санте плус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Mar 2020 14:46:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png санте плус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анестезиологот ќе одговара за смртта на родилката во „Санте плус“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anesteziologot-kje-odgovara-za-smrtta-na-rodilkata-vo-sante-plus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anesteziologot-kje-odgovara-za-smrtta-na-rodilkata-vo-sante-plus/#respond Mon, 09 Mar 2020 14:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=314105

По сеопфатна претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило едно кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1, како и едно кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 3 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 18.01.2018 година, како лекар специјалист – анестезиолог, при укажување лекарска помош, применил очигледно неподобен начин на лекување и со тоа предизвикал смрт кај едно лице – родилката Дебора Ќерими – Џамбази, како и тешко нарушување на здравјето на нејзиното новороденче. Спротивно на Законот за здравствена заштита, обвинетиот вработен на Универзитетската клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, склучил Договор за дело со приватна здравствена установа, со кој се обврзал да ги извршува работите на работно место доктор-анестезиолог во периодот од 16.01-28.01.2018 година. Притоа, тој го склучил договорот без да го псоедува потребното работно искуство во специјалноста над две години и без да постои договор меѓу клиниката во која работел и приватната болница. Во исто време, приватната здравствена установа била надвор од мрежата и согласно Законот за здравствена заштита немала право да ангажира здравствени работници за вршење дополнителна дејност. На овој начин тој се приклучил на оперативниот тим во кој биле двајца лекари специјалисти – гинеколози кои на 18.01.2018 година вршеле хируршки зафат – царски рез врз сега починатата родилка. Обвинетиот започнал со воведување на пациентката во општа анестезија, но ендотрахеалниот тубус наместо во дишните патишта, првично го поставил во луменот на хранопроводникот што предизвикало недостаток на кислород во организмот од тежок степен и трајни оштетувања на витално важни органи. Од тие причини, кај родилката настапил смртен исход, а кај нејзиното новороденче биле предизвикани трајни и значителни оштетувања на мозочното ткиво. Од обезбедените материјални докази од сите релевантни институции кои поседуваат документација, како и од медицинските вештачења од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, произлезе дека во овој предмет од кривично-правен аспект постојат елементи на кривична одговорност за едно лице. Исто така, од сите обезбедени докази, од прекршочно-правен аспект произлезе дека постои основ и за прекршочна одговорност, па така, обвинителството во јануари 2020 година до Министерството за здравство поднесе Иницијатива за покренување прекршочна постапка против две правни лица, против одговорните лица во тие две правни лица, како и против двајца други здравствени работници – доктори. Иницијативата за прекршочна одговорност за двете правни лица е поведена заради констатирани прекршоци од член 306 став 3 во врска со став 1 алинеја 4, како и член 305 став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита. За одговорните лица во правните лица се утврдени прекршоци согласно член 306 став 2 во врска со став 1 алинеја 4 и член 305 став 2 во врска со став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита. Двајцата здравствени работници, пак, сториле прекршок согласно член 305 став 3 во врска со став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anesteziologot-kje-odgovara-za-smrtta-na-rodilkata-vo-sante-plus/feed/ 0
Судот донесе одлука за „Санте Плус“- ќе продолжи ли болницата со работа? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-donese-odluka-za-sante-plus-kje-prodolzi-li-bolnicata-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-donese-odluka-za-sante-plus-kje-prodolzi-li-bolnicata-so-rabota/#respond Thu, 19 Apr 2018 15:46:59 +0000 https://kurir.mk/?p=43265

„Санте Плус“ од понеделник продолжува со работа, велат извори од болницата за ТВ24. Оваа одлука доаѓа по решението на Вишиот уравен суд кој привремено им ја врати дозволата за работа. Во образложението на одлуката до која дојде ТВ24, стои дека враќањето на дозволата во овој момент е со цел да се спречат евентуални штетни последици врз пациентите и вработените во болницата. „Барањето на тужителот за определена времена мерка се уважува, се одлага извршувањето на решението за одземање на дозволата за работа се до правосилно завршување на постапката по поднесената тужба. Неспорно е дека со одземање на дозволата за работа на „Санте Плус“ станува збор за правни односи кои траат, а со цел во иднина да се избегнат неминовните штетни последици кои би настанале за пациентите и вработените во здравствената установа.“ - се вели во решението за времена мерка од Вишиот управен суд . Оваа одлука Вишиот управен суд ја донел откако претходно управниот го одбил барањето за времена работа на болницата. Во образложението на управниот суд напишано на две страници стои дека болницата не доставила писмени докази за да го оправда барањето за можни штетни последици. „Во конкретниот случај тужителот не доставил писмени докази за оправданоста на барањето од каде би се утврдило дека би настанале штетните последици.“ -стои во решението за времена мерка од Управен суд. Болницата беше затворена од Министерството за здравство на 28-ми февруари, откако за време на породување со царски рез почина 31-годишна родилка од Кичево. По нејзината смрт, Министерството  формираше стручна комисија која утврди дека на родилката погрешно и бил поставен тубусот, а во операционата сала го немале потребниот анестезиолошки апарат со кој би можело навреме да се реагира. Отказ заработи и анестезиолог од КАРИЛ кој нелегално работел во болницата. Од Санте Плус обвинија дека затворањето било тенденциозно, а раководството тврдеше дека немало никакви пропусти во третманот на родилката. Смрта на 31-годишната кичевчанка веќе три месеци ја истражува јавното обвинителство. Оттаму велат дека истрагата е се уште во предистражна постапка поради што не можат да дадат информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-donese-odluka-za-sante-plus-kje-prodolzi-li-bolnicata-so-rabota/feed/ 0
Позната казната за „Санте Плус“ по смртта на родилката од Кичево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-kaznata-za-sante-plus-po-smrtta-na-rodilkata-od-kichevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-kaznata-za-sante-plus-po-smrtta-na-rodilkata-od-kichevo/#respond Tue, 27 Feb 2018 17:01:02 +0000 http://kurir.mk/?p=25450

Министерството за здравство ја одзема дозволата за работа на „Санте плус“. Нивното соопштение го пренесуваме во целост Ве информираме дека по извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и извештајот за извршен стручен надзор над работата на Приватната здравствена установа “Санте плус гроуп”, утврдени се неправилности во работата на болницата во однос на кадар и опрема, по што Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа на ПЗУ „Санте Плус гроуп‘‘. Во исто време, Ве информираме дека обдукцискиот наод нема да го коментираме, бидејќи е предаден во Основното јавно обвинителство кое отвори истрага за случајот со смртта на родилката од Кичево, информираат од МЗ. Во оваа клиника почина 31-годишна родилка од Кичево. Трагедијата се случи откако при породување со царски рез во болницата Санте плус, при вовед во анестезија, односно при ставање на тубусот и се затвориле дишните патишта и останала без кислород. Докторите се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно. Бебето по породувањето е пренесено на Клиниката за детски болести, бидејќи одреден период останало без кислород. На пат кон Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) пациентката починала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-kaznata-za-sante-plus-po-smrtta-na-rodilkata-od-kichevo/feed/ 0
Случај „Санте Плус“: Анестезиологот доби отказ, мора да врати и 50.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-sante-plus-anesteziologot-dobi-otkaz-mora-da-vrati-i-50-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-sante-plus-anesteziologot-dobi-otkaz-mora-da-vrati-i-50-000-evra/#respond Thu, 15 Feb 2018 18:46:26 +0000 http://kurir.mk/?p=21948

Денеска е доставено отказното решение на анестезиологот од Карил кој бил на породувањето во Санте Плус кога почина родилката од Кичево. Директорот на ТОАРИЛУЦ вели дека одлуката е согласно законот, бидејќи лекарот кој повеќе од три недели не доаѓа на работа, без договор и дозвола бил во приватната болница. Од клиниката велат дека ќе треба да врати и 50.000 евра, бидејќи му платиле дел од специјализацијата. – Врз основа на договорот потпишан меѓу вработениот и ТОАРИЛУЦ, и врз основа на законите кои што биле на сила на времето кога бил потпишан договрот, вработениот треба да врати десеткратен износ од средствата кои институцијата ги има уплатено за неговата специјализација, изјави за Сител директорот Илир Хасани. Анестезиологот имал едногодишно работно искуство, а согласно договорот бил обврзан дека 10 години нема да ја напушти клиниката што финансирала дел од неговото образование. Сегашните, договори, пак, ги обврзуваат специјалистите 15 години да останат во истата установа. Лекарот има право на жалба, која, доколку биде одбиена ќе мора да ги врати парите за специјализација. За неговиот колега од КАРИЛ кој го повикал на помош во приватната болница, се уште е во тек дисциплинската постапка. И додека за анестезиолозите има казни, здравствените власти се уште немаат официјална информација што се случувало пред 4 недели во Санте Плус и на патот до скопските клиники каде била префрлена 31 годишната жена. – Комисијата формирана од Министерството за здравство, се уште го чека обдукцискиот извештај за родилката од Кичево која почина на породување со царски рез. По комплетирање на подаотците, извештаот ќе го достават до министерот за здравство кој треба да соопшти дали и какви пропусти имало во случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-sante-plus-anesteziologot-dobi-otkaz-mora-da-vrati-i-50-000-evra/feed/ 0
Случај „Санте Плус“: Двајцата анестезиолози отстранети од работа на КАРИЛ, едниот треба да врати 50.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-sante-plus-dvajcata-anesteziolozi-otstraneti-od-rabota-na-karil-edniot-treba-da-vrati-50-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-sante-plus-dvajcata-anesteziolozi-otstraneti-od-rabota-na-karil-edniot-treba-da-vrati-50-000-evra/#respond Tue, 30 Jan 2018 10:01:02 +0000 http://kurir.mk/?p=16220

До крајот на неделата се очекува да биде готов наодот од обдукција кој треба да покаже која е причината за смртта на родилка Дебора Џамбази, а извори на НОВА велат дека собрани се изјави од сите инволвирани страни. Двајцата анестезиолози се отстранети од работи од КАРИЛ, а на едниот од нив не само што му се заканува суспензија туку ќе мора да врати и 50.000 евра на државата бидејќи специјализирал со кофинансирањe, пренесе Нова. Анестезиологот кој пред една година завршил со специјализација се обврзал со договор, десет години да работи во јавно здравство, во спротивно треба да ги враќа парите со кои му било овозможено да специјализира. „Не можел да има договор без да знам, а јас такво нешто не сум потпишал. Ќе покренеме се што е во наша надлежност за да се испита целиот сплет на околности кои довеле до смрт на родилката“, изјави за НОВА др. Илир Хасани директор на ТОАРИЛУЦ. Родилката, 31 годишната Дебора Џамбази почина пред десттина дена при породување со царски рез во болницата Санте Плус, а раководството од болницата тврди дека починала на КАРИЛ каде што ја однеле со брза помош. Извештајот на КАРИЛ пак, покажува дека жената била донесена почината. Нејзиното бебе во тешка состојба, без пулс и без дишење е пренесено на Клиниката за детски болести и се уште е на одделот за интензивна нега. Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно) и при вовед во целосна анестезија со царски рез при ставање на тубусот и се зaтвориле дишните патишта, а анестезиологот при сите напори не успеал да ги ослободи за да може да дише.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-sante-plus-dvajcata-anesteziolozi-otstraneti-od-rabota-na-karil-edniot-treba-da-vrati-50-000-evra/feed/ 0
ДСЗИ ѝ одговори на болницата „Санте Плус“ која доби забрана за работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-odgovori-na-bolnicata-sante-plus-koja-dobi-zabrana-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-odgovori-na-bolnicata-sante-plus-koja-dobi-zabrana-za-rabota/#respond Thu, 25 Jan 2018 14:39:12 +0000 http://kurir.mk/?p=15005

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ѝ одговори на обвинувањата на Специјалната болница ПЗУ „Моја болница – Свети Лазар – Санте Плус“ велејќи дека немаат намера да рушат нечија репутација. -Во врска со обвинувањата од страна на Специјалната болница ПЗУ Моја болница-Св.Лазар-Санте Плус, објавени на медиумите и интернет порталите ја инфомира јавноста дека постапувањата на Инспекторатот се исклучиво согласно закон и законските надлежности. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги отфрла како манипулативни обвиненијата дека има за цел да ја наруши репутацијата на приватната болница. ДСЗИ нема намера да нарушува ничија репутација, но сигурно и понатаму ќе ја врши својата должност пропишана со закон. Реакциите со кои се коментираат соопштенијата и постапувањето на ДСЗИ и претставувањето дека некој е оштетен и жртва, ги сметаме за вршење директен притисок врз работата на Инспекторатот. Со оглед дека се уште не е за завршен инспекцискиот надзор како и стручниот надзор, би замолиле за воздржување од произволни коментари и притоа напоменуваме дека ништо нема да влијае на утврдувањето на фактичката состојба, а кое е во интерес на сите граѓани. Истовремено ја информираме јавноста дека ДСЗИ нема понатаму преку медиумите да полемизира во врска со предметот, туку по завршување на надзорот од страна на ДСЗИ како и по завршување на работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на министерот за здравство, ќе излезе со конечна изјава во врска со случајот, се вели во соопштението на ДСЗИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-odgovori-na-bolnicata-sante-plus-koja-dobi-zabrana-za-rabota/feed/ 0
Болницата „Санте плус“ излезе со реакција откако доби забрана за работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicata-sante-plus-izleze-so-reakcija-otkako-dobi-zabrana-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicata-sante-plus-izleze-so-reakcija-otkako-dobi-zabrana-za-rabota/#respond Wed, 24 Jan 2018 22:15:37 +0000 http://kurir.mk/?p=14789

Доцна попладнево реагираа од Санте плус. Во врска со денешното Соопштение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за изречената забрана за работа на нашата болница поради констатирани недостатоци, сакаме да ја известиме јавноста за следново. Констатираните недостатоци се од административно – сметководствена природа и истите се отстранети уште во текот на денешниот дел. Имено, недостатоците се однесуваат на тоа што дел од вработените биле пријавени во АВРМ на определено а не на неопределено работно време. Оттука, самата одлука на ДСЗИ е беспредметна и не разбираме на кој начин горенаведените недостатоци имаат ефект на работата на нашата болница. Меѓутоа, во ова прилика сакаме да ја истакнеме нашата загриженост од ваквите тенденциозни објави од страна на ДСЗИ. Имено, сметаме дека објавата за затворањето на нашата болница поради некакви констатирани недостатоци, притоа да се премолчи административната / сметководствена природа на такви недостатоци, е дадено со единствена цел да се наруши нашата репутација и да се создаде впечаток дека се констатирани некакви недостатоци од медицинска природа, што е апсолутно неточно. Напротив, во текот на досегашните инспекции од Комисијата формирана од Министерот за здравство, а поврзани со пациентката Дебора Ќерими Џамбази, е увидено дека целата интервенција е извршена согласно постоечките медицински протоколи од страна на персонал кои се врвни стручњаци во својата дејност. Сметаме дека ваквите тенденциозни и субјективни соопштенија за јавност единствено ќе ја нарушат репутацијата на Министерството за здравство во чиј состав работи ДСЗИ. Во случајот со пациентката Дебора Ќерими Џамбази нашиот висококвалификуван кадар во овој медицински случај ги дадоа најдобрите напори да ја реанимираат пациентката и нејзиното бебе, при што успеаја да го спасат бебето, но за жал пациентката го загуби животот во КАРИЛ каде што беше транспортирана со придружба на наши лекари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicata-sante-plus-izleze-so-reakcija-otkako-dobi-zabrana-za-rabota/feed/ 0
По смртта на родилката: „Санте плус“ доби забрана за работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-smrtta-na-rodilkata-sante-plus-dobi-zabrana-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-smrtta-na-rodilkata-sante-plus-dobi-zabrana-za-rabota/#respond Wed, 24 Jan 2018 13:50:36 +0000 http://kurir.mk/?p=14629

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изададе забрана за работа на болницата „Санте плус“. ДСЗИ соопшти дека се констатирани недостатоци при вчерашниот вонреден инспекциски надзор во болницата „Санте плус“, во однос на почитување на законската регулатива. -Поради тоа, записнички и со решение е дадена забрана за работа се до отстранување на констатираните недостатоци, информираат од ДСЗИ. Направен е вонреден надзор, откако минатата недела во оваа болница за време на царски рез почина родилка. Родилката, на возраст од 31 година од Кичево, почина минатиот четврток при породување со царски рез во болницата Санте плус, при вовед во анестезија, односно при ставање на тубусот и се затвориле дишните патишта и останала без кислород. Докторите се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно. Бебето по породувањето е пренесено на Клиниката за детски болести, бидејќи одреден период останало без кислород. На пат кон Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) пациентката починала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-smrtta-na-rodilkata-sante-plus-dobi-zabrana-za-rabota/feed/ 0