самостоен синдикат за образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Apr 2022 15:41:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png самостоен синдикат за образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штрајкот продолжува, Неделков и синдикатот за образование не добиле конкретно ветување за зголемување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-prodolzuva-nedelkov-i-sindikatot-za-obrazovanie-ne-dobile-konkretno-vetuvanje-za-zgolemuvanje-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-prodolzuva-nedelkov-i-sindikatot-za-obrazovanie-ne-dobile-konkretno-vetuvanje-za-zgolemuvanje-na-platite/#respond Wed, 13 Apr 2022 15:41:06 +0000 https://kurir.mk/?p=662624

Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови зашто немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во висина од некој процент. Со преговори ќе продолжиме и сме расположени во секое време да се сретнеме кога ќе побараат од нас, ќе бидеме достапни, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков по денешната средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на кој се разговарало на повеќе теми поврзани со образовниот систем во државата. – Сите сме расположени да прекине штрајкот и да почне наставата, но секако за тоа треба да одлучи членството, а ќе одлучи само врз основа на конкретен предлог што би го прифатиле мнозинството од членовите, рече Неделков, додавајќи оти тоа се разговори, преговори и многу ќе зависи од тоа како ќе завршат во однос на зголемување на платите. Од таа причина, додаде, очекуваме од МОН овие денови да излезат со конкретен предлог, па и со некаков допис, како што рече, што написмено ќе го имаме од нив како гаранција за тоа што се договараме. Дали веднаш ќе можеме да одлучиме да се стави штрјкот во мирување или не, потенцира Неделков, ќе зависи од тоа што МОН односно Владата ќе излезе со предлог. Според него, и двете страни имаат ист став дека преговорите мора да се интензивираат, што побрзо да се најде заедничко решение и за да можат децата да одат во училиште и да имаат редовна настава. На средбата, како што информираше Неделков, повеќе се разговарало во делот на продолжување на наставата, кога ќе продолжи наставата, како ќе се надополнат часовите, кои се последиците од штрајкот и друго. Како што истакна претседателот на СОНК, министерот Шаќири подвлекол дека ќе има зголемување на платите, дека се прават максимални напори од другите министерства, на ниво на Влада, да се се пренасочат средства. – Неговото уверување беше дека ќе има, меѓутоа и самиот не знае колку ќе има и затоа ниту тој сакаше да шпекулира, ниту ние не знаеме за колку средства се работи, изјави Неделков. Тој информира и дека немаат добиено никаков предлог и од таа причина, рече, не може да зборува за сума. Во СОНК, појасни, имаат поинаков став во однос на пролонгирањето на учебната година и сметаат дека учебната година може да заврши, дека не мора да се продолжува и оти може во рамки на оваа учебна година да се надокнадат тие изгубени часови. – Секој наставник во зависност колку наставни часови изгубил на неделно ниво во рамки на работниот ден, дополнително ќе вложи напори за да ги надокнади тие наставни содржини, изјави претседателот на СОНК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-prodolzuva-nedelkov-i-sindikatot-za-obrazovanie-ne-dobile-konkretno-vetuvanje-za-zgolemuvanje-na-platite/feed/ 0
Неделков оптимист пред денешната средба во МОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-optimist-pred-deneshnata-sredba-vo-mon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-optimist-pred-deneshnata-sredba-vo-mon/#respond Wed, 13 Apr 2022 13:36:02 +0000 https://kurir.mk/?p=662500

Со оглед на тоа што денеска и официјално од Министерството за образование и наука имаше изјава дека има сериозен пристап кон решавање на овој проблем односно максимални напори да се доближат со процентот што го побара СОНК, само по себе дава за право да бидеме оптимисти на денешната средба и од министерот за образование и наука да слушнеме нешто поконкретно, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура Јаким Неделков пред почетокот на средбата во МОН од кое денеска добиле покана за нова средба за преговори за платите. Три дена се штрајкува, а претходно, рече тој, поминаа и 30 дена во преговори, но не е добиен конкретен предлог на барањето на СОНК. -Од таа причина убедени сме дека денеска ќе имаме нешто повеќе да и соопштиме на јавноста. Во секој случај, ние сме секогаш отворени за соработка, максимално сме конструктивни и сакаме што побрзо штрајкот да заврши, се во интерес на учениците и на родителите, изјави Неделков пред средбата закажана во 15 часот во МОН. На прашање дали утре во училиштата ќе прекине штрајкот доколку денеска биде постигнат договор со МОН, Неделков одговори дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и од тоа колку, како што рече, „ние брзо и ескспедитивно предлогот ќе го доставиме до синдикалните организации“. -Тоа би значело во поладневните, вечерни часови, за повратно да добиеме одговор од 600 синдикални организации и 20 регионални одбори сумирани резултатите за вечерва, ноќеска, Советот на СОНК да донесе одлука. Теоретски е возможно, но практично сме цајтнот со време. Да бидеме оптимисти – ако навистина има добар предлог, ние не би спиеле цела ноќ, би работеле со нашето членство за да изнајдеме решение. Но, велам, ако имаме соодветна, коректна понуда која навистина ќе може да помине во членството, рече Неделков. Поканата за нова средба во обид за договор за платите на вработените во образованието и градинките беше најавена во понеделникот, на првиот ден од генералниот штрајк. СОНК денеска добил покана од МОН откако претходно на Фејсбук ја поздрави заложбата на министерот за образование и наука за изнаоѓање средства за задоволување на барањата на вработените во дејноста образование. Министерот Јетон Шаќири во интервју за ТВ Алсат вчера изјави дека МОН е подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара Синдикатот. – Ова нека биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација, објави денеска Неделков на Фејсбук. Министерот за образование и наука во интервјуто изјави дека е подготвен да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, кои предизвикуваат фискални импликации, со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближи до процентот на покачување на платите на наставниците што го бара СОНК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-optimist-pred-deneshnata-sredba-vo-mon/feed/ 0