самсоненко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 May 2020 14:18:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png самсоненко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Самсоненко го напушти ФК Вардар и го врати на Град Скопје! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/samsonenko-go-napushti-fk-vardar-i-go-vrati-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/samsonenko-go-napushti-fk-vardar-i-go-vrati-na-grad-skopje/#respond Fri, 15 May 2020 14:18:12 +0000 https://kurir.mk/?p=346328

Сергеј Самсоненко по ракометниот, од денеска повеќе не е прв човек ниту на фудбалскиот клуб Вардар, откако преку соопштение до јавноста обелодени дека управувањето со најтрофејниот македонски фудбалски колектив го враќа на Град Скопје. Соопштението на Сергеј Самсоненко го пренесуваме во целост: Со превземањето на АД ФК Вардар Скопје во 2014 започнавме со реализирање на визијата да изградиме респектабилен и успешен фудбалски клуб. Со вложување на значајни финансиски средства, огромен труд и енергија во изминатите 6 години се стремевме кон остварување на врвни спортски резултати. Освоивме 3 титули во ПМФЛ и успеавме да се пласираме во Лига Европа во 2017 година, пласман кој ќе остане запаметен во спортската историја на државата. Пред нас беше и освојувањето на четвртата титула во домашното фудбалско првенство. Но, наспроти нашиот труд и посветеност беа и потешкотиите за одржување на клубот од финансиски аспект со кои јас лично, секојдневно веќе втора година се соочувам. Во неколку наврати ја информиравме и јавноста дека финансирањето на клубот претставува голем товар и дека истиот е многу тешко да се издржи бидејќи бев директно погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи. Правната постапка за спорот е во тек, искрено се надевам и верувам во надлежните институции кои треба да ја докажат правдата и се надевам на позитивна разврска на целиот случај. Покрај тоа, дополнителни потешкотии во финансирањето се создадоа и поради пандемијата на Ковид – 19 од која сериозно е погоден целиот свет. Поради овие причини кои веќе се надвор од моја моќ и контрола не сум повеќе во можност да ги исполнувам финансиските обврски и со цел да ја заштитам иднината на еден од најголемите спортски брендови ФК Вардар принуден сум да го вратам овој клуб на Град Скопје. Искрено верував во својата визија и во визијата на сите играчи на клубот, во сите тешки моменти не водеше љубовта кон спортот и желбата за постигнување на нови успеси. Заедно постигнавме многу, но за жал околностите се такви што јас морам принудно да се повлечам од оваа приказна. Воедно, ја информирам јавноста дека ги преземам сите веќе достасани обврски на клубот со цел да го отворам патот за новите, идни инвеститори кои искрено посакувам и се надевам дека ќе успеат во иднина да го задржат успешното функционирање и реномето на клубот кои ние го изградивме во изминативе години. Спортски поздрав, Сергеј Самсоненко]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/samsonenko-go-napushti-fk-vardar-i-go-vrati-na-grad-skopje/feed/ 0
Кој сака да го „срамни со земја“ нашиот Вардар?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-saka-da-go-sramni-so-zemja-nashiot-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-saka-da-go-sramni-so-zemja-nashiot-vardar/#respond Thu, 30 Jan 2020 11:22:18 +0000 https://kurir.mk/?p=296838

Нов шок и разочарување ја потресе македонската јавност откако излезе веста дека Сергеј Самсоненко дефинитивно си оди од Вардар. Сопственикот на Вардар во 2012-та година прво влезе во женскиот ракометен клуб на Вардар, а потоа и во машкиот и во фудбалскиот клуб. Од 2012-та година па до денес, Сергеј Самсоненко инвестираше милиони евра во овие три клуба, а воедно и постигна успеси како ниту една друга екипа на клупско ниво. Фудбалскиот клуб влезе во Лига Европа, а машкиот ракометен клуб два пати ја освојуваше Европа. Ракометарите на Вардар во 2017-та и во 2019-та година се искачија на врвот на Европа, освојуваќи ја Лигата на шампиони, најсилното клупско натпреварување во Европа. Македонија и Македонците се радуваа, преку 100.000 народ од цела Македонија доаѓаше да ги пречека нашите шампиони, малите деца се сликаа со своите херои, едноставно изминативе 8 години Вардар беше најсветлата точка во Македонскиот спорт. Вардар пишуваше историја за која светот зборуваше, зборува и ќе зборува, а денес некој реши тоа да го промени! Денес некој цврсто решил „да го срамни со земја“ нашиот Вардар или како што правите вардарци сакаат да се наречат СЕМЕЈСТВО. Неколку години наназад, Сергеј Самсоненко, излегуваше во јавноста, бараше помош од државата, бидејќи имаше реална потреба од тоа. Власта остана глува на ова! Да се навратиме во 2018-та година, кога Министерството за култура на Република Македонија им даде субвенции на навивачката група „Балисти“ на тетовска Шкендија. Сè уште не го заборавивме и настанот со „Шверцери“ во МНТ. Е сега, од една страна имаме клубови на кои им се делат државни пари, а единственото нешто што тие го прават е штета на државата, а од друга страна го имаме нашиот бренд по кој нè познава светот, нашиот Вардар. За „Балисти“ и „Шверцери“ има пари, а за Вардар нема, народски кажано, „Државата за едни мајка, а за други маќеа“. Но дали позади бркањето на Самсоненко се крие нешто друго, дали актуелната власт сака клубот да го даде на некој свој?! Доколку Сергеј Самсоненко си отиде од Вардар, клубот оди во рацете на Град Скопје. Таму власт во моментов е СДСМ, а градоначалник Петре Шилегов.   Кој е и што направи Сергеј Самсоненко за Вардар?! Во Вардар дојде во 2012 година, прво го превзема ЖРК Вардар, а потоа влезе и во РК и ФК Вардар. Русинот започна амбициозно, звучни имиња дојдоа во Вардар, посебно во РК и ЖРК, Тимур Дибиров, Арпад Штербик, Хорхе Македа, Жоан Кањелас, Игор Караџиќ, Лука Циндриќ, Андреа Лекиќ, Ина Суслина, се само дел од плеадата на ракометари кои дојдоа во двата ракометни тима на Вардар. Имиња кои оставиле белег во ракометот, но и имиња кои денес се страв и трепет за противниците, имиња прогласувани за МВП во Лигата на шампиони, едноставно врвни ракометари дојдоа во Вардар! Вардар на почетокот играше во својот тогашен храм, салата под Кале, а натпреварите од Лигата на шампиони ги играше во салата „Борис Трајковски“. Русинот не се помири со тоа, па во 2014 година изгради нов спортски храм во Аеродром, салата „Јане Сандански“, храм со кој денес сите се гордееме. Екипа од рангот на Вардар заслужува да игра во свој спортски храм. Сергеј Самсоненко инвестираше и во Академијата на ФК Вардар, изгради академија во Градскио парк во Скопје и најсовремен тренинг центар во Хиподром, тренинг центар од светски рамки, каков што му доликува на Вардар. Ова се само мал дел од инвестициите на Рускиот бизнисмен во Македонија, а останатите негови инвестиции во македонскиот спорт се сметаат во милиони евра. Но ова како да не и доволно на актуелната власт, па така почнаа со хајката против него. Роберт Алаѓозовски, поранешниот министер за култура и сегашен советник во Владата на СДСМ на Твитер го нарече „Куртоненко“. Самсоненко на јавна аукција купи локација зад Источната трибина на градскиот стадион во скопскиот парк за да изгради младински тренинг центар, Андреј Жерновски држеше прес-конференција пред Арената „Филип Втори“ обвинувајќи дека тогашниот премиер Никола Груевски и Сергеј Самсоненко се договориле сопственикот на Вардар евтино да ја купи локацијата и да градат заедно згради наместо младински тренинг камп. Жерновски свесно лажеше, зашто добро знаеше дека никој друг не се јави на аукцијата, иако беше слободно за секој и токму затоа беше поевтино земјиштето. Знаеше и дека во ДУП е предвидено исклучиво спортско игралиште и дека не може да се градат згради. Жерновски свесно лажеше со умисла, знаејќи дека нема никакви аргументи. Жерновски во изјавата тогаш рече дека Самсоненко и Владата направиле криминоген договор. Медиумите пак под контрола на СДСМ и Сорос цело време отворено пишуваа против рускиот сопственик на Вардар, тие дури и го обвинија дека тој спрема војна во Македонија. Во моментите пак додека Вардар со инвестициите на Самсоненко секој ден се повеќе и повеќе растеше, Јани Макрадули од Катица Јанева побара да му го замрзне имотот на Самсоненко. Човекот кој направи вистинска револуција во македонскиот спорт, за новата власт и медиумите кои се под нејзина контрола беше презентиран како се најлошо, беше обвинет дека ќе правел војна, беше навредуван. А Сергеј Самсоненко на македонскиот спорт му донесе само радости и историски успеси. Без никакви докази беше доведуван во поврзаност со поранешната власт, со медими и компании. Се вршеа притисоци и врз политички неопределени новинари да се „ископа“ некаква валканица за Самсоненко. Така, им пречеше тоа што ја доби спортската сала во Аеродром на 35 години концесија. А токму во светските спортски медиуми се наведува како голем успех неговиот проект Вардар кој за помалку од десет години се исчакува на шампионскиот пиедестал. Одговорот на прашањето, како тим од Балканот, Вардар, кој доаѓа од држава со население колку што има едно предградие на Париз, чијшто фаворит е совладан од македонскиот првак и постигнува ваков грандиозен успех, во странските медиуми се посочува токму воспоставувањето на клупска инфраструктура каква што ја имаат европските спортски гиганти.   Планира ли власта Вардар да го даде на „свој“ човек? Во јавноста подолг временски период кружат муабети дека актуелната власт сака да го избрка Сергеј Самсоненко од Вардар, а на негово место да си постават свои луѓе, но исто така се шпекулира и за имињата на истите. Кружат муабети дека во игра се имињата на тројца бизнисмени, добро познати на македонската јавност, но поради немањето на официјална информација нема да ги објавиме истите. Останува времето да покаже каква судбина му крои оваа власт на Вардар, но во едно сите сме согласни: Вардар не смее да падне на дното, а политичарите мора да престанат да му наштетуваат на клубот.   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-saka-da-go-sramni-so-zemja-nashiot-vardar/feed/ 0
Писонеро повеќе не е тренер на Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pisonero-povekje-ne-e-trener-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pisonero-povekje-ne-e-trener-na-vardar/#respond Thu, 17 Oct 2019 08:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=252772

Вардар доживеа тежок пораз против Кил, за едно полувреме постигна само четири голови, беше шокантно да се гледа европскиот шампион како промашува во тие 30 минути. Каков и да беше, тоа беше само првиот пораз на Вардар во Лигата на шампионите на кој му претходеа три победи. И не е само тренерска вина, македонскиот тим имаше игра, создаде чисти шанси за гол, едноставно ракометарите не ги реализираа, промашуваа сите, промашуваа зицери, пенали... Како гром од ведро небо дојде информацијата дека Сергеј Самсоненко одлучил Давид Писонеро да биде симнат од тренерската позиција во Вардар, а на негово место да биде назначен Едуард Кокшаров. Кокшаров е човек од доверба на Самсоненко, тој ја извршуваше функцијата спортски директор во Вардар и е селектор на руската репрезентација. Писонеро ја прифатил одлуката да му биде асистент на Кокшаров. Како ќе функционира Вардар на ваков начин останува да видиме во наредните натпревари, првиот предизвик е тежок, гостување кај Веспрем во Лигата на шампионите веќе во сабота.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pisonero-povekje-ne-e-trener-na-vardar/feed/ 0