Сан Антонио Спарс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Sep 2023 04:20:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сан Антонио Спарс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НБА лигата го казни канадскиот кошаркар https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-ligata-go-kazni-kanadskiot-kosharkar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-ligata-go-kazni-kanadskiot-kosharkar/#respond Sat, 30 Sep 2023 04:09:46 +0000 https://kurir.mk/?p=883476

Младиот канадски кошаркар Џошуа Примо е суспендиран на четири натпревари поради „непримерно и навредливо однесување кон повеќе жени“, објави НБА лигата. Американските медиуми пренесуваат дека Примо, кој моментално е без клуб, им ги покажал интимните делови на голем број жени. Претставниците на НБА ги нарекоа неговите постапки „штетни за лигата“. Сепак, тие истакнаа дека не пронашле докази дека тој се вклучил во било какво сексуално или друго недолично однесување надвор од овие кратки „излагања“. „Примо тврди дека неговото однесување не било намерно, а лигата не најде докази дека тој учествувал во сексуално или друго недолично однесување надвор од овие кратки изложувања“, се вели во соопштението на НБА.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-ligata-go-kazni-kanadskiot-kosharkar/feed/ 0
Грег Попович го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА-лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-go-potpisha-najgolemiot-dogovor-vo-istorijata-na-nba-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-go-potpisha-najgolemiot-dogovor-vo-istorijata-na-nba-ligata/#respond Sun, 09 Jul 2023 06:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=854494

Легендарниот Грег Попович во Сан Антонио е од 1996 година и овој тим го предводеше до пет титули во НБА. Се очекуваше Попович да се пензионира на крајот од минатата сезона, но сепак тој не само што не го стори тоа, туку и го потпиша најголемиот договор во тренерската историја на НБА. Спарс ќе му платат повеќе од 80 милиони евра за петгодишното продолжување на соработката, што е рекордна бројка за тренер во НБА. Пред неколку дена најголемиот тренерски договор во историјата го потпиша Монти Вилијамс, кој шест години доби 78,5 милиони долари од Детроит Пистонс, но неговиот рекорд кратко траеше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-go-potpisha-najgolemiot-dogovor-vo-istorijata-na-nba-ligata/feed/ 0
Грег Попович ќе потпише тригодишен договор со Сан Антонио https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-ke-potpishe-trigodishen-dogovor-so-san-antonio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-ke-potpishe-trigodishen-dogovor-so-san-antonio/#respond Tue, 20 Jun 2023 04:57:53 +0000 https://kurir.mk/?p=847629

Тренерот на кошаркарите на Сан Антонио спарс, Грег Попович наскоро треба да потпише договор со овој тм до јуни 2026 година. Американските медуми пишуваат дека Попович со новиот договор треба да заработи околу 42 милиони долари. Попович го презема Сан Антонио во 1996 година и со екипата освои пет титули во НБА-лигата и три пати беше прогласен за тренер на годината.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-ke-potpishe-trigodishen-dogovor-so-san-antonio/feed/ 0
Грег Попович: НБА треба да воведе шутови за 4 и 5 поени и да ја претвори кошарката во циркус https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-nba-treba-da-vovede-shutovi-za-4-i-5-poeni-i-da-ja-pretvori-kosharkata-vo-tsirkus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-nba-treba-da-vovede-shutovi-za-4-i-5-poeni-i-da-ja-pretvori-kosharkata-vo-tsirkus/#respond Tue, 10 Jan 2023 08:27:18 +0000 https://kurir.mk/?p=785369

Тренерот на Сан Антонио спарс, Грег Попович, јасно стави до знаење дека не е целосно задоволен од развојните трендови на модерната кошарка. – Очигледно е многу потешко да се игра одбрана ова време кога толку многу луѓе можат да шутираат од зад лакот. Сега бројот на такви шутеви е едноставно огромен, и сè се случува многу брзо. Така се добиваат многу поени. Од ова нема бегање. Просеците растат. Сепак, сè уште можете да играте одбрана на некои позициски напади, но при брз напад, кога луѓето ќе ја рашират одбраната на ниво што можат да го направат во НБА, а исто така земајќи ги предвид и шутерските растојанија, ова станува сериозен предизвик. Како што реков претходно, се надевам дека НБА ќе стигне до точка да воведуваат шутеви од 4 и 5 поени за да ја претворат кошарката во вистински циркус. Тоа ќе биде поинаков спорт. Нема повеќе да биде кошарка, туку само еден куп ср.ња“, изјави Попович. Сезонава на натпреварите во најсилната кошаркарска лига на светот често пати се рушат рекорди по ефикасност.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-nba-treba-da-vovede-shutovi-za-4-i-5-poeni-i-da-ja-pretvori-kosharkata-vo-tsirkus/feed/ 0
Дерик Вајт поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/derik-vajt-poradi-povreda-kje-go-propushti-ostatokot-od-sezonata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/derik-vajt-poradi-povreda-kje-go-propushti-ostatokot-od-sezonata/#respond Thu, 29 Apr 2021 06:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=503557

Кошаркарот на Сан Антонио спарс, Дерик Вајт, со голема веројатност ќе го пропушти останиот дел од НБА сезоната 2020/21 година, поради повреда на десниот глужд, објавија медиумите во САД. Вајт се повреди против на средбата со Вашингтон визардс во понеделникот. Во тековната регуларна сезона, кошаркарот реализираше просечно 15,4 поени по натпревар, што е негов најдобар резултат досега. Вајт најверојатно ќе се справи без операција. Неговото место во почетната петорка го зазеде дебитантот Девин Васел. На 36 натпревари Вајт има и 3,0 скока и 3,5 асистенции по натпревар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/derik-vajt-poradi-povreda-kje-go-propushti-ostatokot-od-sezonata/feed/ 0
Одложени следните три меча на Сан Антонио поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/odlozeni-slednite-tri-mecha-na-san-antonio-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/odlozeni-slednite-tri-mecha-na-san-antonio-poradi-kovid-19/#respond Wed, 17 Feb 2021 06:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=469818

Три натпревари од регуларната сезона во НБА лигата на кои требаше да настапи тимот на Сан Антонио Спарс се одложени поради зголемен број на заразени со коронавирусот во рамките на самиот клубот. Во понеделникот, мечот на Сан Антонио со Детроит беше одложен откако беше откриен случај на коронавирус кај еден од кошаркарите на оваа екипа. Во карантин влегоа и неколку други играчи на Сан Антонио кои биле во близок контакт со него. Денеска НБА лигата потврди дека има уште четири случаи на заразени во тимот. Затоа веднаш се одложени средбите кои тимот на Грег Попович требаше да ги игра со Кливленд на 18 февруари, Њујорк 20 февруари и Индијана 23 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/odlozeni-slednite-tri-mecha-na-san-antonio-poradi-kovid-19/feed/ 0
Л.А. Клиперс му го нанесе првиот пораз на Сан Антонио сезонава https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/l-a-klipers-mu-go-nanese-prviot-poraz-na-san-antonio-sezonava/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/l-a-klipers-mu-go-nanese-prviot-poraz-na-san-antonio-sezonava/#respond Fri, 01 Nov 2019 08:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=258686

Л.А.Клиперс го совлада Сан Антонио Спарс со 103-97 во натпревар од регуларниот дел од НБА. Тимот од Калифорнија така ја сопреа серијата на Спарси од три последователни успеси. Единствениот непоразен тим досега останува Филаделфија 76-ерс. Новата sвезда на Клиперси, Каваи Ленард забележа 38 поени и 12 скокови, додека Монтрезл Харел забележа 24 поени. Лу Вилијамс додаде 12 како резерва, иако реализира само 5/19 обиди. За Сан Антонио, Демар Дерозан имаше најмногу 29 поени, Дерик Вајт помогна со 20 од клупата, а Руди Геј заврши со 9 поени и 12 скокови. Во друг натпревар, Мајами Хит ја совлада Атланта Хокс на домашен терен со 106:97. Дебитантот Кендрик Нун го забележа своето најдобро постигнување со 28 поени и ја мина границата од 20 поени за трет последователен натпревар. Засега, Нун има 112 поени од првите пет натпревари, рекорд за слободен агент избран надвор од НБА драфтот. Во натпреварот со најмногу поени вечерва, Њу Орлеанс Пеликанс се изборија против Денвер Нагетс по 122:107. Џалил Окафор постигна 26 поени за домаќините, кои го запишаа својот прв успех во сезоната. Френк Џексон помогна со 21 поен, додека Дру Холидеј, кој се врати од повреда, придонесе со 19. Мајкл Портер Џуниор постигна 15 поени за Денвер во неговиот прв меч по повредата на коленото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/l-a-klipers-mu-go-nanese-prviot-poraz-na-san-antonio-sezonava/feed/ 0