Самуел Литл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Jan 2021 10:24:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Самуел Литл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина најголемиот сериски убиец во САД со 93 жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-najgolemiot-seriski-ubiec-vo-sad-so-93-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-najgolemiot-seriski-ubiec-vo-sad-so-93-zrtvi/#respond Fri, 01 Jan 2021 10:24:31 +0000 https://kurir.mk/?p=450976

Најголемиот сериски убиец во САД почина неколку часа пред Нова година. Осумдесет годишниот Самуел Литл, кој издржуваше три доживотни затворски казни без помилување поради убиство на три жени во 80-те години од минатиот век во Лос Анџелес, почина во затворската болница. Откако беше затворен, тој призна вкупно 93 убиства. Досега ФБИ можеше да го поврзе со 50 од нив, а истрагата за останатите продолжува. Пред да ги добие доживотните затворски казни, Литл отслужил уште две до четири години до 1987 година, а потоа 14 месеци до април 2014 година за употреба на оружје и киднапирање. Подоцна тој призна дека задушил 93 лица во периодот меѓу 1970 и 2005 година, а една од неговите жртви е удавена, што го прави најголемиот сериски убиец во историјата на САД. Литл напаѓал млади, темнокожи жени. Голем дел од нив биле проститутки или нарко зависници, чии случаи не се објавувале во медиумите, па дури и не биле регистрирани како убиства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-najgolemiot-seriski-ubiec-vo-sad-so-93-zrtvi/feed/ 0
Најголемиот сериски убиец во САД убил најмалку 50 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolemiot-seriski-ubiec-vo-sad-ubil-najmalku-50-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolemiot-seriski-ubiec-vo-sad-ubil-najmalku-50-lugje/#respond Mon, 07 Oct 2019 07:15:51 +0000 https://kurir.mk/?p=248607

САД најверојатно го пронајдоа најголемиот сериски убиец во својата историја, Самуел Литл (79), кој признал 93 убиства. Сојузната полиција (ФБИ) досега потврдила 50. Повеќето од жртвите на Самуел Литл од периодот кога убивал – меѓу 1970 и 2005 година – се жени. Литл отслужува доживотен затвор од 2014 година кога беше прогласен за виновен и осуден за три убиства. Но, бројот на загинатите се чини дека е многу поголем. Полицијата смета дека сите признанија на Литл се веродостојни, и отворија веб-страница на која може да се видат видеа од признанието на убиецот во кој се опишани убиствата чии жртви се уште не се идентификувани. „Голем број од тие смртни случаи се обележани како предозирање, несреќа или причина за смрт што не е утврдена. Некои тела никогаш не биле пронајдени“, додава ФБИ на таа веб-страница. Поранешниот боксер, познат и како Самуел Мекдауел, првпат беше уапсен во 2012 година во засолниште во бездомници во Кентаки. Тој беше екстрадиран во Калифорнија како дел од случај со дрога. Таму, благодарение на ДНК траги, властите го поврзаа со три нерешени случаи познати како „cold cases“, и врз основа на тоа, тој беше осуден во 2014 година за убиство на три жени во Лос Анџелес меѓу 1987 и 1989 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolemiot-seriski-ubiec-vo-sad-ubil-najmalku-50-lugje/feed/ 0