Самоопределување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Oct 2021 13:30:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Самоопределување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Курти: Oчекував поинаков резултат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-ochekuvav-poinakov-rezultat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-ochekuvav-poinakov-rezultat/#respond Mon, 18 Oct 2021 13:30:55 +0000 https://kurir.mk/?p=581512

Премиерот на Косово и лидер на Самоопределување, Албин Курти, денеска изјави дека очекувал поинаков резултат од локалните избори одржани во неделата, но и дека ќе анализира што точно се случило во наредните денови, пренесува „Коха“. „Како лидер на Самоопределување, задоволен сум што гледам толку многу кандидати во вториот круг, како и голем број советници низ Косово. Подготвен сум да соработувам со секоја општина. Ова е голема победа за демократијата. Од вечерва ќе започнам да се среќавам со кандидатите на Движењето кои влегоа во вториот круг“, рече Курти. Тој додаде дека изборите беа слободни, демократски и фер, без инциденти. „Сите жалби ќе бидат решени од надлежните органи. Како премиер, јас сум многу горд што имавме европски пријатели кои ја набудуваа нашата демократија, која може да послужи како пример за земјите во регионот и пошироко“, изјави Курти. За потсетување, Самоопределување не освои ниту една општина самостојно, односно оди во втор круг во 12 општини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-ochekuvav-poinakov-rezultat/feed/ 0
Самоопределување на Албин Курти со убедливо водство на предвремените парламентарни избори во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samoopredeluvanje-na-albin-kurti-so-ubedlivo-vodstvo-na-predvremenite-parlamentarni-izbori-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samoopredeluvanje-na-albin-kurti-so-ubedlivo-vodstvo-na-predvremenite-parlamentarni-izbori-vo-kosovo/#respond Sun, 14 Feb 2021 21:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=468731

Партијата Самоопределување освои најмногу гласови на парламентарните избори во Косово, покажуваат излезните анкети, јави агенцијата ДПА. Левичарската партија освои најголем дел од гласовите – 42 проценти, соопштија анкетарите од Институтот Пипос по затворањето на избирачките места во 19 часот. Долгогодишната владејачка партија ПДК (Демократска партија на Косово), според излезните анкети, освоила 16,5 проценти од гласовите, а конзервативната ЛДК (Демократска лига на Косово) 15 проценти од гласовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samoopredeluvanje-na-albin-kurti-so-ubedlivo-vodstvo-na-predvremenite-parlamentarni-izbori-vo-kosovo/feed/ 0
Самоопределување им честита на Албанците во Македонија за изборните резултати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samoopredeluvanje-im-chestita-na-albancite-vo-makedonija-za-izbornite-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samoopredeluvanje-im-chestita-na-albancite-vo-makedonija-za-izbornite-rezultati/#respond Thu, 16 Jul 2020 18:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=377334

Најголемата опозициска партија во Косово, Движењето самоопределување (ВВ), им честита на Албанците во Македонија за исходот на вчерашните вонедни парламентарни избори, оценувајќи дека бројката „од 32 до 34 пратеници“ е најдобриот резултат што Албанците го постигнале од осамостојувањето на државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Партијата предводена од Албин Курти, преку соопштение до јавноста, кое попладнево го пренесоа медиумите во Приштина, си припишува заслуги за „големото учество на Албанците“ на овие избори и за најголемиот број на пратеници Албанци во Собранието во Македонија од нејзиното осамостојување. -Додека се уште ги чекаме конечните резултати, добрата вест е дека според резултатите кои ги пренесува Државната изборна комисија, во македонското Собрание ќе седат меѓу 32 и 34 пратеници Албанци. Тоа е и своевиен рекорд, затоа што претходната најголема бројка на пратеници Албанци изнесуваше 29. Влијаеше, меѓу другото, и залагањето на Движењето самоопределување, кое го поттикна големото учество на Албанците на овие избори, се вели во соопштението на ВВ. Партијата која до пред месец и половина беше на власт во Косово, ја повтори намерата, која првично ја објави во јуни годинава, дека наскоро ќе основа сопствен центар, односно ќе се легитимира како политички субјект во Македонија. -ВВ наскоро ќе отвори свој центар во Македонија. Заедно ќе се залагаме и ќе се организираме, отворени за пријателство со секој искрен пријател, со цел позитивните и прогресивни процеси да се забрзаат, а оние негативните, дискриминирачки и назадни да се запрат. Албанците ќе бидат решавачки елемент за победникот на изборите, но и за формирањето на владата во Македонија, порача најголемата опозициска партија во Косово, на чие чело е доскорешниот косовски премиер, Албин Курти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samoopredeluvanje-im-chestita-na-albancite-vo-makedonija-za-izbornite-rezultati/feed/ 0
Курти: Самоопределување од Косово ќе се прошири и во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurti-samoopredeluvanje-od-kosovo-kje-se-proshiri-i-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurti-samoopredeluvanje-od-kosovo-kje-se-proshiri-i-vo-makedonija/#respond Fri, 12 Jun 2020 19:33:36 +0000 https://kurir.mk/?p=357246

Лидерот на движењето самоопределување (ВВ) и доскорешен премиер на Косово Албин Курти најави дека неговата партија наскоро ќе дејствува како политички субјект и во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешниот собир по повод 21-годишнината од ослободувањето на Косово и 15-годишнината од основањето на ВВ, Курти изјави дека „Самоопределување ги освои срцата“ на сите Албанци во сите албански средини во регионот. – Ние го имаме нашиот центар во Албанија, а од денеска ја покренуваме иницијативата за основање на Движење самоопределување и во Македонија, порача Курти на крајот од својот говор пред неколку илјади граѓани на собирот на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Приштина. Според доскорешниот косовски премиер, неговата партија „веќе е порасната и проширена на сите албански територии“. – Самоопределување ќе има и во Албанија, во Македонија, во дијаспората и насекаде. Во Косово набргу ќе има избори и ВВ ќе го добие мнозинството гласови, рече Курти, порачувајќи дека сета власт во Косово ќе ја има неговата партија. Потпретседателот на партијата, досегашниот вицепремиер Хаки Абази, порача дека „Албанија и Косово наскоро ќе имаат причина заедно да слават“, откако ВВ ќе победи на наредните избори. – Цела Албанија ги имаше очите вперени кон Косово оваа пролет. Албанија сфати дека ВВ ја изгуби власта, но само привремено. Албанија знае дека ВВ ги освои срцата на Албанците насекаде, во Албанија,  Македонија, Медвеѓе и во целата дијаспора, порача Абази. Лидерот на ВВ Курти беше избран за премиер на Косово на 3 февруари годинава, откако неговата партија победи на изборите од 6 октомври, минатата година. На 25 март Собранието на Косово, на иницијатива на неговиот дотогашен коалиционен партнер, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), му изгласа недоверба, додека на 3 мај беше избрана новата влада, предводена од Авдулах Хоти од ЛДК. ВВ ѝ го оспорува легитмитетот на новата влада и бара нови парламентрни избори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurti-samoopredeluvanje-od-kosovo-kje-se-proshiri-i-vo-makedonija/feed/ 0
Самоопределување на Албин Курти утре ќе одржи нова „проба за протест“ со 5.000 луѓе во центарот на Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samoopredeluvanje-na-albin-kurti-utre-kje-odrzi-nova-proba-za-protest-so-5-000-lugje-vo-centarot-na-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samoopredeluvanje-na-albin-kurti-utre-kje-odrzi-nova-proba-za-protest-so-5-000-lugje-vo-centarot-na-prishtina/#respond Wed, 27 May 2020 10:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=350682

Владејачката партија Движење Самоопределување (ВВ) најави дека утре ќе одржи нова, втора по ред, „проба за протест“ во центарот на главниот град на Косово, на која се очекува да учествуваат околу пет илјади нејзини активисти и следбеници, јави дописникот на МИА од Приштина. Од партијата на вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, за порталот „Газета експрес“ изјавија дека одлучиле да ја одржат манифестацијата, која тие ја нарекуваат „перформанс“, по „големиот интерес и бројните барања од граѓаните“. – Постојано во последно време имаме големо интересирање и бројни барања од граѓаните за протестирање во врска со равојот на настаните во земјата. По успешното реализирање (на 12 мај) на првата проба од граѓаните и активистите одлучивме да го реализираме второто тестирање, но во поголем обем. Значи ова сигурно не е протест, туку перформанс со 3.500 до 5.000 лица, изјавија од ВВ. Според јавниот повик на ВВ, „перформансот“ ќе се одржи од 17 до 19 часот на плоштадите „Скендербег“, „Ибрахим Ругова“ и „Адем Јашари“ во пешачката зона во центарот на Приштина. Новата проба за протест се одржува во пресрет на одлуката која треба да ја донесе Уставниот суд на Косово најдоцна до задутре, 29 мај, во врска со барањето на ВВ за оценка на уставноста на доделувањето на мандатот од страна на претседателот на државата Хашим Тачи на второрангирната партија на последните парламентарни избори, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК). На 25 март, на иницијатива на ЛДК, Собранието на Косово му изгласа недоверба на кабинетот на Курти, по што Тачи неколку пати побара од ВВ да именува кандидат за формирање нова влада. Откако партијата на Курти не одогвори на неговите повици, Тачи, по консултации со другите парламентарни партии, на 30 април го додели мандатот на Авдулах Хоти од ЛДК. Утредента, на 1 мај, ВВ го поднесе барањето до Уставен суд за оценка на уставноста на одлуката на претседателот на државата. ВВ тврди дека нова влада не може да се формира од постоечкиот парламентарен состав, туку треба да се организираат нови избори. Од утре во Косово стапуваат на сила нови, олеснети мерки во врска со пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, ќе нема ограничување на движењето на граѓаните од 7 до 21 часот. Разрешениот премиер Курти негира дека новите мерки се воведуваат со цел да се овозможи одржување протести против евентуална одлука на Уставниот суд со која би се одбило барањето на ВВ за прогласување за неуставно доделувањето на мандатот на друга партија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samoopredeluvanje-na-albin-kurti-utre-kje-odrzi-nova-proba-za-protest-so-5-000-lugje-vo-centarot-na-prishtina/feed/ 0
Самоопределување: Ќе го спречиме Тачи во намерата за размена на територии https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samoopredeluvanje-kje-go-sprechime-tachi-vo-namerata-za-razmena-na-teritorii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samoopredeluvanje-kje-go-sprechime-tachi-vo-namerata-za-razmena-na-teritorii/#respond Tue, 07 Aug 2018 13:09:44 +0000 https://kurir.mk/?p=85436

Опозициското Движење Самоопределување (ВВ) најави дека е можно „да организира масовни протести“, со цел да го спречи косовскиот претседател Хашим Тачи „да ја реализира намерата за размена на територии со Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина. Најавувајќи дека ќе се преземат сите активности „за спречување на Тачи во намерата да му наштети уште повеќе на Косово“, пратеничката на ВВ Арберие Нагавции на денешната прес-конференција истакна дека за да се излезе од ситуацијата во која се наоѓа земјата, треба да се оди на вонредни избори. -Претседателот Тачи ќе го спречиме на различни начини да не и наштети уште повеќе на земјата. Протестите не се исклучени, рече Нагавци. Друга пратеничка на опозициската ВВ, Албулена Хаџиу пак оцени дека нацрт-статутот за формирањето на Заедницата на општини со мнозинско српско население, кој работната група за негово изготвување вчера го испрати во Брисел, е противуставен. -Тачи нема кредибилитет ниту од Собранието, ниту од граѓаните на Косово за да оди во Брисел и да преговара за ова прашање со (српскиот претседател, Александар) Вучиќ, изјави Хаџиу. Косовскиот претседател Хашим Тчи во последно време се позачестено, на речиси секојдневни прес-конференции, ја промовира идејата за, како што тој го нарекува „корекција на границата со Србија“. Ова, според Тачи, би значело Прешевската Долина да се припои кон Косово, но на Србија да не и се отстапи косовска територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/samoopredeluvanje-kje-go-sprechime-tachi-vo-namerata-za-razmena-na-teritorii/feed/ 0
Уапсен уште еден активист на Самоопределување на границата со Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-ushte-eden-aktivist-na-samoopredeluvanje-na-granicata-so-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-ushte-eden-aktivist-na-samoopredeluvanje-na-granicata-so-albanija/#respond Mon, 23 Jul 2018 16:04:07 +0000 https://kurir.mk/?p=80094

Косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) соопшти дека денеска, при излегување од Косово за Албанија, на граничниот премин меѓу двете земји, е упасен нејзиниот активист Шкелќим Морина, јави дописникот на МИА од Приштина. Според објавата на офицјалната страница на Фејсбук на ВВ, Морина е упасен на косовско-албанската граница додека заедно со сопругата патувал на одмор во Албанија. - Државата сака да покаже дека не се повлекува од сопствените грешки (...) Тој (Морина) е упасен поради неговите поранешни политички акции, објави ВВ. Според партијата на Албин Курти, нивниот активист е уапсен поради политички активности против „одлуки кои и од Уставниот суд на Косово се прогласени како штетни за државата“, односно поради неговите протести против формирањето на Заедницата на општините со мнозинско српско население. - Денеска, ароганцијата на власта и игнорантскиот однос со кој властодршците одат во Брисел (на преговори со Србија) ги принудуваат граѓаните повторно да излезат на протест, се наведува во соопштението на ВВ. Пред една недела, на 16 јули, на истата граница, при влез од Албанија во Косово, беше уапсен друг активист на истата опозициска партија, Ардиан Хули од Истог. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-ushte-eden-aktivist-na-samoopredeluvanje-na-granicata-so-albanija/feed/ 0