam-do-antikotskane-10-iljadi-semejstva-si-ja-branat-chesnata-i-legalna-egzistentsija-kazhete-i-na-javnosta-chij-maten-biznis-interes-se-krie-zad-vashite-aktivnosti/#respond Fri, 17 Mar 2023 12:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=813181

Продолжуваат нервозните реакции на дежурните критичари на игрите на среќа кои очигледно се активираат по потреба со далечинско управување. Немаат аргументи, се служат со навреди, невистини, измислени информации и приземен речник. Згора на се’ му наштетувааат на меѓународниот углед на државата, влегувајќи во конфликт со амбасадори од ЕУ. Разнишани се, бидејќи јавноста знае дека одработуваат за некој кој е во заднина и има за цел да си ги оствари своите бизнис интереси. Еве ги 12-те конкретни прашања за кои јавноста се’ уште од нив нема одговори: Дали и колку финансиски средства примиле во готово? По чиј налог се обидуваат да манипулираат со родителите на учениците? Колку чини и кој ги покрива трошоците за дизајнот и изработката на претходните пропагандни материјали и овие последните за герила маркетинг? Дали одработуваат да се затвори легален бизнис за некој да печали од интернет игри на среќа и играчници на црно, без контрола од државата? Дали така учениците ќе бидат во поголем или помал ризик? Кој ќе понесе одговорност за штетата што ќе следи? Зошто сакаат да остават 10 илјади луѓе без своите работни места? Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа? Дали е точно дека за време на четири годишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Ја слушнале ли изјавата на албанскиот премиер Еди Рама на оваа тема? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде според нив припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или нечие друго друштво? Бидејќи денес, тргнувајќи од нивната улога на пиони, изнесуваат невистинито тврдење дека сме злоупотребени, еве им уште ново, 13-то прашање: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности? Уште еднаш повторуваме, се додека невистинито се претставуваат како наводни непрофитни активисти и не даваат конкретни одговори на многу конкретни прашања, за нас наместо движење „Антикоцкање“ ќе бидат Група која се залага „ЗА КОЦКАЊЕ НА ЦРНО“! ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА САКАМ ДА РАБОТАМ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sakam-da-rabotam-do-antikotskane-10-iljadi-semejstva-si-ja-branat-chesnata-i-legalna-egzistentsija-kazhete-i-na-javnosta-chij-maten-biznis-interes-se-krie-zad-vashite-aktivnosti/feed/ 0
Реакција на Здружението на вработени во сектор игри на среќа “САКАМ ДА РАБОТАМ“: НЕ МАНИПУЛИРАЈТЕ СО ГРАЃАНИТЕ, ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ПРИМЕРОТ СО АЛБАНИЈА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-zdruzenieto-na-vraboteni-vo-sektor-igri-na-srekja-sakam-da-rabotam-ne-manipulirajte-so-gragjanite-poglednete-go-primerot-so-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-zdruzenieto-na-vraboteni-vo-sektor-igri-na-srekja-sakam-da-rabotam-ne-manipulirajte-so-gragjanite-poglednete-go-primerot-so-albanija/#respond Wed, 14 Dec 2022 14:46:53 +0000 https://kurir.mk/?p=775567

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ одамна изразува сомневања за вистинската улога на неформалното Движење „Антикоцкање“ од Тетово. Секоја нивна иницијатива е деструктивна и има за цел да предизвика штети по државниот Буџет. Во услови на финансиска неизвесност и економска криза од цените на струјата и енергенсите низ цела Европа, додека многу домашни компании се борат за гол опстанок ова наводно движење тера кампања за отпуштање на речиси 10 илјади вработени и уништување на цела економска гранка која на годишно ниво обезбедува 280 милиони евра приходи во државниот Буџет, реагираат од Здружението на вработени во сектор игри на среќа “САКАМ ДА РАБОТАМ“ на иницијативата на Антикоцкање од Тетово за локален референдум. Крајно време е господата кои во името на „Антикоцкање“ конечно да кажат чии интереси штитат и што е нивната крајна цел? Дали одработуваат за нечиј план и сценарио за нелегално заработка од игри на среќа кои би се организирале на црно, без никаков приход за државата? Дали вистинската цел на референдумот е да се затвори легален бизнис за да некој печали од диви играчници кои ќе работат на црно? Се повторува ли нов „Детонатор“, познатиот скандал од 2011, кога полицијата заплени околу 1 500 диво поставени покер апарати во нелегални коцкарници? Наместо да сеат магла и да манипулираат со етничките и верски чувства на граѓаните, сите противници на игрите на среќа во Северна Македонија нека објаснат зошто после четири години од забраната, Албанската Влада се пишмани и повторно дозволи да се организираат игри на среќа. Клучниот аргумент на Албанскиот Премиер е дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ нема да дозволи некој да си поигрува со судбината на 10 илјади семејства заради политички, лични и бизнис интереси. Подготвени да си го браниме нашето уставно право на работен однос со масовни протести пред сите надлежни институции. Ние не сме и нема да бидеме нечија монета за поткусурување!, велат од Здружението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-zdruzenieto-na-vraboteni-vo-sektor-igri-na-srekja-sakam-da-rabotam-ne-manipulirajte-so-gragjanite-poglednete-go-primerot-so-albanija/feed/ 0