сантос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 07:15:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сантос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нејмар би можел да се врати во родниот Сантос во 2025 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-bi-mozhel-da-se-vrati-vo-rodniot-santos-vo-2025-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-bi-mozhel-da-se-vrati-vo-rodniot-santos-vo-2025-godina/#respond Wed, 27 Sep 2023 07:15:55 +0000 https://kurir.mk/?p=882120

Напаѓачот на Ал Хилал, Нејмар може да се врати во бразилскиот шампионат во 2025 година. „Sport.es“ објави дека 31-годишниот фудбалер сака во иднина да се врати во својот матичен клуб Сантос за со овој тим да се подготви за Светското првенство во 2026 година. Токму поради оваа причина Нејмар не потпиша четиригодишен туку едногодишен договор со Саудијците. Исто така, се известува дека Бразилецот веќе стапил во контакт со Сантос за неговото враќање. Нејмар се пресели во Ал-Хилал во летото 2023 година. Во моментов нема постигнато ниту еден гол и има две асистенции на три натпревари за тимот. Претходно беше објавено дека Нејмар побарал оставка од тренерот на Ал Хилал, Хорхе Жесус. Меѓутоа, подоцна фудбалерот оваа информација ја нарече глупост. Нејмар потекнува од младинската школа на Сантос. Тој беше во клупскиот систем од 2003 до 2013 година. з]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nejmar-bi-mozhel-da-se-vrati-vo-rodniot-santos-vo-2025-godina/feed/ 0
Сантос планира да ја повлече „десетката“ на Пеле https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-planira-da-ja-povleche-desetkata-na-pele/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-planira-da-ja-povleche-desetkata-na-pele/#respond Sat, 31 Dec 2022 10:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=782705

Бразилскиот фудбалски клуб Сантос од Сао Паоло откри планови за трајно повлекување на дресот со бројот 10, кој во текот на својата кариера носеше легендарниот Пеле. Повеќе бразилски медиуми објавија дека ќерките на Пеле, по неговата смрт во четвртокот, побарале од клубот повеќе никој во Сантос да не ја носи легендарната „десетка“. „Tоа ќе му гo предложиме на Управниот одбор. За такво нешто постои процедура, потребно е да се состанат членовите на Одборот и тоа да го одобрат. Во меѓувреме, со административен акт во текот на идниот месец привремено ќе го укинеме користењето на бројот 10, надевајќи се дека нашиот oдбор ќе ја претвори таа одлука во трајно решение“, изјави претседателот на Сантос, Андре Руеда. Дресот со бројот 10. во моментов во Сантос го носи венецуелскиот напаѓач Џеферсон Сотелдо, кој од Пеле се збогува со објава на социјалните мрежи: „Носењето на твојот дрес и грижата за него со љубов и почитување е мојата мисија. Ти нè напушти, но твоето наследство и спомените остануваат. Ти благодарам на сè, кралу Пеле“. Пеле почина во четвртокот на 82-годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-planira-da-ja-povleche-desetkata-na-pele/feed/ 0
Сантос во чест на Пеле стави круна на клупскиот амблем https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-vo-chest-na-pele-stavi-kruna-na-klupskiot-amblem/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-vo-chest-na-pele-stavi-kruna-na-klupskiot-amblem/#respond Fri, 30 Dec 2022 09:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=782508

Бразилскиот фудбалски клуб Сантос, во кој прославениот Пеле ја мина речиси целата своја кариера, во негова чест додаде круна на клупскиот амблем. Трикратниот светски првак Пеле почина вчера на 82-годишна возраст – 16 месеци откако лекарите му дијагностицираа рак на дебелото црево. Досега на клупското лого на Сантос стоеја две ѕвездички, во знак на освоените повеќе од 20 титули, а круната симболично го претставува Пеле како крал на фудбалот. Пеле во Сантос ја почна кариерата во 1956 година и остана во клубот од Сао Паоло до 1974 година, кога мина во њујоршки Космос. Пеле во дресот на Сантос освои 25 титули, одигра 659 официјални натпревари и постигна 643 голови.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-vo-chest-na-pele-stavi-kruna-na-klupskiot-amblem/feed/ 0