Салвадор Синфуегос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Oct 2020 06:20:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Салвадор Синфуегос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во САД уапсен поранешен министер за одбрана на Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-uapsen-poraneshen-minister-za-odbrana-na-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-uapsen-poraneshen-minister-za-odbrana-na-meksiko/#respond Fri, 16 Oct 2020 06:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=417043

Поранешниот мексикански министер за одбрана, генерал Салвадор Синфуегос, кој беше шеф на тој оддел шест години за време на владеењето на претседателот Енрике Пења Нието, беше уапсен на аеродромот во Лос Анџелес по наредба на Американската агенција за контрола на наркотици (ДЕА). Портпаролката на ДЕА, Никол Нишида потврди дека Синфуегос (72) е уапсен, но не прецизираше под кои обвиненија. Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард на Твитер напиша дека американскиот амбасадор во Мексико, Кристофер Ландао, го информирал за апсењето. Тој најави дека мексиканскиот конзул во Лос Анџелес ќе го извести во следните часови за обвинувањата кон поранешниот министер, кому ќе му биде понудена конзуларна помош. Висок мексикански службеник изјавил дека Синфуегос бил уапсен кога пристигнал на аеродромот со членовите на неговото семејство, кои биле ослободени. Бројни членови на владата од времето на Пења Ниета биле вклучени во случаи на корупција на високо ниво, од кои некои вклучуваат врски со организиран криминал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-uapsen-poraneshen-minister-za-odbrana-na-meksiko/feed/ 0