Сашко Дукоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Mar 2019 14:10:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сашко Дукоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По драконската казна, се огласи адвокатот на Чавков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-drakonskata-kazna-se-oglasi-advokatot-na-chavkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-drakonskata-kazna-se-oglasi-advokatot-na-chavkov/#respond Fri, 15 Mar 2019 14:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=175128

Сашко Дукоски, адвокат на Митко Чавков, даде изјава за медиумите по драконски големата казна од 18 години затвор која ја доби неговиот клиент. Вели дека не се изненадени од пресудата затоа што истата ја очекувале, со оглед на фактот што, како што рече, Чавков не сторил ни “д“ од делото за кое е осуден. -Погодив во прогнозите. Реков над 14 години ќе биде казната, сите предвидувања беа потврдени.  Се наоѓа во притвор со незаконита одлука за незаконит судски совет, кој нема право да ја донесе таа одлука бидејќи во тој момент беше завршена главната расправа и тоа укажуваше само на една ситуација- драконска затворска казна 2 год помалку од законскиот максимум. Тоа е нешто што го знаевме од почетокот на процесот, од август знаевме, не е за изненадување ни за мене ни за обвинетиот. Пресудата не е производ на утврдена фактичка состојба, нема ни д од кривичното дело за кое се обвинува. Секако ќе поднесеме жалба и ќе видиме до каде ќе стигнеме. Сигурен сум дека Судот на правната логика, особено во Стразбур, ова нема да го прифати, рече Дукоски. Адвокатот вели дека тој и Чавков се смирени и немаат никаква причина за загриженост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-drakonskata-kazna-se-oglasi-advokatot-na-chavkov/feed/ 0
Дукоски за Алфа: Чавков е притворен без никаков основ, пресудата веќе се знае, а истата ќе падне во Стразбур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-za-alfa-chavkov-e-pritvoren-bez-nikakov-osnov-presudata-vekje-se-znae-a-istata-kje-padne-vo-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-za-alfa-chavkov-e-pritvoren-bez-nikakov-osnov-presudata-vekje-se-znae-a-istata-kje-padne-vo-strazbur/#respond Wed, 13 Mar 2019 16:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=174439

Службена белешка на припадник на специјалната единица „Алфи“ го однесе поранешниот прв човек на БЈБ и министер за внатрешни работи во притвор, на само три дена пред соопштувањето на пресудата за настаните од 27-ми април во Собранието. Полицискиот службеник кој ја поднел службената белешка напишал дека некој му кажал дека Чавков планира бегство од државата, а овој во правото наречен „рекла казала“ момент, без никакви докази го однесе Чавков во Шутка. Обвинителката Вилма Русковска денеска кажа дека нема што да се правда, а притворот го побарале поради оперативни сознанија од МВР. Алфа праша дали ОЈО има обезбедено докази дека обвинетиот планирал бегство и имал вила на Халдики, но прецизен одговор не доби, само велат дека Судечкиот совет оценил дека предлогот е издржан. Судот експресно го одобри барањето на Јавното обвинителство, иако и од таму велат дека се работи за невообичаена пракса. -Во конкретното решение Советот констатира дека се работи за невообичаена пракса Обвинителството на само три дена пред објавување на пресудата да предлага најстрога мерка за обезбедување, велат од Кривичниот суд. Во разговор за Алфа, неговиот адвокат, Сашко Дукоски вели дека во најблага смисла на зборот решението за притвор е чудно, а особено не е законско. Според него, ова нема врска со правото, претставува кршење на човековите права. -Значи вие имате службена белешка  од некојси полицаец, намерно велам некојси, кој што ниту е овластен, ниту има некаква задача и пишува службена белешка без било каков основ, повторувам без било каков основ, реален основ, или реален обид за некакво бегство. Имал вила во Република Грција, будалаштина, повторувам будалаштина. Ниту вила, ниту стан, ниту бутур, вели Дукоски за Алфа. Дукоски вели дека Чавков бил пуштен да се брани од слобода со во тоа време рекордна гаранција во недвижности на своите најблиски од 600 илјади евра, покрај тоа одземен му е пасошот, а како дополнителна мерка се јавува во судот секој вторник наутро. Поранешниот прв човек на БЈБ од април минатата година кога беше пуштен од притвор ги почитуваше сите мерки на претпазливост. -Баш ме интересира како тоа ќе избега. Ако избега таа гаранција пропаѓа, неговиот брат, неговата сестра и сите други најблиски ќе останат на улица. Тоа е нонсенс кој е незабалежан. Меѓутоа, ваквото однесување покажува дека донесена е пресуда и затоа под наводници сакаат да го обезбедат и таа пресуда ќе биде доста висока, изјави Дукоски. Според Дукоски, пресудата која ќе ја донесе Кривичниот суд во петок, а според неговите зборови ќе биде најмалку 14 години, ќе падне на кој било Меѓународен суд. -Да тој ќе биде осуден во петок, јас немам милиметар време или причина да се сомневам во тоа. Но, оваа пресуда никогаш нема да го помине судот на повисоките инстанци, а особено судот за човекови права во Стразбур, повторувам никогаш ова нема да помине, изјави Дукоски. Обвинителството тврди дека обвинетиот ќе се даде во бегство со цел да ја избегне кривичната одговорност. Се поставува прашањето дали некој веќе ја знае пресудата за Чавков, со оглед на тоа што според ЗКП таа е тајна и не смее да ја дознае никој надвор од кругот на Судечкиот совет пред нејзиното соопштување. Извор: АЛФА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-za-alfa-chavkov-e-pritvoren-bez-nikakov-osnov-presudata-vekje-se-znae-a-istata-kje-padne-vo-strazbur/feed/ 0
Дукоски: Нели телефоните се забранети и лица кои се обвинети за исто кривично дело не може да шетаат заедно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-neli-telefonite-se-zabraneti-i-lica-koi-se-obvineti-za-isto-krivichno-delo-ne-moze-da-shetaat-zaedno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-neli-telefonite-se-zabraneti-i-lica-koi-se-obvineti-za-isto-krivichno-delo-ne-moze-da-shetaat-zaedno/#respond Sun, 24 Feb 2019 21:55:48 +0000 https://kurir.mk/?p=167848

Адвокатот Сашко Дукоски на социјалните мрежи со остар коментар околу инцидентите во затворот Шутка кога беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. -Нели, тие исти телефони кои вие им ги продавате им ги земате за да потоа пак им ги продадете? А хиени? Епа како бе тоа да некој објавува ВО ГРУПНА СЛИКА статуси и СЛИКИ на Фејсбук тотално секојдневно и непречено и веднаш да реагира а? А вие молчите како риби? Нели телефоните се забранети и лица кои се обвинети за исто кривично дело не може да шетаат заедно и со тоа да се сликаат, стои во статусот на Дукоски објавен на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-neli-telefonite-se-zabraneti-i-lica-koi-se-obvineti-za-isto-krivichno-delo-ne-moze-da-shetaat-zaedno/feed/ 0
Дукоски и Миланов: Недостасува една секунда од првата „бомба“ за Тендери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-i-milanov-nedostasuva-edna-sekunda-od-prvata-bomba-za-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-i-milanov-nedostasuva-edna-sekunda-od-prvata-bomba-za-tenderi/#respond Fri, 13 Apr 2018 13:51:20 +0000 https://kurir.mk/?p=40230

Бранителот на обвинетните во случајот „Тендери“, адвокатот Сашко Дукоски смета дека СЈО несериозно ја води постапката и потенцира дека во првата „бомба“ фали една секунда и за разлика од транскриптот го нема делот во кој директорот на Бетон Штип Илија Брезилски ја пцуе првообвинетата, поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. - Ова е втор пат што се случува истото, првпат беше со вештачењето по завршувањето на истрагата повторно се бараа докази да се доврши веќе завршеното вештачење. Денеска недостасуваа делови од телефонските разговори. Не сметам дека постои намера, изјави Дукоски по завршувањето на денешното рочиште во Кривичниот суд. Тој потенцира дека доказите што беа изнесени во првата од „бомбите“ снимена на 14 јуни 2011 година нема, како што рече, „блага врска“ со конретниот кривично правен настан. - Се зборува за анекс на договор кој е потпишан во  мај 2011 година и се однесува за карабината на објектот кој го градела истата фирма која ги изведувала и завршните  занаетчисики работи. Тој разговор нема никаква врска, а особено е интересен односот на првообвинетата кон главниот сведок на обвинителството. Ако се изнесувате на негативен начин за некого не е логично да го фаворизирате да добие тендер. Тоа е невозможно, рече Дукоски. Нагласи дека за предметот на обвиненитето, односно постапката за завршните занаетчиски работи, нема анекси, туку само јавен повик, склучен договор и решение за избор на најповолен понудувач за кој се  поминати сите законски рокови и никој не приговоарал. Неговиот колега, адвокатот Еленко Миланов посочи  дека не се согласува со Дукоски оти не постои намера кај СЈО и додаде дека делот кој е изземен од бомбата покажува нетрпеливост меѓу двете спротивставени страни. - Премногу се инсистираше да не се даде разговорот до крај и да не се слушне пцовката... Овој тендер нема анекси. Работата и по  основниот договор од 2008 година, во кој има пет анекси, и по договорот за  завршни работи е завршена во 2013 година, а ние зборуваме за некави преземени дејствија во 2011 година, изјави Миланов. Прво обвинетата во „Тендери“ се товари дека го фаворизирала Бетон Штип да биде избран за изведувач на договорот за завршните занаетчиски работи за изградба на Музејот на ВМРО. ФОТО: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-i-milanov-nedostasuva-edna-sekunda-od-prvata-bomba-za-tenderi/feed/ 0
Адвокатот Дукоски поднесе иницијатива за уставноста за Законот за амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-dukoski-podnese-inicijativa-za-ustavnosta-za-zakonot-za-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-dukoski-podnese-inicijativa-za-ustavnosta-za-zakonot-za-amnestija/#respond Tue, 06 Feb 2018 12:51:33 +0000 http://kurir.mk/?p=18744

Адвокатот Сашко Дукоски денеска поднесе иницијатива за оценување на уставноста на неодамна донесениот Закон за амнестија. Во изјава за МИА, Дукоски вели дека спорен е членот 3 од Законот за амнестија кој се коси со членот 9 од Уставот на Република Македонија во кој е наведено дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите и членот 8 од Уставот кој вели дека темелни вредности на уставниот поредок се владеењето на правото и основните човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-dukoski-podnese-inicijativa-za-ustavnosta-za-zakonot-za-amnestija/feed/ 0