сантијаго солари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Mar 2019 07:17:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сантијаго солари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Реал Мадрид донесе одлука за иднината на Солари https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-donese-odluka-za-idninata-na-solari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-donese-odluka-za-idninata-na-solari/#respond Fri, 08 Mar 2019 07:17:17 +0000 https://kurir.mk/?p=172490

Реал Мадрид донесе решение за иднината на Сантијаго Солари. Тој ќе остане ментор на „белиот балет“ барем до понеделник, информира „АС“. Според публикацијата, тој ќе ја предводи екипата против Ваљадолид, но тоа не значи дека тој ќе го исполни својот договор до крај. Менаџментот на клубот се очекува да донесе конечна одлука следната недела, најверојатно во понеделник. Две имиња се фаворити за нов тимски ментор – Зинедин Зидан и Жозе Мурињо. И двајцата во моментов не управуваат со тим и веднаш можат да го заменат Солари, кој нема повеќе што да му даде на тимот. Флорентино Перез сакал да го разреши Солари веднаш откако тимот изгуби од Ајакс, но по неколку средби со извршниот директор Хозе Санчез ја одложил својата одлука. Последната беше вчеравечер. На чело со Солари, Реал отпадна и од Купот на Шпанија од Барселона, додека во лигата заостануваат 12 поени од првото место. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-donese-odluka-za-idninata-na-solari/feed/ 0
Солари не мисли за оставка: Не дојдов за да се предадам https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-ne-misli-za-ostavka-ne-dojdov-za-da-se-predadam/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-ne-misli-za-ostavka-ne-dojdov-za-da-se-predadam/#respond Wed, 06 Mar 2019 07:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=171731

Реал изгуби се што можеше да изгуби оваа сезона за само шест дена, и тоа среде Мадрид. Со три порази на „Сантијаго Бернабеу“ за Купот, Примера и Лигата на шампиони, клубот ги изгуби речиси сите шанси за трофеј до крајот на сезоната. По неуспехот против Ајакс во Лигата на шампионите, многумина се запрашаа дали Сантијаго Солари е човекот кој треба да продолжи да ги води „белите“ со оглед на серијата порази. Самиот Аргентинец тврди дека нема да се предаде до последно и не размислува за оставка. -Не дојдов тука за да се предавам. Тоа не е во моите вредности и во вредностите на клубот. Не мислам за такви работи. Не е моја работа да си поставувам оценки, има луѓе за тоа, изјави Солари по натпреварот. Тој потврди дека тимот се наоѓа во многу сложен момент, но токму сега тие треба да покажат карактер. -Многу е болно, особено за нашите навивачи, кои застанаа зад нас и во трите натпревари во оваа тешка недела. Ние направивме сé што е во наѓа моќ, но не успеавме да ги оствариме нашите цели. Многу е тажно за сите овие момци, бидејќи тие се три пати по ред европски шампиони и сега се многу тажни. Но неуспехот денес само покажува колку тешко се постигнати овие успеси и колку се вредни. Да, сезоната ни е тешка, но ние сме тим со карактер и треба да го покажеме тоа. Во најлесните моменти е лесно, секој јава на бранот. Сега сепак треба да покажеме од што сме направени, вели Аргентинецот. Една од причините за неуспехот беше решението на Серхио Рамос да си добие жолт картон во Амстердам при 2:1 за неговиот тим, очигледно мислејќи дека веќе сè е решено. Покрај дополнителната казна за играчот, тоа доведе и до целосен неуспех во одбраната на Реал против Ајакс. -Не сакам да зборувам лошо за другите момци во одбраната, не сакам и така да звучи. Но на нас многу ни недостигаше Серхио Рамос. Сепак, тој е капитен и лидер на овој тим. Но одлуките се одлуки и тренерот треба да ги земе. Бесмислено е да се коментира што би се случео, доколку ситуацијата беше поинаква, рече уште Солари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-ne-misli-za-ostavka-ne-dojdov-za-da-se-predadam/feed/ 0
Солари верува дека Реал сè уште има шанси да победи во сите натпреварувања https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-veruva-deka-real-se-ushte-ima-shansi-da-pobedi-vo-site-natprevaruvanja/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-veruva-deka-real-se-ushte-ima-shansi-da-pobedi-vo-site-natprevaruvanja/#respond Sun, 17 Feb 2019 17:10:54 +0000 https://kurir.mk/?p=164990

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари ги охрабри своите играчи да не се откажуваат и покрај денешниот пораз од Жирона (1:2) на домашен терен во 24. коло од Примера. – Ние не дејствувавме решително во нападот и не го решивме натпреварот во првото полувреме, иако имавме добри моменти. Во второто полувреме немавме доволно енергија, сакавме да постигнеме гол, но не успеавме. Противниците одиграа добро второ полувреме извршија притисок и ризично играа. Тоа им се исплатеше, рече Солари. Тој потенцира дека тимот е изморен од густиот распорен на натпревари. – Бевме уморни по серија тешки натпревари и ја плативме цената за трошење многу енергија. Дали трката во шампионатот е изгубена? Ние мора да продолжиме да се бориме. Сè уште имаме шанси за успех на трите фронта (првенството, купот и Лигата на шампионите), изјави предводникот на Реал. По овој пораз, Реал Мадрид остана на третото место во шпанското првенство со 45 поени. Лидерот Барселона има 54 бода, Атлетико Мадрид со 47 е втор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-veruva-deka-real-se-ushte-ima-shansi-da-pobedi-vo-site-natprevaruvanja/feed/ 0
Солари пред „Ел Класико“: Реал секогаш е фаворит https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-pred-el-klasiko-real-sekogash-e-favorit/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-pred-el-klasiko-real-sekogash-e-favorit/#respond Mon, 04 Feb 2019 07:51:25 +0000 https://kurir.mk/?p=159840

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари по успехот на тимот со 3:0 над Алавеш во дуел од 22-то коло на Ла Лига изјави дека неговиот тим секогаш е е фаворит во „Ел Класико“. „Белите“ излегуваат против Барселона во полуфиналето од Купот, првиот дуел е во среда (6-ти февруари), додека реваншот се игра на 27 февруари. – Реал Мадрид секогаш е фаворит во „Ел Класико“. При сета почит кон противникот, ние секогаш сакаме да победуваме. Реал Мадрид никогаш не се предава, денеска покажавме дека сакаме да го скратиме заостанувањето од Барселона. Не зборуваме за нашиот и за распоредот на Барселона, треба да се подготвиме за натпреварот и да се претставиме на високо ниво, изјави Аргентинецот за претстојниот дуел. Тој го пофали и 18-годишниот Виничиус Жуниор, кој беше стрелец во мечот со Алавеш. – Виничиус одигра извонреден натпревар. Ние сме воодушевени од неговата игра и напредокот што го демонстрира, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-pred-el-klasiko-real-sekogash-e-favorit/feed/ 0
Солари: Ако сакаме трофеи мора да сме подготвени на борба https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-ako-sakame-trofei-mora-da-sme-podgotveni-na-borba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-ako-sakame-trofei-mora-da-sme-podgotveni-na-borba/#respond Fri, 01 Feb 2019 10:18:35 +0000 https://kurir.mk/?p=159021

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, рече дека неговиот тим сосема заслужено се пласира во полуфиналето на шпанскиот куп и дек асо нетрпение го чека следниот ривал. – Играчите го заслужија овој резултат. Тие сериозно ја сфатија работата и со концентрација, посветеност, борба победија. Имавме предност од првиот натпревар, но моравме да се соочиме со тешка гостинска игра со многу добар тим, кој е многу силен дома. Следниот натпревар е уште една битка на патот кон трофејот и ние мора да играме на ист начин како со Џирона. Полуфинале? Постојат три одлични тимови, од кои еден ќе ни се падне нас. Двете полуфиналиња ќе бидат убави и предизвикувачки. Ќе им пријдеме со радост и ентузијазам. Ако сакате да ги освоите сите титули, мора да бидете подготвени да се борите. Ние сме на вистинскиот пат, рече Солари. Реал со две победи над Џирона избори полуфинале во Копа дел Реј кад еќе се сретне со Барселона, Валенсија или Бетис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-ako-sakame-trofei-mora-da-sme-podgotveni-na-borba/feed/ 0
Солари упати критики кон своите играчи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-upati-kritiki-kon-svoite-igrachi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-upati-kritiki-kon-svoite-igrachi/#respond Tue, 08 Jan 2019 16:32:05 +0000 https://kurir.mk/?p=149827

Реал Мадрид треба да се претставува поубедливо, особено во почетокот на натпреварите, изјави тренерот на тимот Сантијаго Солари. Европскиот клупски шампион се претставува доста под своите можности од почетокот на сезоната, а во последните два натпревари во првенството допушти реми и пораз, откако и во двата натпревари прими голови уште во првите 5 минути. – Треба да бидеме внимателни во почетните минути на натпреварите. Играчите се свесни дека таму дозволиме многу слабости и дека треба да се подобри тоа, рече Солари. На играчите на Реал Мадрид им претстои натпревар со Леганес за Кралскиот Куп утре, а Аргентинецот го определи претстојниот ривал како многу опасен на контранапад. – Леганес е многу солиден и борбен тим, па ќе мора да внимаваме со нивната игра на контранапад. Освен тоа треба да ги реализираме шансите, кои ни се откриваат, прокоментира уште Солари. Учество во претстојниот натпревар може да земе и Брахим Дијаз, привлечен вчера од Манчестер Сити, но тоа зависи најмногу од регистрирањето на играчот на време во Шпанската фудбалска федерација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-upati-kritiki-kon-svoite-igrachi/feed/ 0
Перез со обид да ги смири Иско и Солари https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/perez-so-obid-da-gi-smiri-isko-i-solari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/perez-so-obid-da-gi-smiri-isko-i-solari/#respond Sat, 15 Dec 2018 10:41:09 +0000 https://kurir.mk/?p=140540

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не е задоволен од тензиите околу Иско, како и недоразбирањето помеѓу играчот и менторот Сантијаго Солари. За време на натпреварот со ЦСКА Москва дури избувна и скандал, во центарот на кој беше Иско и неговите расправии со домашните навивачи. За време на традиционалниот состанок помеѓу фудбалскиот и кошарскиот тим на Реал, Перез ја искористи можноста да разговара со Иско. Тој го уверил дека е многу важен за тимот и ќе се потпира на него, пишуваат во Шпанија. Потоа разговарал со Солари, обидувајќи се да го убеди дека не треба да има недоразбирања меѓу нив. Перез одлучил да не влегува во спор со играчите, иако е лут од слабите резултати. Сега тимот треба да ги насочи мислите кон Светскиот клупски шампионат, каде што единствената цел е освојување на трофејот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/perez-so-obid-da-gi-smiri-isko-i-solari/feed/ 0
Солари со повик до фановите: Бидете трпеливи! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-so-povik-do-fanovite-bidete-trpelivi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-so-povik-do-fanovite-bidete-trpelivi/#respond Fri, 14 Dec 2018 19:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=140420

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари ги повика навивачите на „белите“ да покажат повеќе трпение кон фудбалерите по поразот со 0:3 против ЦСКА Москва во Лигата на шампионите. Навивачите на „кралскиот“ клуб изразија силно незадоволство од презентацијата на тимот во последниот натпревар од групната фаза од најсилниот клубски турнир во светот. – Слушнав и аплауз. Фановите имаат право да ги изразат своите емоции. Ова дефинитивно има значење и треба да се манифестира почит. Тимот секогаш се надева на поддршка и имаме потреба од неа. Клубот отсекогаш се потпирал на поддршката од навивачите. Се надеваме дека ќе бидат со нас и ќе нè натераат да дадеме сè од себе, изјави Солари. Стратегот го бранеше Иско, кој беше предмет на свирежи од страна на публиката на „Бернабеу“. – Иско е зрела личност и вистински професионалец, кој им донесе многу радост на навивачите, додаде Аргентинецот. Реал Мадрид, кој се наоѓа на четвртото место во шпанскиот шампионат, е домаќин на Рајо Ваљекано утре во меч од Прмиера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-so-povik-do-fanovite-bidete-trpelivi/feed/ 0
Солари: Му реков на Иско дека ќе биде клучен за мечот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-mu-rekov-na-isko-deka-kje-bide-kluchen-za-mechot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-mu-rekov-na-isko-deka-kje-bide-kluchen-za-mechot/#respond Sun, 02 Dec 2018 10:54:26 +0000 https://kurir.mk/?p=134796

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари по успехот над Валенсија (2:0) изјави дека Иско бил решавачки фактор за победата на „Сантијаго Бернабеу“. Во последниве недели се шпекулира дека односите меѓу двајцата се нарушени и дека шпанскиот репрезентативец веќе си бара нов клуб. – За да победите силен противник како Валенсија, треба да одиграте голем меч. Во вториот дел тие се обидоа да се искачат повисоко на теренот, но тоа е нормално. Тие преземаа ризици. Бејл беше уморен, но се бореше и даде се од себе. Генерално, имаше силен меч, каде што сите оставија се на теренот. Во однос на Иско, му реков дека ќе биде клучен за мечот, и тој беше, изјави Солари, откако Шпанецот учествуваше при вториот гол на својот тим во средбата против „лилјаците“. Ова беше 6-та победа за Солари во 7-те негови досегашни натпревари на чело на „кралскиот клуб“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/solari-mu-rekov-na-isko-deka-kje-bide-kluchen-za-mechot/feed/ 0
Иско може да го напушти Реал поради конфликтот со Солари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/isko-moze-da-go-napushti-real-poradi-konfliktot-so-solari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/isko-moze-da-go-napushti-real-poradi-konfliktot-so-solari/#respond Thu, 29 Nov 2018 13:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=133701

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско може да го напушти клубот, а причината за тоа е затегнатите односи што 26-годишниот Шпанец ги има со тренерот Сантијаго Солари. Играчот одби да се ракува со тренерот по поразот во натпреварот од 13-тиот круг од шампионатот во Шпанија против Еибар (0:3). Иско го бараат голем број европски клубови: Јувентус, Наполи и Манчестер Сити. Неговата вредност на трансфер пазарот се проценува на 90 милиони евра. Во тековната сезона Иско одигра 13 натпревари за Реал, постигна два гола и оствари исто толку асистенции. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/isko-moze-da-go-napushti-real-poradi-konfliktot-so-solari/feed/ 0