самит еу – западен балкан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 May 2020 05:20:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png самит еу – западен балкан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Состанок на највисоко ниво меѓу ЕУ и Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-na-najvisoko-nivo-megju-eu-i-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-na-najvisoko-nivo-megju-eu-i-zapaden-balkan/#respond Wed, 06 May 2020 05:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=342199

Шефовите на држави и влади на ЕУ и на земјите од западен Балкан денеска ќе одржат видео самит на кој главна тема ќе биде помошта за кризата со коронавирусот, јавува дописничката на МИА од Брисел. Овој самит во Загреб нема да се фокусира на проширувањето кон регионот, објаснија европските дипломати денеска, делумно поради санитарната криза, а делумно и поради тоа што проширувањето се третира во рамките на Советот за општи работи на ЕУ. -ЕУ е најважниот партнер за регионот на западниот Балкан и оваа видеоконференција ќе го нагласи значењето на уникатните односи ЕУ – Западен Балкан, најави Советот на ЕУ. ЕУ одлучи да му помогне на регионот со 3,3 милијарди евра поделени на шесте земји од регионот во знак на солидарност. Овие фондови ќе бидат предмет на строг надзор од страна на ЕУ институциите. -Ве уверувам дека секоја транша е предмет на многу строга ревизија и контролни механизми и доколку има и најмал сомнеж за потенцијална злоупотреба на фондовите, ќе отвориме истрага која може да доведе до кривичен процес. Фондовите на ЕУ се поврзани за многу строги услови, изјавија од Европската Комисија. Иако начелно регионот беше исклучен од повеќето фондови и механизми за помош, Европската Унија се коригираше, па така од крајот на април земјите од регионот не треба повеќе да бараат посебни дозволи за увоз на медицинска опрема потребна за борбата против вирусот. Ова беше одговор на бројни критики, посебно во Србија, каде претседателот јавно изрази незадоволство од тоа што ЕУ помага помалку од Кина во неговата земја. -Видовме проблеми во комуникацијата, се генерираа и ширеа лажни обвинувања за пријателството меѓу ЕУ и земјите од регионот, лидерите треба да се усогласат во пораките и треба да се спротивставиме на погрешната концепција за нашите односи, изјави висок ЕУ дипломат. За ЕУ “нема сомнеж“ дека западниот Балкан е “близок партнер“ и дека ниту Кина ниту Русија не му се поблиски и поголеми пријатели на регионот. Критики за јавија меѓутоа и поради фактот што овој самит нема да се фокусира на проширувањето, а загрепската декларација која треба да ја потпишат сите лидери утре не го споменува зборот проширување, ниту членство или пак преговори со Северна Македонија и Албанија. Од ЕУ ги отфрлаат овие критики. -Утре идејата е да се потврди уште еднаш ЕУ перспективата на регионот, ние тоа го правиме со нашите партнери. Фактот што имаше одлука за Северна Македонија на 26 март јасно покажува дека ЕУ перспективата е главен поттик за реформите кои се од бенефит за сите граѓани, покажавме дека испорачуваме кога нашите партнери испорачуваат. Не разговараме за проширувањето, од една страна затоа што Ковид-19 е главна тема, но тоа не значи дека процесот се прекинал, процесот ќе продолжи на следната средба на Советот за општи работи во јуни, и ќе напредува, сметавме дека има специфична тема на која треба да се фокусираме, изјави висок ЕУ дипломат инволвиран во подготовката на самитот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-na-najvisoko-nivo-megju-eu-i-zapaden-balkan/feed/ 0
Самит ЕУ – Западен Балкан в среда преку видео конференциска врска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-eu-zapaden-balkan-v-sreda-preku-video-konferenciska-vrska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-eu-zapaden-balkan-v-sreda-preku-video-konferenciska-vrska/#respond Mon, 04 May 2020 10:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=341348

Состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан ќе се одржи в среда, 6 мај, преку видео конференциска врска поради пандемијата на новиот коронавирус, соопшти хрватското претседателство со ЕУ. – ЕУ и Западен Балкан се обединети во борбата против Ковид-19. Самитот ќе овозможи истакнување на меѓусебната солидарност и соработка во време на кризата, се наведува во соопштението, потсетувајќи дека ЕУ обезбедила 3,3 милијарди евра помош за земјите од Западен Балкан во борбата против пандемијата. Лидерите, исто така, ќе ја потврдат перспективата на Западен Балкан и „определеноста на западнобалканските држави да се придржуваат кон европските вредности и начела“. – ЕУ е најважен партнер на регионот на Западен Балкан, а видео конференцијата ќе го истакне значењето на заедничкиот однос меѓу Унијата и Западен Балкан, се додава во соопштението. Учесниците на видео конференцијата ќе разменат мислења за новата фаза за блиска соработка за решавање на социо-економските последици од Ковид-19, важноста на регионалната соработка, како и начините за најдобро справување со безбедносните предизвици. На состанокот ќе учествуваат шефови на држави или влади на земјите членки на ЕУ и на шесте западнобалкански држави – Северна Македонија, Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и Косово. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе претседава со состанокот и заедно со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ќе ја претставуваат ЕУ. Претходниот самит ЕУ – Западен Балкан беше одржан на 17 мај 2018 година во Бугарија, кога е усвоена Софиската декларација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-eu-zapaden-balkan-v-sreda-preku-video-konferenciska-vrska/feed/ 0
Меркел: Државите од Западен Балкан имаат јасна европерспектива https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-drzavite-od-zapaden-balkan-imaat-jasna-evroperspektiva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-drzavite-od-zapaden-balkan-imaat-jasna-evroperspektiva/#respond Thu, 17 May 2018 14:50:38 +0000 https://kurir.mk/?p=55340

Државите од Западен Балкан имаат јасна перспектива за члество во Европската унија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија. Меркел истакна дека на средбата во Софија не е донесена никаква одлука за прашањето за проширување на ЕУ, но нагласи дека за таа тема ќе се разговара на следниот Самит на Унијата во јуни. Германската канцеларка како особено значаен го нагласи напредокот во разговорите меѓу Грција и Македонија, изразувајќи надеж дека ќе биде најдено решение прашањето за името. Како што јави БТА, Меркел оцени дека средбата во Софија била многу важна, бидејќи на неа биле водени многу корисни разговри и притоа и се заблагодари на Бугарија за добрата организација на собирот. Според Меркел, на средбата биле разгледани прашања за соработката, за реализација на инфраструктурни проекти, за иранската нуклеарна програма и за трговијата, Меркел при тоа нагласи дека земјите од ЕУ се договориле да продолжат да го поддржуваат иранскиот нуклеарен договор и покрај повлекувањето на САД од него. Таа истакна дека ЕУ ќе ги продолжи преговорите со САД и останатите партнери околу договорот, со цел и Иран да не се повлече од него. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-drzavite-od-zapaden-balkan-imaat-jasna-evroperspektiva/feed/ 0
„Гледаме добра перспектива за Западен Балкан“ – најважните изјави од самитот ЕУ-Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poenti-od-izjavi-pred-samitot-eu-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poenti-od-izjavi-pred-samitot-eu-zapaden-balkan/#respond Thu, 17 May 2018 10:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=55191

Европските лидери се едногласни дека земјите од Западен Балкан имаат добра перспектива во евроинтеграциите. Ова се најважните поенти од изјави на европски премиери и претседатели пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Софија. Јоханес Хан - Постои европска перспектива, која ќе биде потврдена и денеска. Но, она што го кажавме пред неколку месеци се уште важи: целиот процес е заснован на заслуги, така што, секоја земја треба да ја заврши својата домашна задача, а потоа да има европска перспектива. Сите земји имаат иста перспектива и појдовна точка, но напредокот е индивидуален, па зависи од земјата колку брзо ќе напредува кон Европа. Јуха Сипила, фински премиер - Прашањето за владеење на правото е многу важно. Важно е да се има визија за реформите да продолжат во овие земји, но, во исто време мораме да бидеме реални за временскиот распоред. Тереза Меј, британски премиер - Ќе разгледаме како можеме да работиме заедно во соработка во Европа, за да обезбедиме поголема стабилност и просперитет за Западен Балкан Емануел Макрон, претседател на Франција  - Не сум за тоа ново проширување да има пред да се спроведат вистински и трајни реформи, кои треба  длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ, изјави Макрон...Треба да им се помогне на сите држави што се во процес на спроведување реформи и кои напредуваат кон Европа. Тоа е мој стратешки избор. Но, јас не сум за тоа да има ново проширување пред вистински и трајни реформи, што длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ. Стефан Лофвен, шведски премиер - Имаме многу заедничко што треба да разговараме - безбедност, миграција, организиран криминал. Сакаме поблиска врска со овие земји. Јури Ратас, Естонски премиер - Се сеќавам лично многу добро, колку беше важно за Естонија пред да се приклучи на ЕУ, дека вратата е отворена и тоа значи дека вратата е отворена за двете страни. Себастијан Курц, австриски канцелар - Гледаме добра перспектива за Западен Балкан. Нашата цел е да ги поддржиме сите овие земји на нивниот пат кон Европската унија .... Ние го преземаме претседателството (ЕУ) на 1 јули и наша јасна цел е да имаме напредок на патот кон Европската унија во ова време. Особено во Србија и Црна Гора, ние сме многу оптимисти, но други, исто така, треба да напредуваат. Во случајот со Македонија, треба да го решиме проблемот со името и се надевам дека ќе постигнеме напредок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poenti-od-izjavi-pred-samitot-eu-zapaden-balkan/feed/ 0
Макрон: Јас сум за проширување, но, дури после реформи во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makron-jas-sum-za-proshiruvanje-no-duri-posle-reformi-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makron-jas-sum-za-proshiruvanje-no-duri-posle-reformi-vo-eu/#respond Thu, 17 May 2018 10:16:12 +0000 https://kurir.mk/?p=55174

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна денеска во Софија дека е за засилен стратешки дијалог со Западен Балкан и европска перспектива, но истовремено го повтори ставот дека проширување може да има откако ќе се спроведат неопходни реформи во Европската Унија. - Не сум за тоа дека за ново проширување може да има пред да се спроведат вистински и трајни реформи, што  длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ, изјави Макрон. Пред Самитот во Софија тој повтори дека е неопходно со многу „внимателност и строгост“ да се гледа на секое ново проширување. - Треба да им се помогне на сите држави што се во процес на спроведување реформи и кои напредуваат кон Европа. Тоа е мој стратешки избор. Но, јас не сум за тоа да има ново проширување пред вистински и трајни реформи, што длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ, изјави Макрон. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makron-jas-sum-za-proshiruvanje-no-duri-posle-reformi-vo-eu/feed/ 0
Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија не е последен од овој вид https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samitot-eu-zapaden-balkan-vo-sofija-ne-e-posleden-od-ovoj-vid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samitot-eu-zapaden-balkan-vo-sofija-ne-e-posleden-od-ovoj-vid/#respond Tue, 15 May 2018 13:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=54423

Европските лидери се подготвуваат за дводневниот состанок во Софија посветен на Западниот Балкан, прв од овој вид по петнаесет години, но не и последен. Висок дипломатски извор близок до Европскиот совет денеска ги брифираше европските дописници во Брисел за подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија. - Ова е прв пат по 15 години ЕУ да се сретне со своите партнери во овој формат, последниот пат беше во 2003 во Солун, но ова нема да биде последна средба во овој формат. Се договоривме дека ќе има уште еден ваков формат во 2020 под хрватско претседателство, што ја демонстрира волјата на ЕУ повторно да се ангажира во регионот после предолга пауза, изјави дипломатот. Самитот ќе биде поделен на два дела. Во среда ќе се сретнат лидерите на 28-те земји членки на ЕУ. На овој состанок ќе биде усвоена декларација која треба да ја потврди „европската перспектива“ на регионот, но на која нема да стои потписот на лидерите од Западниот Балкан, поради земјите кои не го признаваат Косово. Од истата причина шпанскиот премиер Мариано Рахој ќе го напушти состанокот таа вечер и нема да присуствува на Самитот со земјите од регионот, иако четири други премиери на ЕУ кои не го признаваат Косово ќе учествуваат на овој самит. - На самитот со земјите од регионот Шпанија ќе ја претставува нивниот амбасадор при ЕУ, потврдија дипломатски извори. На вечерата, пак, лидерите ќе разговараат за дигиталната иновација, за претстојното стапување на сила на новата регулатива за заштита на личните податоци во ЕУ, како и за трговските прашања со САД и американското повлекување од договорот со Иран. Што се однесува до Западниот Балкан, лидерите на ЕУ, освен што ќе ја потврдат „европската перспектива“ за Западниот Балкан, ќе ја нагласат важноста на проектите од областа на конективноста - како инфраструктурна така и дигитална - помеѓу земјите од регионот и со земјите од ЕУ. Одговарајќи на критиките дека прашањето за конективноста се користи за да се дефокусира од недоволната заложба на ЕУ кон проширувањето, дипломатот одговори дека „не треба да се минимизира релевантноста на конективноста“. - Патување помеѓу две престолнини во регионот трае подолго отколку пат во Токио. Дури и во контекст на конективноста искусивме тензии поврзани за тешката историја, наведува дипломатот. ЕУ е критикувана и за нацрт формулацијата на софиската декларација, која неколкумина ја оценуваат како „послаба“ од солунската во 2003. Имено, во 2003 декларација споменуваше „крајно зачленување“ на земјите од регионот во ЕУ, додека софиските нацрт формулации за сега не одат толку далеку. Високиот дипломатски извор од Европскиот Совет денеска изјави дека софиската декларација ќе се повика на солунската агенда од 2003, но додаде дека главната одговорност за интеграција во Европската Унија ја имаат самите држави кандидати и аспиранти, не ЕУ. - На лидерите од регионот е да предизвикаат позитивна реакција од страна на ЕУ, тоа бара позитивни пораки од регионот, тоа исто така ќе ја смени перцепцијата за прошриувањето, додава тој. Дипломатот го посочи можното решение помеѓу Македонија и Грција за спорот за името како една од тие „позитивни пораки“ кои би можеле да дојдат од регионот  и да предизивкаат „позитивен одговор“ од лидерите на ЕУ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samitot-eu-zapaden-balkan-vo-sofija-ne-e-posleden-od-ovoj-vid/feed/ 0