сара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Feb 2023 19:36:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со МОЌНО значење: Ова име има муслиманско потекло, а Македонците често им го даваат на своите ќерки https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-mokno-znachene-ova-ime-ima-muslimansko-poteklo-a-makedontsite-chesto-im-go-davaat-na-svoite-kerki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-mokno-znachene-ova-ime-ima-muslimansko-poteklo-a-makedontsite-chesto-im-go-davaat-na-svoite-kerki/#respond Wed, 15 Feb 2023 19:36:02 +0000 https://kurir.mk/?p=801010

Во Македонија со години се забележува тренд на пократки и необични имиња, додека некои традиционални речиси целосно заминаа во заборав. Меѓутоа, кај нас често се сетнува и ова име со арапско потекло. Имено, многу родители мислат дека се работи за стари македонски имиња, бидејќи меѓу нивните предци најчесто имале некој со тоа име, не знаејќи дека многу грешат. Така денес многу често можеме да слушнеме дека на девојчињата им се дава името - Сара. Според различни пишани извори, тоа е од хебрејско потекло и е поврзано со сопругата и полусестрата на Авраам. Од друга страна, тоа е опишано и во светата муслиманска книга наречена Куран. Во оригиналот е напишано како Сарај, Шарај или Сарах. Значењето на името Сара Преведено од хебрејски јазик, тоа значи силна жена која доминира, владее и управува. Исто така, опишува дама со висока општествена положба, библиска личност, гласник од Бога - светост.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-mokno-znachene-ova-ime-ima-muslimansko-poteklo-a-makedontsite-chesto-im-go-davaat-na-svoite-kerki/feed/ 0
„Здравство.мк“: Додека младата Сара се бори за живот, власта се луксузира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-mk-dodeka-mladata-sara-se-bori-za-zivot-vlasta-se-luksuzira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-mk-dodeka-mladata-sara-se-bori-za-zivot-vlasta-se-luksuzira/#respond Fri, 26 Oct 2018 12:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=119839

Граѓаните на Република Македонија се на нозе во знак на хуманоста. Се организираат бројни активности и акции, се превземаат за собирање средства за лекување на 15 годишната Сара Настеска на која е дијагностициран „Anemija Aplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Низ цела држава се поставуваат штандови, во секое кафуле, се одржуваат забави, дури и Зоолошката градина организира парите од билетите да одат како дел од донација за младата Сара, пишува порталот Здравство.мк. Трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор е нејзиниот двегодишен помал брат. Зафатот и лекувањето чинат над 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик а родителите не можат сами да ги обезбедат. Додека сите се на нозе, власта молчи и не сака да помогне, изгледа во преден план им се нивните луксузи отколку животите на младите, стои во текстот на порталот. „Ќе формираме Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободени од политички и министерски притисоци. Така лекувањето на децата во Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани“– ова стои во таканаречената програма “План за живот“ на СДСМ на страна 142, а се однесува на сите оние на кои им е потребно лекување во странство. Ветување кое го даваше Зоран Заев секојдневно за време на кампањите за парламентарни и локални избори, но како и сите други ветувања и ова се заборави. Доволно е Заев и Дончев да ја отворат страната donacii.mk и да видат колку деца чекаат од хумани луѓе да им помогнат затоа што не се во можност да ги платат своите болнички лекувања во државава и во странство. Можеби по отворањето на оваа страна Заев и Дончев ќе започнат да се грижат за младите деца. Бидејќи детските животи не треба да гаснат поради неодговорноста на Заев и Дончев, стои во текстот на „Здравство“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-mk-dodeka-mladata-sara-se-bori-za-zivot-vlasta-se-luksuzira/feed/ 0