сала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Aug 2022 17:59:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОН вложи речиси 24 милиони денари за нова спортска сала во „Наим Фрашери“ – Студеничани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-vlozi-rechisi-24-milioni-denari-za-nova-sportska-sala-vo-naim-frasheri-studenichani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-vlozi-rechisi-24-milioni-denari-za-nova-sportska-sala-vo-naim-frasheri-studenichani/#respond Thu, 04 Aug 2022 17:59:40 +0000 https://kurir.mk/?p=714225

Министерот за образование Јетон Шаќири денеска беше во посета на Општина Студеничани која доби нова училишна спортска сала во село Морани, а се работи и на новото основно училиште во населеното место Љубош. Двете капитални инвестиции ги реализира Министерството за образование и наука, за што се одвоени над 70 милиони денари од државниот буџет. Mинистерот за образование и наука Јетон Шаќири, потенцираше дека во последните неколку години Студеничани значително се урбанизира од сите можни аспекти, а особено инфраструктурно, за што голема заслуга има и раководството на локалната самоуправа, но и Владата на Република Северна Македонија која води политика на подеднаков третман на сите региони и општини, со единствена цел – да се подобри стандардот и квалитетот на живот на граѓаните. „Денес Морани добива нова спортска сала, современ објект во склоп на основното училиште „Наим Фрашери“ во кој вложивме речиси 24 милиони денари. Најзадоволни ќе бидат учениците од ова училиште кои од септември конечно ќе можат достоинствено да ги реализираат часовите по предметот физичко образование, онака како што доликува. Спортската сала е опремена со реквизити за одбојка, ракомет, мал фудбал, кошарка, пинг понг и гимнастика, додека објектот е целосно енергетски ефикасен и ги задоволува сите стандарди дури и за професионални натпревари по спортовите кои ги споменав“, рече Шаќири Министерот посака спортската сала да се користи што повеќе и да биде место од каде ќе произлезат многу нови спортисти, репрезентативци, но најважно е, како што рече, да биде место од каде ќе произлегуваат многу нови, здрави генерации кои ќе бидат правилно насочени – кон спорт, наместо кон пороци. За новото училиште кое се гради во селото Батинци, поточно во населеното место Љубош и ќе функционира како подрачно на ОУ „Алија Авдовиќ“, МОН одвои над 47 милиони денари. „Овој дел од општината навистина имаше потреба од училиште. Досега дечињата од тука, кои се многу на број, секојдневно патуваа за да учат во други објекти, но  повеќе нема да биде така. Тие ќе си учат во близина на нивното место на живеење и тоа во навистина модерен објект“, рече Шаќири. Честитајќи им на граѓаните на Студеничани за двете капитални инвестиции, рече дека во иднина во оваа општина ќе има уште повеќе и уште поголеми инвестиции кои ќе направат тие да бидат позадоволни, а со тоа и помотивирани своето знаење и труд да ги вложуваат во местото и државата каде живеат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-vlozi-rechisi-24-milioni-denari-za-nova-sportska-sala-vo-naim-frasheri-studenichani/feed/ 0
Видео од породилна сала стана хит на социјалните мрежи, на идниот татко не му било многу интересно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-od-porodilna-sala-stana-hit-na-socijalnite-mrezi-na-idniot-tatko-ne-mu-bilo-mnogu-interesno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-od-porodilna-sala-stana-hit-na-socijalnite-mrezi-na-idniot-tatko-ne-mu-bilo-mnogu-interesno/#respond Fri, 22 Jul 2022 06:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=708698

Болката во текот на породувањето се смета за една од најсилните болни реакции. Жените ги издржуваат маките по кои доаѓа најголемата среќа на светот, а прашање е како мажите би се снашле во таква ситуација судејќи дека често на социјалните мрежи кружат снимки од идни татковци кои се онесвестуваат во салите за породување. Во продолжение ви претставуваме токму една таква снимка која ја насмеа заедницата на ТикТок.
@peytonstewart That time my boyfriend passed out after I gave birth 😂 #fyp #ohno ♬ Oh No - Kreepa
На прв поглед, на видеото се гледа еден храбар маж кој решил да присуствува на породувањето на својата партнерка Пејтон Стјуарт, која подоцна ја објавила снимката на социјалните мрежи. Иако сакал стоички да го издржи породувањето, се гледа како идниот татко неколку пати се потпира на работ на креветот, а потоа во еден момент паѓа во несвест. „Моментот кога моето момче се онесвести додека се породував“, напишала Пејтон на ТикТок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-od-porodilna-sala-stana-hit-na-socijalnite-mrezi-na-idniot-tatko-ne-mu-bilo-mnogu-interesno/feed/ 0
Нова конференциска опрема во пленарната сала на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-konferenciska-oprema-vo-plenarnata-sala-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-konferenciska-oprema-vo-plenarnata-sala-na-sobranieto/#respond Wed, 25 May 2022 05:30:39 +0000 https://kurir.mk/?p=681103

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска пред медиумите ќе ја презентира новата конференциска опрема во пленарната сала, која ќе биде ставена во функција утре (26 мај), за кога е закажана 72. собраниска седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Во рамки на презентацијата, како што информираа од собраниската прес-служба, за новинарите, снимателите и фоторепортерите ќе биде обезбедено физичко присуство во пленарната сала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-konferenciska-oprema-vo-plenarnata-sala-na-sobranieto/feed/ 0
Салата во која требаше да се одржи Евровизија станува болница за заразени од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salata-vo-koja-trebashe-da-se-odrzi-evrovizija-stanuva-bolnica-za-zarazeni-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salata-vo-koja-trebashe-da-se-odrzi-evrovizija-stanuva-bolnica-za-zarazeni-od-koronavirus/#respond Mon, 30 Mar 2020 15:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=324396

Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, во која во мај требаше да се одржи натпреварот за песна на Евровизија ќе се претвори во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија. Раководството на салата соопшти денеска дека почнале да се поставуваат првите 88 од планираните 680 болнички кревети. Ахој салата ќе се отвори наскоро и во неа ќе се сместуваат пациенти со коронавирус или други болести на кои им е потребна нега, но не мора да бидат во болница. Тоа ќе го намали притисокот врз болниците во Холандија, каде што бројот на заразени нагло се зголеми од моментот кога беше пријавен првиот случај, на 27 февруари. Холандскиот Национален институт за јавно здравје вчера предупреди дека капацитетот на одделенијата за интензивна нега може да се надмине во наредните недели по оваа стапка на заразување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salata-vo-koja-trebashe-da-se-odrzi-evrovizija-stanuva-bolnica-za-zarazeni-od-koronavirus/feed/ 0
ФОТО: После 40 години ќе се реконструира салата „Партизан“ во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-posle-40-godini-kje-se-rekonstruira-salata-partizan-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-posle-40-godini-kje-se-rekonstruira-salata-partizan-vo-kavadarci/#respond Thu, 04 Oct 2018 14:13:49 +0000 https://kurir.mk/?p=110779

Општина Кавадарци започна со реализација на проект за внатрешна реконструкција на спортската сала „Партизан“.  Се работи за реконструкција на внатрешноста, каква што не е извршена во последните 40 години. За оваа намена општината од буџетот издвои 5.084.100 денари. Парите се наменети за обнова на паркетот на теренот, столаријата, таванот, фасадата, како и за партено уредување околу објектот. Со овој проект општината ќе спроведе сериозна санација за заштита на „Партизан“ каде од 1958 год, па се до изградбата на салата „Јасмин“ 1995 год. се одржуваа сите значајни натпревари на кавадаречките кошаркрски екипи, како и натпреварите во карате, одбојка, гимнастика, пинг-понг, мал фудбал и останатите мали спортови. Салата „Партизан“ во својата историја се користеше и како саемски простор во склоп на „Тиквешкиот гроздобер“ како и место за многу концерти и културни настани. Со оваа реконструкција општината го заштитува и му го продолжува животот на еден од најстарите спортски објекти во Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-posle-40-godini-kje-se-rekonstruira-salata-partizan-vo-kavadarci/feed/ 0