сао паоло – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Jan 2022 08:16:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сао паоло – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Рио и Сао Паоло се одложуваат карневалите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rio-i-sao-paolo-se-odlozuvaat-karnevalite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rio-i-sao-paolo-se-odlozuvaat-karnevalite/#respond Sat, 22 Jan 2022 08:16:23 +0000 https://kurir.mk/?p=621895

Властите во бразилските градови Рио де Жанеиро и Сао Паоло објавија дека ги одложуваат традиционалните паради на училиштата за самба до крајот на април поради зголемувањето на случаите на новозаразени со сојот Омикрон на Ковид-19 во државата. Претходно овој месец, двата града откажаа улични поворки и карневалски прослави, но сепак планираа да одржат паради на училиштата за самба кон крајот на февруари. Парадите ќе се одржат кон крајот на април, се вели во заедничкото соопштение на властите на двата града. Бразил моментално е зафатен од уште еден бран на коронавирус поради брзото ширење на сојот Омикрон. Во земјата се регистрирани во просек по 120.000 нови инфекции дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rio-i-sao-paolo-se-odlozuvaat-karnevalite/feed/ 0
Поради фактори на ризик: Во Бразил нема да се вакцинираат трудници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-faktori-na-rizik-vo-brazil-nema-da-se-vakciniraat-trudnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-faktori-na-rizik-vo-brazil-nema-da-se-vakciniraat-trudnici/#respond Tue, 11 May 2021 13:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=509011

Бразилската држава Сао Паоло денеска престана да дава вакцина против коронавирус на бремени жени поради одредени фактори на ризик, откако регулаторното тело за здравство соопшти дека ниту една бремена жена не смее да прима доза на „АстраЗенека“. Министерството за здравство на државата Рио де Жанеиро исто така најави дека ќе ја прекине вакцинацијата на сите бремени жени. Американскиот Центар за контрола и превенција на болести неодамна соопшти дека во САД е дозволена имунизација на бремени жени со вакцините на „Модерна“ и „Фајзер / Бионтек“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-faktori-na-rizik-vo-brazil-nema-da-se-vakciniraat-trudnici/feed/ 0
„Сан Паоло“ официјално преименуван во „Стадион Диего Армандо Марадона“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/san-paolo-oficijalno-preimenuvan-vo-stadion-diego-armando-maradona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/san-paolo-oficijalno-preimenuvan-vo-stadion-diego-armando-maradona/#respond Fri, 04 Dec 2020 19:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=438972

Градските власти во Неапол по итна постапка донесоа одлука за преминување на стадионот „Сан Паоло“ на кој Наполи ги игра своите натпревари и истиот од денеска го носи името на неодамна починатиот легендарен аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона. Марадона во 1984 година го изненади фудбалскиот свет со трансферот од Барселона во Наполи, оставајќи неизбришлива трага во прволигашот од Неапол со кој освои две шампионски титула во Италија, како и Купот на УЕФА. -Изминатите 17 години имав разговори со градските власти со желба да го купам стадионот и да го применувам во Диего Армандо Марадона. Тоа е единственото исправно, во знак на сеќавање на Марадона. И да започневме да градиме нов стадион јас повторно би го именувал по него, изјави претседателот на италијанскиот прволигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис за „Скај Италија“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/san-paolo-oficijalno-preimenuvan-vo-stadion-diego-armando-maradona/feed/ 0
ФОТО: Среде ден – мрак во Сао Паоло поради пожарот во Амазонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-srede-den-mrak-vo-sao-paolo-poradi-pozarot-vo-amazonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-srede-den-mrak-vo-sao-paolo-poradi-pozarot-vo-amazonija/#respond Thu, 22 Aug 2019 06:41:40 +0000 https://kurir.mk/?p=232143

Најголемиот град во Бразил, Сао Паоло, во понеделникот потонал во мрак среде ден откако над него се надвил облак чад од пожарот во Амазонија. Над градот се формирале црни облаци, кои се задржале околу еден час, јави Фокс њуз. Метеорологот Надал Виљела изјави дека затемнувањето на небото било многу интензивно. Од Националниот институт за метеорологија велат дека тој феномен е резултат на комбинација на неколку фактори: студена струја, влажен воздух и ветрови кои носат честички од пожарите кои беснеат во Парагвај и Боливија, оддалечени повеќе од 2.700 километри од Сао Паоло, пренесува Б92. Податоците на бразилската Агенција за вселенски истражувања покажуваат дека оваа година рекорден број пожари се евидентирани во дождовните шуми во бразилскиот дел на Амазонија. Годинава во прашумите гореја 83 отсто пожари повеќе отколку во 2018 година, соопшти Агенцијата. Најголемата дождовна шума во светот – Амазонија е клучна во борбата против глобалното затоплување. Шумските пожари вообичаено се случуваат за време на сушната сезона во Бразил, но и намерно се палат со цел расчистување на шумата заради простор за одгледување стока. Податоците на Агенцијата за вселенски истражувања покажуваат дека повеќе од 72.000 пожари гореле меѓу јануари и август оваа година во бразилскиот дел на Амазонија. Ова е најголемиот број забележен од кога почнала да се води евиденција во 2013 година. Од Агенцијата соопштија дека до минатиот четврток евидентирани се над 9.500 пожари, главно во Амазонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-srede-den-mrak-vo-sao-paolo-poradi-pozarot-vo-amazonija/feed/ 0
Воена состојба во Сао Паоло, армијата на улиците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voena-sostojba-vo-sao-paolo-armijata-na-ulicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voena-sostojba-vo-sao-paolo-armijata-na-ulicite/#respond Sat, 26 May 2018 07:23:19 +0000 https://kurir.mk/?p=58435

Бразилската влада и издаде наредба на војската да ги отстрани блокадите на автопатите, кои беа поставени од возачите на камиони, кои штрајкуваат поради превисоките цени на горивото, соопшти владиниот претставник. Претседателот на Бразил Мишел Темер одлучи да им даде овластување на војската и полицијата да ги отстранат блокадите по состанокот со министрите во главниот град на Бразил, информира неименуван официјален претставник. Претседателот Темер рече дека бразилската влада ќе има храброст да го заштити населението од протестите, а на возачите на камиони им порача дека ќе бидат одговорни за штетата која и ја  прават на државата. Ова е петти ден од протестот на  камионџиите, кој парализираше поголем дел од Сао Паоло, а вонредна состојба е прогласена поради недостаток на гориво, според Ројтерс. Преговарачите на незадоволните камионџии во четвртокот се согласија да го прекинат протестот, откако владата вети дека ќе ја стабилизира цената на дизелот. Штрајкот на возачите на камиони продолжува и покрај договорот со владата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voena-sostojba-vo-sao-paolo-armijata-na-ulicite/feed/ 0
ФОТО: Најмалку 44 исчезнати при пожар во зграда во Сао Паоло https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najmalku-44-ischeznati-pri-pozar-vo-zgrada-vo-sao-paolo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najmalku-44-ischeznati-pri-pozar-vo-zgrada-vo-sao-paolo/#respond Wed, 02 May 2018 17:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=48904

Бразилските власти трагаат по најмалку 44 лица, кои се водат како исчезнати по вчерашното уривање на 24-катна зграда зафатена од пожар во центарот на градот Сао Паоло, јави ДПА. Првично беше соопштено дека при инциднетот загинало едно лице, меѓутоа локалните власти денеска соопштија дека досега официјално не е потврдена смртта на ниту еден цивил или пожарникар, кој учествувал во акцијата на гаснење на пожарот. Локалните власти информираа дека медицинска помош им била пружена на вкупно 428 лица, без да прецизираат за какви повреди станува збор. Поради пожарот беа евакуирана жителите на пет околни згради, кои минатата ноќ ја минале во прифатни центри. Опожарената зграда е поранешно седиште на федералната полиција, кој била напуштена и во неа засолниште нашле десетици бездомници. Според непотврдени информации, во заградата престојувале околу 150 бездомници. Во гаснењето на вчерашниот пожар учествуваа околу 160 пожарникари со 57 противпожарни возила. Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najmalku-44-ischeznati-pri-pozar-vo-zgrada-vo-sao-paolo/feed/ 0