сан франциско – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 10 Jun 2023 10:41:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сан франциско – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Деветмина ранети во вооружен напад во Сан Франциско, пукано од возило во движење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetmina-raneti-vo-vooruzhen-napad-vo-san-frantsisko-pukano-od-vozilo-vo-dvizhene/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetmina-raneti-vo-vooruzhen-napad-vo-san-frantsisko-pukano-od-vozilo-vo-dvizhene/#respond Sat, 10 Jun 2023 10:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=844313

Полицијата во Сан Франциско соопшти дека ноќеска биле ранети девет лица во округот Мисион, откако врз нив било пукано од возило во движење. Пукањето се случило околу 21 часот по локално време. „Можеме да потврдиме дека има девет ранети во престрелката и се очекува сите да преживеат. Во моментов се чини дека инцидентот бил со предумисла и изолиран. По инцидентот веќе немаше опасност за јавноста“, соопштија од полицијата во Сан Франциско. Помошникот на општинскиот надзорник, Сантијаго Лерма, изјави дека полицијата му кажала дека врз луѓето биле пукани со огнено оружје и дека едно лице е оперирано. Некои од ранетите се здобиле со полесни телесни повреди, додека за другите не се знае состојбата. Лерма истакнува дека властите веруваат дека е пукано од автомобил во движење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetmina-raneti-vo-vooruzhen-napad-vo-san-frantsisko-pukano-od-vozilo-vo-dvizhene/feed/ 0
Сан Франциско веројатно ќе ѝ дозволи на својата полиција да користи роботи кои убиваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/san-francisko-verojatno-kje-dozvoli-na-svojata-policija-da-koristi-roboti-koi-ubivaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/san-francisko-verojatno-kje-dozvoli-na-svojata-policija-da-koristi-roboti-koi-ubivaat/#respond Fri, 02 Dec 2022 07:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=769910

Градската управа на Сан Франциско во вторникот усвоила документ којшто веројатно би ѝ овозможил на полицијата да користи роботи оспособени да убиваат криминалци во исклучителни случаи – како терористички напади или масовни убиства, коишто често се случуваат во САД. – Употребата на роботи во потенцијално опасни по живот ситуации, е последно средство, изјави началникот на полицијата во Сан Франциско, Бил Скот. Конечната одлука на градските власти се очекува на 6 декември, но случајот веќе предизвика полемика и контроверзии. Противниците на предлогот стравуваат дека доколку биде усвоен, тој може да доведе до зголемување на полициската бруталност, и иднина како „во ’Терминатор‘ филмовите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/san-francisko-verojatno-kje-dozvoli-na-svojata-policija-da-koristi-roboti-koi-ubivaat/feed/ 0
Полицијата на Сан Франциско побара дозвола за убивање осомничени кои се опасност за другите луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-na-san-francisko-pobara-dozvola-za-ubivanje-osomnicheni-koi-se-opasnost-za-drugite-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-na-san-francisko-pobara-dozvola-za-ubivanje-osomnicheni-koi-se-opasnost-za-drugite-lugje/#respond Thu, 24 Nov 2022 09:59:04 +0000 https://kurir.mk/?p=765757

Полицијата на Сан Франциско, САД, побара дозвола од локалните власти за употреба на роботи што ќе имаат способност да убијат осомничен за кого се смета дека е преголема закана, односно опасност за животот на полицајците и граѓаните во состојба каде што нема други можности. Предлог-законот е веќе изработен. Но, тоа веќе наиде на противење со ставот дека „роботите не смеат да се користат за употреба на сила против ниту едно лице“. Полицијата во Сан Франциско, честопати обвинувана за прекумерна употреба на сила и за „склоност“ кон користење палки, сега очигледно бараат дополнителна моќ што ќе прави разлика меѓу животот и смртта, објави „Ендгаџет“. Полициските сили во САД располагаат со целосно функционални роботи со далечинско управување, што вообичаено се користат за проверки на терен и за отстранување бомби. Иако Сан Франциско никогаш конкретно не дозволил роботите да убиваат луѓе, смртоносните автономни оружја се сè почести во современото војување. Противпешадиските мини, едно од најраните автоматски оружја, беа забранети 1997 година, а целосно автоматизирани одбранбени системи како што е бродскиот „Фалангс“ се користат од 70-тите. Самоуправувачките офанзивни системи како што се беспилотните летала и борбените летала се користат со години, но секогаш има човек кој е одговорен за пукање од оружјето.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-na-san-francisko-pobara-dozvola-za-ubivanje-osomnicheni-koi-se-opasnost-za-drugite-lugje/feed/ 0
Терминал на аеродромот во Сан Франциско евакуиран поради закана за бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/terminal-na-aerodromot-vo-san-francisko-evakuiran-poradi-zakana-za-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/terminal-na-aerodromot-vo-san-francisko-evakuiran-poradi-zakana-za-bomba/#respond Sat, 16 Jul 2022 07:38:18 +0000 https://kurir.mk/?p=706074

Меѓународниот терминал на аеродромот во Сан Франциско е евакуиран доцна синоќа, откако полицијата пронашла сомнителен предмет на аеродромот по закана за бомба, соопшти полицијата на Твитер. Полицијата во Сан Франциско објави дека полицајците добиле закана за бомба на аеродромот и во текот на истрагата пронашле сомнителен пакет. „Поради тековните полициски активности, меѓународниот терминал се евакуира“, објави аеродромот околу полноќ на Твитер. Аеродромот соопшти дека по заканата за бомба ја прекинале и услугата за брз транзит на AirTrain и Bay Area. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/terminal-na-aerodromot-vo-san-francisko-evakuiran-poradi-zakana-za-bomba/feed/ 0
Сан Франциско прогласен за најдобар град во светот за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/san-francisko-proglasen-za-najdobar-grad-vo-svetot-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/san-francisko-proglasen-za-najdobar-grad-vo-svetot-za-2021-godina/#respond Thu, 09 Sep 2021 10:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=561434

„Тајм аут“ го објави својот годинешен список на најдобри градови во светот, врз основа на мислењето на 27.000 анкетирани жители на поголемите светски градови. Така, најдобар град во светот за 2021 година, е Сан Франциско. При истражувањето, предвид се земени ноќниот живот, рестораните и културните настани, како и чувството на заедница во градовите, што според написот, е особено важно при пандемијава. Испитувањето ги вклучува и еко-иницијативите, посветеноста на активизмот во градот и општата љубезност и гостопримливост на граѓаните. Во таа смисла, Сан Франциско е „ненадмината комбинација на прогресивност, прифаќање и одржливост“, посочува списанието. Следат 10-те најдобри градови во светот: 1. Сан Франциско, Калифорнија, САД, 2. Амстердам, Холандија, 3. Манчестер, Англија, Обединетото Кралство, 4. Копенхаген, Данска, 5. Њујорк, САД, 6. Монтреал, Канада, 7. Прага, Чешка, 8. Тел Авив, Израел, 9. Порто, Португалија, 10. Токио, Јапонија. Сан Франциско е пофален и за одговорот кон пандемијата. За време на карантинот, имено, „граѓаните најдоа начин да останат поврзани, па акцент е ставен на ресторани и кафулиња на отворено. Градските улици сега се како една голема забава под ведро небо“, пишува списанието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/san-francisko-proglasen-za-najdobar-grad-vo-svetot-za-2021-godina/feed/ 0
Земјотрес во Сан Франциско https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-vo-san-francisko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-vo-san-francisko/#respond Tue, 29 Jun 2021 06:05:41 +0000 https://kurir.mk/?p=529157

Земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтер синоќа го стресе подрачјето на Сан Франциско. Епицентарот на земјотресот е лоциран во Сан Лоренцо, соопштува службата за геолошки надзор на САД. Земјотрес со јачина од 3,2 степени е регистриран и во подрачјето околу Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-vo-san-francisko/feed/ 0
Тропската бура „Марко“ прераснува во ураган во заливот на Сан Франциско https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-marko-prerasnuva-vo-uragan-vo-zalivot-na-san-francisko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-marko-prerasnuva-vo-uragan-vo-zalivot-na-san-francisko/#respond Sun, 23 Aug 2020 08:48:41 +0000 https://kurir.mk/?p=394052

Една од двете тропски бури што се движат кон заливот во Сан Франциско, „Марко“, во текот на денот ќе прерасне во ураган, предвидува американскиот Национален центар за урагани. Британските медиуми пренесуваат дека предупредување е издадено за сите северни делови од регионот на Заливот. Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека тропската бура „Марко“ се наоѓа на околу 220 километри северозападно од западниот врв на Куба, при што ветровите дуваат со максимална брзина од околу 112 километри на час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tropskata-bura-marko-prerasnuva-vo-uragan-vo-zalivot-na-san-francisko/feed/ 0
Полицијата во Сан Франциско застрела човек, кој бил на колена и со подигнати раце https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-san-francisko-zastrela-chovek-koj-bil-na-kolena-i-so-podignati-race/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-san-francisko-zastrela-chovek-koj-bil-na-kolena-i-so-podignati-race/#respond Thu, 04 Jun 2020 10:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=353732

Полицијата во Сан Франциско убие маж, осомничен за грабеж на аптека, претпоставувајќи дека имал пиштол, што подоцна се утврди дека не е точно. Во соопштението од полицијата се наведува дека полицајците претпоставиле дека осомничениот на појас носи пиштол, а тој носел чекан. Полицајците тврдат дека осомничениот Шон Мотероса (22) почнал да трча кон автомобилот, а потоа одеднаш застанал, паднал на колена и ги подигнал рацете, при што претпоставиле дека на појас носи пиштол. Еден од полицајците истрелал пет куршуми во осомничениот. Локалниот шеф на полицијата изјави дека полицајците реагирале на повик за грабеж. Адвокатот на семејството Монтероса, Џон Бурис изјави дека е вџашен што полицијата пукала врз лице кое било на колена, со подигнати раце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-san-francisko-zastrela-chovek-koj-bil-na-kolena-i-so-podignati-race/feed/ 0
Голем пожар во Сан Франциско, гори градско обележје ВИДЕО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-vo-san-francisko-gori-gradsko-obelezje-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-vo-san-francisko-gori-gradsko-obelezje-video/#respond Sat, 23 May 2020 20:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=349581

Повеќе од 125 пожарникари во Сан Франциско се борат со пожарот кој избил кај пристаништето „Рибарски прстен“, јавува CNN. Поголем дел од пристаништето изгорело, но никој не е повреден. Локацијата целосно е евакуирана, а причината за пожарот сѐ уште е непозната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-vo-san-francisko-gori-gradsko-obelezje-video/feed/ 0
Крузер не смее да влезе во Сан Франциско, сомнеж за вирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kruzer-ne-smee-da-vleze-vo-san-francisko-somnez-za-virus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kruzer-ne-smee-da-vleze-vo-san-francisko-somnez-za-virus/#respond Thu, 05 Mar 2020 09:01:31 +0000 https://kurir.mk/?p=312396

На крузерот „Гранд принцес“, на кој претходно имало двајца патници заразени со новиот коронавирус, не му е дозволено да се врати во пристаништето во Сан Франциско од каде тргна на нов пат кон Хаваите, откако 20 лица пријавиле симптоми слични на коронавирус. Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом изјави дека бродот, на која има повеќе илјади патници, ќе остане на море се додека не бидат тестирани патниците и членовите на екипажот со симптоми кои можат да се поврзат со новиот коронавирус. Тестовите за присуство на коронавируси ќе бидат доставени до бродот, а подоцна ќе бидат анализирани во државната лабораторија во заливот во Сан Франциско. Процесот може да се заврши за неколку часа, рече Њусом. Симптоми, кои можат да бидат последица на новиот коронавирус, но и на сезонски грип и настинки, пријавиле 11 патници и десет членови на екипажот. Во зависност од резултатите од тестовите, бродот може да се пренасочи некаде надвор од Сан Франциско. Крузерот се упати кон Хаваите, но се врати во Сан Франциско откако некои патници и членови на екипажот почувствувале симптоми кои можат да бидат поврзани со коронавирусот. На претходното патување кон Мексико, на крузерот имало двајца патници, за кои било утврдено дека се заразени со коронавирусот. Здравствените работници изјавија дека тие најверојатно се заразиле на бродот. Еден од нив, постар човек кој живеел во близина на Сакраменто во Калифорнија, кој веќе имал здравствени проблеми, почина од последици од коронавирусот. Другиот е многу болен, информира Њусом и додаде дека здравствените власти, со помош на Центарот за контрола на болести, се обидуваат да контактираат со 2.500 патници кои патувале во Мексико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kruzer-ne-smee-da-vleze-vo-san-francisko-somnez-za-virus/feed/ 0