сараево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Jan 2023 09:41:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сараево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сараево меѓу најзагадените градови во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/saraevo-megu-najzagadenite-gradovi-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/saraevo-megu-najzagadenite-gradovi-vo-svetot/#respond Tue, 24 Jan 2023 09:41:10 +0000 https://kurir.mk/?p=791042

Сараево денеска е најзагаден град во Босна и Херцеговина и еден од најзагадените во светот со индекс на квалитет 266, кој спаѓа во категоријата многу нездраво за населението. Позагадени градови од Сараево се Дака, Бангладеш, Лахоре, Пакистан и Багдад. Во такви услови, лицата со респираторни заболувања, како што е астмата, може да доживеат значително зголемување на симптомите и интензитетот на болеста, а се зголемува и веројатноста за негативни последици по респираторните органи на целата популација. Инаку, ако индексот за квалитет на воздухот е од 0-50 тогаш е здрав, од 51-100 е умерено загаден. Сè што е повеќе од 100 е нездраво, а повеќе од 300 е опасно по здравјето. Во Сараево од почетокот на годинава квалитетот на воздухот неколку пати е лош, а во некои денови и опасен по здравјето. На почетокот на годината, поради значителното зголемување на концентрацијата на загадувачките честички, како и прогнозираните временски услови, Министерството за комунална економија, инфраструктура, просторно планирање, градежништво и заштита на животната средина на кантонот Сараево, на предлог на Стручното тело, прогласи состојба на  „Предупредување“. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зоните со загаден воздух, особено во утринските и вечерните часови кога концентрацијата на загадувачки материи во воздухот е најголема. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/saraevo-megu-najzagadenite-gradovi-vo-svetot/feed/ 0
Откриен идентитетот на хулиганите кои нападнаа родители од Србија на ДЕТСКИ ТУРНИР https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otkrien-identitetot-na-huliganite-koi-napadnaa-roditeli-od-srbija-na-detski-turnir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otkrien-identitetot-na-huliganite-koi-napadnaa-roditeli-od-srbija-na-detski-turnir/#respond Sun, 15 Jan 2023 21:20:36 +0000 https://kurir.mk/?p=787670

Десет лица се осомничени за напад на група родители од Белград. Тие се предадени на Обвинителството на Сараево. Уапсени се: Балтиќ Елдар, Тахировиќ Алдин, Демир Харис, Хоџиќ Енсар, Белмин Омерагиќ, Армин Хаџиќ, Елдар Бешиќ, Бенјамин Хасановиќ, Подруг Мерсид и Кукиќ Седин, пренесува Аваз. Претходно кривично се процесуирани во МУП на КС. Тие се товарат за кривично дело „насилно однесување“. Да потсетиме, во сараевската населба Илиџа, каде што се одржува регионалниот детски фудбалски турнир, имаше напад врз белграѓани во хотелот „Хилс“ каде што престојуваа. Група навивачи со фантомки упаднале во хотелот и веднаш нападнале маж кој го носел знамето на ФК Звездара, учесник на турнирот. Го испрскале со солзавец, додека бил во друштво со сопругата, а кога родителите на другите деца скокнале на негова заштита, хулиганите ги „извлекле“ надвор, каде биле „засилени“ од друга поголема група навивачи вооружени со ножеви и факели. Настанала тепачка, а еден член на експедицијата од Белград се здобил со убодни рани.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otkrien-identitetot-na-huliganite-koi-napadnaa-roditeli-od-srbija-na-detski-turnir/feed/ 0
И САРАЕВО ЖРТВА НА ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ: Пораки добиле неколку банки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-saraevo-zrtva-na-lazni-dojavi-za-bombi-poraki-dobile-nekolku-banki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-saraevo-zrtva-na-lazni-dojavi-za-bombi-poraki-dobile-nekolku-banki/#respond Tue, 20 Dec 2022 06:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=777889

Полицијата на кантонот Сараево утринава била известена дека повеќе деловни единици на одредени банки на подрачјето на тој кантон по електронска пошта добиле пријава за наводно поставена бомба, па во врска со тоа, како што соопштија, преземени се мерки и дејствија за проверка на добиените информации, евакуација и контрадиверзантска проверка на деловни простории. Се додава дека за горенаведеното е известен и дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-saraevo-zrtva-na-lazni-dojavi-za-bombi-poraki-dobile-nekolku-banki/feed/ 0
КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО ЦЕНТАРОТ НА САРАЕВО! Убиен е маж, а друго лице е тешко повредено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krvava-presmetka-vo-centarot-na-saraevo-ubien-e-maz-a-drugo-lice-e-teshko-povredeno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krvava-presmetka-vo-centarot-na-saraevo-ubien-e-maz-a-drugo-lice-e-teshko-povredeno/#respond Tue, 11 Oct 2022 08:46:45 +0000 https://kurir.mk/?p=743799

Крвавави инциденти во Сараево. Едно лице загина, а друго е тешко повредено во два инцидента што се случија на две локации во центарот на Сараево. Како што за „Н1“ потврди Мирза Хаџиабдиќ, портпарол на муп на кантонот Сараево, еден напаѓач ги повредил и двете лица. - Полицијата на кантонот Сараево, околу 19.50 часот, била известена дека на подрачјето на општина центар сараево повредени се две лица со употреба на нож. Напаѓачот е фатен и е лишен од слобода, се вели во полициското соопштение. Како што се додава, еден повреден од добиените повреди починал, а другиот е пренесен во болница. - Дежурниот обвинител на кантоналното обвинителство на кантонот сараево, кој е задолжен за истрагата,најави дека за случајот повеќе информации ќе бидат познати по неговото комплетирање, рече Хаџиабдиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krvava-presmetka-vo-centarot-na-saraevo-ubien-e-maz-a-drugo-lice-e-teshko-povredeno/feed/ 0
Фрлена бомба пред кафе-бар во Сараево https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frlena-bomba-pred-kafe-bar-vo-saraevo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frlena-bomba-pred-kafe-bar-vo-saraevo/#respond Fri, 19 Aug 2022 10:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=720959

Рано утринава околу 3 часот активирана е експлозивна направа во сараевската населба Нова Отока, потврдија од сараевската полиција. Во експлозијата нема повредени. Причинета е материјална штета на објектот, поточно на кафулето. Сараевската полиција е на местото на настанот и врши увид, по што ќе бидат познати повеќе информации. Експлозијата се случила во улицата Џемал Биједиќ во општина Нови Град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frlena-bomba-pred-kafe-bar-vo-saraevo/feed/ 0
Продолжуваат протестите пред ОХР во Сараево https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuvaat-protestite-pred-ohr-vo-saraevo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuvaat-protestite-pred-ohr-vo-saraevo/#respond Tue, 26 Jul 2022 08:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=710253

Стотина демонстранти повторно се собраа денеска пред седиштето на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во Сараево, обидувајќи се да го продолжат притисокот со цел да се спречат измените на изборниот закон на БиХ. Откако илјадници луѓе дојдоа пред ОХР вчера и побараа високиот претставник Кристијан Шмит да престане да наметнува одлука за измените на изборниот закон, некои од демонстрантите решија да продолжат со неа еден ден подоцна, а неколку од најупорните изминатата ноќ ја помина пред ОХР. „Нема да прифатиме неправда“, „Ние не сме племиња, туку граѓани“ – ова се дел од транспарентите што ги носат денеска насобраните. Дерво Сједиќ, еден од организаторите на протестите и подносителот на тужбата против Босна и Херцеговина за дискриминација пред Европскиот суд за човекови права, денеска најави дека протестите ќе продолжат додека Шмит не објави дека се откажува од наметнувањето реформи кои, според демонстрантите, ќе ги продлабочат етничките поделби. Сејдиќ рече дека е неприфатливо да се воведе цензус што ќе оневозможи членови на една нација да бидат делегирани во Домот на народите на Федерацијата на Босна и Херцеговина од оние окрузи каде што има помалку од три отсто од нив, додека во во исто време никој не ги зема предвид правата на припадниците на националните малцинства. Опозициските партии предводени од СДП повикаа на протести вчера во Сараево, а се приклучи и владејачката Партија за демократска акција (СДА).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuvaat-protestite-pred-ohr-vo-saraevo/feed/ 0
ДРАМА ВО ВОЗДУХ – со огнено оружје пукано кон авион кој полетал од Загреб, а слетал во Сараево https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-vo-vozduh-so-ogneno-oruzje-pukano-kon-avion-koj-poletal-od-zagreb-a-sletal-vo-saraevo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-vo-vozduh-so-ogneno-oruzje-pukano-kon-avion-koj-poletal-od-zagreb-a-sletal-vo-saraevo/#respond Thu, 23 Jun 2022 08:32:56 +0000 https://kurir.mk/?p=694501

Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета на пистата на меѓународниот аеродром во Сараево од Загреб има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје, дознава Klix.ba. Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје. За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек. – По добиените информации дека при редовната проверка на авионот на аеродромот во Сараево, кој допатувал со лет од Загреб, било утврдено оштетување на трупот на леталото, кое можеби е предизвикано од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ побара истражен тим, во присуство на службеници на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ, се вели во соопштението. Треба да се напомене дека безбедноста на патниците за време на летот не била загрозена, а со детален преглед ќе се утврди начинот на оштетување како и безбедноста на леталото за понатамошен лет. Засега не е познато каде е оштетен авионот и како дошло до овој инцидент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-vo-vozduh-so-ogneno-oruzje-pukano-kon-avion-koj-poletal-od-zagreb-a-sletal-vo-saraevo/feed/ 0
Ф1: Михаел Шумахер доби улица во Сараево https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/f1-mihael-shumaher-dobi-ulica-vo-saraevo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/f1-mihael-shumaher-dobi-ulica-vo-saraevo/#respond Mon, 30 May 2022 20:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=683870

По титулата почесен граѓанин на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина го удостои седумкратниот светски првак во Формула 1 Михаел Шумахер со улица, која од денеска го носи името на прославениот германски возач. Како што јавија локалните медиуми, со одлука на Собранието на Кантонот Сараево, А трансверзалата во главниот град е преименувана во А трансверзала „Михаел Шумахер“. Германскиот возач во Ф1 во текот на 90-те години од минатиот век двапати ја посети Босна и Херцеговина, престојувајќи како амбасадор на УНЕСКО и американска хуманитарна организација, и притоа донираше пари за помош на децата ранети за време на војната. Кон крајот на 2013 година Михаел Шумахер тешко се повреди на скијање на француските Алпи, а неговото семејство сите информации околу здравствената состојба на поранешниот светски првак ги чува во најголема тајност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/f1-mihael-shumaher-dobi-ulica-vo-saraevo/feed/ 0
Шок глетка: На седиште во трамвај во Сараево пронајдена бомба (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shok-gletka-na-sedishte-vo-tramvaj-vo-saraevo-pronajdena-bomba-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shok-gletka-na-sedishte-vo-tramvaj-vo-saraevo-pronajdena-bomba-foto-video/#respond Sat, 12 Mar 2022 14:31:43 +0000 https://kurir.mk/?p=646027

Експлозивна направа е пронајдена во трамвај во сараевската населба Ченгиќ Вила, потврдија од МВР на кантонот Сараево, пишува Кликс.ба. Диспечерот на ГРАС околу 13 часот повикал полиција откако во празен трамвај, кај свртницата била забележана рачна бомба. Засега не се знае кој ја оставил оваа направа, а полицијата веќе интензивно работи на расветлување на овој случај и пронаоѓање на сторителот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shok-gletka-na-sedishte-vo-tramvaj-vo-saraevo-pronajdena-bomba-foto-video/feed/ 0
Писмо до Украинците кое го расплака СВЕТОТ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pismo-do-ukraincite-koe-go-rasplaka-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pismo-do-ukraincite-koe-go-rasplaka-svetot/#respond Sat, 05 Mar 2022 21:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=641755

„Би-Би-Си“ објави писмо од Аида Черкез, која ги сподели своите искуства со Украинците за опколеното Сараево со надеж дека тоа дополнително ќе ги мотивира да ги преживеат тешките времиња на кои се изложени. Аида Черкез работи за „Асошиетед прес“ во Сараево од 1992 година, прво како водителка, а потоа и како известувач. Ова е нејзиното писмо до Украинците. „Светот разбра за што се борите“ „Драги пријатели, хуманитарните организации овде во Сараево собираат помош за вас. Седам во мојот стан и се обидувам да се сетам што ќе ви треба најмногу. Не се моите топли чорапи, или јакна, или моите топли чизми она што најмногу ви треба сега, туку мојата 30-годишна маичка со испечатена парола која ми траеше 1.425 дена во кои босанските Срби го гранатираа и го опседнаа мојот град. Немаше вода, храна, струја, греење и комуникација со надворешниот свет. Ја облеков таа маица и ја читав пораката напишана на неа додека ни паѓаа повеќе од два милиони гранати на главите и додека избегнував безброј куршуми. На маичката пишуваше: „Сараево ќе биде, се’ друго ќе помине“. Ви претстојат лоши времиња пријатели мои, но ви се испраќа оружје за да се одбраните. Ние Босанците се браневме, но светот нам ни воведе ембарго за оружје. Не му беше јасно зошто се води борба во Сараево. Фала му на Бога, тој разбра сега во Киев. „Лагите најмногу ќе ве повредат“ Ќе бидете гладни, жедни и валкани, ќе изгубите домови, пријатели и членови на семејствата, но она што најмногу ќе ве боли ќе бидат лагите. Лаги, дека вие сте одговорни за тоа што ви се случува. Овие лаги ќе направат безброј дупки во вашите срца, но без да ги запрат нивните отчукувања или да ги замрзнат. Гледам дека ви ја уништија ТВ кулата. Сакаат да ве држат во мрак, исто како што нас нe’ држеа во темнина. Сакаат да го изгаснат светлото, па да не можеме да видиме што ви прават. Запишувајте и снимате сè. Еден ден тоа ќе ја дефинира вашата историја, ќе им објасни на Украинците кои допрва треба да се родат што се случило и најверојатно ќе се користи како доказ на суд против оние кои се обидуваат да ве убијат. „Ви го испраќам најскапоценото нешто што го имам“ Во темните времиња што претстојат ќе губите надеж повремено, но ви пишувам од иднината и ви велам, ќе преживеете, исто како и ние. Требаше да бидам мртва, но преживеав, утре ќе излезам со внуците. И вие ќе го направите тоа, затоа што во вас го гледам истиот отпор што го видов тука. Ве слушам како ја пеете вашата химна додека со голи раце ги одбивате тенковите. Со текот на времето, ќе пеете нови песни за вашата храброст во оваа неволја и ќе смислите свој слоган кој ќе ве одржи во живот. Засега ви го испраќам најскапоценото нешто што го имам, мојот слоган, малку скроен за вас: „Украина ќе биде, се’ друго ќе помине“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pismo-do-ukraincite-koe-go-rasplaka-svetot/feed/ 0