самит на еу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Oct 2022 05:18:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png самит на еу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Следниот самит на Европската политичка заедница во Молдавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledniot-samit-na-evropskata-politichka-zaednica-vo-moldavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledniot-samit-na-evropskata-politichka-zaednica-vo-moldavija/#respond Fri, 07 Oct 2022 05:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=742154

Во главниот град на Чешка денеска ќе се одржи неформален Самит на ЕУ, чиј фокус ќе биде одговорот на одлуката на Русија да припои четири украински региони. Освен тоа, шефовите на држави и влади на ЕУ ќе разговараат и за можностите за подобрување на заштитата на критичната инфраструктура, најави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. „Нашата приоритетна цел е да обезбедиме сигурност во снабдувањето и достапност на енергија за домаќинствата и бизнисите, имајќи ја предвид студената зима“, напиша тој во повикот. Тој посочи дека веќе донесените мерки треба да се анализираат и да се подготват понатамошни активности за „добро координиран европски одговор“. Мишел, синоќа на крајот од Самитот на новата иницијатива – Европската политичка заедница, најави дека следниот домаќин на самитот на 44-те земји од Европа, без Русија и Белорусија, ќе биде Молдавија, потоа Шпанија и Велика Британија. Шефовите на држави или влади на земјите од Европската унија, земјите-кандидати и соседите се согласија дека таквиот начин на средби и разговори за проблемите и соседната соработка, без агенда и без формални заклучоци на крајот, им одговара и дека самитите ќе продолжат. „Нашата цел не беше да ги замениме институциите, ги има многу. Она што сакавме да го направиме е да создадеме простор за разговори, што не се врзани со потребата од донесување заклучоци и пазарење со зборови. На иста маса ги доведовме оние кои инаку не би се сретнале.Средбата се одржа во критичен момент за континентот, бидејќи стабилноста и безбедноста на Европа се загрозени поради руската агресија“, изјави домаќинот на Самитот, чешкиот премиер Петр Фијала. Чешкиот премиер рече дека државниците разговарале за миграцијата, безбедноста и енергетиката и оти разговорите ќе продолжат на следниот самит во Кишињев, а му се заблагодарил на францускиот претседател Емануел Макрон што ја дал идејата за Европска политичка заедница. „Можеме да разговараме за заедничките проблеми. Многу е важно што разговаравме за кризите што го засегаат континентот, кризата на Балканот и тензиите на Медитеранот. Го претставивме единството на 44 земји кои јасно кажаа дека ја осудуваат руската агресија, а тоа е многу вредно. Таа порака е единство“, рече францускиот претседател Макрон на прес-конференцијата по Самитот. Идејниот творец на Европската политичка заедница оцени дека првиот самит на ЕПЗ бил успешен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledniot-samit-na-evropskata-politichka-zaednica-vo-moldavija/feed/ 0
Самит на ЕУ во Версај: Украина е дел од нашето европско семејство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-eu-vo-versaj-ukraina-e-del-od-nasheto-evropsko-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-eu-vo-versaj-ukraina-e-del-od-nasheto-evropsko-semejstvo/#respond Fri, 11 Mar 2022 06:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=645253

„Без одлагање, дополнително ќе ги зајакнеме нашите врски и ќе го продлабочиме нашето партнерство за поддршка на Украина на нејзиното европско патување. Украина е дел од нашето европско семејство“, објавија лидерите во писмената декларација на маргините на европскиот самит во Версај, без сепак да ја отворат вратата за членство во ЕУ, јави дописникот на МИА. Според нацрт-заклучоците, дваесет и седумте, кои ја потврдуваат клучната улога на НАТО, ќе ја истакнат нивната желба да инвестираат „повеќе и подобро во воените капацитети“, додека одбранбената стратегија мора да биде објавена пред крајот на месецот. Тие, исто така, ќе го испитаат планот на Комисијата за намалување на зависноста од рускиот гас за две третини оваа година, но и за намалување на увозот на јаглен и нафта од Русија, со диверзификација на добавувачите и развој на алтернативни енергии како што се обновливи извори или водород. Додека Дваесет и седумте изјавија дека нема да може да и се дозволи на Украина забрзана процедура за пристапување во ЕУ, словенечкиот премиер Јанез Јанша не ги криеше, за време на самитот на Европската унија во Версај, поделбите меѓу „кои мислат дека (…) Украинците се борат за своите животи и заслужуваат силна политичка порака (…) и оние кои сè уште дебатираат за процедурите“. Централноевропските земји на чело со Полска сакаат да го забрзаат признавањето на кандидатурата на Украина. Дебатите завршија ноќта, околу 3:30 часот во Франција, по вечерата во Салата на огледалата, каде што беше потпишан договорот со кој заврши Првата светска војна]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-na-eu-vo-versaj-ukraina-e-del-od-nasheto-evropsko-semejstvo/feed/ 0
Украинската криза ќе доминира на самитот на лидерите на ЕУ во Версај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-kriza-kje-dominira-na-samitot-na-liderite-na-eu-vo-versaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-kriza-kje-dominira-na-samitot-na-liderite-na-eu-vo-versaj/#respond Thu, 10 Mar 2022 06:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=644450

Лидерите од ЕУ денеска ќе се обидат да најдат начини итно да се справат со последиците од руската инвазија врз Украина што ја загрози економијата на блокот и ја изложи потребата за посилна одбрана. Состанокот во Версај требаше да биде највисоката точка на шестмесечното претседателство на Франција со ЕУ, но претседателот Емануел Макрон наместо тоа ќе го предводи кризниот самит за да одговори на бруталното нарушување на децениската стабилност во Европа од страна на рускиот лидер Владимир Путин. „Руската агресивна војна претставува тектонска промена во европската историја“, се вели во нацртот на завршната декларација на дводневната средба. Лидерите ќе анализираат „како ЕУ може да ги исполни своите одговорности во оваа нова реалност, штитејќи ги нашите граѓани, вредности, демократии и европскиот модел“. Дваесет и седумте шефови на држави и влади се состануваат додека борбите беснеат веќе 15-ти ден во Украина, при што повеќе од два милиони бегалци избегаа во земјите низ Европа. „Наш прв приоритет е да испратиме политичка порака до Украина дека таа припаѓа на европското семејство“, изјави претставник на француското претседателство. Но, дипломатите рекоа дека главна тема во Версај е итно да се истражат начини за зајакнување на самодовербата на Европа во многу поопасен свет, особено на енергијата. „Мислам дека енергијата е најголемото прашање во главите на лидерите во моментов“, рече извор близок до подготовките на самитот. Западните сојузници развија бранови антируски санкции чиишто ударни ефекти ја разоткриа опасната зависност на Европа од Москва за гас и нафта, реалност на која состанокот ќе бара начини да се реши. ЕУ увезува околу 40 отсто од својот природен гас од Русија со Германија, најголемата европска економија, што е особено зависна од протокот на енергенсот, заедно со Италија и неколку земји од централна Европа. Околу една четвртина од увозот на нафта во ЕУ доаѓа од Русија. Според конечната декларација на состанокот, 27-те лидери претпазливо ќе се согласат да ја „остранат“ зависноста на блокот од рускиот гас, нафта и јаглен. Лидерите на ЕУ, исто така, ќе се обидат да напредуваат на начините на кои Европа може да го изгради својот суверенитет во високо чувствителните сектори, вклучувајќи ги полупроводниците, производството на храна и особено одбраната. Со колективната безбедност во Европската унија првенствено се занимава НАТО алијансата предводена од САД, но Франција, најголемата воена сила на ЕУ, би сакала блокот да игра поголема улога. Членките на блокот одобрија вкупно половина милијарда евра одбранбена помош за Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-kriza-kje-dominira-na-samitot-na-liderite-na-eu-vo-versaj/feed/ 0
Меркел по Самитот на ЕУ: Има уште недовршени работи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-po-samitot-na-eu-ima-ushte-nedovrsheni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-po-samitot-na-eu-ima-ushte-nedovrsheni-raboti/#respond Fri, 11 Dec 2020 12:39:10 +0000 https://kurir.mk/?p=442058

Германската канцеларка Ангела Меркел по завршувањето на Самитот на Европска Унија во Брисел побара што побрзо да се овозможи оперативност на заедничкото финансирање на ЕУ, што по ветото на Унгарија и на Полска, беше одблокирано на состанокот на лидерите на земјите-членки на Унијата. – Ќе ни бидат потребни пари, мораме да инвестираме во иднината, истакна Меркел. Покрај деблокадата на повеќегодишниот заеднички буџет и Фондот за обнова на ЕУ, Меркел како друго важно прашање ја посочи климата. – Зелениот договор е основен проект, што безбедно ќе не однесе во иднината, посочи германската канцеларка. Таа по повод новите санкции кон Анкара наведе дека германското претседателствување со ЕУ сакаше односите со Турција да бидат поконструктивни, но оти за жал настаните во Источен Медитеран тоа не го дозволиле. – И покрај тоа и понатаму пружаме рака и сакаме конструктивна агенда со Турција, истакна Меркел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-po-samitot-na-eu-ima-ushte-nedovrsheni-raboti/feed/ 0
Заклучоци од Самитот на ЕУ посветен на Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakluchoci-od-samitot-na-eu-posveten-na-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakluchoci-od-samitot-na-eu-posveten-na-belorusija/#respond Wed, 19 Aug 2020 15:45:19 +0000 https://kurir.mk/?p=392703

Во заклучоците објавени по видео-самитот на Европската Унија за кризата во Белорусија се наведува дека ЕУ не ги признава претседателските избори, дека Унијата е со народот на Белорусија и ги повикува белоруските власти да изнајдат начин за излез од кризата без насилство и со сеопфатен национален дијалог. Во текстот од осум точки се наведува дека Европски совет со се поголема загриженост внимателно го следи развојот на настаните во Белорусија. – Изборите од 9 август не беа ниту слободни ниту фер и поради тоа не ги признаваме резултатите, се наведува во декларацијата по ЕУ Самитот. Исто така се наведува дека народот на Белорусија има право да одлучува за својата судбина, а Европскиот совет изразува јасна солидарност со Белорусите и нивната желба за основни демократски права. ЕУ го осудува и „несразмерното и неприфатливо насилство“ врз учесниците во протестите и бара ослободување на сите приведени демонстранти. Унијата очекува и целосна и транспарентна истрага за пријавеното кршење на основните права. Во документот се истакнува и дека ЕУ набрзо ќе воведе санкции „против значителен број поединци одговорни за насилството, репресијата и лажирањето на изборните резултати. ЕУ во заклучоците укажува дека властите во Белорусија го загрозуваат реализираниот напредок во изминатите години во билатералните односи помеѓу Брисел и Минск и оти понатамошното вложување на ситуацијата ќе има негативни последици по односите на двете страни. – Ги повикуваме белоруските власти да изнајдат начин за излез од кризата и да стават крај на насилството, на деескализација и на инклузивен национален дијалог. Само мирен и демократски процес поддржан од независни и слободни медиуми и силно цивилно општетство може да даде одржливи решенија. Сите страни, вклучително и трети држави треба да поддржат таков процес, се посочува во заклучоците. ЕУ најави и дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата и оти е подготвена да придонесе за мирно завршување на кризата и оти го поддржува и предлогот на ОБСЕ за дијалог во Белорусија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakluchoci-od-samitot-na-eu-posveten-na-belorusija/feed/ 0
Самит ЕУ-Јапонија: Централна тема мултилатерализмот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-eu-japonija-centralna-tema-multilateralizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-eu-japonija-centralna-tema-multilateralizmot/#respond Thu, 25 Apr 2019 06:38:50 +0000 https://kurir.mk/?p=190974

Претседателите на ЕУ, Жан Клод Јункер и Доналд Туск и јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе се сретнат попладнево во Брисел за самитот ЕУ-Јапонија, на кој една од главните теми ќе бидат трговските односи и заканите врз мултилатерализмот. На 1 февруари стапи во сила Договорот за слободна трговија помеѓу ЕУ и Јапонија како и првиот договор за заштита на личните податоци. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, во момент кога САД сѐ повеќе се конфронтира со своите партнери на меѓународната сцена, европските челници ќе го искористат овој самит за да ја повторат важноста на силен мултилатерален трговски систем и потребата да се реформираат правилата во Светската трговска организација (СТО). По овој состанок, јапонскиот премиер ќе ги посети САД, каде исто така ќе разговара за реформата на СТО. Една од реформите што ЕУ сака да ја види се однесува на субвенциите за индустријата и присилните трансфери на технологија, за да се ублажи импактот на кинескиот економски модел врз светската трговска размена. Освен на трговијата, Јункер, Туск и Абе ќе се осврнат и на климатските промени, уште една област каде мултилатерализмот е од критична важност. Европа и Јапонија се очекува да се согласат дека се итно потреби глобални напори во борбата против климатските промени и посветеноста кон договорот од Париз. Конечно, ЕУ и Јапонија ќе разговараат и за Корејскиот Полуостров, за иранскиот нуклеарен договор како и за односите со Кина и Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samit-eu-japonija-centralna-tema-multilateralizmot/feed/ 0
Во Софија започна првата пленарна сесија на Самитот на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sofija-zapochna-prvata-plenarna-sesija-na-samitot-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sofija-zapochna-prvata-plenarna-sesija-na-samitot-na-eu/#respond Thu, 17 May 2018 08:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=55101

Во Софија почна првата пленарна сесија на Самитот на ЕУ. На форумот учествуваат лидерите на државите на ЕУ и на Западен Балкан. Правата пленарна сесија ја отвори буграскиот премиер Бојко Борисов. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sofija-zapochna-prvata-plenarna-sesija-na-samitot-na-eu/feed/ 0