самохрани родители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Dec 2020 11:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png самохрани родители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Панова: Власта предвидува мерки со фалинки, не е во ред да има околу 50.000 еднородителски семејства, а помош само за 5000 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-vlasta-predviduva-merki-so-falinki-ne-e-vo-red-da-ima-okolu-50-000-ednoroditelski-semejstva-a-pomosh-samo-za-5000/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-vlasta-predviduva-merki-so-falinki-ne-e-vo-red-da-ima-okolu-50-000-ednoroditelski-semejstva-a-pomosh-samo-za-5000/#respond Sat, 26 Dec 2020 11:09:11 +0000 https://kurir.mk/?p=448661

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова во интервју за Курир вели дека самохраните родители не беа застапени во првите три сета од владините мерки, но по нивна реакција биле опфатени со четвртиот сет на мерки. -Тоа што реагиравме е немањето доволна систематизација за еднородителски семејства и за самохрани родители. Тоа прави проблем за реализација на мерките. Требаше луѓе да аплицираат за да добијат таква помош, но во корона криза тие беа оневозможени да ги извадат потребните документи. Предвидуваат мерки со фалинки кои што не можат докрај да се реализираат. Ако според податоците од одредени невладини организации кои работат со оваа проблематика, се знае дека околу 50.000 семејства во Македонија се еднородителски, тогаш ние да предвидуваме само околу 5.000 луѓе кои се самохрани родители да земат помош, не е во ред. Многу од тие луѓе досега не биле евидентитарани во ниту еден систем и не се евидентирани во МТСП. Нема точна евиденција за самохраните родители. Може да се направат одредени измени во Законот за семејство, особено за еднаквите права и можности на самохраните родители и еднородителски семејства, вели Панова за Курир. Таа се надева дека во еден консензус од сите политички партии ќе успее да се избори за закон или Националната стратегија за самохраните родители. -Тргнувајќи од фактот дека сум самохран родител навистина помагајќи на моите деца им помагам на сите деца во Македонија. Се трудам да помогнам таму каде што навистина сум во можност да помогнам. Законите недостасуваат, но и натамошната имплементација зависи од натамошни фактори на кои опозицијата не може многу да влијае, нагласува Панова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-vlasta-predviduva-merki-so-falinki-ne-e-vo-red-da-ima-okolu-50-000-ednoroditelski-semejstva-a-pomosh-samo-za-5000/feed/ 0
Заложби за правата на самохраните родители: Прифатени амандманите на Панова и Муцунски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zalozbi-za-pravata-na-samohranite-roditeli-prifateni-amandmanite-na-panova-i-mucunski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zalozbi-za-pravata-na-samohranite-roditeli-prifateni-amandmanite-na-panova-i-mucunski/#respond Thu, 03 Dec 2020 14:05:49 +0000 https://kurir.mk/?p=438192

Уште на почетокот на мојот мандат ветив дека ќе се залагам на правата на САМОХРАНИТЕ РОДИТЕЛИ! Заедно со колегата Тимчо Муцунски денес поднесовме 3 амандмани на Предлог законот за финансиска поддршка на граѓаните и ИСТИТЕ БЕА ПРИФАТЕНИ, пишува Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува нејзиниот Фејсбук статус: Сметавме дека ќе биде направена голема неправда врз Самохраните родители во Предлог законот за финансиска поддршка на граѓаните и предложениот закон не ги опфаќа СИТЕ самохрани родители. Имено предложениот закон: -ИМАШЕ ОГРАНИЧУВАЊЕ па правото да добијат еднократна парична помош од 6.000 денари, ќе го имаа само тие што за периодот јануари-август 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари.
  1. Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/7 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ вакво ограничување повеќе нема!
- НЕ БЕА ОПФАТЕНИ Самохраните родители кои користат парични права од социјална заштита и заштита на деца, како и услуга од социјална заштита ( разведени родители кои примаат некаков додаток )!
  1. Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/9 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ сега и Самохраните родители кои користат парични права од социјална заштита и заштита на деца, како и услуга од социјална заштита. Истите се опфатени со Законот за заштита на децата ( разведени родители кои примаат некаков детски додаток )
3.Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/8 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ техничко се усогласени и надлежните институции кои ќе ги достават потребните податоци, со цел да бидат опфатени што е можно повеќе самохрани родители со оваа мерка! Благодарност за разбирањето на сите присутни пратеници и од власта и од опозицијата кои гласаа за овие амандмани! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zalozbi-za-pravata-na-samohranite-roditeli-prifateni-amandmanite-na-panova-i-mucunski/feed/ 0
Самохраните мајки заглавени во лавиринтите, не можат да си ги однесат децата на одмор: Законот е јасен, но погрешно се толкува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samohranite-majki-zaglaveni-vo-lavirintite-ne-mozat-da-si-gi-odnesat-decata-na-odmor-zakonot-e-jasen-no-pogreshno-se-tolkuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samohranite-majki-zaglaveni-vo-lavirintite-ne-mozat-da-si-gi-odnesat-decata-na-odmor-zakonot-e-jasen-no-pogreshno-se-tolkuva/#respond Tue, 23 Jul 2019 09:34:03 +0000 https://kurir.mk/?p=221468

Поради различни причини, но најчесто поради инает од татковците или самоволно толкување на законите, самохраните мајки не можат да си ги однесат своите дечиња на летен одмор. Најголем е проблемот кога детето нема важечки пасош, во сите останати случаи станува збор за злоупотреби или погрешни толкувања, а не за закони. Имено, неколку самохрани мајки ја контактираа редакцијата на КУРИР, жалејќи се дека татковците не даваат согласност за патување, а на граница им бил побаран таков документ. Зошто ова го нарекуваме злоупотреба? Затоа што на дете со пасош чиј рок на важење не е истечен, а е во придружба на еден од родителите, никој не може да му застане на патот. Редакцијата на КУРИР побара одговори од МВР, од каде велат дека законите се јасни. Полициските службеници на граница НЕ СМЕАТ да бараат било каква согласност и документ од родителот со кого детето патува. Ниту другиот родител, ниту Центарот за социјални работи не можат избегнувајќи потпис да бидат пречка во ваквите случаи. -Ако некој побара било каква согласност од мајката, таа веднаш да го пријави случајот во МВР и внатрешната контрола тоа ќе го санкционира. Полициските службеници не смеат да бараат дополнителна документација, ако некој ова не го почитува, ќе одговара, велат од МВР за КУРИР. Кога е потребна писмена согласност? Писмена согласност е потребна само ако детето патува во присуство на друго лице, а тоа не е  се родителите или старателот. Таа треба да е заверена од МВР или нотар, односно од Државно конзуларно претставништво на Македонија во странство. Заверката од МВР чини 50 денари за административна такса. Ако се одлучите заверката да ја направите на нотар ќе треба да платите околу 400 денари. МВР јасно во законот, кој ги злоупотребува? Со оглед на тоа дека за детето да добие патна исправа потребно е присуство на двајцата родители, се смета дека со тоа двајцата дале согласност детето да патува во странство и само со еден од нив. МВР јасно посочува кога е потребно посебно одобрение за малолетник да патува во странство: -Ако  лицето до  14 години живот ( малолетно лице ) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател НЕ Е ПОТРЕБНО да има одобрение за неговото патување. -Ако  лицето  до  14 години живот (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател, ПОТРЕБНО Е да има одобрение за неговото  патување кое се издава врз основа на писмената согласност  од родителите односно старателот, дадена во надлежните сектори-одделенија за Внатрешни работи,со приложување на увид-извод од матична книга на родените на малолетното лице кое патува, личните карти од родителите или старателот и таксена марка од 50,00 денари. Кога ги предочивме законите и правилата, сега да видиме како е во пракса, на терен на граничните премини. Самохрана мајка која ја контактираше редакцијата на КУРИР вели: „Разведена сум една година и старателството на детето го имам добиено јас. Мојот син има важечки пасош до средината на следната година, односно уште цела година од сега. Неговиот татко работи во странство и усно ми дозволува да одиме ние заедно на одмор. Тргнавме кон Грција каде ми бараа посебна согласност. Немав. Почнаа да се договараат нешто меѓу себе, јас им објаснив дека имам и прашано ми рекоа дека не треба. Тие ми велат од каде да знаеме дека не го изнесуваш детето против волја на другиот родител“? Како што бевме информирани од нашата соговорничка скопјанка, на неа и на детето им било дозволено да ја напуштат државата по повеќеминутно убедување на граница. Прашува дали законот е таков или службениците сами си го толкуваат како им одговара? КУРИР побара одговори од МВР. Јасно ни беше посочено дека полициските службеници за дете во присуство на родител НЕ СМЕАТ да бараат никакво одобрение, од било кого. Друга самохрана мајка која стапи во контакт со нашата редакција објаснува: „Разведена сум две ипол години. Со таткото на моето дете сме во одлични односи и со негово знаење досега многупати сум ја напуштила државата со нашето дете, кога ние двајца сме оделе на одмор. Јас со моето дете сум поминала граница голем број пати, без притоа било кој да ми побара некаков документ. Минатиот месец при обид да отидам на летување, за прв пат се соочив со проблем. Дека сум била разведена, морало документ со потпис од таткото на детето да донесам. Им го објаснив ова што ви го кажав и вам, залудно беше. Се вратив во Скопје, се распрашав, ми рекоа дека морам да имам документ за секој случај“. Доколку родителите на малолетното дете се разведени, тоа не може да патува со еден од родителите доколку има забрана за патување согласно член 37 од законот. Станува збор за случаи во кои се води спор за доделување на старателство, односно центарот за социјални работи да има побарано нешто слично: Одбивање на барањето за издавање на пасош или виза, односно одземање на пасош и поништување на виза: Ако тоа го побара центарот за социјална работа во врска со вршењето надзор над родителското право и работите со старателството, согласно со Законот за семејството; Во ваков случај, при проверка на пасошите, системот ги препознава како спорни и постапува ако има забрана за излез.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samohranite-majki-zaglaveni-vo-lavirintite-ne-mozat-da-si-gi-odnesat-decata-na-odmor-zakonot-e-jasen-no-pogreshno-se-tolkuva/feed/ 0