санторини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 12:52:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png санторини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Родос и Санторини уапсени 27 лица со фалсификувани патни исправи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-rodos-i-santorini-uapseni-27-lica-so-falsifikuvani-patni-ispravi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-rodos-i-santorini-uapseni-27-lica-so-falsifikuvani-patni-ispravi/#respond Tue, 16 Aug 2022 12:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=719331

Со фалсификувани патни исправи, во два одвоени случаи, 27 лица, странски државјани, се обиделе од аеродромите на грчкиот острови Санторини и Родос да стигнат во Италија и Германија, но биле уапсени, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на проверките за спречување илегален излез и справување со трговијата со мигранти, од 13 до 15 август 2022 година на регионалните аеродроми во јужниот дел на Егејско Море беа уапсени вкупно 27 странски државјани, обвинети за поседување и користење фалсификувани патни исправи. Мнозинството од уапсените, односно 22 лица биле откриени на аеродромот на Санторини, а останатите пет уапсени лица на аеродромот на Родос. Целта на уапсените била со фалсификуваните документи авионски да стигнат во Италија и Германија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-rodos-i-santorini-uapseni-27-lica-so-falsifikuvani-patni-ispravi/feed/ 0
Миконос: 37 отсто од тестираните се позитивни на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mikonos-37-otsto-od-testiranite-se-pozitivni-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mikonos-37-otsto-od-testiranite-se-pozitivni-na-koronavirus/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:19:26 +0000 https://kurir.mk/?p=691435

На грчките острови Миконос и Санторини 36,98 отсто, односно 25,32 проценти од направените тестови за Ковид-19 се позитивни во изминатата седмица, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), за стапката на позитивност во периодот од 6 до 12 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. За разлика од една седмица претходно, на Миконос има зголемување за 14 отсто на позитивните случаи (од 22,91 процент на 36,98 отсто), а на Санторини за два отсто. Според стапката на позитивност, следи западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со 16,14 проценти, како и островот Милос со 15,7 проценти. Со над десет проценти се и островите Парос, Андрос, Закинтос и Родос, како и центарот на Атина. Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 6,18 проценти, од вкупно 556.948 лабораториски тестови (ПЦР и рапд), наспроти 4,88 отсто пред една седмица. Националната организација за јавно здравје на Грција еднаш седмично, заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.517.898 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 144.221 реинфекции што е 3.9 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.049 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mikonos-37-otsto-od-testiranite-se-pozitivni-na-koronavirus/feed/ 0
КОРОНАВИРУСОТ ДИВЕЕ ПО ГРЧКИТЕ ОДМАРАЛИШТА: На Санторини и Миконос над пет од десет тестирани се позитивни на КОВИД-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-divee-po-grchkite-odmaralishta-na-santorini-i-mikonos-nad-pet-od-deset-testirani-se-pozitivni-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-divee-po-grchkite-odmaralishta-na-santorini-i-mikonos-nad-pet-od-deset-testirani-se-pozitivni-na-kovid-19/#respond Wed, 08 Jun 2022 17:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=688531

На грчките острови Санторини, Миконос и Милос речиси пет од десет тестирани за Ковид-19 се позитивни, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) за стапката на позитивност во периодот од 30 мај до 5 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, највисока е стапката на Санторини, 23,4 отсто позитивни од направените тестови, на Миконос е 22,91 процент, на Милос 19,26 отсто, а со над десет проценти се островите Парос, Икариа, Тинос и Родос, како и источниот и западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина. Во центарот на Атина, стапката на позитивност е 8,52 отсто, во Солун 3,04 проценти, додека пак на Халкидики и Тасос е 1,9, односно 0,82 проценти. Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 4,88 отсто од вкупно 570.363 лабораториски тестови (ПЦР и рапд). Националната организација за јавно здравје на Грција секоја среда, заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво. Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани 3.483.275 случаи на Ковид-19 и нешто помалку од 140.000 повторни заразувања, а починаа вкупно 29.966 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-divee-po-grchkite-odmaralishta-na-santorini-i-mikonos-nad-pet-od-deset-testirani-se-pozitivni-na-kovid-19/feed/ 0
Полициски час на Миконос, прекин на градежните активност на Санторини https://arhiva.kurir.mk/svet/region/policiski-chas-na-mikonos-prekin-na-gradeznite-aktivnost-na-santorini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/policiski-chas-na-mikonos-prekin-na-gradeznite-aktivnost-na-santorini/#respond Mon, 06 Apr 2020 07:04:29 +0000 https://kurir.mk/?p=327905

Вонредни превентивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, од утрово стапуваат во сила на грчките острови Миконос и Санторини со одлука на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. На Миконос, во следните 14 дена се воведува забрана за движење на граѓаните од 20 до 8 часот, односно полициски час, додека пак на Санторини, на еден месец се одложуваат сите градежни активности. Според грчките медиуми, на островот Миконос веќе се потврдени два случаи на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/policiski-chas-na-mikonos-prekin-na-gradeznite-aktivnost-na-santorini/feed/ 0