САС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Aug 2022 13:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png САС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САС на МПЦ-ОА го поздрави и благодари за признавањето на афтокефалноста од страна на РПЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-go-pozdravi-i-blagodari-za-priznavanjeto-na-aftokefalnosta-od-strana-na-rpc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-go-pozdravi-i-blagodari-za-priznavanjeto-na-aftokefalnosta-od-strana-na-rpc/#respond Tue, 30 Aug 2022 13:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=726032

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА. – Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија (РПЦ – МП) на заседанието на Синодот на РПЦ од 25 август 2022 година, запишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во свештениот диптих. Одлуката на Синодот на Руската Православна Црква следи по обраќањето на Српскиот Патријарх г. г. Порфириј соопштувајќи ја веста на Рускиот Патријарх г. г. Кирил за автокефалниот статус на сестринската Македонска Православна Црква. Исто така, Синодот на МПЦ – ОА им благодари на сите други Помесни Православни Цркви кои го прифатија актот на Цариградскиот Патријарх, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА. Истовремено Синодот апелира да не се наштетува на процесот на признавањето на автокефалниот статус на МПЦ – ОА преку, како што се наведува, неупатени и злонамерни коментари и нецелосни и умислено искривени информации на поедини таканаречени експерти и аналитичари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-go-pozdravi-i-blagodari-za-priznavanjeto-na-aftokefalnosta-od-strana-na-rpc/feed/ 0
Од понеделник овие две авиокомпании нема да бараат маски на летовите во Скандинавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-ovie-dve-aviokompanii-nema-da-baraat-maski-na-letovite-vo-skandinavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-ovie-dve-aviokompanii-nema-da-baraat-maski-na-letovite-vo-skandinavija/#respond Fri, 15 Oct 2021 08:21:58 +0000 https://kurir.mk/?p=579413

Авиокомпаниите САС и Норвежен од понеделник нема да бараат носење маски на нивните летови во Скандинавија, односно Норвешка, Шведска и Данска. - Со оглед дека сите три скандинавски земји се отворени за патување и ги укинаа епидемиолошките ограничувања, повеќе не гледаме потреба да бараме носење маски на сите домашни летови, како и летови меѓу Данска, Шведска и Норвешка, рече портпаролката на САС, Фреја Анамац за шведското радио. И компанијата Норвежен на својата веб – страница објави дека повеќе нема да бара носење маски на овие летови поради намалениот ризик од инфекција. Двата превозника нагласија дека за сите нивни летови надвор од Скандинавија, поради меѓународните регулативи, сепак, ќе биде задолжително носење маски. Во изминатиот месец, сите три скандинавски земји ги укинаа сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски во различни ситуации, додека во Шведска во ниту еден момент од пандемијата немаше таква обврска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-ovie-dve-aviokompanii-nema-da-baraat-maski-na-letovite-vo-skandinavija/feed/ 0
САС на МПЦ-ОА ги повикува верниците да ги почитуваат мерките за заштита за Духовденската задушница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-gi-povikuva-vernicite-da-gi-pochituvaat-merkite-za-zashtita-za-duhovdenskata-zadushnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-gi-povikuva-vernicite-da-gi-pochituvaat-merkite-za-zashtita-za-duhovdenskata-zadushnica/#respond Wed, 03 Jun 2020 09:25:28 +0000 https://kurir.mk/?p=353198

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), во пресрет на претстојните денови на Духовденската задушница, кога си спомнуваме за упокоените христијани, апелира до верниот народ, при посетата на гробовите на своите ближни, да се почитуваат пропишаните мерки од страна на здравствените институции. – Препорачуваме гробовите да се посетуваат само од најблиските, споменот да се изрази преку молитвениот чин, извршен од страна на свештено лице, а воедно апелираме и да се носат потребните заштитни средства, придржувајќи се на веќе дадените упатства, се вели во соопштението на САС на МПЦ-ОА. Од Синодот истакнуваат дека Христијанството е вера во чија основа се љубовта, грижата и жртвата кон ближните, па затоа го повикуваат верниот народ, и во оваа прилика, да придонесе во заедничката борба против заразната болест и за општото здравје на сите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sas-na-mpc-oa-gi-povikuva-vernicite-da-gi-pochituvaat-merkite-za-zashtita-za-duhovdenskata-zadushnica/feed/ 0