сандер леши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Nov 2018 14:24:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сандер леши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рама: Убеден сум дека Мета ќе се согласи со изборот на Леши за прв полицаец https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ubeden-sum-deka-meta-kje-se-soglasi-so-izborot-na-leshi-za-prv-policaec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ubeden-sum-deka-meta-kje-se-soglasi-so-izborot-na-leshi-za-prv-policaec/#respond Wed, 14 Nov 2018 14:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=127781

Албанскиот премиер Еди Рама е убеден дека претседателот на Албанија, Илир Мета ќе го потпише указот за именување на Сандер Леши за нов министер за внатрешни работи, кого Владата минатата недела го назначи за заменик министер со надлежности на министер, откако шефот на државата одби да ја потпише уредбата за негово поставување на функцијата. Рама изјави дека Мета има две алтернативи за да стави потпис на указот и конечно да се заокружи ова прашање. – На претседателот му се дава можност да побара повлекување на Сандер Леши од секаков вид јавен статус. Или, ако тој не се согласи со тоа, како претседател во рамки на неговите надлежности, може да го отповика Сандер Леши и повторно да потпише указ за него. Активен војник, не може да ја извршува должноста министер, но затоа се откажува од тој статус, во моментот кога е назначен за министер, смета Рама. Тој додава дека на Мета му се дава можност да избере, бидејќи и двата случаи водат до потпишување на указот за министер. – Убеден сум дека претседателот ќе го направи потребниот чекор. Она што се случи со неговата одлука да не го потпише указот ќе остане зад нас и претседателот ќе го потпише указот за нов министер за внатрешни работи, рече Рама гостувајќи во телевизиска емисија. На случајот со именувањето на новиот прв полицаец реагираше и официјален Брисел преку амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, кој изјави дека очекува што поскоро назначување министер за внатрешни работи, бидејќи „тоа така функционира во секоја земја“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ubeden-sum-deka-meta-kje-se-soglasi-so-izborot-na-leshi-za-prv-policaec/feed/ 0
За албанските демократи Леши е најнеосодветна личност,Рама ќе го контролира МВР https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-albanskite-demokrati-leshi-e-najneosodvetna-lichnost-rama-kje-go-kontrolira-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-albanskite-demokrati-leshi-e-najneosodvetna-lichnost-rama-kje-go-kontrolira-mvr/#respond Mon, 05 Nov 2018 19:45:37 +0000 https://kurir.mk/?p=123872

Најголемата албанска опизициска сила,Демократската партија,реагираше во врска со одлуката на премиерот Еди Рама, заменик  министер за внатрешни работи да биде на Сандер Леши,но со „надлежности на министер“. Во партиското соопштение се оценува дека Леши е најнесоодветна личност да раководи со овој значаен сектор,  а на премиерот Рама од голема важност му е да го контролира Министертвото за внатрешни работи -Бидејќи,де факто ќе биде министер за внатрешни работи,Еди Рама ќе има многу повеќе средства да ги заштитува Олси Рама(брат на премиерот), Вангѓуш Дако, Таулант Бала, Дамиан Ѓикнури, Арбен Ахмета и секој член на неговата банда на власт.наименувањето на најнесоодветната личност да го раководи Министерството за внатрешни работи потврдува дека Еди Рам не го интересира борбата против организираниот криминал,туку негова заштита по секоја цена,-стои меѓу другото во партиското соопштение. Опозицијата обвинува дека ни една личност што до сега Рама ја поставил на чело на ова министертво не се борела против органиизраниот криминал туку соработувала и го заштитувала со директна наредба на Рама. -Еди Рама не може да се бори против Еди рама,затоа му е потребна кукла како Сандер Леши,со цел за да се заштити себе си и да ја гарантира недопирливоста на криминалот,-обвинија демократите. Инаку,откако албанскиот претседател Илир Мета не се согласи нов министер за внатрешни работи да биде Сандер Леши, премиерот Рама одлучи да го наименува за заменик министер во ова министертво,за што одлука треба да донесе владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-albanskite-demokrati-leshi-e-najneosodvetna-lichnost-rama-kje-go-kontrolira-mvr/feed/ 0
Сандер Леши – нов заменик министер за внатрешни работи на Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sander-leshi-nov-zamenik-minister-za-vnatreshni-raboti-na-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sander-leshi-nov-zamenik-minister-za-vnatreshni-raboti-na-albanija/#respond Mon, 05 Nov 2018 15:14:47 +0000 https://kurir.mk/?p=123743

Откако албанскиот претседател Илир Мета не се согласи нов министер за внатрешни работи да биде Сандер Леши, бригадниот генерал сега ќе биде заменик министер во ова Министертво. На оваа функција тој е предложен од премиерот Еди Рама, а одлука ќе донесе Владата. Рама за овој свој чекор ја информирал парламентарната група на неговата Социјалистичка партија, додавајќи дека на утрешната вонредна пленарна седница на Парламентот, ќе биде усвоен указот за разрешување на претходниот министер Фатмир Џафај, со што се почитува крајниот рок предвиден со Уставот. „Целосена согласност со парламентарната група. Собранието утре ќе го усвои указот на Претседателот за разрешување на поранешниот министер за внатрешни работи Џафај. Сандер Леши ќе го заземе местото заменик  министер во МВР. Но не е само тоа. Повеќе во моето утрешно обраќање во парламентот во 10 часот“ напиша Рама на Твитер. Рама социјалиситичките пратеници ги информирал за известувањето од Мета дека не го потпишал указот за нов министер, што според Рама, е антиуставен чин. -Претседателот соопштува дека не го потпишал указот, но не дава никакви објаснувања зошто го прави тоа. Непотпишувањето на указот е кршење на Уставот од страна на Мета. Кај нас не фукционира Уставниот суд и ние ќе најдеме друг начин, се додека не го убедиме претседателот дека Леши го заслужува министерското место,- изјави Рама. Експресно реагираа и од кабинетот на Мета, кој искажува подготвеност да даде објаснувања пред народните избраници доколку Собранието е заинтересирано за тоа. – Претседателот на Републиката секогаш е подготвен да даде објаснувања на транспарентен начин во Собранието на Република Албанија за сите прашања за кои законодавниот дом покаже интерес, стои во соопштението од кабинетот на Мета. Според експертите од оваа област, но и досегашното однесување на Рама, не се отфрла можноста функицијата прв полицаец да ја преземе Рама, кој само формално ќе биде тоа, а Леши всушност ќе раководи со Министерството. Поради несогласување на Мета со кандидатот што го предложи Рама, прв човек нема и албанската тајна служба, ШИШ, каде со месеци на нејзино чело е заменик директор што го постави Рама со одлука на Владата. Сандер Леши по чин е бригаден генерал, извршувал високи фунции во армијата, а во последните години е советник на премиерот Рама за безбедносни прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sander-leshi-nov-zamenik-minister-za-vnatreshni-raboti-na-albanija/feed/ 0