Санчо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jul 2021 12:53:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Санчо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Санчо нов играч на Манчестер Јунајтед https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-sancho-nov-igrach-na-manchester-junajted/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-sancho-nov-igrach-na-manchester-junajted/#respond Fri, 23 Jul 2021 12:39:28 +0000 https://kurir.mk/?p=540940

Манчестер јунајтед објави за купување на играчот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. Износот на трансферот не е обелоденет. Според порталот „Transfermarkt.com“, англискиот клуб платил 85 милиони евра за фудбалерот. Дваесет и едногодишниот Англичанец потпиша договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на јуни 2026 година со опција за продолжување на уште една година. Во сезоната 2020/21, Санчо забележа 38 настапи за Борусија Дортмунд, постигнувајќи 16 гола и 20 асистенции]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-sancho-nov-igrach-na-manchester-junajted/feed/ 0
Борусија продолжува да бара 120 милиони за Санчо https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-prodolzuva-da-bara-120-milioni-za-sancho/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-prodolzuva-da-bara-120-milioni-za-sancho/#respond Sat, 18 Jul 2020 10:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=378063

Борусија Дортмунд нема намера да го продаде својот напаѓач Џејден Санчо на Манчестер Јунајтед по намалена цена, и покрај кризата предизвикана од коронавирусот, пишува британскиот Би-Би-Си. „Црвените ѓаволи“ го одбележаа брзото крило како една од нивните главни цели за летниот преоден рок, но непријатните околности во последните месеци сериозно влијаеја на финансиските можности на клубот од „Олд Трафорд“. Сепак, според публикацијата, Борусија сè уште бара над 120 милиони евра за Санчо. Покрај тоа, менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер сè уште не знае колку може да потроши во следниот трансфер прозорец и причините не се само во финансиските потешкотии што се појавија. Тимот сè уште не обезбеди место во Лигата на шампионите и тоа исто така ќе има сериозно влијание врз буџетот, кој му е на располагање на норвешкиот стратег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-prodolzuva-da-bara-120-milioni-za-sancho/feed/ 0
Борусија подготвена да го продаде Санчо за 115 милиони фунти, Јунајтед не сака да ја плати таа сума https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-podgotvena-da-go-prodade-sancho-za-115-milioni-funti-junajted-ne-saka-da-ja-plati-taa-suma/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-podgotvena-da-go-prodade-sancho-za-115-milioni-funti-junajted-ne-saka-da-ja-plati-taa-suma/#respond Thu, 11 Jun 2020 07:02:38 +0000 https://kurir.mk/?p=356425

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Дортмунд, Џејдон Санчо може да го напушти својот тим доколку во Дортмунд стигне понуда од 115 милиони фунти, тврди „Телеграф“. Главниот кандидат за 20-годишниот Санчо е Манчестер јунајтед. Сепак, англичаните се плашат во моментов да платат толку голема сума во сегашната ситуација. Манчестер ќе ги одреди целите за трансфери по продолжувањето на сезоната во Премиер лигата. Претходно во медиумите имаше информации дека Санчо е вклучен во сферата на интересите на Реал Мадрид. Во сезоната 2019/20, Санчо настапи на 40 натпревари за Борусија, постигна 20 голови и направи 18 асистенции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-podgotvena-da-go-prodade-sancho-za-115-milioni-funti-junajted-ne-saka-da-ja-plati-taa-suma/feed/ 0
Борусија Дортмунд ја зголемува платата на Санчо за да го задржи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-dortmund-ja-zgolemuva-platata-na-sancho-za-da-go-zadrzi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-dortmund-ja-zgolemuva-platata-na-sancho-za-da-go-zadrzi/#respond Sun, 19 Apr 2020 08:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=334261

Раководството на Борусија Дортмунд ќе го награди крилото Џејден Санчо со нов договор со значително поголема плата ако реши да остане во клубот следната сезона, пренесува „Билд“. 20-годишниот англиски репрезентативец е прогласен за еден од најперспективните офанзивни играчи во светот и според медиумите е посакуван од голем број европски гиганти, а најчесто е поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед. Сепак, Дортмунд се надева дека ќе ја задржат својата sвезда, откако се подготвени да ја зголемат неговата плата од 6 милиони евра годишно на 10 милиони евра. Така, Санчо, кој има импресивни 17 голови и 19 асистенции на 35 одиграни натпревари за Борусија Дортмунд оваа сезона, ќе стане вториот најскап играч на клубот по капитенот Марко Ројс, кој добива 11 милиони евра годишно. Раководството на Борусија честопати ја користи оваа тактика за да ги задржи своите најдобри играчи, успевајќи во изминатите години да го продолжи престојот на Роберт Левандовски и Пјер-Емерик Обамејанг на „Сигнал Идуна парк“ за една година, со што ќе се зголеми нивниот надомест. Ако Санчо се уште е решен да го напушти Дортмунд, тогаш клубот нема да го ослободи за помалку од 100 милиони евра, додава „Билд“. Ова е сума што многу клубови во светот не можат да си ја дозволат, што го прави фаворит за неговиот потпис Манчестер јунајтед, особено со оглед на блиското пријателство на Санчо со напаѓачот на „црвените ѓаволи“ Маркус Рашфорд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-dortmund-ja-zgolemuva-platata-na-sancho-za-da-go-zadrzi/feed/ 0