Салман Ружди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 Aug 2022 08:39:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Салман Ружди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иран категорично негира каква било врска со нападот врз Ружди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-kategorichno-negira-kakva-bilo-vrska-so-napadot-vrz-ruzdi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-kategorichno-negira-kakva-bilo-vrska-so-napadot-vrz-ruzdi/#respond Mon, 15 Aug 2022 08:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=718639

Иран денеска „категорично“ негираше каква било врска со нападот врз Салман Ружди, британскиот писател и автор на „Сатански стихови“, кој во петокот повеќепати беше прободен со нож на конференција во САД. Семејството на Ружди вчера изјави дека чувствува „големо олеснување“ затоа што тој е тргнат од респиратор. Меѓутоа, според најблиските, тој и понатаму е „во критична состојба“, иако веќе можел да изговори неколку зборови. Британецот со потекло од Индија, чиј роман „Сатански стихови“ доведе до смртни закани од Иран во 1980-те години, во петокот требаше да одржи предавање во државата Њујорк. Тој се здоби со неколку убодни рани во пределот на вратот и стомакот. Неговиот напаѓач е уапсен и се изјасни за невин. „Категорично негираме“ каква било врска меѓу агресорот и Иран и „никој нема право да ја обвинува Исламската Република Иран“. Ова беше истакнато од страна на Насер Канани, портпарол на Министерството за надворешни работи, во првата официјална реакција на Техеран на нападот врз Ружди. Во 1989 година во Иран е издадена фатва – повик кон сите муслимани да го убијат Ружди и сите оние поврзани со издавањето на „Сатански стихови“. Фатвата беше укината од страна на иранската Влада во 1998 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-kategorichno-negira-kakva-bilo-vrska-so-napadot-vrz-ruzdi/feed/ 0
Салман Ружди веќе не е на респиратор, свесен е и може да зборува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salman-ruzdi-vekje-ne-e-na-respirator-svesen-e-i-moze-da-zboruva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salman-ruzdi-vekje-ne-e-na-respirator-svesen-e-i-moze-da-zboruva/#respond Sun, 14 Aug 2022 07:55:48 +0000 https://kurir.mk/?p=718232

Здравствената состојба на писателот Салман Ружди се подобрува, тој е исклучен од респиратор и може да зборува, пишува Би-би-си. 75-годишниот писател беше нападнат и избоден со нож за време на јавен настап во сојузната држава Њујорк во САД, по што неговата здравствена состојба беше критична. Познатиот писател е можно да го изгуби едното око, како последица на нападот што го изврши 24-годишниот Хади Амар, Американец со либанско потекло. Тој на настанот го избодел најмалку 10 пати во лицето, вратот и стомакот. Ружди со години се соочуваше со смртни закани поради неговата книга „Сатански стихови“ од 1988 година, чија содржина повеќемина муслимани ја сметаат за богохулна. Американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека тој и неговата сопруга Џил биле шокирани од нападот врз писателот Салман Ружди. Бајден изјавил дека Ружди, со неговиот увид во човештвото, неспоредливото чувство за раскажување приказни и одбивањето да биде заплашен или замолчен, е симбол на универзалните идеи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salman-ruzdi-vekje-ne-e-na-respirator-svesen-e-i-moze-da-zboruva/feed/ 0
„Ти си следна“: Авторката на „Хари Потер“ добила закани по нападот на Салман Ружди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ti-si-sledna-avtorkata-na-hari-poter-dobila-zakani-po-napadot-na-salman-ruzdi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ti-si-sledna-avtorkata-na-hari-poter-dobila-zakani-po-napadot-na-salman-ruzdi/#respond Sat, 13 Aug 2022 19:38:31 +0000 https://kurir.mk/?p=718156

По нападот на писателот Салман Ружди, Џоан Ролинг се огласила на микроблог. -Ужасни вести. Се чувствувам многу лошо. Се надевам дека се ќе биде во ред со него, напиша таа. Авторката на „Хари Потер“ по ова добила коментар „Не се грижи, ти си следна“. Џоан случајот веднаш во пријавила во полиција. Како што пренесува британски Дејли Мејл, таа добила закани од екстремисти кои сочувствуваат со осомничениот за нападот на Ружди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ti-si-sledna-avtorkata-na-hari-poter-dobila-zakani-po-napadot-na-salman-ruzdi/feed/ 0
Напаѓачот на Салман Ружди е од либанско потекло https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-salman-ruzdi-e-od-libansko-poteklo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-salman-ruzdi-e-od-libansko-poteklo/#respond Sat, 13 Aug 2022 15:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=718077

Американската полиција синоќа го идентификуваше напаѓачот на британскиот писател Салман Ружди. Станува збор за 24-годишниот жител на Њу Џерси, Хади Матар, кој по потекло е од Либан. Неговото семејство дошло во САД од јужниот либански град Јарун, соопшти градоначалникот на градот, Али Техфе. Самиот Матар е роден и израснат во САД, додаде градоначалникот. На прашањето дали Матар и неговите родители биле членови на Хезболах или го поддржувале Хезболах, Техфе рече дека нема никакви информации за политичките ставови на родителите на Матар или самиот Матар, бидејќи тие живеат во странство. Портпаролот на либанската шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, денеска изјави дека нема дополнителни информации за нападот со нож врз писателот Салман Ружди. – Не знаеме ништо за оваа работа, па нема да коментираме, изјави официјален претставник на Хезболах.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-salman-ruzdi-e-od-libansko-poteklo/feed/ 0
Ружди на респиратор по операција, полицијата го уапси напаѓачот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruzdi-na-respirator-po-operacija-policijata-go-uapsi-napagjachot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruzdi-na-respirator-po-operacija-policijata-go-uapsi-napagjachot/#respond Sat, 13 Aug 2022 08:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=717926

– Британскиот писател Салман Ружди, кој беше избоден неколку пати во вратот и стомакот од напаѓач на сцената за време на предавање во американската сојузна држава Њујорк, е опериран и сега е на респиратор, објави неговиот агент Ендрју Вајли. Тој изјави дека Ружди не може да зборува и дека може да изгуби едно око. „Салман веројатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се прекинати, а црниот дроб му е избоден и оштетен“, рече Вајли. Њујоршката полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на познатиот писател, кој вчера беше нападнат додека се подготвувал да одржи предавање во западниот дел на Њујорк. Матар, 24-годишен маж од Фервју, Њу Џерси, купил билет за да присуствува на настанот, соопшти полицијата. Новинар на АП видел човек како упаднал на сцената во Институтот Чаутаука и почнал да го удира и прободува Ружди додека го претставувале на почетокот на предавањето. Водителот кој беше со него на сцената, Хенри Рис, се здобил со полесна повреда на главата и е пренесен во локалната болница. Напаѓачот бил совладан од присутните, по што го привела полицијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruzdi-na-respirator-po-operacija-policijata-go-uapsi-napagjachot/feed/ 0
Исламскиот совет на Британија и премиерот Џонсон го осудија нападот врз писателот Салман Ружди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamskiot-sovet-na-britanija-i-premierot-dzonson-go-osudija-napadot-vrz-pisatelot-salman-ruzdi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamskiot-sovet-na-britanija-i-premierot-dzonson-go-osudija-napadot-vrz-pisatelot-salman-ruzdi/#respond Fri, 12 Aug 2022 19:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=717847

Исламскиот совет на Велика Британија го осуди нападот врз писателот Салман Ружди, кој денеска беше избоден со нож во вратот во американската сојузна држава Њујорк „Таквото насилство е погрешно. Напаѓачот мора да биде изведен пред лицето на правдата“, објавија од Советот преку Твитер. Исламистичките организации и Иран со години му се закануваат со смрт на Ружди заради неговиот објавен роман „Сатански стихови“ што го сметаат еретички. За бруталниот напад се огласи и британскиот премиер Борис Џинсон. „Згрозен сум од фактот што Сер Салман Ружди е прободен додека го користел правото што никогаш не смее да престанеме да го браниме. Моите мисли се со неговите најмили. Сите се надеваме дека ќе биде добро“, напиша Џонсон на Твитер. Писателот Ружди моментално е во операциска сала, објавуваат агенциите повикувајќи се на изјава на неговиот агент. Се уште не се знае во каква состојба е, но е познато дека здобил повеќе убодни рани од кои една во десниот дел на вратот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/islamskiot-sovet-na-britanija-i-premierot-dzonson-go-osudija-napadot-vrz-pisatelot-salman-ruzdi/feed/ 0
Реакции по обидот за убиство на Салман Ружди во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-po-obidot-za-ubistvo-na-salman-ruzdi-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-po-obidot-za-ubistvo-na-salman-ruzdi-vo-njujork/#respond Fri, 12 Aug 2022 17:51:40 +0000 https://kurir.mk/?p=717823

Полицијата на американската држава Њујорк соопшти дека британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди се здобил со убодна рана во вратот, откако денеска беше нападнат на сцена. По нападот тој со хеликоптер бил пренесен во локална болница. Напаѓачот е во полициски притвор. Според репортерот на Асошиетед прес, кој бил во зградата на институцијата Чаутаука во северниот дел на Њујорк, каде што Ружди требаше да одржи предавање, изјави дека видел човек како трча на сцената и почнал да „го удира или прободува“ Ружди. Очевидци наведуваат дека присутните веднаш скокнале врз напаѓачот и го одвлекле и му пришле на помош на Ружди и му ги кренале нозете во воздух. Лекарката која била на настанот, каде се уште неименуван напаѓач се обидел да го убие писателот, изјави за Њујорк Тајмс дека Ружди бил избоден повеќе пати, вклучително и еднаш во десната страна на вратот. . Веднаш по нападот под неговото тело се формирала голема локва крв. Таа вели дека и покрај бруталниот напад, Ружди дишел и имал пулс. Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул, му оддаде почит на полицаецот кој, како што рече, „го спасил животот на Ружди“ на вонредната прес-конференција одржана по обидот за атентат врз Ружди. Таа го опиша Геад Чаутаукуа, каде што се случи нападот, како „многу тивка рурална заедница“ и „идеално место за говори на истакнати личности како Ружди“. Хочул остро го осуди нападот врз писателот, додавајќи дека „важно е луѓето да се чувствуваат слободни да зборуваат и да ја пишуваат вистината“. Чак Шумер, лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, остро го осуди денешниот напад врз Ружди. „Ова е напад врз слободата на говорот и мислењето, напад врз основните вредности на оваа земја. Се надевам дека господинот Ружди ќе закрепне брзо и целосно и дека сторителот ќе биде праведно казнет“, напиша Шумер на Твитер. Познати автори и писатели на Твитер објавуваат пораки со поддршка Ружди, меѓу кои и Стивен Кинг, Џ.К. Роулинг, Нил Гејман и Најџела Лосон. Ружди денеска требаше да зборува во институтот Чаутаука во државата Њујорк за САД како азил за писатели и уметници, „како место за креативно изразување“, соопшти институцијата. Ружди (1947) е познат по неговата книга „Сатански стихови“, која е забранета во Иран од 1988 година. Писателот во Велика Британија беше принуден да се крие една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде верски декрет (фатва) една година подоцна, со кој им нареди на верниците да го убијат писателот поради наводната навреда на исламот во романот. Во 1998 година, иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но и дека нема да ја повлече. Според исламската доктрина, еднаш изречената фетва никогаш не може да се повлече, особено ако лицето што ја изрекло починало во меѓувреме, како што беше случајот со Хомеини (1902-1989). Ружди влезе во светот на литературата во 1981 година со романот „Децата на полноќта“, сместен во неговиот роден Мумбај, чие дејство започнува на полноќ на 15 август 1947 година, во моментот кога Индија се стекнува со независност од Велика Британија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-po-obidot-za-ubistvo-na-salman-ruzdi-vo-njujork/feed/ 0
Во американската држава Њујорк со нож нападнат британскиот писател Салман Ружди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-amerikanskata-drzava-njujork-so-noz-napadnat-britanskiot-pisatel-salman-ruzdi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-amerikanskata-drzava-njujork-so-noz-napadnat-britanskiot-pisatel-salman-ruzdi/#respond Fri, 12 Aug 2022 17:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=717818

Британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди денеска бил нападнат на настан во западниот дел на државата Њујорк, јавија локалните медиуми. Полицијата во округот Читаква, каде што требало да зборува Ружди, потврди дека едно лице е избодено со нож, без да го идентификува лицето. Американски медиуми јавуваат дека Ружди бил прободен со нож во вратот и итно бил пренесен во болница. Ружди (1947) е познат по неговата книга „Сатански стихови“, која е забранета во Иран од 1988 година. Писателот во Велика Британија беше принуден да се крие една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде верски декрет (фатва) една година подоцна, со кој им нареди на верниците да го убијат писателот поради наводната навреда на исламот во романот. Во 1998 година, иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но и дека нема да ја повлече. Според исламската доктрина, еднаш изречената фетва никогаш не може да се повлече, особено ако лицето што ја изрекло починало во меѓувреме, како што беше случајот со Хомеини (1902-1989). Ружди влезе во светот на литературата во 1981 година со романот „Децата на полноќта“, сместен во неговиот роден Мумбај, чие дејство започнува на полноќ на 15 август 1947 година, во моментот кога Индија се стекнува со независност од Велика Британија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-amerikanskata-drzava-njujork-so-noz-napadnat-britanskiot-pisatel-salman-ruzdi/feed/ 0