самит македонија 2025 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 11:55:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png самит македонија 2025 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Самит Македонија 2025: Просперитетна економија преку стратешко лидерство, зајакната соработка и примерна на нови технологии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-makedonija-2025-prosperitetna-ekonomija-preku-strateshko-liderstvo-zajaknata-sorabotka-i-primerna-na-novi-tehnologii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-makedonija-2025-prosperitetna-ekonomija-preku-strateshko-liderstvo-zajaknata-sorabotka-i-primerna-na-novi-tehnologii/#respond Wed, 26 Apr 2023 11:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=827869

Зајакната соработка и силно приватно – јавно партнерство во насока на градење на просперитетни економии преку дигитализација, стратешко лидерство и успешна општествена трансформација е централна тема на годинешниот Самит Македонија 2025, што започна денес, а ќе трае и во текот на утрешниот ден. На самитот кој годинава се одржува по 12-ти пат, над 40 говорници ќе зборуваат пред повеќе од 500 гости. Извршната директорка на Македонија 2025, Никица Моjсоска Блажевски, во своето обраќање на отворањето на Самитот, потсети за улогата и мисијата на организацијата. „Наша главна заложба уште од основањето на Македонија 2025 е поддршка на напредокот на земјата, преку вклучување на македонската дијаспора во актуелните случувања во земјата во насока на градење на силна и просперитетна нација. Сите ние имаме одговорност пред нашите семејства и идните генерации да обезбедиме подобра и попросперитетна иднина, повисок животен стандард и квалитет на живот. Во таа насока ние се стремиме преку нашите активности да ги обединиме сите засегнати страни, да ги усогласиме клучните приоритети и да работиме кон постигнување на целите. Искрено верувам дека Македонија 2025 преку своите активности и програми, вклучително и Самитот ќе придонесе кон развој на земјата“. Од своето основање досега Македонија 2025 има имплементирано програми за економски развој со вкупна вредност од 3,6 милиони долари. Во секторите образование и лидерство досега се донирани 1,7 милиони долари, а во овие програми вклучени беа над 670 менаџери, претприемачи и млади таленти. На отворањето на Самитот се обрати и претседателот на Владата Димитар Ковачевски кој ја истакна важноста на приватниот сектор за развојот на економијата. Ковачевски зборуваше и за економските реформи, инвестициите и предизвиците со кои се соочува земјата. Мајк Зафировски, еден од основачите и член на Одборот на директори на Македонија 2025 на Македонија2025 разговараше со Роберт Доар, директор на Американскиот Институт за Претпријатија (АИП) на тема долгорочен економски развој, улогата на „тинк-тенк“ организациите во иницирање на економски реформи, како и најновата иницијатива на АИП наречена „Иницијатива за американски сон“. Мајк Зафировски се осврна на наодите од извештајот на Светска Банка за Западниот Балкан, потенцирајќи дека закрепнување на економиите може да се случи преку структурни реформи, отчетност на институциите, рационално трошење на јавните средства и вложување во дигитализацијата, што е можно преку поголема регионална соработка. На првиот ден на Самитот беа опфатени актуелни теми значајни за бизнисите и граѓаните, како што се дигитална трансформација, зајакнување на претприемачките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ЕСГ (environment, society, governance) стандардите, како и успешни приказни на компании од регионот. Дел од Самитот Македонија 2025 е и доделувањето на првото признание за придонес на припадниците на дијаспората, кое се доделува под покровителство на Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски. Ова признание кое беше доделено вчера го добија Софи и Митре Кутановски, за нивната поддршка на млади таленти и студенти од Македонија во рамки на Фондацијата Атанас Близнаков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-makedonija-2025-prosperitetna-ekonomija-preku-strateshko-liderstvo-zajaknata-sorabotka-i-primerna-na-novi-tehnologii/feed/ 0
Почнува „Самит Македонија 2025“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-samit-makedonija-2025/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-samit-makedonija-2025/#respond Wed, 26 Apr 2023 06:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=827613

Во следните два дена во Скопје ќе се одржува „Самит Македонија 2025“. Официјалното отворање на Самитот е денеска, а на учесниците ќе им се обратат премиерот Димитар Ковачевски и извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевска. Фокусот на годинaшниот Самит е просперитетни економии преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство. На 12-тото издание на овој престижен регионален настан, во вкупно 13 панели со актуелни теми, своите богати искуства и знаења ќе ги споделат 40-тина врвни говорници. На затворањето на Самитот, како што е најавено, ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски. „Самитот Македонија 2025“ е врвен регионален собир кој служи како платформа за споделување знаење, поврзување на организациите и инспирација за промени во Југоисточна Европа. Секоја година на Самитот присуствуваат креатори на политики, лидери на компании кои работат во регионот, членови на дипломатскиот кор и на меѓународни организации, како и претставници на академската и на граѓанската заедница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-samit-makedonija-2025/feed/ 0
Над 400 гости од земјава и странство дел од годинешниот Самит Македонија 2025 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-400-gosti-od-zemjava-i-stranstvo-del-od-godineshniot-samit-makedonija-2025/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-400-gosti-od-zemjava-i-stranstvo-del-od-godineshniot-samit-makedonija-2025/#respond Fri, 20 May 2022 14:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=679606

Скопје, 20.05.2022 – Околу 430 гости од земјава и странство беа дел од годинешниот Самит Македонија 2025. Во рамките на самитот беа одржани 14 панели на значајни теми, а во нив учествуваа повеќе од 40 говорници, кои ги споделија своите искуства и знаења во неколку различни области. Панелите на Самит Македонија 2025, кој годинава се одржа по 11-ти пат, беа посветени на актуелни теми како што се дигиталната трансформација на бизнисите и општествата, лидерството во бизнисот, потенцијалот на популарните „блок-чејн“ технологии и крипто-валутите, односно можните пристапи на нивна имплементација. -Се надеваме дека Самитот инспирира и охрабрува промени во општеството и во економијата. Нашата главна цел беше да порачаме дека и малите можат да успеат доколку брзо и флексибилно се приклучат кон трансформацијата која се случува во светот. Вистинското лидерство носи успех и затоа важно е да одиме напред кон побрз и долгорочен економски развој, истакна Никица Блажевска- Мојсоска извршен директор на Македонија 2025, заблагодарувајќи се на присутните. На значењето на регионалната соработка и интеграциите беше посветено свеченото отворање на Самитот Македонија 2025, а на оваа тема говореа и македонскиот премиер Димитар Ковачевски и српската премиерка Ана Брнабиќ. Тие порачаа дека економските и геополитички предизвици, упатуваат на неопходноста од градење партнерства со следење на позитивните примери за развој на регионот. Самитот обедини бројни домашни и регионални бизнис лидери, општествени и политички чинители, експерти од академската заедница и претставници на граѓанскиот сектор во дискусии на разни актуелни теми. На вториот ден од Самитот Македонија 2025 се обрати и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој го потенцираше значењето на Македонија 2025 и придонесот кој организацијата го дава за развојот на бизнисот во земјата. Пендаровски се осврна на предизвиците со кои се соочува земјата и светот и истакна дека неопходно е да го зголемиме економскиот раст, за што е потребно да се фокусираме на имплементација на нови технологии, поголема дигитализација и грижа за животната средина. Македонија 2025 ја иницираше и Платформата за просперитетна иднина, која се базира врз 7 клучни области - образование и човечки капитал, конкурентност и водење бизнис, владеење на правото и борба против корупцијата, демократско општество, животна средина, јавно управување, дигитализација и дигитални вештини. Платформата нуди и алатка за мерење на напредокот на земјата во овие области со цел напредок во економскиот раст и развој. Од основањето, па досега, Македонија 2025 имплементираше програми за економски развој во вредност од 3,5 милиони долари. Дополнително на тоа, во сегментот на образование и лидерство, донирани се 1,6 милиони долари, а во овие програми досега беа вклучени над 650 менаџери, претприемачи и млади таленти од Македонија. Самитот Македонија 2025 ги обединува водечките компании, бизнис лидери, општествени чинители и институции во промовирање на успешни примери кои придонесуваат кон одржливи иницијативи и раст и развој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-400-gosti-od-zemjava-i-stranstvo-del-od-godineshniot-samit-makedonija-2025/feed/ 0
Самит Македонија 2025: Економски развој преку поголема примена на нови технологии, иновации и целосна дигитална трансформација на општествата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-makedonija-2025-ekonomski-razvoj-preku-pogolema-primena-na-novi-tehnologii-inovacii-i-celosna-digitalna-transformacija-na-opshtestvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-makedonija-2025-ekonomski-razvoj-preku-pogolema-primena-na-novi-tehnologii-inovacii-i-celosna-digitalna-transformacija-na-opshtestvata/#respond Thu, 19 May 2022 16:50:25 +0000 https://kurir.mk/?p=679136

Забрзаниот развој преку употребата на нови технологии, вештачка интелигенција и иновации станува геополитичко и стратешко прашање во 21-от век, кое е подеднакво значајно за секоја земја. Затоа е важно навремено да се инвестира во соодветна едукација. Токму едукацијата, новите технологии, како и соодветната родова застапеност во технолошките и информатичките науки беа главните теми на панелите на кои се дискутираше во рамки на вториот, завршен ден од годинешниот Самит Македонија 2025. Во рамките на панелот посветен на родовата еднаквост, претставничките на бизнис заедницата од земјава и странство, презентирајќи ги своите успешни приказни, истакнаа дека преку заедничка посветеност на бизнисот и на владите, како и преку стратешко вложување во образованието, може да се постигне родова еднаквост. Учесниците во овој панел се согласија дека не постојат машки и женски професии, туку постојат само професии на иднината, во која сите мора да имаат еднакви можности. Кати Ицева, софтвер-инженер во Микрософт и член на управниот одбор на Македонија 2025, ги презентираше последните трендови во корпоративната култура и системот за вработувања и унапредувања. Искуствата и чекорите што ги направила Канада во насока на постигнување на поголема родова еднаквост и вклучување на девојките и жените во технолошките и информатичките науки го пренесе Џајлс Норман, канадски амбасадор за Северна Македонија, Србија и Црна Гора. „Потребни ни се родови анализи кои ќе бидат вклучени во стратегиите за различни области, како што се: образованието, даночната политика, економскиот развој и останати области. Само така суштински ќе ја подобриме родовата еднаквост. Дополнително, преку образованието можеме да ги поттикнеме девојчињата да се насочат кон овие науки”, заклучи канадскиот амбасадор, Џајлс Норман. На вториот ден на самитот се дискутираше и за актуелни теми, како што се: вештачката интелигенција, „блок-чејн“ технологиите, иднината на развојот на работната сила и глобалните трендови, но и за нивниот потенцијал за развој на земјите и на цели региони, преку поголема соработка. Ацо Момчиловиќ, директор на Глобалниот институт за етика и вештачка интелигенција ги презентираше наодите од истражувањата за напредокот на земјите и важноста за брзо вложување и обучување на кадар во оваа област. „Вештачката интелигенција е геополитичко и стратешко прашање. Државите во регионот треба да бидат брзи, бидејќи оние земји кои доцна ќе се вклучат во вложувањето во вештачката интелигенција ќе имаат проблем да ги почувствуваат придобивките од неа. Регионот мора да се обедини за да биде конкурентен со големите пазари и да може подеднакво да се развива, но сепак, секоја држава мора да го најде својот интерес и областа во која ќе инвестира и ќе ја развива”, заклучува Момчиловиќ. На еден од панелот се дискутираше и за потенцијалот на популарните „блок-чејн“ технологии и крипто-валутите, односно за можните пристапи на нивна имплементација, како и за придобивките кои тие технологии ги носат. Учесниците беа согласни дека се работи за нови технологии кои имаат огромен број предности, но и ризици, поради што треба внимателно да се следат и соодветно да се употреби нивниот потенцијал во вистинска насока. Во оваа сфера има потреба од поголема едукација. Имено, истражувањата покажуваат дека 400 милиони деца ширум светот немаат основни математички вештини, а со интензивна едукација во овие области, тие вештини би можеле многу побрзо да ги стекнат и да дадат реален придонес за развој и искористување на новите технологии и вештачката интелигенција. Сепак, за поголем резултат од вложувањата во области како што се здравството и образованието, покрај приватниот сектор и стартапите, неопходна е и поголема вклученост на Владите, преку стратешки пристап. На затварањето на Самитот свое обраќање имаше и претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, кој го потенцираше значењето на Македонија 2025 и придонесот кој организацијата го дава за развојот на бизнисот во земјата. Осврнувајќи се на предизвиците, тој истакна дека неопходно е да го зголемиме економскиот раст на 5% на годишно ниво, за што неопходно е да се фокусираме на имплементација на нови технологии во производните и услужните дејности, поголема дигитализација, која ќе го забрза и процесот на дигитална трансформација и грижа за животната средина. Претседателот Пендаровски потенцираше дека за да се постигне тоа важно е да се отпочнат сериозни системски зафати за квалитетно и дигитализирано образование, прилагодено на современите светски трендови и на пазарот на трудот. Бројни бизнис лидери, политички чинители, претставници на академската и бизнис заедница и граѓанскиот сектор, како и од големи и од стартап компании, земаа учество на годинешниот 11. Самит Македонија 2025 и преку споделување на идеи за соработка, придонесоа во градење нови можности за економски развој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samit-makedonija-2025-ekonomski-razvoj-preku-pogolema-primena-na-novi-tehnologii-inovacii-i-celosna-digitalna-transformacija-na-opshtestvata/feed/ 0
Втор ден од „Самит Македонија 2025“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-od-samit-makedonija-2025/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-od-samit-makedonija-2025/#respond Thu, 19 May 2022 05:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=678678

Со фокус на жените во науката, технологијата, инженерство и математика, државите и вештачката интелигенција, влијанието на „блок-чејн“ технологиите врз индустриите, промените и работните места, предизвикот на присуството на глобалниот пазар, денеска продолжува вториот ден од 11-тиот по ред „Самит Македонија 2025“ кој се одржува во Скопје. На панел дискусиите учество ќе земат атрактивни имиња од интернационални компании и корпорации и претставници на бизнис асоцијации и организации. Самитот оваа година со свое обраќање ќе го затвори претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Целосната агенда за денешните учесници и дискусии е достапна на следниот линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-od-samit-makedonija-2025/feed/ 0