Санта мраз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 11:59:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Санта мраз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најголемата санта мраз, најверојатно, оди кон своето топење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najgolemata-santa-mraz-najverojatno-odi-kon-svoeto-topenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najgolemata-santa-mraz-najverojatno-odi-kon-svoeto-topenje/#respond Thu, 17 Nov 2022 11:59:51 +0000 https://kurir.mk/?p=762362

Според НАСА, најголемата санта мраз на светот, А-76А навлезе во преминот Дрејк – воден пат познат по брзите океански струи кај Антарктикот, кои може да го испратат леденото парче кон север – до неговото конечно топење. Ледениот брег, имено, е двојно поголем од Лондон. Тој е најголем на планетава и наскоро би можел да се најде на пат кон забрзано исчезнување, покажаа новите сателитски снимки. Според Националниот центар за мраз во САД, сантата е долга 135 километри и широка 26 километри. Сликите од сателитот „Тера“ направени со „МОДИС“ (Спектрорадиометар за слика со умерена резолуција), јасно ја покажуваат сантата со долгнавест облик и се разликува од мразот појужно во Јужниот Океан. Во мај 2021 година, сантата А-76 се одвои од ледениот гребен Рон. Тоа беше најголемата санта мраз во светот во тоа време, но ја загуби титулата откако се скрши на три дела за помалку од еден месец. Најголемиот од овие фрагменти е А-76А, кој денес плута кај преминот Дрејк. Овој премин е турбулентно водно тело меѓу ‘ртот Хорн во Јужна Америка и Јужните Шетландски Острови на Антарктикот. Ледените брегови често „се туркаат“ на исток од силната Антарктичка кружна струја, додека се движат на север низ преминот Дрејк. Оттаму, ледените брегови често се упатуваат на север кон екваторот, каде што брзо се топат во потоплите води, каква што е судбината на сантата А-76А.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najgolemata-santa-mraz-najverojatno-odi-kon-svoeto-topenje/feed/ 0
Санта мраз со површина поголема од Лондон се откачи од Антарктикот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/santa-mraz-so-povrshina-pogolema-od-london-se-otkachi-od-antarktikot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/santa-mraz-so-povrshina-pogolema-od-london-se-otkachi-od-antarktikot/#respond Sat, 27 Feb 2021 13:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=474774

Санта мраз, со површина поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната површина на сантата е 1.270 квадратни километри, а нејзината дебелина е 150 метри. – Времето ќе покаже дали ова одвојување на сантата во наредните денови или недели ќе предизвика дополнително расцепување на ледената покривка, рече Адријан Лакман, професор по геологија на универзитетот Свонси, пренесува Гардијан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/santa-mraz-so-povrshina-pogolema-od-london-se-otkachi-od-antarktikot/feed/ 0
ФОТО: На Арктикот исчезнаа санти мраз стари 5.000 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-na-arktikot-ischeznaa-santi-mraz-stari-5-000-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-na-arktikot-ischeznaa-santi-mraz-stari-5-000-godini/#respond Thu, 06 Aug 2020 05:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=386896

Нови сателитски слики од НАСА покажаа дека две големи санти мраз во канадскиот залив на Сент Патрик целосно исчезнале. Поголемата имала површина од 3 квадратни милји, а помалата 1,1 милја и тие од 1959 година се намалувале поради глобалното затоплување. Научниците проценуваат дека сантите се формирале пред околу 5.000 години и дека биле значително поголеми од 16 до 19 век, во периодот познат како „Мало ледено доба“, јави Си-Ен-Ен. Од 2015 година тие две санти почнаа да се топат брзо, па сигурно беше дека ќе исчезнат во блиска иднина, но Марк Сиризи, од Националниот центар за проучување на снегот и мразот, вели дека тој се уште е изненаден што исчезнале многу побрзо отколку што очекувале. – Едноставно, премногу е топло на Земјата, изјави Сиризи, додавајќи дека исчезнувањето на двете санти од заливот Сент Патрик претставува сериозно предупредување за тоа што се случува на Арктикот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-na-arktikot-ischeznaa-santi-mraz-stari-5-000-godini/feed/ 0