самоубиства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Aug 2023 13:11:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png самоубиства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе одговара за 88 самоубиства: Еве што правел овој готвач од Канада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ke-odgovara-za-88-samoubistva-eve-shto-pravel-ovoj-gotvach-od-kanada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ke-odgovara-za-88-samoubistva-eve-shto-pravel-ovoj-gotvach-od-kanada/#respond Fri, 25 Aug 2023 13:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=870896

Британската Национална агенција против криминал (НЦА) поведе официјална истрага против канадскиот готвач Кенет Ло поради поврзаност со 88 смртни случаи во Велика Британија. Тој преку својата интернет страница ги снабдувал суицидалните лица со смртоносен отров. НЦА наведе дека соработува со сите полициски сили за идентификација на потенцијалните жртви. Списокот на Интерпол со детали за 232 негови британски клиенти беше предаден на агенцијата во Канада, а подоцнежната истрага покажа дека 88 лица починале во Велика Британија Ло (57) е уапсен во Канада неколку дена откако Тајмс откри дека тој две години продавал отров на интернет. Тој на новинар на тајна задача му признал дека „многу, многу, многу, многу“ луѓе починале откако ја зеле супстанцата. Според весникот аеронаутичкиот инженер кој станал готвач испорачал 1.200 пакети во 40 земји и е под истрага на полицијата во САД, Италија, Австралија и Нов Зеланд. Согласно законите во Канада и во Велика Британија за помагање при самоубиство предвидена е максимална казна од 14 години затвор. Ло денеска ќе се појави пред судот во Онтарио на сослушување за кауција. Тој, претходно соочен со обвиненијата за помагање и поттикнување на самоубиство, изјави „само продавам производ. Можеби сакате да ги спречите луѓето да купуваат ножеви и пиштоли“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ke-odgovara-za-88-samoubistva-eve-shto-pravel-ovoj-gotvach-od-kanada/feed/ 0
АЛАРМАНТНО: Случаите на самоубиства кај деца достигнаа досега невиден рекорд во Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantno-sluchaite-na-samoubistva-kaj-deca-dostignaa-dosega-neviden-rekord-vo-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantno-sluchaite-na-samoubistva-kaj-deca-dostignaa-dosega-neviden-rekord-vo-japonija/#respond Thu, 14 Oct 2021 15:30:21 +0000 https://kurir.mk/?p=579084

Самоубиствата меѓу јапонските деца на училишна возраст достигнаа рекордно ниво во текот на изминатата учебна година, покажа извештај на Министерството за образование. Во текот на учебната година во 2020 година, Јапонија регистрираше 415 самоубиства меѓу ученици на возраст од 6 до 18 години – најголем број од 1974 година, откако се води евиденција, пренесува Си-Ен-Ен. Постојат голем број фактори зад самоубиствата, вклучувајќи семејни проблеми, лоши резултати во училиштето, односи со други деца и болести, објави јапонскиот јавен сервис НХК. Причината за повеќе од половина од самоубиствата пријавени минатата учебна година е непозната, соопшти НХК. Бројот е 31 отсто поголем од претходната учебна година, кога 317 ученици извршиле самоубиство. – Зголемувањето на бројот на самоубиства е нешто што укажува на алармантна ситуација, изјави за НХК Егучи Аричика, шеф на одделот за деца и студентски прашања на јапонското Министерство за образование. Јапонското Министерство за образование спроведува годишно истражување во училиштата на сите нивоа и собира податоци за самоубиства, малтретирање и самоволни отсуства од училиште. Извештајот објавен вчера, исто така, покажа дека повеќе од 190.000 ученици од основните и средните училишта биле надвор од училиште 30 дена или повеќе минатата учебна година, објави НХК. Тоа е рекордно висока бројка и зголемување од осум проценти во однос на претходната година. – Резултатите покажуваат дека пандемијата предизвика промени во училишната и семејната средина и имаше влијание врз однесувањето на децата, рече Егучи. Тој додаде дека Министерството сака да го олесни пристапот до начините на кои луѓето можат да добијат помош и да обезбеди децата што не можат да посетуваат училиште да продолжат да учат. Се уште не е јасно до кој степен затворањето и изолацијата за време на пандемијата придонесоа за зголемување на отсуството. Основните и средните училишта беа затворени во Јапонија од март до крајот на мај 2020 година. Јапонската учебна година започнува во април и завршува во март следната година. Истражувањето покажа дека околу 30.000 ученици биле отсутни од училиште 30 или повеќе дена поради загриженост за пандемијата на коронавирусот, објави НХК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantno-sluchaite-na-samoubistva-kaj-deca-dostignaa-dosega-neviden-rekord-vo-japonija/feed/ 0
ДВОЈНА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Момче (25) и девојка (22) си ги одзедоа животите, причина недозволена љубов? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvojna-tragedija-vo-makedonija-momche-25-i-devojka-22-si-gi-odzedoa-zivotite-prichina-nedozvolena-ljubov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvojna-tragedija-vo-makedonija-momche-25-i-devojka-22-si-gi-odzedoa-zivotite-prichina-nedozvolena-ljubov/#respond Wed, 14 Jul 2021 08:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=536504 Двојна трагедија ја потресе Македонија. Откако синоќа дел од медиумите објавија дека кај археолошкиот локалитет Баргала животот со бесење си го одзеде 25 годишно момче, утринава нова трагедија.

Од штипската полиција за Курир потврдуваат дека утринава од Итната медициска помош добиле пријава за починато женско лице, кај кое смртта е настаната со бесење. Неофицијално, станува збор за девојка на возраст од 22 години.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во куса изјава за Курир вели дека двата случаи се поврзани, а случени се на територија на општина Карбинци.

Момчето и девојката биле во љубовна врска, а неофицијално причина за ваквиот нивен чин е недозволена љубов.

Панајотова вели дека во текот на денот по завршување на увидот и прибирањето на сите информации, полицијата ќе излезе со повеќе детали.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvojna-tragedija-vo-makedonija-momche-25-i-devojka-22-si-gi-odzedoa-zivotite-prichina-nedozvolena-ljubov/feed/ 0
СЗО: Еден отсто од смртните случаи во светот се поради самоубиства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-eden-otsto-od-smrtnite-sluchai-vo-svetot-se-poradi-samoubistva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-eden-otsto-od-smrtnite-sluchai-vo-svetot-se-poradi-samoubistva/#respond Fri, 18 Jun 2021 07:44:10 +0000 https://kurir.mk/?p=525025

Повеќе од 700.000 луѓе си ги одзеле своите животи во 2019 година, што значи дека еден од секои 100 смртни случаи во светот се должи на самоубиство, соопшти Светската здравствена организација, јави ДПА. Тој процент е исклучително висок. Самоубиствата паднаа за 36 проценти од 2000 до 2019 година. Сепак, пандемијата зголеми многу од ризичните фактори за нив, како што се невработеност, финансиски проблеми, изолација. „Државите можат да помогнат да се намали самоубиството обучувајќи млади луѓе да се справуваат со емоционални или социјални кризи“, соопшти СЗО. Други начини за справување со проблемот се да ги идентификуваат луѓето склони на самоубиство рано и да им се даде можност да најдат помош, да поттикнат одговорно медиумско известување за самоубиства и да го отежнат пристапот до отрови и оружје. Самоубиството е четврта водечка причина за смртност во возрасната група од 15-29 години, по сообраќајни несреќи, туберкулоза и насилство. Повеќето жртви се од машки пол – 12,6 на 100.000 за мажи, во споредба со 5,4 на 100.000 за жени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-eden-otsto-od-smrtnite-sluchai-vo-svetot-se-poradi-samoubistva/feed/ 0
Во Албанија минатата година 215 самоубиства и 55 убиства https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-minatata-godina-215-samoubistva-i-55-ubistva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-minatata-godina-215-samoubistva-i-55-ubistva/#respond Sat, 05 Jun 2021 13:52:24 +0000 https://kurir.mk/?p=519411

Самоубиствата и понатаму се една од најболните појави во албанското општество, што го потврдуваат високите бројки регистрирани и минатата година, јави дописничката на МИА од Тирана. Институтот за статистика, ИНСТАТ објави дека минатата година се случиле 215 самоубиства, што е речиси идентична бројка со претходната година, кога имало 216 самоубиства. Според експертите од оваа област, во текот на минатата година евидентирани се и 129 обиди за самоубиство, што е највисоко ниво во последните три години. Оваа бројка, оценуваат тие, е многу поголема затоа што „десетици други остануваат непријавени“. Споредено со кривичните дела убиства, бројот на самоубиства е повисок за повеќе од трипати. Лани биле регистрирани 55 убиства. – Причината за големиот број самоубиства во Албанија се припишува на економски и социјални фактори, а дополнителен стрес минатата година беше и пандемијата со Ковид-19. Бидејќи нивното ниво продолжува да биде трипати повисоко од убиствата, неопходно е градење механизми за спречување на самоубиственото однесување, што има значително економско и социјално влијание, вели Арјана Рели, психијатар. Докторката оценува дека кон чинот на одземање на сопствениот живот најчесто се одлучуваат оние кои одбиваат да се лекуваат или имаат притисок од семејството да не го прифатат проблемот. Самоубиствата се зголемуваат на систематски начин во последните две години, забележувајќи 216 самоубиства во 2019 година или 2,3 отсто повеќе споредено со 2018 година и 215 самоубиства во 2020 година, што претставува 7,5 на 100.000 жители наспроти 5,4 колку што било во 2016 година. Гледано одделено, од вкупниот број самоубиства минатата година дури 72 отсто ги извршиле мажи, а најпогодена е возрасната група од 50-59 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-minatata-godina-215-samoubistva-i-55-ubistva/feed/ 0
Во Италија 71 самоубиство поврзано со пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-71-samoubistvo-povrzano-so-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-71-samoubistvo-povrzano-so-pandemijata/#respond Mon, 07 Sep 2020 14:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=400232

Пандемијата има големо влијание врз менталното здравје, а од март до денеска, 71 самоубиство и 46 обиди за самоубиство во Италија се поврзани со кризата предизвикана од Ковид-19, пишува италијанскиот весник Република. Покрај последиците од финансиската криза, мерките за социјално дистанцирање и изолација доведоа и до влошување на психолошките проблеми, се вели во написот објавен по повод претстојниот Светски ден за спречување на самоубиство – 10 септември. Како што е наведено, постојат неколку фактори на ризик од самоубиство, а зголемувањето на бројот на самоубиства и обиди за самоубиство за време на блокадата поради пандемијата може да се објасни и со прекинување на посетите на клиниките за психолошка или психијатриска терапија. – Депресијата е водечка причина за инвалидитет, бројот на депресивни лица расте во последните децении, па дури а уште повеќе како резултат на пандемијата и нејзините последици, изјави Клаудио Менкачи, раководител на Одделот за ментално здравје во болницата Фатебенефратели во Милано. Италија е прва европска земја која на почетокот на март воведе строги мерки за карантин на целата територија, и излезе од блокадата со постепено олеснување на рестриктивните мерки по речиси три месеци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-71-samoubistvo-povrzano-so-pandemijata/feed/ 0
Обвинителството во Тирана почна истрага за двете самоубиства на пациенти во болницата Ковид два https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obvinitelstvoto-vo-tirana-pochna-istraga-za-dvete-samoubistva-na-pacienti-vo-bolnicata-kovid-dva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obvinitelstvoto-vo-tirana-pochna-istraga-za-dvete-samoubistva-na-pacienti-vo-bolnicata-kovid-dva/#respond Thu, 03 Sep 2020 09:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=398625

Обвинителство во Тирана почна истрага во врска со случаите на самоубство на двајца пациенти, кои животот си го одзеле со фрлање од болницата „Шефќет Ндроќи“, наречена болница Ковид два, јави дописничката на МИА од Тирана. Истрагата почна по синоќешниот инцидент, кога 65-годишен пациент заразен со Ковид-19 се самоуби со фрлање од четвртиот кат на болницата. Првиот случај е од 13 август кога се самоуби 29- годишен пацинет од Драч, кој скокнал од третиот кат на болницата. – Обвинителството почна истрага по обвинувањата за лекарска негрижа, за што постои запис од телефонски разговор, каде 65 – годишниот пациент на свој близок му се жали за она што го видел и доживеал во болницата и дека да знаел што го чека никогаш не би дошол, пренесува агенцијата Балкан веб. На роднината му кажува дека телефонот го обезбедил од друго лице на кое за тоа му платил одредена сума пари и оти има само пет минути за разговор. Топ чанел телевизија уште пренесува дека и двајцата пациенти биле во тешка психолошка состојба, што барало дополнителна грижа. Обвинителството веќе ги подигнало болничките картони на двајцата паценти и се води истрага како се третираат пацентите во оваа болница. Лекарите кои синоќа биле на должност дале изјави во полиција. Во оваа и Инфективната клиника моментно хоспитализирани се 185 пациенти заразени со Ковид-19, при што 22 се на интензивна терапија, а осум се интубирани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obvinitelstvoto-vo-tirana-pochna-istraga-za-dvete-samoubistva-na-pacienti-vo-bolnicata-kovid-dva/feed/ 0
Во Канада за една година 25.000 обиди за самоубиство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kanada-za-edna-godina-25-000-obidi-za-samoubistvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kanada-za-edna-godina-25-000-obidi-za-samoubistvo/#respond Fri, 07 Aug 2020 06:52:12 +0000 https://kurir.mk/?p=387504

Во истражување објавено од канадскиот Институт за здравствени информации се вели дека во периодот од 2018 до 2019 година, 25.000 лица биле примени во болници поради обиди за самоубиство. Животот го загубиле околу 3.800 од нив, што е просечно нешто повеќе од 10 лица на ден, јави Си-Би-Ес, додавајќи дека самоубиството е деветта водечка причина за смрт во Канада. Новите податоци покажуваат дека девојчињата и жените на возраст од 10 до 24 години имаат трипати поголема веројатност да се самоповредат отколку мажите на иста возраст. Стапки на смртност од самоубиство биле највисоки кај мажи на возраст од 45 и повеќе години. Истражувањето исто така покажа дека има двојно повеќе обиди за самоубиство кај луѓе со пониски приходи, во споредба со оние кои живеат со најголеми приходи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kanada-za-edna-godina-25-000-obidi-za-samoubistvo/feed/ 0
Бран самоубиства меѓу француските полицајци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bran-samoubistva-megju-francuskite-policajci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bran-samoubistva-megju-francuskite-policajci/#respond Fri, 19 Apr 2019 14:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=188694

Синдикатот на француските полицајци побара итен состанок со министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, откако вчера двајца припадници на полицијата извршија самоубиство. Со двата последни случаи, бројот на самоубиствата на полицајци од почетокот на годината се искачи на 28. Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, лани самоубиства извршиле 68 полицајци. Во знак на сеќавање на овие полицајци, полицискиот синдикат ги повика своите членови денеска да одржат „тивок протест“ во локалните полициски станици. Според „Монд“, вчера со сопствениот пиштол во станица во Монпеље се самоубил 48-годишен полициски капетан, а неколку часа пред тоа во неговиот дом во Париз било пронајдено безживотното тело на 25-годишен полицаец, за кој истрагата утврдила дека извршил самоубиство. Синдикатот смета дека планот за спречување на самоубиствата, што беше изработен минатата година, треба да стане „национална цел и приоритет на Министерството за внатрешни работи“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bran-samoubistva-megju-francuskite-policajci/feed/ 0
Се зголемува бројот на самоубиства во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zgolemuva-brojot-na-samoubistva-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zgolemuva-brojot-na-samoubistva-vo-makedonija/#respond Tue, 16 Apr 2019 08:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=187044

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, минатата година во државава бил регистриран пораст на бројот на самоубиства, во однос на 2017 година. Во текот на минатата година биле извршени 121 самоубиство, од кои 29 во Скопје, 20 во Штип, 18 во Струмица, 16 во Битола, 14 во Куманово и по осум во Велес, Охрид и Тетово, додека во 2017 година биле регистрирани 103 самоубиства. Во 2016 година, пак, биле извршени 136 самоубиства и 177 обиди за самоубиства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zgolemuva-brojot-na-samoubistva-vo-makedonija/feed/ 0