сашко дуковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Jun 2020 20:11:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сашко дуковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дуковски: Го затворија Бојан Јовановски за да ги прикријат крупните ѕверки кои имале допир со парите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-go-zatvorija-bojan-jovanovski-za-da-gi-prikrijat-krupnite-dzverki-koi-imale-dopir-so-parite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-go-zatvorija-bojan-jovanovski-za-da-gi-prikrijat-krupnite-dzverki-koi-imale-dopir-so-parite/#respond Mon, 22 Jun 2020 20:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=361140

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно” гостуваше адвокатот Сашо Дуковски, кој зборуваше за случајот “Рекет” како и за тенденциозниот пристап од страна на судот врз случајот со Бојан Јовановски. Адвокатот Дуковски се осврна на пресудата која што му беше изречена на неговиот клиент Бојан Јовановски во времетраење од девет години, што според него е крајно некоректна одлука која не е поткрепена на докази. Тој вели дека неговиот клиент Јовановски не е главната фигура во случајот „Рекет” и дека е злоупотребен. „Ништо не укажува на тоа дека Бојан Јовановски има било каква поврзаност со рекетот кој наводно го направил. Судот дефинитивно донесе одлука која ќе мора во иднина да се преиспита поради тоа што ваквиот начин на носење одлуки не доликува на една таква сериозна институција”, вели Дуковски. Тој додаде дека судот донесува одлуки политички и дека целата процедура укажувала на тоа дека сите страни во случајот единствено сакаат да го затворат Бојан Јовановски, а да спасат поголеми ѕверки кои незаконски имале допир со тие пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-go-zatvorija-bojan-jovanovski-za-da-gi-prikrijat-krupnite-dzverki-koi-imale-dopir-so-parite/feed/ 0
Дукоски: Починатиот притвореник, заразен со коронавирус, користел иста бања со Боки 13 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-pochinatiot-pritvorenik-zarazen-so-koronavirus-koristel-ista-banja-so-boki-13/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-pochinatiot-pritvorenik-zarazen-so-koronavirus-koristel-ista-banja-so-boki-13/#respond Thu, 09 Apr 2020 19:03:30 +0000 https://kurir.mk/?p=329935

По смртта на притвореникот во истражниот затвор “Скопје”, кој беше заразен од корона вирусот, адвокатот Сашко Дукоски јавно прашува како судот планира да го оддржи утрешното рочиште за случајот “Рекет”, бидејќи на тој начин би го загрозил животот на сите кои се вклучени во процесот.
-Притвореникот кој почина бил еден спрат под ќелијата на Бојан Јовановски. Се бањале во иста бања, храна им носеле исти командири и сл. Наместо да биде во изолација, денеска беше донесен на судење. Контактирав со него. Замислете, што ќе се случи доколку е недај боже заболен. Сите што бевме во судницата постои ризик да сме заразени, вели Дукоски за ФОКУС, кој истакнува дека утрешното судење мора да биде одложено. Тој вели дека притворениците не треба да се дискриминираат, туку и за нив да се постапи според протокол. Целата вест прочитајте ја на ФОКУС
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-pochinatiot-pritvorenik-zarazen-so-koronavirus-koristel-ista-banja-so-boki-13/feed/ 0
Доставени докази дека Чавков нема вила на Халкидики, адвокатот најави жалба во Меѓународниот суд за човекови права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-dokazi-deka-chavkov-nema-vila-na-halkidiki-advokatot-najavi-zalba-vo-megjunarodniot-sud-za-chovekovi-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-dokazi-deka-chavkov-nema-vila-na-halkidiki-advokatot-najavi-zalba-vo-megjunarodniot-sud-za-chovekovi-prava/#respond Mon, 22 Apr 2019 13:42:44 +0000 https://kurir.mk/?p=189873

Петмина од осудените за настаните во Собранието на 27-ми април, денеска до Апелациониот суд Скопје поднесоа жалба и побараа да им биде укинат притворот, а меѓу нив и Чавков кој доби најголема казна од 18 години. Адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот достави извод од катастарот на Халкидики. Со него, како што вели Дуковски, се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики, што беше една од основите за определување на оваа мерка. Дуковски е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-dokazi-deka-chavkov-nema-vila-na-halkidiki-advokatot-najavi-zalba-vo-megjunarodniot-sud-za-chovekovi-prava/feed/ 0
Дуковски: Не постојат докази дека Чавков сторил кривично дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-ne-postojat-dokazi-deka-chavkov-storil-krivichno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-ne-postojat-dokazi-deka-chavkov-storil-krivichno-delo/#respond Mon, 04 Feb 2019 12:37:13 +0000 https://kurir.mk/?p=159998

Бранителот на Митко Чавков, адвокатот Сашко Дуковски, во завршниот збор на судењето за случувањата на 27 април 2017 година во македонското Собрание, нагласи дека не постои никаква вина, ниту докази дека го сторил кривичното дело кое, како што рече, било наведено со само една нецела реченица. Тој посочи дека одговорноста на сите е многу голема бидејќи станува збор за најголемиот судски процес од осамостојувањето до денеска за едно од најтешките кривични дела. -Како дејствија на извршување на обвинетиот се наведува „со неиздавање наредби за распоредување на дополнителни полициски сили за обезбедување внатре и надвор од Собранието” и со тоа наводно дозволил да се случи дејствието во законодавниот дом. Затоа сметам дека со пола реченица наводно дејствие не е доволно за некој да биде обвинет за вакво кривично дело, изјави Дуковски. Посочи дека во ниту еден момент не смее да постои дилема како е сторено кривичното дело, дали со неиспраќање полициски сили или со тоа што Крсто Мукоски ги отворил вратите од Собранието, без што толпата првично не би можела да влезе во Собранието. -Сите можеме некого да сакаме или мразиме, но во судска постапка се почнува и завршува со докази за конкретното кривично дело. Овде такви нема, изјави Дуковски, нагласувајќи дека биле изнесени докази за ангажирани полициски сили и дека биле одобрени сите дополнителни побарани полициски водови. Посочи дека Митко Чавков е невин и не сака да префрла вина, но имаме ситуација каде министерот за внатрешни работи Агим Нухиу имал право да побара дополнителни сили, но не побарал и не му фали ниту влакно, додека Митко Чавков, кој преземал дејствија за обезбедување дополнителни безбедносни сили се соочува со десет години затвор. По Дуковски, завршни зборови пред Судот треба да дадат и адвокатите на останатите 16 обвинети во овој случај, по што можност да изнесат завршни зборови ќе имаат и сите 17 обвинети. Завршни зборови на минатото рочиште изнесе јавното обвинителство, кое е застапник на обвинението за случајот „27 април“, во кој првично беа обвинети 33 лица, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukovski-ne-postojat-dokazi-deka-chavkov-storil-krivichno-delo/feed/ 0