сара настеска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Mar 2019 15:10:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сара настеска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Семејството со огромна благодарност до сите за помошта: Сара се врати дома жива и здрава! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-so-ogromna-blagodarnost-do-site-za-pomoshta-sara-se-vrati-doma-ziva-i-zdrava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-so-ogromna-blagodarnost-do-site-za-pomoshta-sara-se-vrati-doma-ziva-i-zdrava/#respond Fri, 01 Mar 2019 15:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=169929

Семејството на 15-годишната Сара Настеска, преку писмо до јавноста информираат дека Сара се врати во Охрид и испраќаат огромна благодарност до сите за помошта. Писмото го пренесуваме во целост. Почитувани, Охрид победи, Сара се врати дома жива и здрава! Почитувани, познати и непознати, ЛУЃЕ во вистинска смисла на зборот, Со овие неколку зборови сакаме да Ве известиме дека го поминавме најтешкиот дел од патот. Поминавме тешки моменти, сигурно најтешките во нашите животи, поминавме многу, но ги поминавме на крилата на поддршката која токму ВИЕ ни ја дадовте. Сара синоќа пристигна во Македонија, а од утрово е веќе во својот дом во Охрид. Заврши третманот во болницата во Германија и состојбата на Сара секој ден се подобрува и нормализира. Треба да се направат повеќе контроли, да се почитуваат строгите насоки и препораки дадени од медицинските лица, но сепак, најтешкото е веќе зад нас. Сега ние знаеме колку големо срце имаат охриѓани, но и сите граѓани од целата држава, од целиот свет, кои ни помогнаа кога ни беше најтешко. Секој збор е премал, што и да кажеме е недоволно за да ја изразиме нашата благодарност. Единствено што можеме е да помагаме и ние натаму, колку што можеме, онаму каде што е најпотребно. Токму тоа и ќе биде нашата мисија и преку секоја спасена детска насмевка ќе кажеме по едно благодариме за се` што ВИЕ направивте за нас. Од срце ВИ БЛАГОДАРИМЕ за секој денар, за секоја насмевка, секој збор за поддршка, секоја прегратка за да ја поделиме болката заедно. Ви благодариме ОД СРЦЕ, семејство Настески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-so-ogromna-blagodarnost-do-site-za-pomoshta-sara-se-vrati-doma-ziva-i-zdrava/feed/ 0
Добри вести од Германија, извршена е трансплатанцијата кај Сара, таа се чувствува добро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dobri-vesti-od-germanija-izvrshena-e-transplatancijata-kaj-sara-taa-se-chuvstvuva-dobro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dobri-vesti-od-germanija-izvrshena-e-transplatancijata-kaj-sara-taa-se-chuvstvuva-dobro/#respond Sat, 15 Dec 2018 08:49:56 +0000 https://kurir.mk/?p=140489

Неколку месечната акција и вистинска мобилизација на охриѓани, но и на целата држава и сите добри луѓе ширум светот, на 12-ти овој месец беше крунисана со зафатот кој беше извршен врз 15-годишната Сара Настеска од Охрид. – Пред два дена, на 12-ти декември се изведе трансплантацијата која се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Сега, следува период на адаптација од неколку недели, во текот на кои ќе знаеме како организмот ќе го прифати третманот односно трансплатираната коскена срцевина, информира Горан, таткото на Сара. Тој додава дека првичната проценка и од лекарскиот тим била дека трансплантацијата поминала добро. Во име на целото семејство, тој уште еднаш испраќа ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ до сите добри и хумани луѓе, кои беа со нив во моментите кога им беше најтешко и кога им беше најпотребна помош. Здравјето и доброто на Сара се наш врвен приоритет. Ви благодариме ОД СРЦЕ семејство Настески]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dobri-vesti-od-germanija-izvrshena-e-transplatancijata-kaj-sara-taa-se-chuvstvuva-dobro/feed/ 0
Сара Настеска до Охрид замина на лекување во Германија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sara-nasteska-do-ohrid-zamina-na-lekuvanje-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sara-nasteska-do-ohrid-zamina-na-lekuvanje-vo-germanija/#respond Wed, 07 Nov 2018 07:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=124506

Петнаестгодишната Сара Настеска од Охрид заедно со своето семејство отпатува за Германија каде ќе започне нејзиното лекување, овозможено благодарение на многу хуманитарни акции спроведени низ целата земја. Нејзиното семејство упати огромна благодарност до сите што помогнаа за реализацијата на целта – почеток на лекувањето на Сара, на која во август и беше дијагностицирана Anemia Aplastica, болест што може да се лекува со трансплантација на коскева срж. Донор на сржта ќе биде нејзиниот помал брат Виктор, кој исто така веќе е во Германија, а договорено е со медицинските екипи во текот на оваа седмица да почнат испитувањата што претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца. За лекување на Сара во Германија беа потребни околу 200 илјади евра, средства што нејзиното семејство не можеше да ги обезбеди. Парите беа собрани преку донации откако беше мобилизирана речиси целата јавност во Охрид, што потоа се прошири низ целата земја, демонстрирајќи ја хуманоста на поединци, лица од уметноста, пејачи, спортски клубови, институции, фирми, установи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sara-nasteska-do-ohrid-zamina-na-lekuvanje-vo-germanija/feed/ 0
Хуманитарен настан: Донирајте за Сара Настеска во зоолошка https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/humanitaren-nastan-donirajte-za-sara-nasteska-vo-zooloshka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/humanitaren-nastan-donirajte-za-sara-nasteska-vo-zooloshka/#respond Sat, 27 Oct 2018 06:58:18 +0000 https://kurir.mk/?p=120071

Во Зоолошка градина-Скопје денеска ќе се одржи хуманитарен настан за малата Сара Настеска од Охрид, на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж. Од 12.00-15.00 часот посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со Дизни ликовите Мики и Мини Маус, а при тоа и да донираат за Настеска. Во Зоолошката градина неколку денови ќе бидат поставени кутии за донации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/humanitaren-nastan-donirajte-za-sara-nasteska-vo-zooloshka/feed/ 0
„Здравство.мк“: Додека младата Сара се бори за живот, власта се луксузира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-mk-dodeka-mladata-sara-se-bori-za-zivot-vlasta-se-luksuzira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-mk-dodeka-mladata-sara-se-bori-za-zivot-vlasta-se-luksuzira/#respond Fri, 26 Oct 2018 12:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=119839

Граѓаните на Република Македонија се на нозе во знак на хуманоста. Се организираат бројни активности и акции, се превземаат за собирање средства за лекување на 15 годишната Сара Настеска на која е дијагностициран „Anemija Aplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Низ цела држава се поставуваат штандови, во секое кафуле, се одржуваат забави, дури и Зоолошката градина организира парите од билетите да одат како дел од донација за младата Сара, пишува порталот Здравство.мк. Трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор е нејзиниот двегодишен помал брат. Зафатот и лекувањето чинат над 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик а родителите не можат сами да ги обезбедат. Додека сите се на нозе, власта молчи и не сака да помогне, изгледа во преден план им се нивните луксузи отколку животите на младите, стои во текстот на порталот. „Ќе формираме Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободени од политички и министерски притисоци. Така лекувањето на децата во Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани“– ова стои во таканаречената програма “План за живот“ на СДСМ на страна 142, а се однесува на сите оние на кои им е потребно лекување во странство. Ветување кое го даваше Зоран Заев секојдневно за време на кампањите за парламентарни и локални избори, но како и сите други ветувања и ова се заборави. Доволно е Заев и Дончев да ја отворат страната donacii.mk и да видат колку деца чекаат од хумани луѓе да им помогнат затоа што не се во можност да ги платат своите болнички лекувања во државава и во странство. Можеби по отворањето на оваа страна Заев и Дончев ќе започнат да се грижат за младите деца. Бидејќи детските животи не треба да гаснат поради неодговорноста на Заев и Дончев, стои во текстот на „Здравство“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-mk-dodeka-mladata-sara-se-bori-za-zivot-vlasta-se-luksuzira/feed/ 0
Во сабота во скопската зоолошка ќе се одржи хуманитарен настан за малата Сара https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-sabota-vo-skopskata-zooloshka-kje-se-odrzi-humanitaren-nastan-za-malata-sara/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-sabota-vo-skopskata-zooloshka-kje-se-odrzi-humanitaren-nastan-za-malata-sara/#respond Thu, 25 Oct 2018 07:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=119209

Во сабота во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за малата Сара Настеска од Охрид. Од 12:00-15:00 посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со Дизни ликовите Мики и Мини Маус, а притоа и да донираат за Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж. Во скопската зоолошка веќе неколку дена е поставена и кутија за донации, па и на самиот влез граѓаните може да донираат и да бидат хумани. Да се обединиме сите за Сара!]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-sabota-vo-skopskata-zooloshka-kje-se-odrzi-humanitaren-nastan-za-malata-sara/feed/ 0