Самуел Жбогар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Sep 2020 14:23:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Самуел Жбогар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски до Жбогар: Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-zbogar-vladata-na-sdsm-ne-e-sposobna-da-isporacha-rezultati-koi-bi-bile-prepoznaeni-od-strateshkite-partneri-od-unijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-zbogar-vladata-na-sdsm-ne-e-sposobna-da-isporacha-rezultati-koi-bi-bile-prepoznaeni-od-strateshkite-partneri-od-unijata/#respond Mon, 07 Sep 2020 14:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=400228

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски денес (07 септември 2020 година) оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и стратешките приоритети. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека актуелната влада не испорачува резултати. Неспособноста на власта предводена од СДСМ ја втурна Македонија во тешка финансиска криза. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување. Мицкоски посочи дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија. Владата предводена од СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата. Мицкоски му се заблагодари на ангажманот на шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар за неговите придонеси за европската агенда, и се надева дека соработката со европските пријатели и во иднина ќе продолжи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-zbogar-vladata-na-sdsm-ne-e-sposobna-da-isporacha-rezultati-koi-bi-bile-prepoznaeni-od-strateshkite-partneri-od-unijata/feed/ 0
Евроамбасадорот Жбогар со осуда за нападот: Најитно да бидат пронајдени сторителите и да бидат изнесени пред лицето на правдата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-so-osuda-za-napadot-najitno-da-bidat-pronajdeni-storitelite-i-da-bidat-izneseni-pred-liceto-na-pravdata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-so-osuda-za-napadot-najitno-da-bidat-pronajdeni-storitelite-i-da-bidat-izneseni-pred-liceto-na-pravdata/#respond Sun, 21 Jun 2020 14:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=360479

Евроамбасадорот Самуел Жбогар го осуди го осуди настанот со експлозијата во фамилијарната пекара на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Жбогар порачува дека е потребно најитно да бидат пронајдени сторителите и да бидат изнесени пред лицето на правдата.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-so-osuda-za-napadot-najitno-da-bidat-pronajdeni-storitelite-i-da-bidat-izneseni-pred-liceto-na-pravdata/feed/ 0
Нокаут за власта: Жбогар потврди дека договорот со Бугарија ќе биде дел од преговорите со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nokaut-za-vlasta-zbogar-potvrdi-deka-dogovorot-so-bugarija-kje-bide-del-od-pregovorite-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nokaut-za-vlasta-zbogar-potvrdi-deka-dogovorot-so-bugarija-kje-bide-del-od-pregovorite-so-eu/#respond Mon, 08 Jun 2020 12:07:10 +0000 https://kurir.mk/?p=355173

Преговарачката рамка сè уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре. Станува збор за истата преговарачка рамка со слична структура како и за другите земји во регионот, со тоа што треба да ја интегрира новата методологија неодамна усвоена од Европскиот совет, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе биде објавена преговарачката рамка, што ќе содржи и дали ќе бидат опфатени добрососедските односи со Бугарија. Во однос на Бугарија, Жбогар посочи дека добрососедските односи се важен елемент од процесот на проширување. – Тоа е потврдено и дел од одлуката на Европскиот совет од март. Потребата од продолжување со спроведувањето на договорите постигнати со соседите и постојаниот развој на добрососедските односи секако дека ќе биде адресирано во преговарачката рамка, изјави Жбогар. Тој нагласи дека еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји потврдил дека преговарачката рамка ќе биде објавена во јуни и верува дека се уште стои на овој датум. – Ќе биде објавена во јуни. Верувам дека Европската комисија многу брзо ќе ја претстави пред земјите членки. Потоа останува на земјите членки да ја разгледаат и конечно потврдат, и дури тогаш да биде финално презентирана пред вашата земја, изјави Жбогар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nokaut-za-vlasta-zbogar-potvrdi-deka-dogovorot-so-bugarija-kje-bide-del-od-pregovorite-so-eu/feed/ 0
ЕУ на земјава и донира уште осум респиратори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-na-zemjava-i-donira-ushte-osum-respiratori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-na-zemjava-i-donira-ushte-osum-respiratori/#respond Thu, 04 Jun 2020 05:12:31 +0000 https://kurir.mk/?p=353502

Националниот координатор на странска помош во земјава и вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, заедно со евроамбасадорот Самоел Жбогар и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ја презентираат донацијата од Европската Унија од уште осум уреди за механичка вентилација (респиратори) и различни единици на лична заштитна опрема, како поддршка за земјава во справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Европската Унија за земјава вети поддршка од четири милиони евра за набавка на итни медицински материјали за заштита и лечење на КОВИД-19. За нешто повеќе од еден месец, ЕУ во соработка со UNOPS – Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги и во координација со Секретаријатот за европски прашања веќе достави 12 уреди за механичка вентилација и околу еден милион единици на различна медицинска опрема и единици за лична заштита за медицинските работници. Од Делегацијата на ЕУ најавуваат дека до крајот на месецов ќе ги испорачаат сите преостанати првично планирани производи и покрај ограничената расположливост и високата побарувачка за специјализирана медицинска опрема и материјали за лична заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-na-zemjava-i-donira-ushte-osum-respiratori/feed/ 0
Жбогар: Има многу работи кои вашата земја треба да ги испорача и поради таа причина не може да влезете во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-ima-mnogu-raboti-koi-vashata-zemja-treba-da-gi-isporacha-i-poradi-taa-prichina-ne-moze-da-vlezete-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-ima-mnogu-raboti-koi-vashata-zemja-treba-da-gi-isporacha-i-poradi-taa-prichina-ne-moze-da-vlezete-vo-eu/#respond Fri, 21 Feb 2020 11:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=306963

Европската комисија неодамна уште еднаш ја повтори нејзината препорака и нејзиното убедување дека е време да се отворат преговори со вашата земја, односно со Република Северна Македонија, истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната негова прва посета на Пробиштип. Тој забележа дека минатиот октомври земјите членки на ЕУ побараа нова методологија, односно нов процес на отварање на преговори со земјите кои бараат да влезат во ЕУ. -Во тој конктекст Европската комисија изготви документ, којшто сега е во процес на дискусија меѓу земјите членки на ЕУ. Ние се надеваме дека и тој услов или предуслов или таа патна препрека наскоро ќе може да биде тргната се со цел за да можеме понатаму да земјите членки отвараат или да дадат датум за преговори, рече Жбогар. Прашан што Република Македонија треба да направи за да влезе во ЕУ,  Жбогар истакна дека има уште работи коишто земјата треба да ги испоарача. -Има многу работи кои вашата земја треба да ги испорача и токму поради таа причина постои процес на проширување и во овој момент не може да влезете во ЕУ. Прво би требало вашата економија, вашето општество, животна средина и државни институции сите да се подготват за да влез во ЕУ и токму поради тоа постои процес на преговори со цел да се подготвите. Со еден збор вашата земја треба да ги имплементира стандардите на ЕУ, кажа Жбогар. Прашан како гледа на изборниот процес, којшто претстои во Република Северна Македонија, Жбогар со одговор дека очекува да се спроведат фер и демократски избори, како и до сега. -Собранието на Република Северна Македонија само што се распушти и какошто вие рековте веќе влегуваме во изборен период. Тоа што сите го видовме во текот на минатите избори, било тие да се за претседателски или парламентарни избори, на некој начин ги крена очекувањата многу високо. Затоа што сите тие беа спроведени на перфектен, соврешен начин, ние како Европската унија не очекуваме ништо помалку, па ниту подолу од тие очекувања, односно од начинот какошто беа спроведени минатите избори. Ние се надеваме дека овие избори ќе бидат слободни, и дека ќе бидат фер, вели Жбогар. Тој рече дека очекува изборната кампања да се фокусира на реалните прашања, за коишто денеска и разговарал со младите во Пробиштип, а поврзани со образованието, здравството, миграцијата, а политичките прашања помалку да доминираат. -Така да ние како ЕУ се надеваме дека острата реторика меѓу политичките партии ќе се намали и оти политичарите ќе можат конечно да се фокусираат на прашања или на реални резултати да можат да ги испорачаат за своите граѓани, вели Жбогар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-ima-mnogu-raboti-koi-vashata-zemja-treba-da-gi-isporacha-i-poradi-taa-prichina-ne-moze-da-vlezete-vo-eu/feed/ 0
Жбогар за МИА: Да се воздржиме од ветувања за датум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-za-mia-da-se-vozdrzime-od-vetuvanja-za-datum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-za-mia-da-se-vozdrzime-od-vetuvanja-za-datum/#respond Tue, 22 Oct 2019 05:37:02 +0000 https://kurir.mk/?p=254637

Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот. Ова во интервју за МИА го вели евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, признавајќи оти треба да се извршат реформи и во самиот процес на носење одлуки внатре во самата ЕУ. Подвлекува дека проширувањето на ЕУ кон регионот останува нивен стратешки приоритет, и тоа не е променето. На прашањето дали во мај на Самитот во Загреб очекува земјава да добие датум, вели дека сега ЕУ треба да се воздржи од ветувања. -Треба да се воздржиме од ветувања, бидејќи ветивме во јуни лани и во јуни 2019 и сега во октомври и сега е најдобро да се воздржиме од давање ветувања за датуми, но затоа треба да се фокусираме на правењето на вистинските промени, порачува Жбогар за МИА. Целото интервју може да го прочитате на МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-za-mia-da-se-vozdrzime-od-vetuvanja-za-datum/feed/ 0
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со писмо до Жбогар: Се злоупотребува европското знаменце и се руши принципот за упис во АСЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-na-vmro-dpmne-so-pismo-do-zbogar-se-zloupotrebuva-evropskoto-znamence-i-se-rushi-principot-za-upis-vo-asjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-na-vmro-dpmne-so-pismo-do-zbogar-se-zloupotrebuva-evropskoto-znamence-i-se-rushi-principot-za-upis-vo-asjo/#respond Tue, 17 Sep 2019 13:07:59 +0000 https://kurir.mk/?p=241687

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ испратија писмо до евроамбасадорот Самуел Жбогар. Во писмото го информираат дека постои злоупотреба на европското знаменце и рушење на принципите за упис на Академијата за судии и јавни обвинители. Писмото можете да го прочитате во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-na-vmro-dpmne-so-pismo-do-zbogar-se-zloupotrebuva-evropskoto-znamence-i-se-rushi-principot-za-upis-vo-asjo/feed/ 0
Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна- Жбогар заигра на „Македонско девојче“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-mozev-da-odoleam-a-da-ne-se-fatam-na-oro-na-mojata-omilena-pesna-zbogar-zaigra-na-makedonsko-devojche-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-mozev-da-odoleam-a-da-ne-se-fatam-na-oro-na-mojata-omilena-pesna-zbogar-zaigra-na-makedonsko-devojche-video/#respond Sun, 08 Sep 2019 20:21:29 +0000 https://kurir.mk/?p=238393

Евроамбасадорот Самуел Жбогар беше еден од гостите денеска на прославата на 8 Септември – Денот на независноста, која под мотото „Боите на независноста“ се одржа на Школка во Градскиот парк во Скопје. Тој присустуваше на целата свеченост заедно со министри од Владата, амбасадори, градоначалници, пратеници, граѓани, а во еден момент кога се слушна песната „Македонско девојче“, евроамбасадорот се фати на оро. Тој објави и твит во кој вели дека не можел да оддолее, а да не се фати на орото. -Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна „Македонско девојче“, твитна евроамбасадорот Жбогар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-mozev-da-odoleam-a-da-ne-se-fatam-na-oro-na-mojata-omilena-pesna-zbogar-zaigra-na-makedonsko-devojche-video/feed/ 0
Героски: Господине Жбогар, ријалити шоуто беше пред Вашиот нос, само не сакавте да го видите! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-gospodine-zbogar-rijaliti-shouto-beshe-pred-vashiot-nos-samo-ne-sakavte-da-go-vidite-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-gospodine-zbogar-rijaliti-shouto-beshe-pred-vashiot-nos-samo-ne-sakavte-da-go-vidite-video/#respond Tue, 27 Aug 2019 13:52:19 +0000 https://kurir.mk/?p=234006

Ваша екселенцијо, амбасадоре Самуел Жбогар, веројатно и самите немате претстава колку сте во право што аферата „Рекет“ ја нарековте едно големо ријалити шоу. Ве уверувам дека луѓето во Македонија, како и Вие, се мошне загрижени, но уште повеќе, се и згрозени од ова што ни се случува. Можеби за ЕУ, чиј претставник сте Вие, справувањето со овој скандал нема да стане бенчмарк за почетокот на пристапните преговори што сите желно ги очекуваме, но веројатно сте свесни дека за нашата земја оваа афера е најсериозен тест за волјата и за способноста на оваа власт да се справи со високата корупција. Ова го пишува новинарот кој ја обелодени аферата „Рекет“, Бранко Героски, во својата колумна насловена како: „Господине Жбогар, ријалити шоуто беше пред Вашиот нос, само не сакавте да го видите“! -Кога веќе спомнувате ријалити шоу, а патем речено го именувате и со добро познатиот бренд „Биг брадер“, би се осмелил да Ви укажам дека се потребни неколку важни допрецизирања и појаснувања на Вашата изјава. Таа духовита опаска за името на ова наше ријалити шоу веројатно произлегува од аналогијата со учеството на еден од главните актери на аферата, осомничениот Бојан Јoвановски, во истоименското српско телевизиско шоу „Велики брат“. Еве, да погледнеме еден детаљ од тоа шоу, со нашата позната ѕвезда во главната улога, пишува Героски споделувајќи го ова видео: Понатаму, Героски пишува:  „Но, на Боки 13-ка ќе се навратиме малку подоцна. Сега е редно да кажеме дека вистинското ријалити шоу во Македонија, амбасадоре Жбогар, почна со изборот на Катица Јанева за шефица на Специјалното јавно обвинителство, институцијата што доби огромна домашна и меѓународна поддршка, логистика и буџет, за да го обели валканиот образ на македонското правосудство. Во тоа време, бевме малкумина кои предупредивме дека изборот на Јанева, со нејзиниот скромен просек на Правниот факултет во Скопје, со нејзиното скромно искуство во правосудството и со нејзината паланечка појавност, беше силен удар под појас за многу македонски судии, обвинители, адвокати и угледни правници, кои можеа да бидат избрани на нејзината позиција. Се сеќавам на потсмешливите белешки со кои го коментиравме протестот на професорот Гордан Калајџиев, на пример. Јас, иако за Катица имам лошо мислење од првиот ден, до ден денешен се срамам поради тоа што тогаш професорот Калајџиев го осудивме за малициозност и за повредена суета. Првиот јавен настап на Катица Јанева, во свадбарска чипка и со свадбарски говор, беше само првата секвенца на големото ријалити шоу, кое го опфати целото СЈО. Челните фаци преку ноќ станаа естрадни фаци, дел од скопскиот џет сет, ѕвезди за позирање за селфи фотки за Фејсбук и Инстаграм. Зошто сето тоа не Ви изгледаше барем малку сомнително и неприкладно, амбасадоре Жбогар? Можно ли е такво нешто да се случи во Вашата прекрасна Словенија? И дали до Вас не допираа гласините дека во бекстејџот на тоа наше ријалити шоу, всушност, се одвива погубен процес на одлевање на „бомбите“ на Заев и нивна опасна злоупотреба? Сега, кога Катица Јанева е притворена и осомничена за сериозен криминал, од Брисел ни стасуваат пораки дека за Европската унија не биле важни личностите, туку биле важни институциите. Демек, не била важна Јанева, било важно СЈО. Навистина? Ако е така, можете ли да ни објасните врз основа на што токму госпоѓа Катица Јанева, во 2017 година, од словенечкиот институт ИФИМЕС, доби признание за „најдобар обвинител на Балканот“? Ваша екселенцијо, дали сте ја гледале трилогијата „Трите“, филмот за „трите грации“ дојдени „од три страни на Македонија“, продуциран за да го засили имиџот на СЈО? Сакате да Ви раскажувам сцени од филмот? Не, ве уверувам дека не сакате. Ве молам, погледнете го сега, ако сте го пропуштиле. Па да видите самите што е тоа долгометражно ријалити шоу! Јас се срамев додека го гледав тој видео-производ, како што се срамев и кога ги гледав пропагандните видео-спотови, кои ја храбреа јавноста дека СЈО прекутрупа, со еден удар, ќе се справи со криминалот“. Како овој спот, на пример: „Ваша ексленцијо, амбасадоре Самуел Жбогар, луѓето во мојата земја се вознемирени и згрозени од ова шоу, од активностите на неморални ликови што биле славени како успешни и влијателни, а се занимавале со уцени, рекетирање и перење пари. Граѓаните на Македонија се лути поради индолентноста и на власта, но и на институциите на меѓународната заедница, кои молчеле за индициите дека пред нивниот нос се случува страшен криминал“-пишува Жбогар. Целиот текст со многу повеќе информации и видеа, прочитајте го на ПЛУСИНФО]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-gospodine-zbogar-rijaliti-shouto-beshe-pred-vashiot-nos-samo-ne-sakavte-da-go-vidite-video/feed/ 0
Жбогар за СЈО: Имаше одлучувачки чекори од страна на јавното обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-za-sjo-imashe-odluchuvachki-chekori-od-strana-na-javnoto-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-za-sjo-imashe-odluchuvachki-chekori-od-strana-na-javnoto-obvinitelstvo/#respond Wed, 17 Jul 2019 07:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=219224

Клучните области во кои Брисел сака да види напредок до есен ако сакаме зелено светло за старт на преговори во октомври се реформи во судството, владеење на правото, борба со криминалот и корупцијата, рече евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар и порача дека нема ние да влеземе во ЕУ, туку треба да ја примиме Унијата во нашиот дом. -Решението за датум треба допрва да се случи, но земјава веќе го почна патот кон ЕУ со објаснувачкиот скрининг, а тоа ќе го скрати времето кога ќе почнат преговорите за членство. Неопходно е да продолжите со испорачувањето на реформи, а најклучни се владеењето на правото и борбата против корупцијата, оцени евроамбасадорот. Жбогар изрази поддршка за Јавното обвинителство за нивните неодамнешни одлучувачки чекори. -Имаше одлучувачки чекори од страна на јавното обвинителство неодамна. Ние ги поддржуваме нивните активности и истовремено подеднакво го очекуваме решението за функционирање на канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство во иднина. Со вчерашната оставка на Јанева се стави дополнителен притисок и одговорност врз политичките лидери и врз парламентот да најдат решение, рече евроамбасадорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zbogar-za-sjo-imashe-odluchuvachki-chekori-od-strana-na-javnoto-obvinitelstvo/feed/ 0