Само ѓаволот се плаши од вода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Oct 2022 10:39:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Само ѓаволот се плаши од вода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска на филмскиот фестивал во Талин https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kratkiot-film-samo-gjavolot-se-plashi-od-voda-na-lidija-mojsovska-na-filmskiot-festival-vo-talin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kratkiot-film-samo-gjavolot-se-plashi-od-voda-na-lidija-mojsovska-na-filmskiot-festival-vo-talin/#respond Fri, 14 Oct 2022 10:39:10 +0000 https://kurir.mk/?p=745270

Краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода” во режија на Лидија Мојсовска, својата интернационална премиера ќе ја има на фестивалот за краток филм PÖFF Shorts, кој е дел од фестивалот Black Nights Film Festival – PÖFF во Талин, Естонија. PÖFF Shorts ќе се одржи од 15 до 23 ноември. Главните улоги ги толкуваат Ангел Ристоски, Анастасија Јованоска и Тинка Ристеска. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Лидија Мојсовска и Јаков Попоски, кинематографер е Бранко Аврамовски, монтажер Михаил Димитров, сценографијата е на Александра Чевреска, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Снежана Ангеловска Живковска, а музиката е на Ален и Ненад Синкауз. „Само ѓаволот се плаши од вода” е приказна за Борис и Кира чие пријателство е ставено на тест, кога Борис под влијание на неговата баба ќе ќе почне да се сомнева дека Кира е олицетворение на Ѓаволот. Интернационалниот фестивал за краток филм и анимација PÖFF Shorts, како дел од Black Nights Film Festival – PÖFF овозможува квалификација за Оскар, Европската филмска академија и БАФТА. Филмски фестивал во Талин – Black Nights Film Festival (PÖFF) своето прво издание го имал во 1997 година, а денес е еден од најголемите филмски фестивали во Северна Европа и е дел од А-категоријата на филмски фестивали, заедно Кан, Венеција, Берлин, Карлови Вари и др. „Само ѓаволот се плаши од вода” е втор краток филм на Мојсовска. Нејзиниот прв краток филм „Награда” (2018) беше прикажан на повеќе од 50 фестивали и освои 18 награди. Филмот е во продукција на „Лист продукција“ и „Слобода филм“, а во копродукција со „Антиталент“ од Хрватска и е поддржан од Агенцијата за филм, See Cinema Network и Хрватскиот аудиовизуелен центар. Националната премиера на филмот беше на ИФФК „Браќа Манаки“ во август годинава.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kratkiot-film-samo-gjavolot-se-plashi-od-voda-na-lidija-mojsovska-na-filmskiot-festival-vo-talin/feed/ 0