„Самоубиство во самоодбрана“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Nov 2021 08:52:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Самоубиство во самоодбрана“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиера на претставата „Самоубиство во самоодбрана“ во Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-samoubistvo-vo-samoodbrana-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-samoubistvo-vo-samoodbrana-vo-shtip/#respond Sat, 06 Nov 2021 08:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=591712

Во Домот на млади во Штип денеска премиерно ќе биде изведена  театарската претставата „Самоубиство во самоодбрана“, работена според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски. „Самоубиство во самоодбрана“ е драма која зборува за животот, човештвото, љубовта и стравовите. Основната линија на дејствието се одвива на железничката станица каде што Веселин го чека возот под кој сака да се фрли. Тука, навидум случајно, се сретнува со самопрогласениот поет Горјан, и транс-жената Ева. Оваа линија е испреплетена со сеќавања од неговото минато од кои ја дознаваме причината за неговото доаѓање до оваа крајна станица. Картите се отвораат, маските паѓаат, вистината излегува на виделина. Сценографијата на претставата е дело на Ристе Мицевски. Улогите ги играат актери од ансамблот на Алтернативен Театар „Отпишани“ – Скопје: Петра Ивановска – во улога на Александра, Марјан Анѓеловски – во улога на Веселин, Јасмин Рамани – во улога на Горјан и Огнен Велевски – во улога на Ева. Претставата е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес од областа на драмската дејност за 2021 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-samoubistvo-vo-samoodbrana-vo-shtip/feed/ 0