сан антонио – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Jan 2023 07:18:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сан антонио – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рекорд во НБА: Дуелот Сан Антонио и Голден Стејт го гледале 68.323 гледачи https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rekord-vo-nba-duelot-san-antonio-i-golden-stejt-go-gledale-68-323-gledachi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rekord-vo-nba-duelot-san-antonio-i-golden-stejt-go-gledale-68-323-gledachi/#respond Sun, 15 Jan 2023 07:18:46 +0000 https://kurir.mk/?p=787434

Мечот помеѓу Сан Антонио Спарс и Голден Стејт го гледало дури 68.323 гледачи на трибините. Истиот не се одигра во сала, туку на стадионот „Аламодом“, што претставува нов рекорд во НБА лигата. Специјалниот повод за ваквата посета е 50 годишнината од „Аламодом“, терен на кој Спарси играа од 1993 до 2002 година. Иако Сан Антонио игра сезона за заборав, сепак, вчера се случи историја. Претходниот најгледан меч пред овој синоќешниот, беше во 1998 година помеѓу Чикаго и Атланта кога на трибините имаше 62.046 гледачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rekord-vo-nba-duelot-san-antonio-i-golden-stejt-go-gledale-68-323-gledachi/feed/ 0
Во Сан Антонио пронајдени 46 починати мигранти во камионска приколка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-san-antonio-pronajdeni-46-pochinati-migranti-vo-kamionska-prikolka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-san-antonio-pronajdeni-46-pochinati-migranti-vo-kamionska-prikolka/#respond Tue, 28 Jun 2022 05:55:44 +0000 https://kurir.mk/?p=696611

Вкупно 46 мигранти се пронајдени мртви во камионска приколка во Сан Антонио, Тексас, во еден од најсмртоносните инциденти до сега во трговијата со луѓе долж границата меѓу САД и Мексико. Противпожарната служба на Сан Антонио соопшти дека уште 16 луѓе биле пронајдени во приколката и се пренесени во болница поради топлотен удар и исцрпеност, меѓу кои и четири малолетни лица. По инцидентот три лица се во притвор. Камион кој превезувал мигранти бил пронајден во близина на железничка пруга во оддалечена област на јужната периферија на градот. Температурата на воздухот во Сан Антонио, што се наоѓа на околу 250 километри од границата со Мексико, вчера изнесуваше 39,4 степени Целзиусови, со висока влажност. По трагедијата, мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард на Твитер инцидентот го нарече „трагедија во Тексас“ и ја обвини политиката на американскиот претседател Џо Бајден, истакнувајќи оти тоа „ги покажува смртоносните последици од неговото одбивање да спроведе закон“. На американско-мексиканската граница изминатите месеци регистрирани се рекорден број илегални премини, што предизвика критики за имиграциската политика на Бајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-san-antonio-pronajdeni-46-pochinati-migranti-vo-kamionska-prikolka/feed/ 0
Попович се запиша во историјата на НБА како тренер со најмногу победи https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/popovich-se-zapisha-vo-istorijata-na-nba-kako-trener-so-najmnogu-pobedi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/popovich-se-zapisha-vo-istorijata-na-nba-kako-trener-so-najmnogu-pobedi/#respond Sat, 12 Mar 2022 09:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=645902

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович влезе во историјата на НБА, откако неговиот тим ноќеска ја совлада Јута во натпреварот од регуларната сезона во НБА со 104:102. Со оваа победа, главниот тренер на Спарс, Грег Попович, стана водечки тренер на сите времиња во историјата на НБА. Седумдесет и тригодишниот Американец го доби својот 1336-ти првенствен натпревар и го помина Дон Нелсон (1335). Рекордот на победи го држеше Нелсон од април 2010 година. Грег Попович е петкратен НБА шампион, кој го води Сан Антонио од 1996 година. Спарс се единствениот тим во кој кошаркарскиот стручњак работел како главен тренер во НБА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/popovich-se-zapisha-vo-istorijata-na-nba-kako-trener-so-najmnogu-pobedi/feed/ 0
Грег Попович на крајот од сезоната го напушта и Сан Антонио? https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-na-krajot-od-sezonata-go-napushta-i-san-antonio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-na-krajot-od-sezonata-go-napushta-i-san-antonio/#respond Sat, 09 Oct 2021 17:25:23 +0000 https://kurir.mk/?p=576094

Грег Попович може да се повлече од тренерската функција во Сан Антонио по завршувањето на сезоната 2021/22, пишува инсајдерот на „Bleacher Report“ Џејк Фишер. Седумдесет и двегодишниот кошаркарски стручњак треба да победи уште 26 натпревари за да го сруши рекордот на Дон Нелсон и да избие на врвот во историјата на НБА по бројот на победи како тренер. Попович сега е на третото место со 1.310 победи, зад Дон Нелсон (1.335) и Лени Вилкенс (1.332). Актуелниот помошник тренер на Бостон, Вил Харди се смета за најверојатен кандидат за наследник на Попович во случај на негово заминување. Поранешните играчи на Спарс, Тим Данкан и Ману Џинобили исто така, претендираат на тренерското место на тимот од Тексас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/greg-popovich-na-krajot-od-sezonata-go-napushta-i-san-antonio/feed/ 0
Олдриџ заминува од Сан Антонио https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/oldridz-zaminuva-od-san-antonio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/oldridz-zaminuva-od-san-antonio/#respond Thu, 11 Mar 2021 15:47:44 +0000 https://kurir.mk/?p=480904

Ламаркус Олдриџ се подготвува да го напушти Сан Антонио. Тренерот на франшизата, Грег Попович, пред мечот со Далас Маверикс, потврдил дека Сан Антонио спогодбено се разделиле со Олдриџ. Сан Антонио имаат неколку опции за трејд на 35-годишниот кошаркар, а расплетот се очекува до крајот на неделата. Доколку трејдот не биде реализиран до 25-ти март, тогаш Сан Антонио ќе мора да му исплатат на Олдриџ 24 милиони долари, колку што му следува според договорот. Во случај на вакво сценарио, Олдриџ, ќе замине како слободен играч и сам ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата. Сезонава, Олдирџ, има просек од 13,7 поени, 4,5 скока и 1,7 асистенции.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/oldridz-zaminuva-od-san-antonio/feed/ 0
Без Сан Антонио во НБА-плеј-офот за прв пат во новиот век https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bez-san-antonio-vo-nba-plej-ofot-za-prv-pat-vo-noviot-vek/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bez-san-antonio-vo-nba-plej-ofot-za-prv-pat-vo-noviot-vek/#respond Fri, 14 Aug 2020 07:29:33 +0000 https://kurir.mk/?p=390517

Сан Антонио нема да игра во плеј-офот во НБА лигата за прв пат во новиот век, откако Спарси не успеаја да се квалификуваат во елиминациите. Тимот од Тексас загуби од Јута со 112-118, но победите на нивните ривали го одбележаа и крајот на серијата од 22 последователни настапи на најважните натпревари. Претходниот пат кога тимот не ја достигна оваа фаза беше во 1997 година. – Веројатно тоа им значи многу на многумина, но јас не гледам наназад. Најважно е што работите во моментот и за што се стремите, и јас сум многу задоволен од нашиот настап овде и напредокот на младите играчи, изјави легендарниот тренер Грег Поповиќ, кој донесе 5 титули на Сан Антонио во текот на овие 22 последователни учества во елиминациите. Инаку, Портланд и Мемфис ќе го одредат ривалот на Л.А. Лејкерс во првото коло. Трејлблејзерс го преживеа Бруклин и победија со 134-133 по 42 поени на Демијан Лилард за да остане на 8-то место. Гризлиите победија со 119:106 против Милвоки, кој беше без казнетиот Јанис Антетокумпо. Така, Мемфис остана на 9-то место и мораше да ги победи двата потенцијални натпревари против Портланд, додека на „пионерите“ им беше потребен само еден успех за да стигнат до битката со Лејкерс. Феникс го заврши доигрувањето на сезоната, освојувајќи ги сите осум натпревари по 128:102 против Далас, но тоа не беше доволно за „сонцата“. Резултати од НБА: Бостон – Вашингтон – 90:96 Л.А. Лејкерс – Сакраменто – 122: 136 Мемфис – Милвоки – 119: 106 Феникс – Далас – 128: 102 Јута – Сан Антонио – 118: 112 Бруклин – Портланд – 133: 134 Орландо – Њу Орлеанс – 133: 127 Источна конференција: 1. Милвоки 56 победи / 17 порази 2. Торонто 52/19 3. Бостон 48/24 4. Мајами 44/28 5. Индијана 44/28 6. Филаделфија 42/30 7. Бруклин 35/37 8. Орландо 33/40 – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – 9. Вашингтон 25/47 Западна конференција 1. Л.А. Лејкерс 52 победи / 19 порази 2. Л.А. Клиперс 48/23 3. Денвер 46/26 4. Хјустон 44/27 5. Оклахома Сити 44/27 6. Јута 44/28 7. Далас 43/32 – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – 8. Портланд 35/39 * 9. Мемфис 34/39 * – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – 10. Феникс 34/39 11. Сан Антонио 32/39 12. Сакраменто 31/41 13. Њу Орлеанс 30/42 * Учесници во плеј-ин мечот за последната квота на Западната конференција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bez-san-antonio-vo-nba-plej-ofot-za-prv-pat-vo-noviot-vek/feed/ 0
Пронајдени 6 безживотни тела, четири од нив се на деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-6-bezzivotni-tela-chetiri-od-niv-se-na-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-6-bezzivotni-tela-chetiri-od-niv-se-na-deca/#respond Fri, 05 Jun 2020 10:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=354122

Полицијата во Сан Антонио пронашла џип во приватна гаража со шест безживотни тела, членови на семејство. Четири од телата се на деца на возраст од 11 месеци до четири години, јавува АП. Началникот на полицијата, Вилјем Макманус изјавил дека постои доказ дека не се работи за инцидент, но не навести дека за смртта на семејството некој друг е виновен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-6-bezzivotni-tela-chetiri-od-niv-se-na-deca/feed/ 0
Двајца загинати во пукотница во ноќен клуб во Сан Антонио https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-zaginati-vo-pukotnica-vo-nokjen-klub-vo-san-antonio/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-zaginati-vo-pukotnica-vo-nokjen-klub-vo-san-antonio/#respond Mon, 20 Jan 2020 21:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=292411

Полицијата во Сан Антонио синоќа се јави на повик од ноќен клуб во градот каде избила караница помеѓу посетители на барот по што едно лице извлекло пиштол и почнало да пука, изјавија од полицијата на прес-конференција. Вкупно седум луѓе биле погодени во пукотницата, од кои 21-годишен човек починал во клубот, додека второто лице им подлегнало на повредите подоцна во болница, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Од полицијата изјавија дека засега никој не е уапсен и работат на тоа да се идентификува кој го започнал пукањето. Во клубот истата вечер се одржувал рап концерт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-zaginati-vo-pukotnica-vo-nokjen-klub-vo-san-antonio/feed/ 0
Сан Антонио доживеа ново понижување во НБА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/san-antonio-dozivea-novo-ponizuvanje-vo-nba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/san-antonio-dozivea-novo-ponizuvanje-vo-nba/#respond Sat, 01 Dec 2018 09:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=134450

Кошаркарите на Хјустон се вратија на победничкиот пат на најдобар можен начин, откако го поразија Сан Антонио како гости со 136:105 и ја сопреа серијата од 4 последователни порази. Во исто време, Спарс забележаа втор голем пораз, откако беа декласирани од Минесота во својот претходен натпревар. Така тие имаат рамнотежа од 10-12 и имаат две победи под 50 отсто учинок за прв пат од 2009 година, кога имаа 4-6. – Очигледно во напад работите не ни одат и јас сум во голема мера одговорен за тоа. Во одбрана меѓутоа исто така треба да носиме подобри решенија и генерално ни претстои доста работа, рече тренерот Грег Поповиќ, чиј тим за 4-ти пат во сезоната прима барем 135 поени. За претходните 22 кампањи во кои Поповиќ го водеше тимот, тоа се случи само двапати. „Ракетите“ поведоа со 39:23 по првата четвртина, а на паузата водеа со 70:47, додека по третата четвртина резултатот гласеше 110:74 и веќе се беше јасно. Гостите постигнаа 22 тројки, од кои 7 беа на Ерик Гордон. Џејмс Харден постигна 23 поени и 10 асистенции, а Крис Пол се врати со 14 и 10 поени, откако ги пропушти претходните 3 натпревари за неговиот тим. Останатите резултати во НБА:

Филаделфија – Вашингтон 123:98 Бостон – Кливленд 128:95 Детроит – Чикаго 107:88 Мајами – Њу Орлеанс 106:101 Шарлот – Јута 111:119 Бруклин – Мемфис 125:131 (две продолженија) Оклахома Сити – Атланта 124:109 Портланд – Денвер 112:113 Феникс – Орландо 85:99 Л.А. Лејкерс – Далас 114:103.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/san-antonio-dozivea-novo-ponizuvanje-vo-nba/feed/ 0
Сан Антонио ќе го остави Џинобили на платниот список https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/san-antonio-kje-go-ostavi-dzinobili-na-platniot-spisok/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/san-antonio-kje-go-ostavi-dzinobili-na-platniot-spisok/#respond Tue, 28 Aug 2018 07:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=92949

НБА лигашот Сан Антонио одлучи да го истера до крај договорот со ветеранот Ману Џинобили, кој претходно го објави своето пензионирање. Така, Аргентинецот кој има плата од 2,5 милиони ќе остане во платниот список на клубот. 41-годишниот Џинобили ќе добива пари во следните три години. Тој помина 16 сезони во НБА (сите во Спарс). Во последната сезона одигра 65 натпревари од регуларната сезона со просек од 8,9 поени за играта, 2,5 асистенции, 2,2 скока по натпревар. Вкупно во НБА, Џинобили имал 1.057 натпревари со просек од 13,3 поени, 3,5 скока и 3,8 асистенции. Четири пати со својот клуб стигна до шампионскиот прстен во НБА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/san-antonio-kje-go-ostavi-dzinobili-na-platniot-spisok/feed/ 0