сања димова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Feb 2022 11:51:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сања димова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Струмичанката Сања Димова со одличен настап во „Ѕвездите на Гранд“, Цеца инсистира да ја вратат назад во натпреварувањето?! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/strumichankata-sanja-dimova-so-odlichen-nastap-vo-dzvezdite-na-grand-ceca-insistira-da-ja-vratat-nazad-vo-natprevaruvanjeto-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/strumichankata-sanja-dimova-so-odlichen-nastap-vo-dzvezdite-na-grand-ceca-insistira-da-ja-vratat-nazad-vo-natprevaruvanjeto-video/#respond Thu, 03 Feb 2022 11:51:22 +0000 https://kurir.mk/?p=626434

Во последното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и нашата претставничка, убавата Сања Димова од Струмица, а нејзина менторка беше познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ. Младата струмичанка и покрај одличниот настап, освои ист број на гласови како и противкандидатот Стефан Томиќ од Краљево, но сепак продукцијата се реши токму на него да му дозоли да оди понатаму. Меѓутоа жирикомисијата имаше доста пофални зборови за нашата Сања. - Гледаме едно ведро лице со убави очи, но вечерва интонацијата не те слушала, бидејќи таа е почеток на се - кажа Шерифовиќ за нашата Сања. - Убаво ти “ѕвони“ гласот. Во песната „Црно на бело“ беше подобра - кажа Ана Бекута. - Преслатка, преубава, многу шумадиски трилери, но ми беше жал да имаш само два гласа - искоментира Снежана Ѓуришиќ. - Од тебе има „штоф“, одлична ти е бојата на гласот. Неверојатно за Македонка да имаш сладок српски трилер, одличен - беше искрен Босанац. Свој коментар на крајот имаше и нејзината менторка Цеца, таа го кажа следното за Сања: - Таа воопшто не е „фалш“ пејач, да вечерва се случи, но поради сплет на околности. Во право беш Босанац, таа има сладок трилер и таа пее потполно атипично за една Македонка. Јас инсистирав, ете тоа може и таа да каже да пее на својот мајчин јазик за да биде послободна, но таа сакаше да пее на српски - искоментира Цеца. Но, и покрај тоа што Сања според правилата на ова музичко натпреварување испадна, сепак постои шанса да ја видиме повторно да се натпреварува, но за тоа ќе мора да се почека уште неколку дена на конечна одлука на жирикомисијата. Инаку по одличните настапи во „Ѕвездите на Гранд“, во Македонија е се поголем интересот за нејзини настапи, а како што дознавме, Сања заедно со својот тим веќе работи на нова песна и видеоспот. Погледнете го нејзиниот настап: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/strumichankata-sanja-dimova-so-odlichen-nastap-vo-dzvezdite-na-grand-ceca-insistira-da-ja-vratat-nazad-vo-natprevaruvanjeto-video/feed/ 0
Сања Димова знае да каже “не“: По студиите во Италија се врати во Македонија да гради кариера (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/sanja-dimova-znae-da-kaze-ne-po-studiite-vo-italija-se-vrati-vo-makedonija-da-gradi-kariera-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/sanja-dimova-znae-da-kaze-ne-po-studiite-vo-italija-se-vrati-vo-makedonija-da-gradi-kariera-video/#respond Wed, 15 Jul 2020 10:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=376125

Струмичанката Сања Димова (19) е новата македонска ѕвезда која со својот ангелски глас и песна во модерен ритам ќе се обиде да го пронајде своето место под домашното естрадно небо. Нејзината прва авторска песна го носи насловот „Знам да кажам не“, а на неа како автори на музиката и текстот се потпишуваат Димитар Симонов и Зоки Зоц, аранжманот и миксот се на Дејан Стојановиќ, додека мастерот е дело на Иван Јамандиловски. Спотот кој изгледа светски и драстично се разликува од она што сме навикнати да го гледаме во домашниот етер е снимен во режија на веќе докажаниот Алек Тасевски. Свое учество во спотот имаат и атрактивните модели Ева Живковска, Мирјана Ристовска и Никола Стојановски, кои одлично се надополнуваат на видео-приказната. Прекрасниот глас и талентот за пеење го наследила од своите родители Билјана и Борис Димови кои настапуваат во дует, а јавноста имаше можност да ги види низ годините на најреномираните фестивали во земјава. Кога станува збор за музичкото образование, Сања избира да студира отсек соло пеење на државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип, а по дипломирањето заминува на студии на реномираниот факултет „Ариго Боито“ во Парма, Италија. Нејзините планови за кариера во Италија ги променува пандемијата предизвикана од новиот корона-вирус, тогаш одлучува да се врати во Македонија и токму тука да го чекори патот на музиката. Во продолжение погледнете како изгледа првиот проект на Сања Димова, нашата нова музичка ѕвезда. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/sanja-dimova-znae-da-kaze-ne-po-studiite-vo-italija-se-vrati-vo-makedonija-da-gradi-kariera-video/feed/ 0