Сали Мурати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 May 2020 05:09:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сали Мурати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уставниот суд ќе одлучува дали ќе отвори постапка за одлуката за распуштање на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-kje-odluchuva-dali-kje-otvori-postapka-za-odlukata-za-raspushtanje-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-kje-odluchuva-dali-kje-otvori-postapka-za-odlukata-za-raspushtanje-na-sobranieto/#respond Wed, 06 May 2020 05:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=342196

По завршувањето на денешната седница на Уставниот суд, судиите на работен состанок ќе расправаат по предлогот на судијата Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието. Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати во интервју за МИА рече дека по однос на Одлуката за распуштање на Собранието, во моментот нема оформен предмет за оценување нејзина уставност и законитост, но понатамошното постапување на Судот по ова прашање ќе зависи од ставот што ќе го заземат уставните судии на работниот состанок. Судот, претходно во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оваа одлука. Но, минатиот четврток (30 април), од страна на судијата Осман Кадриу е доставен предлог за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на истата одлука, поради што е закажан работен состанок на судиите. Ако судиите одлучат да се поведе постапка по службена должност, ќе биде оформен посебен предмет кој ќе биде доделен во работа на судија-известител и државен советник, кои по завршувањето на претходната постапка, треба да достават работен материјал за седница (реферат) со содржан предлог за одлучување што ќе биде разгледан на седница на Судот. Секако, истакнува претседателот на Уставниот суд, тоа е хипотетички не значи однапред прејудицирање на таква одлука, која треба да биде донесена по претходна расправа за ова прашање. Пред уставните судии денеска треба да се најде и одлуката на шефот на државата Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-kje-odluchuva-dali-kje-otvori-postapka-za-odlukata-za-raspushtanje-na-sobranieto/feed/ 0
Мурати: Уставниот суд утре ќе одлучува дали ќе отвори постапка за одлуката за распуштање на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/murati-ustavniot-sud-utre-kje-odluchuva-dali-kje-otvori-postapka-za-odlukata-za-raspushtanje-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/murati-ustavniot-sud-utre-kje-odluchuva-dali-kje-otvori-postapka-za-odlukata-za-raspushtanje-na-sobranieto/#respond Tue, 05 May 2020 05:46:38 +0000 https://kurir.mk/?p=341674

Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати во интервју за МИА најавува дека утре, по завршувањето на седницата, на работен состанок ќе се расправа по предлогот на судијата Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието. Мурати вели дека по однос на Одлуката за распуштање на Собранието („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/2020), во моментот нема оформен предмет за оценување нејзина уставност и законитост, но понатамошното постапување на Судот по ова прашање ќе зависи од ставот што ќе го заземат уставните судии на утрешниот работен состанок. Судот, претходно во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оваа одлука. Но, минатиот четврток (30 април), од страна на судијата Осман Кадриу е доставен предлог за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на истата одлука, поради што за утре е закажан работен состанок на судиите. Ако судиите одлучат да се поведе постапка по службена должност, ќе биде оформен посебен предмет кој ќе биде доделен во работа на судија-известител и државен советник, кои по завршувањето на претходната постапка, треба да достават работен материјал за седница (реферат) со содржан предлог за одлучување што ќе биде разгледан на седница на Судот. Секако, истакнува претседателот на Уставниот суд, тоа е хипотетички не значи однапред прејудицирање на таква одлука, која треба да биде донесена по претходна расправа за ова прашање. Пред уставните судии утре треба да се најде и одлуката на шефот на државата Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба. Мурати во интервјуто се осврнува и на оспорената владина уредба за намалување на платите на функционерите што предизвика реакции во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/murati-ustavniot-sud-utre-kje-odluchuva-dali-kje-otvori-postapka-za-odlukata-za-raspushtanje-na-sobranieto/feed/ 0
Уставен суд во среда ќе одлучува дали ќе има постапка за Собранието и распишувањето на изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-vo-sreda-kje-odluchuva-dali-kje-ima-postapka-za-sobranieto-i-raspishuvanjeto-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-vo-sreda-kje-odluchuva-dali-kje-ima-postapka-za-sobranieto-i-raspishuvanjeto-na-izborite/#respond Sun, 03 May 2020 20:00:21 +0000 https://kurir.mk/?p=341123

Во среда по седницата на Уставниот суд, ќе имаме работен состанок на кој судиите ќе заземе став дали да ја прифатиме иницијативата и под службена должност да поведеме постапка за распуштањето на Собранието и распишувањето на изборите, изјави за претседателот на Уставниот суд Сали Мурати за ТВ 24. Мурати не сакаше да прејудицира каква ќе биде одлуката, вели дека дали ќе се поведе постапка, ќе зависи од мнозинството судии. -Ќе разговараме и анализираме и на крајот ќе гласаме, вели Мурати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-vo-sreda-kje-odluchuva-dali-kje-ima-postapka-za-sobranieto-i-raspishuvanjeto-na-izborite/feed/ 0
Уставните судии ќе расправаат за иницијативата за застарување на делата за злоупотреба на службена должност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavnite-sudii-kje-raspravaat-za-inicijativata-za-zastaruvanje-na-delata-za-zloupotreba-na-sluzbena-dolznost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavnite-sudii-kje-raspravaat-za-inicijativata-za-zastaruvanje-na-delata-za-zloupotreba-na-sluzbena-dolznost/#respond Tue, 19 Nov 2019 06:56:48 +0000 https://kurir.mk/?p=265738

Уставните судии денеска на колегиум ќе дискутираат по иницијативата за член 353, став 5 од Кривичниот законик, која се однесува на застарување на предметите или намалување на казните за случаи поврзани со злоупотреба на службена должност и овластување. Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати вчера најави дека на колегиумот детално ќе се разговара за оваа иницијатива и ќе биде донесен став. – Ние во Уставниот суд имаме сериозен пристап за секој предмет. Предметот се одложи минатата седмица. Поради сериозноста на работата закажав колегиум со судиите, на кој детално ќе дискутираме за оваа проблематика. Откога ќе завршиме со колегиумот, ќе заземе став за понатамошната постапка, изјави Мурати. Посочи дека предметот бил на дневен ред на седницата што се одржа минатата недела и за него се отворила полемика. – Секој судија си има свој пристап во предметот и јас како судија имав свој став и свое стојалиште, но поради интересот на јавноста предметот во договор со судиите минатата недела го одложивме. Ќе имаме колегиум само за таа точка. Сите судии имаат сериозен пристап по предметот и по колегиумот ќе го утврдиме понатамошниот тек на предметот, истакна Мурати. Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од член 353 за злоупотреба на службената положба е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери во случаи што ги водеше СЈО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavnite-sudii-kje-raspravaat-za-inicijativata-za-zastaruvanje-na-delata-za-zloupotreba-na-sluzbena-dolznost/feed/ 0
Сали Мурати нов претседател на Уставниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-murati-nov-pretsedatel-na-ustavniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-murati-nov-pretsedatel-na-ustavniot-sud/#respond Wed, 30 Oct 2019 11:45:06 +0000 https://kurir.mk/?p=257778

Судијата Сали Мурати денеска е избран за нов претседател на Уставниот суд на Македонија. Судијата Мурати стапува на функција на 1 ноември 2019 година, кога на досегашниот претседател Никола Ивановски му завршува мандатот. Уставните судии претседателот го бираат со двотретинско мнозинство од вкупниот број судии, со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател. Предлогот го утврдува комисија од тројца судии, избрани со мнозинство од вкупниот број судии. Сали Мурати е роден на 11 октомври 1966 во с.Врапчиште, Гостивар. По националност е припадник на турската заедница. Дипломирал на Правниот факултет при Белградскиот Универзитет во Белград во 1991 година, а правосудниот испит го положил во 2005 година. Од 1993 до 2005 година работел во Бирото за правни и економски услуги – Гостивар како дипломиран правник. Од 2005-2012 година работел како адвокат во Гостивар. Од дипломирањето до сега активно се занимавал со правната проблематика од областа на уставното право, правата на заедниците, слобода на мисла и вероисповест и меѓународно приватно право. Има објавено многубројни статии од правна проблематика во разни весници во државата и надвор од неа. Учествувал во над 15 меѓународни конференции со правна содржина во разни земји во странство. Особено работел на проблемите на немнозинските заедници во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-murati-nov-pretsedatel-na-ustavniot-sud/feed/ 0