Салаетин Билал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Dec 2020 08:46:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Салаетин Билал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Филмот „Дедо и внук“ награден на фестивалот „Буда“ во Индија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-dedo-i-vnuk-nagraden-na-festivalot-buda-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-dedo-i-vnuk-nagraden-na-festivalot-buda-vo-indija/#respond Tue, 01 Dec 2020 08:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=436689

Играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски освои награда за најдобра режија на фестивалот „Буда“ (The Buddha International Film Festival-TBIFF) во Индија, кој е посветен на прикажување нови и иновативни филмови. Фестивалот е силен поборник за социјални промени и ја охрабрува културната разновидност и разбирање меѓу народите. Ова е четврта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4. Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festivalв во категоријата играни филмови. Светската премиера на „Дедо и внук“ беше на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ оваа година во Приштина. Главните улоги во филмот ги играат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски. Продукцијата на филмот е на „Pandora’s Box“ од Охрид во соработка со „Dream Factory“ од Скопје и „Alien Film“ од Романија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-dedo-i-vnuk-nagraden-na-festivalot-buda-vo-indija/feed/ 0
Премиера на играниот филм „Дедо и внук“, Билал си замина пред да го види својот последен филм https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-igraniot-film-dedo-i-vnuk-bilal-si-zamina-pred-da-go-vidi-svojot-posleden-film/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-igraniot-film-dedo-i-vnuk-bilal-si-zamina-pred-da-go-vidi-svojot-posleden-film/#respond Fri, 06 Dec 2019 07:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=274034

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денеска премиерно ќе биде прикажан  „Дедо и внук“, прв долгометражен филм на охридскиот режисер и сценарист Илија Пиперкоски. Филмот почна да се снима во април 2017 година. Во главните улоги се актерите Салаетин Билал и Дејан Лилиќ. Како што вели режисерот, „Дедо и внук“ заедно со „Мирно лето“ на Димитрие Османли, се единствените два долгометражни играни филма во македонската кинематографија целосно снимени во Охрид. Филмот раскажува за едноличниот живот на пензионерот и вдовец Никола, кој е навикнат да биде сам во мал туристички град, сè до ненајавеното доаѓање на неговиот единствен внук кој го нема посетено повеќе од 10 години. „Дедо и внук“ е последен филм на актерот Салаетин Билал, кој почина по долго боледување на 76-годишна вораст во мај минатата година. Зад себе имаше седумдесет одиграни театарски и 40 телевизиски и филмски улоги. – Беше вистинско задоволство да се работи со еден од доајените на македонскиот филм. Човек од кого може многу да се научи, не само за филмот, туку и за животот воопшто, вели режисерот Пиперкоски. Покрај Дејан Лилиќ и Салаетин Билал, во актерската екипа на „Дедо и внук“ се и Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premiera-na-igraniot-film-dedo-i-vnuk-bilal-si-zamina-pred-da-go-vidi-svojot-posleden-film/feed/ 0
Проекција на „Прашина“ во Кинотека како последен поздрав до доајенот Салаетин Билал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proekcija-na-prashina-vo-kinoteka-kako-posleden-pozdrav-do-doajenot-salaetin-bilal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proekcija-na-prashina-vo-kinoteka-kako-posleden-pozdrav-do-doajenot-salaetin-bilal/#respond Mon, 11 Jun 2018 06:01:59 +0000 https://kurir.mk/?p=64317

Во Кинотека на Македонија вечер ќе биде прикажан филмот „Прашина“ од Милчо Манчевски како последен поздрав до доајенот на театарското и филмското глумиште Салаетин Билал. Билал беше театарски, филмски и телевизиски актер кој студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје, а како актер гостува и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма. За своето актерско умеење бил награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година ја добил награда за најдобра споредна улога. Двапати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ - Актер на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ - награда на градот Скопје за 1977 година, а во 1984-та го доби највисокото републичко признание наградата „11 Октомври“. Во филмографијата на Салаетин Билал се вбројуваат многу филмски остварувања, но ќе останат запамтени и неговите телевизиски остварувања меѓу кои „Волшебното самарче“, „Итар Пејо“, „Солунски патрдии“, „Македонски народни приказни“,...  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proekcija-na-prashina-vo-kinoteka-kako-posleden-pozdrav-do-doajenot-salaetin-bilal/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ: Почина славниот македонски актер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-slavniot-makedonski-akter/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-slavniot-makedonski-akter/#respond Fri, 11 May 2018 07:27:19 +0000 https://kurir.mk/?p=52874

Почина Салаетин Билал (76), македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец од турска националност кој играше во повеќето филмови на најпознатите македонски режисери – Милчо Манчевски, Столе Попов, Дарко Митревски. Во неговата биографија се запишани филмовите „Најдолгиот пат“ (1976), „Време води“ (1980), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Зад непријателските линии“,  „Прашина“ (2001), преку „Илузија“ (2004), „Сенки“ (2007), „Мајки“ (2010), па се до последните филмови на македонската филмска продукција „Трето полувреме“ (2012), „Балканот не е мртов“ (2013), „Херој“ (2013) и „До балчак“ (2014). Сведоштво за неговата работа, остануваат големиот број на ролји во телевизиски серии и драми, со кои израснаа голем број на генерации во Македонија. Тука само би ги споменале улогите во култните „Волшебното самарче“ (1975), „Итар Пејо“ (1977), „Илинден“ (1982), „Белото Циганче“ (1984), „Солунски патрдии“ (1986), „Тврдокорни“ (1988-1992), Македонски народни приказни (1994) и уште многу други. Неговиот талент и работа ги препознава и публиката и критиката и за тоа е наградуван повеќекратно. Добитник е на следните награди: Награда на ревијата Екран за најдобар актер (1976); Награда за најдобро актерско остварување на нашиот Фестивал, за улогата на Ахмет Нурудин во претставата Дервишот и смртта (1976) и за улогата на Аздак во претставата Кавкаски круг со креда (1989); Награда на град Скопје 13 Ноември за улогата на Хаџи Тома во претставата Коштана (1977); Награда 11 Октомври за улогата на А.Б. во претставата Дамокловиот меч (1983); Награда Димче Трајковски за најдобра епизодна улога на нашиот фестивал, за улогата на Нуман во претставата Стари фотографии (Прилеп, 1993), како и Специјалната награда на Македонскиот филмски фестивал Астер фест (2011). Наградата за животно дело за оваа година е признание и потврда за целокупната работа што ја има направено актерот Салаетин Билал за театарската уметност во Македонија. Како неодминливи се споменуваат ролјите: Себастијан од “Дванаесеттата Ноќ” од Шекспир, Јасон во “Медија од Еврипид”, слугата во “Слуга на двајца господари” , Ахмет Нурудин во “Дервишот и смртта”, Хасанага во “Хасанагиница” од Љубомир Симовиќ, Аздак во “Кавкаски круг со креда” Дон Жуан во истоименото дело на Молиер, Мустафа во “Писание” Алонсо во “Бура”… Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје. Како актер гостувал и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма. Забележителни се неговите ролји во Театарот на Ромите „Пралипе“ и во други независни проекти. Верската церемонија ќе се одржи денеска во 13 часот во Џамијата во Бутел, а погребот е во 13,30 часот на Градските гробишта во Бутел.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-slavniot-makedonski-akter/feed/ 0