Санкт Петербург – скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Sep 2021 08:34:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Санкт Петербург – скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕКОЈ ВТОРНИК: Од оваа позната дестинација до Скопје ќе се лета еднаш неделно! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-vtornik-od-ovaa-poznata-destinacija-do-skopje-kje-se-leta-ednash-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-vtornik-od-ovaa-poznata-destinacija-do-skopje-kje-se-leta-ednash-nedelno/#respond Tue, 21 Sep 2021 08:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=566259

Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс“ ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз. На 4 јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс“ почна со директни летови Москва – Скопје кои наскоро, според најавите, ќе се одвиваат трипати неделно – во понеделник, среда и петок. „Нордвинд ерлајнс“ е една од најдобрите седум руски авиокомпании. Нуди летови во повеќе од 200 дестинации, врши превоз од 95 градови во 20 земји и има над 650 летови неделно. Околу 150.000 патници ги користат нејзините услуги секоја недела. Во 2019 година, пред КОВИД-пандемијата, „Нордвинд ерлајнс“ транспортирала скоро осум милиони патници. Авиокомпанијата оперира со 33 авиони „Ербас“ и „Боинг“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-vtornik-od-ovaa-poznata-destinacija-do-skopje-kje-se-leta-ednash-nedelno/feed/ 0