сана марин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 07:55:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сана марин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Финската премиерка во Шведска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-vo-shvedska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-vo-shvedska/#respond Thu, 02 Feb 2023 07:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=794963

Премиерите на земјите кандидати за НАТО Шведска и Финска денеска треба да се сретнат Стокхолм, еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Хелсинки може да добие зелено светло од Анкара, но не и Стокхолм за влез во Алијансата. Финската премиерка Сана Марин е првата шефица на влада што ќе биде примена од нејзиниот шведски колега Улф Кристерсон откако тој ја презеде функцијата минатата есен. На состанокот најверојатно првенствено ќе се разговара за закочениот процес на приклучување на двете нордиски земји во НАТО. Финска и Шведска поднесоа барање за членство во мај 2022 година, но Турција го блокира процесот. Турскиот претседател Ердоган вчера рече дека неговата земја позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не ја поддржува кандидатурата на Шведска. - Нашиот став за Финска е позитивен, но што се однесува до Шведска, не е, рече Ердоган во врска со обидите на двете земји да се приклучат на Северноатлантската Алијанса. Анкара својата поддршка за двете земји ја условува со екстрадиција на „терористи“, главно Курди. Таа бара Хелсинки и Стокхолм да заземат особено строг став кон членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, и втора група која ја обвинува за обидот за пуч во 2016 година. Трите страни во јуни минатата година постигнаа договор во Мадрид за целите, но Анкара ги прекина разговорите минатиот месец откако се зголемија тензиите кога десничарски екстремист запали Куран во близина на турската Амбасада во Стокхолм. - Шведска во моментов не треба да се труди со обидите да ја добие нашата согласност. Нема да дадеме потврден одговор на нејзиното барање сè додека тие дозволуваат палење на Куранот, рече Ердоган. Финска веќе неколку пати кажа дека би сакала да влезе во НАТО заедно со Шведска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-vo-shvedska/feed/ 0
Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна за сама да и се спротистави на Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marin-vojnata-vo-ukraina-pokaza-deka-evropa-ne-e-dovolno-silna-za-sama-da-i-se-sprotistavi-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marin-vojnata-vo-ukraina-pokaza-deka-evropa-ne-e-dovolno-silna-za-sama-da-i-se-sprotistavi-na-rusija/#respond Fri, 02 Dec 2022 08:13:03 +0000 https://kurir.mk/?p=769928

Финската премиерка, Сана Марин, денеска во Сиднеј изјави дека Европа „не е доволно силна“ сама да и се спротивстави на Москва. Премиерката на Финска, земја-кандидат за членство во НАТО, при посетата на Австралија истакна дека руската инвазија на Украина ги открила слабостите и стратешките грешки на Европа во однос на Москва. „Морам да бидам многу искрена со вас, Европа не е доволно силна во моментов, ќе бевме во неволја без САД“, рече Марин која додаде дека на Украина мора да и се помогне „со сите средства“. Марин посочи дека САД одиграле централна улога во снабдувањето на Киев со оружје, финансиски ресурси и хуманитарна помош неопходни за да се запре напредувањето на Русија. „Европа веќе долго време гради стратегија кон Русија за да ги зајакне економските врски, со купување енергија од Русија…мислевме дека тоа ќе ја спречи војната“, но се покажа дека таквиот пристап е „целосно погрешен“, рече премиерката на Финска.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marin-vojnata-vo-ukraina-pokaza-deka-evropa-ne-e-dovolno-silna-za-sama-da-i-se-sprotistavi-na-rusija/feed/ 0
Финската премиерка повика на поголема европска стратешка автономија наспроти руската агресија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-povika-na-pogolema-evropska-strateshka-avtonomija-nasproti-ruskata-agresija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-povika-na-pogolema-evropska-strateshka-avtonomija-nasproti-ruskata-agresija/#respond Tue, 13 Sep 2022 16:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=732298

Финската премиерка Сана Марин од Стразбур ја повика Европа да ја поддржи Украина и европската енергетска независност преку обновливи извори на енергија, јави дописникот на МИА. Зборувајќи пред европратениците во Стразбур како дел од циклусот дебати „Ова е Европа“, финската премиерка Сана Марин рече дека Украинците ја докажале својата храброст, својата издржливост и дека мора да ја добијат војната – нема друга алтернатива. „Европејците, исто така, мора да продолжат да обезбедуваат секаков вид помош за Украина и да бидат подготвени да усвојат уште построги санкции и визни ограничувања против Русија. Кусогледите акции на Русија веќе имаа ефект на зајакнување на сојузот меѓу западните земји,  особено преку апликацијата на Финска и Шведска за членство во НАТО“, рече Марин. За тензиите на енергетскиот пазар, Сана Марин повика на краткорочни мерки за намалување на цената на електричната енергија и за справување со проблемите поврзани со тргувањето со деривати. „На среден и долг рок, само инвестициите во обновливи извори на енергија и енергии без јаглерод, дополнителни преносни мрежи и капацитети за складирање ќе стават крај на оваа енергетска криза. Инвестициите направени за поддршка на зелената транзиција не прават посамодоволни и затоа пакетот „Fit for 55“ мора да се придвижи напред и да се задржи неговата амбиција“, рече Марин. Таа потсети дека „ЕУ ја докажа својата способност да реагира на многу кризи“. „Овие кризи во исто време ги открија нејзините ранливости, а Европа сега треба да ја зајакне својата стратешка автономија на полето на енергијата, производството на одбранбени материјали, суверенитетот на храната и технологиите“, истакна Марин. Таа смета дека на Европа треба да и се обезбеди буџет кој ќе и овозможи да се соочи со овие кризи и со предизвиците. Во исто време, смета дека релаксирањето на европските даночни правила не е најдобриот начин за реформирање на ЕУ, а планот за закрепнување, како што рече, „беше само еднократен, иако незаменлив, инструмент за одговор“. Премиерката повика и на подобрување на економските критериуми на кои се заснова ЕУ, за подобро да се земат предвид социјалните, еколошките и тешкотиите при вработувањето. „Сегашната криза не е првата со која Европа треба да се соочи, ниту ќе биде последна“, рече финската премиерка. Затоа, таа ја повика Европа да се спротивстави на „енергетската уцена предводена од Русија, да остане обединета и да ги брани своите вредности: демократијата, владеењето на правото и човековите права“. По нејзиниот говор, европратениците ја поздравија апликацијата на Финска за членство во НАТО. Тие повикаа на одржување на европското единство наспроти енергетските уцени и побараа реформи на енергетскиот пазар. Некои пратеници ја истакнаа важноста на безбедноста на храната „за да се осуети тактиката на Владимир Путин“. На крајот, европратениците зборуваа за придобивките од европскиот заеднички пазар за земјите-членки и изразија жалење за тешкотиите со кои треба да се соочат жените на одговорни позиции, како што е премиерката Сана Марин. Оваа дебата беше шеста во циклусот „Ова е Европа“ во Европскиот парламент, по говорите на естонската премиерка Каја Калас (во март), италијанскиот премиер Марио Драги (во мај), ирскиот премиер Микеал Мартин (во јуни), хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ (во јуни) и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис (во јули).  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-povika-na-pogolema-evropska-strateshka-avtonomija-nasproti-ruskata-agresija/feed/ 0
Хилари Клинтон ја поддржа Сана Марин со слика од себе каде танцува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-ja-poddrza-sana-marin-so-slika-od-sebe-kade-tancuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-ja-poddrza-sana-marin-so-slika-od-sebe-kade-tancuva/#respond Mon, 29 Aug 2022 08:56:12 +0000 https://kurir.mk/?p=725371

Американската политичарка Хилари Клинтон јавно ѝ изрази поддршка на финската премиерка Сана Марин, која беше снимена како танцува и рапува на забава. Во својата Твитер-објава, до фотографијата од себе, Клинтон се осврна на славната глумица Џинџер Роџерс и цитат на Ен Ричардс – гувернерка на американската сојузна држава Тексас од 1991 до 1995 година. Инаку, Ричардс беше првата жена на таа позиција. Така, Хилари им се придружи на бројните жени од Финска, но и од цел свет, кои на интернет-просторот споделуваа свои видеоснимки и слики како се забавуваат – во знак на поддршка. „Како што рече Ен Ричардс, ‘Џинџер Роџерс направи сè што правеше и Фред Астер. Само таа го правеше тоа наназад и на потпетици’. Ова сум јас во Картагена, каде што дојдов на средба како државна секретарка на САД. Продолжете да танцувајте, @МаринСана!“, напиша Клинтон. Сана Марин претходно се најде во скандал поради снимка од нејзина приватна забава во друштво, каде што се гледаат и чаши алкохол… Финската опозиција побара од неа да направи и тест за дрога, што таа и го направи, а истиот беше негативен. Скандалот продолжи кога се појави ново видео на кое Сана танцува со пејачот Олави Усивирта… И додека едни се воодушевени од однесувањето на премиерката и го сметаат за вистинско освежување, други сметаат дека нејзиното однесување било „несоодветно“ за политичарка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-ja-poddrza-sana-marin-so-slika-od-sebe-kade-tancuva/feed/ 0
Финската премиерка се извини за фотографијата од забавата од официјалната резиденција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-se-izvini-za-fotografijata-od-zabavata-od-oficijalnata-rezidencija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-se-izvini-za-fotografijata-od-zabavata-od-oficijalnata-rezidencija/#respond Tue, 23 Aug 2022 14:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=722753

Финската премиерка Сана Марин денеска се извини за објавената фотографија од приватна забава што ја организирала во нејзината официјална резиденција во јули, откако минатата недела беше објавено видео од нејзината „забава“, што предизвика јавна дебата. Во понеделникот, Владата информираше дека Марин, една од најмладите лидери во светот, е негативна на тестот за дрога. Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување. Таа рече дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. Марин кажа дека пиела алкохол. На интернет се појави видео како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога. Оваа недела, пак, на социјалните мрежи почна да се споделува уште една фотографија на која се прикажани две познати инфлуенсерки како се бакнуваат, покривајќи ги голите гради со натписот „Финска“ од официјалната резиденција на премиерката во Хелсинки. „Според мене, фотографијата не е примерна. Се извинувам за тоа. Не требаше да дојде до таква фотографија, но инаку ништо несекојдневно не се случило на забавата”, изјави Марин  потврдувајќи дека фотографијата е од нејзината резиденција. Марин рече дека фотографијата е направена на приватна забава со нејзините пријатели по музички фестивал во јули. Финците се поделени околу однесувањето на премиерката. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-se-izvini-za-fotografijata-od-zabavata-od-oficijalnata-rezidencija/feed/ 0
По видеото на кое се забавува: Сана Марин негативна на тестот за дрога https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-videoto-na-koe-se-zabavuva-sana-marin-negativna-na-testot-za-droga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-videoto-na-koe-se-zabavuva-sana-marin-negativna-na-testot-za-droga/#respond Mon, 22 Aug 2022 17:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=722272

Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, информираше Владата, откако таа беше видена како танцува, пее и пие на забава. Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување. Таа рече дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. Марин кажа дека пиела алкохол. На интернет се појави видео како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога. Премиерката самата си ги платила трошоците за тестот. Претходно месецов, Марин беше прогласена за „најкул премиер во светот“ од страна на германскиот весник Билд.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-videoto-na-koe-se-zabavuva-sana-marin-negativna-na-testot-za-droga/feed/ 0
Финската премиерка тестирана за наркотици https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-testirana-za-narkotici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-testirana-za-narkotici/#respond Fri, 19 Aug 2022 16:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=721218

Финската премиерка Сана Марин денеска изјави дека се тестирала за дрога, откако претходно беше објавено видео на кое се гледа како се забавува со нејзините пријатели. „Денеска направив тест за дрога и резултатите ќе бидат готови за една недела“, рече таа на прес-конференција посочувајќи дека никогаш во животот не користела наркотици. Финската премиерка рече дека посочената ноќ не биле доведени во прашање нејзините способности да ги извршува премиерските задолженија, како и оти би ја напуштила забавата доколку морала да работи. На социјалните мрежи седмицава почна да се шири видео-снимка на која се гледа 36-годишната Марин како се забавува со познати личности и уметници од Финска, за потоа снимката да биде раширена и надвор од земјата. По појавата на видеото финските политичари, како од нејзината владејачка партија така и од опозицијата, побараа од Марин да направи тестирање на наркотици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-testirana-za-narkotici/feed/ 0
Финската премиерка во посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finskata-premierka-vo-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finskata-premierka-vo-poseta-na-makedonija/#respond Mon, 20 Jun 2022 05:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=692921

Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија. Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации. Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот. Финската премиерка ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finskata-premierka-vo-poseta-na-makedonija/feed/ 0
Финската премиерка: Не очекуваме пречки за влез во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-ne-ochekuvame-prechki-za-vlez-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-ne-ochekuvame-prechki-za-vlez-vo-nato/#respond Sun, 15 May 2022 15:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=677038

Финската премиерка Сана Марин изјави дека не очекува никакви пречки во пристапот на оваа нордиска земја во НАТО, јави денеска Би-Би-Си. „Немавме никакви индикации во НАТО дека ќе има некакви проблеми за членството на Финска или Шведска. Ние сме многу поврзани едни со други и сме блиски партнери на НАТО“, рече таа. Премиерката додаде дека видела некои изјави во кои се поставуваат одредени прашања. „ Сепак, мислам дека е многу важно да имаме разговори со тие земји, со многу смирен тон и да разговараме за сите прашања што постојат“, посочи Марин. Претседателот Саули Нинисто рече дека разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган пред еден месец, додавајќи дека Ердоган тогаш му рекол дека Анкара ќе го поддржи членството на Финска во НАТО, но сега рече дека е збунет од извештаите дека Турција може да се спротивстави на влезот на Финска. Нинисто додава дека е подготвен повторно да разговара со Ердоган.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskata-premierka-ne-ochekuvame-prechki-za-vlez-vo-nato/feed/ 0
Марин: Влезот на Финска во НАТО е неопходен по инвазијата на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marin-vlezot-na-finska-vo-nato-e-neophoden-po-invazijata-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marin-vlezot-na-finska-vo-nato-e-neophoden-po-invazijata-na-ukraina/#respond Sun, 15 May 2022 12:43:10 +0000 https://kurir.mk/?p=676972

Финската премиерка Сана Марин, зборувајќи по официјалното соопштение дека земјата ќе влезе во НАТО, рече дека потегот е неопходен по инвазијата на Украина. „Кога ја гледаме Русија, гледаме сосема поинаков вид на Русија од онаа што ја видовме пред само неколку месеци“, рече Марин, одговарајќи на прашање на Скај њуз. „Сè се смени кога Русија ја нападна Украина и јас лично мислам дека повеќе не можеме да веруваме дека ќе имаме мирна иднина покрај Русија ако сме сами. Затоа ја носиме одлуката за влез во НАТО. Тоа е чин на мир“, рече Марин. „Имавме војни со Русија и не сакаме таква иднина за себе или за нашите деца“, додаде таа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marin-vlezot-na-finska-vo-nato-e-neophoden-po-invazijata-na-ukraina/feed/ 0