самит ЕУ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Jun 2021 05:58:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png самит ЕУ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиерот на Луксембург, позитивен на Ковид-19 по учеството на самитот на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-luksemburg-pozitiven-na-kovid-19-po-uchestvoto-na-samitot-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-luksemburg-pozitiven-na-kovid-19-po-uchestvoto-na-samitot-na-eu/#respond Mon, 28 Jun 2021 05:58:58 +0000 https://kurir.mk/?p=528708

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е позитивен на тестот за Ковид-19 откако минатата недела присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел. „Засега тој има благи симптоми, треска и главоболка и од дома ќе ги извршува своите должности. Тој има намера да остане во карантин 10 дена“, објави весникот „Луксембургер Ворт“. Според луксембуршката Влада, Бетел на 6 мај примил само една доза од вакцината „АстраЗенека“, а втората доза требало да прими неделава. За време на самитот, Бетел се дружел со голем број европски лидери, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел. Фотографиите од самитот покажуваат дека Бетел, меѓу другото, бил во близок контакт со австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но сите тие носеа маски на ваквите средби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-luksemburg-pozitiven-na-kovid-19-po-uchestvoto-na-samitot-na-eu/feed/ 0
Почнува самитот на ЕУ: Ципрас ќе ја спасува Меркел? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-samitot-na-eu-cipras-kje-ja-spasuva-merkel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-samitot-na-eu-cipras-kje-ja-spasuva-merkel/#respond Thu, 28 Jun 2018 07:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=70568

Лидерите на 28. земји членки на Европската унија се состануваат денеска во Брисел за да се договорат новите мерки со кои ќе се ограничи доаѓањето на мигранти преку Средоземното море. Самитот доаѓа во момент кога расте незадоволството поради миграцијата и притисокот владее од Германија до Италија, оценува Ројтерс. Германската канцеларка Ангела Меркел очекува дека дводневниот самит ќе ја спаси нејзината канцеларска позиција кој во моментот е „на стаклени нозе“ поради миграциската криза. Грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен да потпише договор со Меркел со цел да и го олесни на Германија враќањето на азиланти во другите европски земји, пишува Фајненшал Тамјс. Ципрас за ФТ изјавил дека е отворен за специјален договор со Берлин за да се намали „секундарното движење“ (кога азилант од земја на ЕУ во која прво стигнал за да побара азил, оди во некоја друга земја од Унијата). Според Ципрас, постоечките правила на ЕУ за прераспределба на азилантите меѓу земјите членки на Унијата се надминати. ЕУ, според нацрт соопштението за дводневниот самит, ќе ги засили своите надворешни граници и ќе потпише договори со кои ќе се зголеми паричната помош за земјите од Северна Африка за да го спречат доаѓањето луѓе во Европа, пишува Ројтерс. Лидерите се поделени за тоа што да направат со легалните азиланти кои побегнаа од конфликтите на Блискиот исток и Африка. Тоа прашање, земјите членки на Унијата длабоко ги дели веќе три години и уште нема назнака како тоа да се реши. Разликите многу повеќе се истакнаа во последните дена, што покажува оти ќе има жестоки расправи зад затворени врати, оцени британската агенција, додавајќи дека лидерите на ЕУ во јавноста настојуваат да покажат единство. Според податоците на Обединетите нации, оваа година 44.000 луѓе дошле во Европа преку море, што е многу помалку од 2015. година кога повеќе од милион бегалци и мигранти стигнаа на европското крајбрежје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-samitot-na-eu-cipras-kje-ja-spasuva-merkel/feed/ 0